Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска со владина делегација е во работна посета на Турција на бизнис-форум во Истанбул, ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија. - Македонија и Турција негуваат традиционално пријателски односи изградени врз доверба, почит и силни врски меѓу народите, а токму тие односи претставуваат цврста основа за продлабочување на економската соработка и нови инвестиции - ...
Премиерот вчера даде совршен одговор и конкретен. Ставовите што ги имаме како Влада сме ги кажале многу пати. Преминување преку црвените линии нема да има, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во врска со изјавата на евроамбасадорот Михалис Рокас, дека нон-пејперот не ги исклучува уставните измени за почеток на преговорите. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето Меморандум за соработка со Амбасадата на ...
„Токму последиците од преспанскиот договор и добиеното вето од страна на Франција, а потоа и од Бугарија, коешто не беше најавувано од СДС, напротив имавме кампања за бесплатно здравство, отворени врати кон ЕУ, бесплатни вакцини, стипенди итн., на крајот, после тој референдум на којшто дојдоа и германската канцеларка Меркел, австрискиот канцелар, британската канцеларка, тогаш Велика Британија беше членка на ЕУ, наместо отворање на преговори ...
Турција е еден од нашите најважни економски и трговски партнери. Трговската размена минатата година достигна една милијарда американски долари, што претставува значаен резултат, но и поттик за уште поамбициозни цели во иднина, објави на Фејсбук шефот на макеоднската дипломатија Тимчо Муцунски, кој денеска во Истанбул учествува на бизнис-форумот Северна Македонија - Турција. Муцунски имал обраќање на бизнис форумот, посветен на унапредување на ...
Полициски службеници од СВР Штип вчера привеле 25 годишен жител на селото Долни Балван кој бил затекнат како потпалува сува трева покрај магистрален пат Штип - Кочани во атар на село Долни. Како што информира Министреството за внатрешни работи, вчера во 12:30 час во село Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С. (25) од Штип. -Тој бил затекнат околу 12:00 часот како пали сува трева помеѓу пат и нива, ...
Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи вчера помина во прво читање на пленарна седница во Собранието. Ова е уште еден важен институционален чекор кон посилна заштита на јавното здравје, особено на децата, младите, непушачите и сите граѓани кои имаат право на здрав и безбеден јавен простор. Законот ја следи реалноста на денешното време, во кое, покрај класичните цигари, постојат електронски цигари, ...
Денеска, почна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат, ќе ја доставуваат потребната документација. Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците. Според конкурсот на МОН, ...
Централниот суд во Сеул денеска го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол на 30 години затвор, прогласувајќи го виновен за издавање наредба на операција за испраќање дронови во Северна Кореја , со цел предизвикување прекугранични тензии и создавање услови за прогласување воена состојба во 2024 година. Јун ги отфрли обвиненијата и негира дека сторил кривично дело. Неговите адвокати тврдат дека тој ниту ја наредил ниту подоцна ...
Тајландската принцеза Бајракитијабха, најстарата ќерка на кралот Маха Ваџиралонгкорн, почина на 47-годишна возраст, соопшти кралскиот двор. Принцезата, позната во Тајланд како „Ба“, починала мирно во Меморијалната болница „Крал Чулалонгкорн“ во Бангкок, по повеќе од три години поминати во кома откако колабираше во декември 2022 година. Нејзината здравствена состојба значително се влоши во мај годинава. Според лекарите, таа страдала од ...
На пленарна седница Венецијанската комисија на Советот на Европа денеска треба да го потврди итното мислење за промените во судски закони во Србија. Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, го најави своето учество на седницата. На 24 април, Венецијанската комисија, советодавното тело на Советот на Европа за уставни прашања, објави итно мислење за измените на пет закони што го регулираат судството и јавното обвинителство во ...
Американски апелациски суд донесе пресуда со која засега и се дозволува на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да продолжи со наплатата на десетпроцентна царина на глобалниот увоз. Апелацискиот суд надлежен за Федералниот округ - Вашингтон оцени дека федералната влада доставила доволно аргументи за да има изгледи за успех во спорот. Од 24 февруари 2026 година САД воведоа царина од десет проценти за поголемиот дел од увозот од ...
Три деца и едно возрасно лице загинаа откако автомобил удри во група велосипедисти во југозападниот дел на Холандија, соопшти полицијата. Несреќата се случила во близина на местото Фогелварде, во покраината Зеланд, кога автомобил излетал од коловозот и удрил во група од 14 ученици и двајца возрасни велосипедисти кои биле на училишна екскурзија. Три лица починале на местото на несреќата, додека четири биле тешко повредени. Еден од повредените ...
Во Собранието ќе заседава Комисијата за одбрана и безбедност на која ќе се одржи Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето. Со Предлог-законот за оружјето се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, посредување, трансфер, превоз, претовар и пренесување преку државна граница на оружје, негови делови, главни делови и муниција. Со донесување ...
НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, по повод 75 години од своето постоење, вечерва ја организира јубилејната изложба „Македонски автори од Збирката на современа уметност“. Како што информираат од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид информираат дека изложбата претставува избор од дела на значајни македонски автори застапени во музејската збирка и овозможува увид во неколку суштински линии ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец со брзина од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната значително ќе опадне и ќе дбиде во интервал од 20 ...
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Сарај, Карпош, Гази Баба, Аеродром и Сопиште, соопшти РЦУК - Скопје. Во периодот од 08:00 до 12:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Партизански Пат“ во Општина Кисела Вода. Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од селата ...
Во Истанбул денеска ќе се одржи бизнис форум посветен на јакнење на економските врски и промоција на инвестициските потенцијали на Република Северна Македонија пред турската деловна заедница. Форумот се организира во рамки на проектот „Промоција на Мапа за инвестирање“, како дел од Програмата за поддршка на спроведувањето на Националната развојна стратегија, предводена од Владата на Република Северна Македонија и Генералниот секретаријат, а ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека американските сили ќе започнат уште една рунда напади врз Иран и се закани дека ќе го заземат островот Харг како дел од пошироките напори за „преземање целосна контрола“ врз пазарите на нафта и гас во земјата. Во објава на Truth Social, Трамп рече дека американските сили ќе го нападнат Иран „МНОГУ ЈАКО ВЕЧЕРВА“. Тој додаде дека САД ќе го „заземат“ островот Харг, клучен центар за ...
Британскиот министер за Северна Ирска, Хилари Бен, денеска ја осуди втората ноќ од немирите во областа Белфаст, велејќи дека настаните претставуваат „расистичко насилство“, а не легитимни протести. Министерот за Скај њуз изјави дека нема сомнение за расистичката природа на инцидентите, наведувајќи дека поединци биле цел поради нивната „боја на кожа и етничко потекло“. „Ако ги напаѓате луѓето врз основа на бојата на нивната кожа, како поинаку ...
Вулканот Марапи во Индонезија повторно еруптираше, исфрлајќи пепел на небото над Западна Суматра. Властите соопштија дека за време на ерупцијата, вулканот исфрлил столб од пепел околу два километри во атмосферата. Властите изјавија дека вулканот останува на ниво на тревога Два и дека околу кратерот е задржана зона на обезбедување од три километри, предупредувајќи ги жителите и посетителите да се држат подалеку од опасната зона. Планината ...
Вечерва започнува најголемиот спортски спектакл на планетата – 23-тото Светско првенство во фудбал. За првпат во историјата на мундијалите ќе настапат 48 репрезентации, а домаќини се три држави – САД, Канада и Мексико... Милијарди љубители на фудбалот ширум светот ќе бидат насочени кон Северна Америка, каде што најголемите ѕвезди ќе се борат за најпосакуваниот трофеј во светскиот спорт. Отворањето е закажано во Мексико Сити, а организацијата ...
Чартер летови во четири очи, пасоши со таен договор. Според истражување на Центарот за граѓански комуникации, иако првичниот договор со фирмата која ги печати пасошите истекол во 2016 година, МВР не открива кога, како и под кои услови договорот бил продолжуван до денес, иако во меѓувреме се платиле преку 100 милиони евра за лични документи. Од друга страна, Министерството за надворешни работи однапред исплатило речиси еден милион евра за ...
Нова правна битка во судницата за пожарот во дискотеката 'Пулс'. Обвинителството денеска покажа низа документи за агенцијата 'Рубикон'. Тврди дека Александар Нацев е неформален сопственик на фирмата. Кај него биле најдени договори за вработување и тендери. Сепак, неговото име го нема во Централниот регистар. Одбраната веднаш реагираше. Одбраната вели дека документите не се најдени во неговиот дом, туку во возило. На визит-картата на Нацев ...
Барањата од официјална Софија кои беа изнесени и на вчершната средба помеѓу претседателката Гордана Сиљановска Дафкова и бугарската претседателка Илијана Јотова не се ништо ново и непознато но се сосема различно од тоа што премиерот Мицкоски го разговарал со германскиот канцелар Мерц и францускиот претседател Макрон. Премиерот и денеска коментирајќи ја сребата меѓу Сиљановска Дафкова и Јотова вели не е изненаден од бугарските позиции оти тие ...
ЕУ со нови правила за проширувањето..Пет земји-членки предлагаат сет на мерки кои би служеле како заштитен механизам и би се вградиле во идните договори за пристапување.. Според заедничкиот документ на Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург , до кој дојде ТВ 24, се предлага привремено ограничување на одредени гласачки права за државите кандидати ...Ова особено би важело за делови од европското законодавство каде што во моментов ...
Власта не се грижи за македонскиот јазик, обвини опозициската СДСМ, поднесувајќи ургенција до претседателот на Собранието, Африм Гаши за да се овозможи одржување на надзорната расправа за Законот за употреба на македонскиот јазик. Велат ова не е политичка битка – туку битка за зачувување и унапредување на македонскиот јазик... Власта не се грижи за македонскиот јазик, обвини опозициската СДСМ, поднесувајќи ургенција до претседателот на ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди на предвремени извори доколку опозицијата го бара тоа, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како партија вели секогаш се подготвени да излезат на терен и да победат. Од следната недела ќе почнат разговорите со коалициските партнери за владината реконструкција, што изминатите месеци ја најавуваше... Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди на предвремени извори доколку опозицијата го бара ...
Опозициската СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски повторно ги менува своите ставови, откако денеска изјави дека парламентарни избори може да има „многу скоро“, иако, според опозициската партија, со месеци уверувал дека нема да има предвремени избори. Според партијата, додека Владата имала можност за нови задолжувања, Мицкоски тврдел дека нема да има избори, а сега, како што велат, „одеднаш изборите станале многу скоро... ...
Изградбата на регионалните болници ќе се одвива паралелно со проектот за нов клнички центар во Скопје – ова денеска го порача министерот за здравство, Азир Алиу..... Новиот објект на штипската болница и натаму останува недовршен додека пациенти се лекуваат во дотраен објект, а истото е и со кичевската болница која се гради повеќе од три децении... Алиу вели дека регионализацијата на здравството останува во фокусот на министерството за ...
Министерството за здравство има сознанија за можни злоупотреби со листите на чекање за операциии - оди пациентот да се оперира го враќаат назад да направи нова крвна слика, пациентот прави нова и излегува дека била добра ова денеска го изјави министерот Азир Алиу кој порача дека се проверуваат евентуални злоупотреби. Алиу исто така рече дека не се откажува и од воведување на евиденција на работното место на лекарите со отисок од прст. Во дел ...