Со македонскиот мјузикл „Као, какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски, љубовна приказна напишана од Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски, вечер во Битола почнува најновото издание на Битолско културно лето „БитФест“. Во периодот од 19 јуни до 29 август ќе се реализираат 20 проекти од драмска дејност, 6 изложби, 40 манифестации од музичко-сценска дејност, две фолклорни манифестации, а составен дел на „БитФест“ ќе бидат ...

Во Културно-информативниот центар во Скопје, во Салонот 19.19, вечерва ќе се одржи настанот „Work Party Video“, со почеток во 19.30 часот. Влезот е слободен за публиката. Настанот претставува социјална проекција и дискусија наменета за уметници и пошироката јавност, со цел поттикнување размена на идеи, запознавање и поврзување меѓу автори од областа на видео-уметноста. Преку заедничко гледање и разговор, учесниците ќе имаат можност да ги ...

На концертот ќе учествуваат и вокалисти и жичан квинтет, членови од македонска опера и балет и македонска филхармонија. Песните се авторски и напишани на повеќе јазици: англиски, македонски, шпански, португалски и турски. Музиката има примеси на самба, фадо, џент (метал), и фолк, аранжирана за жичан квинтет. Првиот сингл од албумот ќе излезе на 15 јуни. Една од гостинките е и Андријана Јаневска. На концертот ќе учествуваат и вокалисти и ...

Во Москва излезе од печат романот „Три Марии“ на Оливера Ќорвезироска, како осмо дело во проектот „Македонскиот роман на 21 век“ коj Олга Панкина, познат популаризатор на македонските културни вредности во Русија, го конципира и почна да го реализира во 2014 година во соработка со реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“ кој обезбедува натамошна дистрибуција на книгите на големото руско јазично подрачје. Во рамките на тој значаен ...

На 22 јуни (недела) во 19 часот, во Галерија Рудиќ ќе биде отворена изложбата „Моменти против времето“ на 8 фотографи од Хрватска. Изложбата ја сочинуваат 32 црно-бели фотографии создадени од осум автори под раководство на уметничкиот фотограф Станко Абаџиќ. Изложбата го евоцира носталгичниот дух на фотографската уметност пред дигиталната ера, нагласувајќи ги дотераните класични стилови, играта на светло и сенка, и уметничкото проширување ...

Вечерва (петок, 19 јуни) во 20:30 часот во Кинотеката ќе има проекција на филмот „Самоуништување“ на Ербил Алтанај, во чест на 30-годишнината од премиерата. Филмот е снимен по сценарио на Сашко Насев, со Јовица Михајловски во главната улога. Михајловски беше и продуцент на филмот. „Самоуништување“ е црна комедија и сатира за општеството во транзицискиот период во Македонија, чија премиера беше во мај пред 30 години. Покрај Михајловски играат ...

Во издание на Културниот центар во Марибор излезе словенечкото издание на двојазичната словенечко-македонска стихозбирка „Venec za Iskro – Венец за Искра“ на проф. д-р Милан Јазбец, словенечки дипломат и поранешен словенечки амбасадор во Македонија (2016 – 2020), универзитетски професор, писател и поет, автор и уредник на повеќе од сто книги од разни области. „Стихозбирката, којашто, всушност, е своевиден автохтон сонетен венец, во себе го ...

Во Драмскиот театар Скопје денеска почна проба на дипломската претстава „Алиса се враќа дома“ на Моника Ставревска, студентка на режија на Факултетот за драмски уметности, која се работи по текст на авторката Ивана Смилевска. Претставата е шеста продукција на Драмски што се реализира во согласност со Годишната програма за работа на театарот. Премиерата се планира за првата половина на октомври. -Моника Ставревска на денешната прва проба го ...

Битолското културно лето годинава ќе биде исполнето со 70 културни настани кои ќе бидат изведени на различни локации во градот, почнува утревечер со македонскиот мјузикл „Као, какао“ и ќе заврши со јубилеен концерт на групата „Фолтин“. На прес-конференција во битолскиот Офицерски дом, директорот на КИЦ Битола, Димитар Михајловски истакна дека 18-то издание на „БитФест“ содржи 70 културни проекти. – На јавниот повик се пријавија 140 апликанти, ...

Влатко Миладиноски ја претставува својата најнова песна и видеоспот со наслов „Михаела“, емотивна балада создадена во соработка со неговиот брат Златко Миладиноски. Станува збор за песна која носи посебна симболика, бидејќи за првпат во македонската музика е опејувано името Михаела. Песната е инспирирана од вистинска приказна и претставува музичка посвета за една млада Македонка која живее во Италија. Автор на музиката и аранжманот е Златко ...

65. издание на СВП, годинава стартува во нов термин, наместо во август, од 24-29 јуни, заради привлекување на нова публика, и заштеди. И годинава ќе ги има стандардните – поетски читања за отворањето и затворањето на фестивалот („Меридијани“ и „Мостови“), книжевниот портрет на венценосецот – холандската поетеса Анекe Брасинга, во црквата „Света Софија“ во Охрид… „Целта на фестивалот е да се врати публиката на настаните што се организираат ...

Во рамките на програмата за одбележување на шеесетгодишниот јубилеј на Факултетот за музичка уметност при УКИМ ќе се одржи четвртото издание на фестивалот „Credence Dance – Вечери на класичен и современ танц“. Фестивалот опфаќа четири вечери и дополнителна програма, со настапи на студенти, алумни и гости од реномирани меѓународни институции. Свеченото отворање е закажано за 20 јуни на големата сцена на Националната опера, со сегменти од ...

Пејачот Драган Величковски-Тајзи ја промовираше новата песна насловена „Мама/Аба“, за која вели дека е посветена на семејните вредности и почитта кон родителите. Музиката и текстот се на негови, а аранжманот, миксот и мастерингот ги направи продуцентот Иван Јованов-Ивајо. За оваа песна, Тајзи сними и спот со негово сценарио, кој го режираше Даниел Јовески. Снимен е на неколку значајни културно-историски локалитети во околината на Охрид и ...

70 од 140 апликации се прифатени на првиот конкурс кој го објави Културниот и информативен центар – Битола за првиот Битфест во нивна организација. 18. издание на познатиот летен фестивал започнува утре (19 јуни) со мјузиклот „Као Какао“ а се завршува на 29 август со јубилеен концерт на „Фолтин“. „Концертот ќе биде колаж од овие десет албуми кои се издадени. Концертот ќе биде целовечерен и ќе трае околу два и пол часа. А ќе гостуваат и ...

Од 24 до 27 јуни, Битола ќе го слави јубилејното, 25-то издание на фестивалот Битола Отворен Град, една од најдолговечните и најпрепознатливи платформи за современа музика, младинска култура, уметност и граѓански активизам во Македонија. Во текот на изминатите 25 години, фестивалот прерасна од локална иницијатива во важен културен простор низ кој поминаа генерации музичари, уметници, активисти, волонтери и млади луѓе. Неговото значење одамна ...

Македонската публика ќе има можност да присуствува на концерт на Бурхан Шабан, истакнат уметник, хафиз и еден од најпрепознатливите изведувачи на илахии, касиди и суфиска музика на Балканот. „Роден во Скопје во 1970 година, Бурхан Шабан уште на 14-годишна возраст станува хафиз на Чесниот Куран. Неговиот музички и духовен пат продолжува во Сараево, каде што како млад изведувач стекнува широка препознатливост и го добива прекарот „Малиот ...

На 19 јуни (петок), во 20 часот, на сцената на Турски театар во Театар „Комедија“ ќе се одржи премиерата на претставата „Интервју“, по текст на Онур Озџан, во режија на Александра Кардалевска. Во претставата играат Хакан Даци, Џенап Самет, Слаѓана Вујошевиќ и Јеткин Сезаир, додека сценографијата и костимографијата се дело на Онур Озџан. „Интервју“ е современа психолошка драма која низ навидум обично интервју за вработување постепено отвора ...

Струга, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, утре, петок, 19 јуни 2026 година, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи завршниот концерт на школата за византиска музика „Калистрат Зографски“. На концертот ќе настапат: детскиот состав под раководство на протопсалт Теофан Санџакоски и диригент Ана Тихонова, женскиот состав под раководство на Теофан Санџакоски и машкиот хор под раководство на ...

Во време кога урбаното живеење станува сè погусто, а контактот со природата сè поограничен, терасата од дополнителен архитектонски елемент прерасна во еден од највредните простори во домот. Она што некогаш претставуваше едноставна надворешна површина за проветрување или сушење алишта, денес е внимателно дизајниран простор за одмор, работа, дружење и поврзување со околината. Современата архитектура одамна престана да ја третира терасата како ...

Летото не е само време за одмор и прошетки, туку и период кога културниот живот во градот особено оживува. Па, доколку сакате периодов да уживате во уметноста, да осознаете нови работи и времето со најблиските да го поминете подалеку од метежот на Скопје, погледнете ги нашите предлози за изложби низ градот: „Почеток после крајот: Визуелната култура на немирот – Вчерашниот свет денес 1900-2026“ Време: 6.5. – 12.7.2026 Локација: Музеј на ...

Во пријатна колегијална атмосфера во просториите на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје, членството на Друштвото на писателите на Македонија успешно го одржа своето редовно изборно Собрание, при што избра ново раководство. Нова претседателка на Друштвото на писателите на Македонија е писателката Гордана Јовиќ-Стојковска, која ја доби поддршката од мнозинството членови на ДПМ присутни на Собранието (71). За членови на новиот Управниот одбор ...

Денеска (18 јуни) од 20 часот, во „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи концертот „Приспивна песна за лудаци“ (Lullaby for Lunatics), првиот самостоен проект со авторска музика на контрабасистката, композиторка и мултиинструменталистка Андреа Мирческа. Станува збор за музичко патување инспирирано од богатите бразилски звуци на движењето Тропикалија, кое во 1960-тите ги споило традицијата, психоделијата, авангардата и експериментот во ...

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:30 часот, ќе имате можност да го проследите македонскиот историски игран филм „Балканот не е мртов“, во режија на Александар Поповски. Филмот е инспириран од драмскиот текст на Дејан Дуковски и нè носи во Битола на почетокот на 20 век, во периодот на распаѓањето на Отоманската Империја. Низ приказна исполнета со љубов, копнеж, предавство и судбински избори, филмот го следи животот на едно ...

Во Културно-информативен центар во Скопје, на 18 јуни, од 20 часот, ќе се отвори изложбата „Секогаш во изградба“ на Ивана Самандова и Исмаел Петроу. Во оваа заедничка изложба, уметниците во престој на програмата „Креарт“ и Исмаел Пелтроу од Клермонт-Феранд, Франција и Ивана Самандова од Скопје, ги споделуваат и ги врзуваат своите уметнички практики со индивидуален фокус на градот Скопје, преставен преку уметнички историјат на архитектури, ...

Друштвото на филмски работници на Македонија вечерва по осми пат ќе ги додели почесните награди „Златна рамка“ кои годинава ги добиваат актерот Владо Јовановски, костимографката Роза Трајческа и филмскиот работник Димитар Јакимовски. Оваа година за првпат ќе биде доделена и специјалната награда „Златна рамка – за особен придонес кон ДФРМ и македонската кинематографија“, која му припадна на Апостол Трпевски. Одлуката за добитниците на ...

Круме Богевски, преку објава на социјалните мрежи, информираше дека учествувал на средба на млади лидери од Централна и Источна Европа и Кина, која се одржала во Вухан по покана на Комунистичката партија на Кина. Во своето обраќање на пленарната сесија, Богевски истакнал дека младите треба да бидат двигатели на општествените промени, а не само набљудувачи на процесите. Тој посочил дека е неопходна борба против корупцијата на локално ниво, ...

Пиво Фестивалот Прилеп 2026 ја објави својата целосна програма. А за трите фестивалски вечери се најавени познати музички имиња од регионот. Фестивалот кој ќе трае од 17 до 19 јули ќе се одржува на плоштадот „Александрија“. Главна ѕвезда за петок (17.07) е Џенан Лончаревиќ, за сабота (18.07) – Милица Павловиќ а недела (19.07) е резервирана за Јелена Розга. Покрај главните ѕвезди, ве очекува програма со домашни изведувачи, бендови и DJ настапи ...

Дискографската куќа „Dancing Bear“ го заклучи најинтензивниот дел од историјата – стана горд сопственик на поголемиот дел од каталогот на легендарната „Hladno pivo“! Безвременскиот опус на групата „Hladno pivo“ е еден од најважните рок каталози во овој регион, а од денес, речиси целосно е собран под капата на издавачката куќа „Dancing Bear“! Со преземањето на сопственоста на албумите „Pobjeda“ (1999), „Knjiga žalbe“ (2007), „Knjiga postanka – ...

Охрид, 18. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 20. јуни, во катедралната црква „Св. Софија“ ќе се одржи осмиот Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, во организација на охридскиот градски мешан хор „ Vox Lychnidos “. Фестивалот, кој веќе стана препознатлив музички бренд, ќе ги обедини хорските ансамбли од неколку земји, носејќи ја магијата на заедничкото пеење во уникатниот амнбиент на црквата Св.Софија. И годинава публиката ќе ужива ...

Филмскиот фестивал во Пезаро, Италија годинава му оддава специјална почест на македонскиот и американски режисер Милчо Манчевски, кому му ја додели престижаната награда „Пезаро Нова кинематографија 62 за достигнувања во светската кинематографија“. На фестивалот ќе бидат одбележани 25 години од „Прашина“, ќе има италијанска премиера на „Бикини Мун“ и промоција на нова книга за творештвото на Манчевски кој е почесен гостин. „Филмот е уметност ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.82
72%
1018
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
75%
1018
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.3
69%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.37
54%
1019
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.9
64%
1017
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
0.21
88%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
1.34
43%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.1
63%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.62
49%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
0.89
67%
1016
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
1.34
49%
1018
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
3.93
71%
1014
Currency

61.645

Currency

54.2602

Currency

71.4521

Currency

37.4353

Currency

38.1257

Currency

66.8954

Currency

7.98987

Currency

0.72438

Currency

0.33549

Currency

0.52535

Currency

1.1664

Currency

0.57548

Сребро

1971.82

Родиум

255598.44

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.21

Платина

52534.32

Бакар

12.33

Цинк

0.00

Иридиум

234700.45

Паладиум

38613.05

Рутениум

49029.89

Злато

131223.80

Калај

52.14