Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Ана Стојаноска го освои осмото место од публиката, со ист број поени од публиката како Франција и Грузија, земји кои, со гласовите од стручното жири, завршија на третото и петтото место во вкупниот пласман. Македонската делегација смета дека овој факт е важен дел од резултатот и заслужува да биде соодветно пренесен во медиумските извештаи. Со врвна вокална изведба, усогласена кореографија и искрена емоција, Ана и танчарките Каја, Калина и ...
Со нова песна, ексклузивно откриени музички гости и најава за концертно шоу што ќе донесе поинакво искуство за публиката, македонскиот музички бренд Next Time ги засили очекувањата за големиот концерт на 27 ноември во арената „Борис Трајковски“. На вчерашната прес-конференција, Мартин и Стефан Филиповски ги открија дел од деталите за претстојниот музички спектакл, но и ја промовираа својата најнова песна, „Години“. Меѓу најзначајните најави ...
Бендот Саутпарк направи онлајн промоција на новите песна и видео запис. Лани Саутпарк ја објавија „Можеби“, подарувајќи ѝ на македонската музичка сцена нумера со совршен баланс помеѓу меланхолија и енергичност, модерен призвук и носталгија. Аудио микс и мастеринг на песната направи Дамир Пух од ГринРум саунд студио (GreenRoom Sound Studio). Видеото го изработија во целост Дарја Николовска и Никола Спасеноски. Песната со видео е достапна на ...
Речиси 1.300 ретки грамофонски плочи на „Битлс“ од збирката на обожавател одат на продажба преку мултинационалната компанија „Дискогс“ (Discogs). Платформата за колекционери на грамофонски плочи „Дискогс“ и независната продавница за плочи „Блек пластик рекордс“ (Black Plastic Records) од германскиот град Дортмунд ја продаваат колекцијата. За самиот колекционер – обожавател на „Битлси“ кој ја собирал збирката со десетлетија се знае многу ...
Пред најголемиот концертен спектакл досега на двата најголеми оперски гласа што Македонија му ги подари на светот – Ана и Игор Дурловски, брачната двојка не запира! Напротив, подготовките за музичката вечер за паметење се во полн ек, а публиката ја очекува вистинско уживање во моќта на нивните гласови и раскошот на симфонискиот звук. На 6 декември 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“, Ана и Игор Дурловски ќе го исполнат својот „Завет“, заедно ...
Природонаучниот музеј на Македонија на 26 октомври одбележува значаен јубилеј – 100 години постоење, научна посветеност и истражување на природното богатство на земјава. По повод стогодишнината, во Македонскиот народен театар ќе се одржи свечена академија посветена на еден век работа на институцијата која низ децениите прерасна во значаен чувар на природното наследство и негов непроценлив сведок за идните генерации. На свечената академија ќе ...
Во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе се одржи второто издание на меѓународната научна конференција со наслов Мит и драма: кризи, граници, другости (27-28 октомври 2026). Настанот е организиран под покровителство на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, а во соорганизација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје, Институтот за македонска литература, УКИМ, Скопје и Факултетот за драмски ...
Есенскиот циклус на Деновите на македонска култура во Будимпешта 2026 успешно заврши. Од 23 до 26 октомври унгарската публика ја запозна Македонија преку вкусовите, музиката и скулптурата, а сите настани беа исклучително добро посетени, стои во соопштението од организаторот на манифестацијата што МИА го објавува интегрално. Програмата почна на 23 и 24 октомври со Деновите на македонска гастрономија во ресторанот Yugo Resto-Bar во Будимпешта. ...
Се продолжува рокот за електронско аплицирање за Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година, соопшти Министерството за култура и туризам. Рокот се продолжува до 6 ноември (петок), до 15:30 часот. „Ги повикуваме сите заинтересирани да аплицираат во предвидениот рок, а помош во делот за пријавите, од стручен аспект, корисниците и оваа година ќе може да побараат во ...
На годишниот Концерт на најстариот Ансамбл во Велес со кој што одбележаа 72 години постоење Плакета за пет децении активно учество во негувањето на македонската традиција преку фолклорот му беше доделена на ветеранот Николче Петрушевски. Тој високото признание на матичниот Ансамбл го доби за вредно учество на илјадници проби, настапи кои што „Керамичар“ ги изведе на стотици концерти дома и во странство како и за влогот што го оствари како ...
Џиновски авион ќе превезува ракети и сателити, а не му треба ниту бетонска писта: „Американ Радија“ го создава уникатниот „ВиндРанер“ Земјена писта пократка од два километри би требало да биде доволна за полетување. Американската компанија „Радија“ планира својот нов џиновски транспортен авион „ВиндРанер“ да го користи за превоз на делови од ракети, ракетни засилувачи, сателити и вселенски летала. Главната идеја е огромниот товар да се ...
Инди-рок бендот на Рајан Гослинг, „Dead Man’s Bones“, ќе објави нова музика, 17 години по неговиот единствен албум. „Тој го исполни своето ветување кон мене“, кажа сопругата на Гослинг, актерката Ева Мендес. Дуото, кое го сочинуваат Гослинг и музичарот Зак Шилдс, го издаде својот истоимен деби албум во 2009 преку издавачката куќа „Анти-рекордс“. Опишан како морничав од музичката веб-страница „Пичфорк“, албумот првично бил замислен како ...
Ристо Самарџиев се врати на сцената на Макфест во Штип, на 41. издание на фестивалот, по долги години пауза. Тој се пошегува дека е последниот мохиканец на фестивалот, потсетувајќи се на своите настапи низ годините. „Макфест влезе во петтата деценија. Имам настапувано во првата, втората и третата деценија, четвртата ја прескокнав како пејач, бев присутен само како автор, а сега се вратив во петтата. Изгледа јас сум последниот мохиканец на ...
На 4 ноември од 20 часот, во „Салон 19/19“ на Културно-информативниот центар во Скопје ќе се одржи солистички рецитал „Ехо на несвесното“ на пијанистката Дуња Иванова. Ќе се изведат дела од различни стилски и временски периоди од автори како Владимир Ребиков и Бела Барток, како и композицијата „Кругови“ од Дино Имери, инспирирана од истоимениот роман на Тина Иванова. На програмата се и делата „Живот во кутија“ и „Џанго“ од Ана Пандевска ...
Теа Трајковска го објави спотот за новата песна „Рано е“, со која настапи на 41. издание на фестивалот Макфест во Штип на 31 октомври. Музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски, а текстот го напишаа Теа Трајковска и Магдалена Цветкоска. Спотот е реализиран во соработка со Никола Наумовски, со кого пејачката работела и претходно. Во видеото учествуваат и балерините од танцовата група „Фјужн“, кои настапија со Трајковска и на сцената на ...
Драган Мијалковски ќе настапи со Битолскиот дувачки оркестар на 29 ноември од 20 часот во Центарот за култура во Битола, во рамките на 18. издание на Фестивалот на музика од светот. Концертот е најавен под насловот „Биг бенд едишн“, а Мијалковски ќе ги испее своите најголеми хитови. Кариерата на Мијалковски започна во 1969 година на аудицијата „Бараме млади таленти“. Најголема популарност стекна во 1970-тите и 1980-тите, кога настапуваше на ...
Додека во Македонија сè уште слушаме јавни изјави за потребата од „машки надзор“ врз сопругите и партнерките, за тоа како треба да се однесуваат жените и кое е нивното место во семејството, неодамна во Њујорк, Комитетот на Обединетите нации за елиминација на дискриминацијата врз жените (CEDAW) ја усвои Генералната препорака бр. 41 – документ што испраќа јасна порака за родовите стереотипи, патријархалните структури и нееднаквите односи на ...
Споделете со пријателите! Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза. В „Континуираниот раст подразбира предизвици, приспособувања и внимателно пресметани одлуки ...
Живееме во време во кое речиси постојано сме достапни за другите, а сè поретко навистина присутни со себе. Во кој момент човек почнува да се оддалечува одсопствените потреби? Ретко постои еден јасен момент на оддалечување од себе. Најчесто почнува постепено и несвесно: кога одморот го одложуваме „за подоцна“, кога на „како си?“ одговараме автоматски „Добро“ без да се провериме, кога трчаме по одредени нешта затоа што така „треба“, а тие не се ...
Огнен Здравковски ја промовираше новата балада „Осудени“ на 41. издание на фестивалот Макфест во Штип. За песната е објавен и видеоспот. „Оваа песна ја посветувам на секој што некогаш изгубил љубов. И јас се наоѓам во секој збор од ‘Осудени’. Ако барем еден човек се препознае во неа и почувствува дека не е сам, тогаш песната го исполнила своето“, вели Здравковски. Музиката, аранжманот и мастерингот се на Димитар Андоновски, а текстот е на ...
Патинираниот глас на познатиот природонаучник Дејвид Атенборо нè воведува во драматична сцена што го отвора документарецот „Слатки води“ на Нетфликс. Во неа, птица со петрол-сини крилја и жар-портокалово меше во стилот на олимписки нуркач ја пресекува водата и веднаш се катапултира назад во воздухот, приклештувајќи беспомошно рипче во иглестиот клун. „Ваква секвенца, со птицава со впечатливи бои може да се посведочи и во Скопје.“ „Повеќепати ...
Сред пелагониската рамнина, меѓу ниви и бали, се простира Врбјанска Чука. Овој археолошки локалитет припаѓа на неолитот, историски период во кој се случиле некои од позначајните трансформации во човештвото. Развојот на оваа населба почнува 6.000 години п.н.е, што претставува точка во историјата кога почнале да се градат трајни живеалишта, се појавиле првите земјоделци и лебот влегол во исхраната. На еден од најжешките денови во август нѐ ...
Кралска гробница и остатоци од штитови со сончев симбол го насочуваат вниманието кон Старо Бонче како можен центар на кралството на Пелагонците. Резултатите од две децении истражувања сега се обединети во првата монографија за комплексот, промовирана на 1 ноември во прилепскиот Завод и музеј. Автори на „Археолошки комплекс Старо Бонче“ се професорите Виктор Лилчиќ Адамс и Антонио Јакимовски од Филозофскиот факултет во Скопје и археологот ...
Празен, но редовен – градскиот воз е единствениот на кој може да се потпрете ако сакате без поголем проблем да стигнете од едно до друго место со македонската железница. Ова е впечатокот на екипата на БИРН по половина ден минат на пероните на скопската Железничка станица и по две тури возење со градскиот воз, кој во моментов оди на само една линија – од Скопје до Зелениково и назад, со пет станици помеѓу. Селото Зелениково е попатна станица и ...
Со впечатлива перформативна изложба, Драган Божино го затвори полуфиналното шоу на Top Model Europe 2026 и ја постави темата за загадениот воздух во центарот на сцената. Драган Божино повторно ја покажа силата на својот авторски израз, претставувајќи ја „ASPHYXIA“ во нова, перформативна форма. Во Музејот на македонската борба во Скопје, неговите дела станаа дел од сценско доживување во кое ликовната уметност, музиката и моделингот раскажуваа ...
Кога пред околу дваесет години Сајмон Ратл диригираше изведба на „Гурелидер“ од Арнолд Шенберг во Берлин, некој го праша како може да го помири фактот дека „Гурелидер“ бара огромен оркестар и дополнителни четиристотини членови на хорот со добро познатата зајадлива забелешка на Шенберг дека во цивилизирана Европа шест, најмногу седум изведувачи се доволни за да се постигне посакуваниот музички ефект – оркестри им се потребни само на ...
Четврток е пазарен ден во Тетово. Уште рано наутро, пазарот е преполн со муштерии. Меѓу разнобојните тезги, распослани внатре и надвор од објектот, наредени се гајби со сезонски зеленчуци: домати, пиперки за ајвар, тикви, па дури и кафези со кокошки и пилиња. Речиси на секој ќош има картонче на кое е испишано „тетовски“ или „тазе“ грав. Цените за гравот варираат од 150 до 500 денари за килограм. Земјоделци со кои разговараше БИРН велат дека ...
Во петок, 6 ноември, од 20:00 часот во Љубов, Скопје, започнува квир програмата на есенското издание на ПРВО ПА ЖЕНСКО 14, кое се одржува под фестивалската тема „МАЈЧИНСТВУВАЊЕ“. Вечерта обединува изложба на аналогни фотографии, читање со отворен микрофон и диџеј забава. Влезот е слободен. 20:00 ч. | „ПО РАЦЕТЕ“ — изложба на аналогни фотографии на Dykehand Вечерта започнува со отворањето на „По рацете“, изложба што го пренесува проектот ...
Граѓанската иницијатива Охрид SOS, во реакцијата по повод најновиот извештај на Европската комисијата за напредокот на Северна Македнија искаткнува: Европската комисија вчера го објави најновиот извештај за Република Македонија, за 2026 година. Нашиот интерес најмногу се фокусира на Поглавјето 26 посветено на културата и Поглавјето 27, посветено на животната средина. Очекувано, би рекле, се повторуваат скоро истите заклучоци како и ...
Фестивалскиот центар во МКЦ се одржа мастерклас со моментално еден од најуспешните регионални филмски професионалци, со длабоко искуство во продукција, режија и глума, Драган Бјелогрлиќ. Во едночасовната дебата со Директорот на Скопје Филм Фестивал, Томи Салковски, преку пластични примери во спојот на уметноста и комерцијалното, Бјелогрлиќ ја отвори и темата дека без разлика каков филм е создаден, без кино не може да го видите. За новите ...