Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Државната матура оваа година е спроведена во најдобар ред, со значително намален број на случаи на препишување, -изјави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска оцени дека организацијата на полагањето била на високо ниво, при што повеќето од учениците испитите ги полагале совесно и без злоупотреби. - Можеме да се пофалиме дека оваа година државната матура помина во најдобар ред и ...
Скопјанец пронашол бебе на клупа во Скопје, по што пријавил во полиција, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. - Синоќа во 19:30 часот во СВР - Скопје, А.С. пријави дека во парк на подрачјето на Шуто Оризари, на клупа пронашол оставено бебе, старо седум - осум месеци. Полициски службеници од СВР - Скопје излегле на местото, а екипа на Итна медицинска помош, бебето го пренела во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што е ...
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Министерството за правда ќе ги земат предвид и повторно разгледаат предлозите од претставници на синдикатите, здруженија на судска администрација, јавнообвинителска служба, обвинители и други поединци кои денес на јавна расправа говореа за подобрување на предложениот закон за судска служба и предложениот закон за јавнообвинителска служба. Најголем дел од учесниците во јавната расправа ...
Апелација потврди дека пратеникот Драган Ковачки ја клеветел пратеничката Славјанка Петровска дека како министерка не пријавила и скрила хациенда со базен.Пресудата Петроцска ја објави на фејсбук. "Ова е уште едно демаскирање на лагите со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт. Лаги, конструкции и политички напади, тоа беше нивната алатка тогаш, а тоа е нивната алатка и денес. Но, вистината има една предност: може да биде напаѓана, одложувана и ...
Со собрани вкупно 684.777 килограми отпад, 70.688 учесници, над 600 организации, повеќе од 250 државни институции, училиштата од целава земја и бројни компании, заврши шестото издание на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД – најмасовната еко иницијатива во земјава и на Балканот. За шест години постоење, акцијата успеа вкупно да мобилизира повеќе од 170.000 граѓани и беа собрани вкупно 2,2 милиони килограми отпад, со што од локална иницијатива прерасна во ...
Децата во Северна Македонија се сè поизложени на повеќе климатски закани истовремено. Мнозинството од нив се погодени од топлотни бранови, суши и загаден воздух, според новиот глобален извештај на УНИЦЕФ, се наведува во денешното соопштение. - Извештајот за климатски ризици кај децата за 2026 година открива дека заканите што доаѓаат од климатските промени се широко распространети во Северна Македонија и веќе влијаат врз здравјето, развојот и ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Лондон. Во британскиот Форин офис, Муцунски ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер. Во насока на унапредување на надворешната трговија и поттикнување на извозот, министерот Муцунски ќе присуствува на ...
Со изведба на претставата „Чудесна терапија“ вечерва на отворено во центарот на Скопје Драмски театар го заокружува првиот дел од сезоната во која ја прославува 80-годишнината од постоењето. Граѓаните и посетителите на главниот град во 21 часот претставата ќе може да ја гледаат бесплатно на локацијата на малиот амфитеатар во комплексот на спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“ во Скопје. „Чудесна терапија“ е работена по текст на ...
Британското обвинителство поднесе обвинение против капетанот на танкер од руската „флота од сенка“, кој беше задржан од британски командоси, поради заобиколување на санкциите воведени кон Русија, соопшти Националната агенција за борба против криминалот на Велика Британија. Триесет и осумгодишниот капетан Аџај Пант, индиски државјанин, е обвинет за „директно или индиректно снабдување или транспорт по море на санкционирани нафтени производи од ...
Остатоци од соборен дрон предизвикале пожар во нафтен склад во Краснодарски крај, а воведена е привремена забрана за движење по сообраќајницата што го поврзува регионот со Кримскиот Полуостров, како и ограничувања во работењето на аеродромот во Краснодар. Како што соопштија локалните власти, нема информации за жртви во пожарот во нафтениот склад што се наоѓа во близина на Керчкиот мост, што го поврзува Краснодарскиот крај со Кримскиот ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави на Меѓувладината конференција на Европската Унија дека заедно со американскиот претседател Доналд Трамп му предложиле на рускиот лидер Владимир Путин да одржат средба во САД. - Му предлагавме на Путин да се сретнеме каде било, доколку тоа овозможи донесување реални одлуки за прекин на војната - изјави Зеленски пред заминувањето на самитот на Г-7 во Франција. Според него, Путин досега одбивал ...
Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, изјави денеска дека меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран е „мошне општ документ“ и оти деталите за конечниот договор ќе бидат усогласени во текот на натамошните преговори. „Меморандумот за разбирање има околу една и пол страница и е многу општ документ“, изјави Венс во разговор за „Си-Ен-Ен“. Тој додаде дека за повеќе прашања ќе биде потребно решение да се бара во фазата на техничките преговори. ...
Гувернерот на Калифорнија од Демократската партија, Гевин Њусом, изјави дека американското Министерство за правда покренало истрага против него и неговата сопруга. „Денес јас и мојата сопруга се најдовме на ‘црната листа’ на Доналд Трамп. Тој му наредил на Министерството за правда да не проверува. Не пронашле никакво кривично дело – едноставно се обидуваат да најдат такво“, напиша Њусом во објава и видео-порака на социјалните мрежи. Тој ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...
Церемонија за потпишување Декларација за намери за превенција на насилство кај младите во рамки на Националната работна група за превенција на насилството кај младите, предводена од Министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршка на ОБСЕ денеска ќе се одржи во Скопје. Настанот ќе започне со обраќања на високи претставници, по што ќе следува формалното потпишување на Декларацијата и панел-дискусија на тема: „Превенција на ...
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи јавна расправа по Предлог-законот за судска служба и Предлог-законот за јавнообвинителска служба. Со Предлогот на закон за судска служба се уредува посебниот статус на вработените во судската служба и тоа посебните државни службеници-судски службеници, државните службеници, судската полиција и помошно техничкиот персонал. Со Предлогот на закон за ...
Повлекување на Предлог-законот за правична застапеност бара опозицијата. Според нив, наместо решение кое ќе обезбеди еднаквост и праведност, се предлага закон кој отвора бројни дилеми и може да предизвика дополнителни поделби во општеството. Од Владечкото мнозинство ги отфрлија обвинувањата. Велат дека критиките се политички мотивирани и ја обвинуваат опозицијата дека продава евтина демагогија.законот Според нив претставува обид за системско ...
Приведен е човекот кој што го подметна пожарот на дипломатското возило на бугарската амбасада, потврдуваат од мвр за тв 24. Според информациите на тв 24 го признал делото, а кај него се најдени дополнителни докази за вандалсскиот чин . Според видео снимка што ја објави бгнес се работи з асредновечен маж кој вади шише со течност го полива едниот автомобил по што пали и другиуот. Дека сред беле ден бил подметнат пожар на диплоамтско возило ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова. Во рамки на разговорот, министерот Муцунски најостро го осуди инцидентот што се случи денеска, при кој беа опожарени возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна ...
Приведен е човекот кој што го подметна пожарот на дипломатското возило на бугарската амбасада, потврдуваат од мвр за тв 24. Според информациите на тв 24 го признал делото, а кај него се најдени дополнителни докази за вандалсскиот чин . Според видео снимка што ја објави бгнес се работи з асредновечен маж кој вади шише со течност го полива едниот автомобил по што пали и другиуот. Дека сред беле ден бил подметнат пожар на диплоамтско возило ...
Човек подметнува пожар на дипломатско возило на бугарската амбасада, МВР го индентификува сторителот, Скопје го осуди вандалскиот чин, Софија тврди – ова е последица од агресивен политички говор против Бугарите. Според информаците возилата биле изгорени во делот на моторот и немало предизвикано штета на околните објекти. Лицето што беше уапсено од полицијата полило со течнот и запалило едно возило „сузуки витара“ по што огнот зафатил и друго ...
Приведен е човекот кој што го подметна пожарот на дипломатското возило на бугарската амбасада, потврдуваат извори од МВР за ТВ 24. Осомничениот се наоаѓа во полициска станица и кај него се пронајдени и дополнителни докази за делото. Според информациите на ТВ 24 ќе се оди по итна постапка. Се работи за македонски државјанин. Приведен е човекот кој што го подметна пожарот на дипломатското возило на бугарската амбасада, потврдуваат извори од ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека ниту еден долар од американските средства нема да и биде префрлен на Владата во Техеран според рамковниот договор за прекин на војната. - Не им даваме американски пари, ниту еден единствен долар од американските пари нема да отиде во Иран – рече Венс во гостувањето на емисијата „Добро утро Америка“ на телевизијата Еј-Би-Си. Наместо тоа, договорот главно се фокусира на ублажување на санкциите, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека предложил средба со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на самитот на Г7 во Франција оваа недела, но оти Москва ја одбила идејата. - Пред почетокот на самитот на Г7, јасно ставивме до знаење дека сме подготвени да се сретнеме со Путин за време на самитот, со оглед на тоа што таму ќе бидат присутни и (американскиот претседател Доналд) Трамп и (францускиот претседател ...
Јон Фрчкоски, синот на истакнатиот идеолог на СДС којшто, со последните совети, партијата предводена Венко Филипче со сигурност ја турка кон политичка маргинализација, на прес-конференција излезе да брои која фирма колку тендери добила. Во ред е Јон, за броење доби пролазна оценка, но за да добие повисока ќе мора малку да се потруди и заедно со нивниот таканаречен антикорупциски тим, да почнат и да ги набројат сите тендери коишто истите тие ...
Се потешко се доаѓа до термин кај специјалист – дијабетичарите предупредуваат дека во голем број општини постои недостаток на доктори, поради што голем број пациенти се принудени да патуваат во други градови за да добијат здравствена услуга. Ова не само што значи финансиски товар за лицата со дијабетес и нивните семејства, туку и неможност за навремени прегледи со кои би се спречиле компликации од болеста. Националните програми се само на ...
Во Молдавија и Украина опозицијата не работи против своите граѓани и не работи за интересите на туѓи влади кои имаат поинакви интереси. Вака премиерот Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање, прашан за тоа каков е ставот на Владата за тоа што Македонија веќе 4 години по преговарачката рамка И НАД 20 ПО ДОБИВАЊЕТО НА КАНДИДАТСИКИОТ СТАТУС нема отворено НИТУ ЕДЕН кластер . Вината за ваквиот развој на настаните ја префрли кај ...
Обвинетите девет полициски службеници во предметот поврзан со кочанската дискотека „Пулс“, се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за она што ги товари Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Застапничката на обвинението, обвинителката Спасенка Андонова рече дека обвинетите за злоупотреба на службената положба и овластување, не ги извршиле соодветните проверки кои се однесуваат на евиденција на нарушување на јавен ред ...
Од политички прес конференции и партиски соопштенија, до судница. Премиерот Христијан Мицкоски ќе сведочи во спорот што поранешната обвинителка Ленче Ристоска го води против ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда, а кој почна денеска. Ристоска тврди дека со партиски напади бил нарушен нејзиниот углед, додека одбраната на партијата вели дека критиките биле насочени кон институцијата, а не кон неа лично... Од политички прес конференции и партиски ...
Курбан нека одам но ќе остане горкото чувство дека правдата по судовите е тешко достапна и наместо да е во служба на послабите истата е во служба на појаките, вели поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Тој за тв 24 вели дека денеска сам си ја подигнал пресудата од апелација и дека веќе с еподготвува и жалбата до врховен суд, но и барањето за одложување на одењето во Шутка. Тој посочува дека бројни државни институции ...