Од потешкото дело - проневера во службата, во полесното - злоупотреба на службената положба. Скопското јавно обвинителство вчера го смени правниот курс во истрагата за „Државна лотарија“ и поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и уште седуммина. Додека поранешниот вицепремиер беше во бегство, Обвинителството го гонеше за проневера во службата, но по завршувањето на истрагата сите осуммина ги обвини за злоупотреба на службената положба ...
Артан Груби на 24 август ќе седне на обвинителна клупа, но се соочува со значително поблага казна.. Осомничен беше за проневера, а доби обвинение за злоупотреба на службената положба. Додека обвинителството ја водеше истрагата, според законот за кривична постапка, му се закануваше затвор од четири до максимални 20 години. Со обвинението кое вчера го доби Груби, за злоупотреба на службената положба, највисоката казна која може да јаодреди ...

