Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во вечерните часови во ...

Претседателката Гордана Сиљановски Давкова објави дека се сретнала со четири претставнички на Научниот одбор на меѓународната конференција „Годишна средба на Мрежата за родово одговорен надзор врз буџетот и заедницата на практичари кои користат родово одговорно буџетирање“, којашто се одржува во Охрид. - Со Дајан Елсон, емеритус професорка на Одделот за социологија при Универзитетот во Есекс, професорката Глорија Аларкон-Гарсија од ...

Судскиот совет денеска ќе ја одржи 552. седница на која ќе расправа и одлучување по извештај за повторување на постапка по пресуда на ЕСЧП и за формирање на комисии на известители по барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд. На дневен ред на седницата на Судскиот совет се и избор и разрешување на судии поротници и расправа и одлучување по известувања за утврдена фактичка состојба Судскиот ...

Непочитувањето на договорот од страна на министерот и на владата за земјоделците е уште еден мотив повеќе и тие млади земјоделци кои останаат во државата да купат билет за во еден правец. Никој не треба да си игра со маката и трудот на земјоделците. Денеска поразговарав со еден од земјоделците кои утре на протестот јавно ќе им порача на властите дека вака не се води држава. Дадениот збор мора да се почитува, инаку се губи секоја верба и надеж ...

Непочитувањето на договорот од страна на министерот и на владата за земјоделците е уште еден мотив повеќе и тие млади земјоделци кои останаат во државата да купат билет за во еден правец. Никој не треба да си игра со маката и трудот на земјоделците. Денеска поразговарав со еден од земјоделците кои утре на протестот јавно ќе им порача на властите дека вака не се води држава. Дадениот збор мора да се почитува, инаку се губи секоја верба и надеж ...

Од домашната економска сцена, право во Вашингтон. Поранешната вицегувернерка Маја Кадиевска Војновиќ е изборот на Владата за македонски кадар во Светска банка. Таа треба да биде дел од Канцеларијата на извршниот директор што ја претставува групата земји во која членува и Македонија. Официјалните детали за нејзиниот мандат засега не се соопштени. Не станува збор за директорска функција во Светска банка, туку за позиција во тимот кој ги ...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со нови преупрдувања до лидеот на опозициската СДСМ Филипче да не биде изненаден ако се појават нови докази за модуларната болница во Тетово и случајот повторно да биде отворен пред нов обвинител. И денеска од партиското седиште преку пресконференција пратеникот Миле Лефков посочи дека мора да има правда за семејствата на загинатите, бидејќи тоа го заслужуваат. Лидерот на СДСМ Филипче пак денеска од Бихаќка со контра ...

Работите на најсложениот дел од трасата Кичево–Охрид се во завршна фаза вели министерот за транспорт Александар Николовски. На потегот Извор–Врбјани, две од четирите галерии се целосно завршени, а на останатите интензивно се работи. Во тунелите веќе се поставува современа опрема за сигнализација, рано предупредување од пожари и вентилација, како и контролен центар. Според најавите од Министерството за транспорт, по пуштањето на овој дел во ...

Килограм ајварка носи 10 денари загуба – земјоделците од струмичко утре повторно на протест. Четири дена важеа договорените цени, а веќе пет дена пиперките се откупуваат по 25 денари за килограм. Освен тоа, во најава се и нови пониски цени, тврдат струмичките земјоделци. Тие со нови протести и блокади утре во 11 часот пред подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица повторно ќе го изразат своето незадоволство, бидејќи ...

Поранешниот вицепремиер Артан Груби седна на обвинителна клупа во Кривичниот суд во Скопје. Почна судскиот процес за предметот „Државна лотарија“ во кој освен Груби обвинети се уште седум лица. Тие се товарат дека во текот на 2023 и 2024 година ги злоупотребиле своите службени должности и овластувања и предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ од над 507 милиони денари. Денешното подготвително рочиште беше одложено. Судијката што ќе го води ...

Големи пожари во близина на Скопје. Мирис на чад се чуствува речиси низ целиот град.. Противпожарните екипи се обидуват да ја стават под огнената стихија која избувна на планината китка, во општините Студеничани и Зелениково. Гори и во сарај а пожари се пријавени во Илинден и во Кисела вода.. Стојанче Ангелов – директор на Дирекција за заштита и спасување „Најтежок, најкопшлкесен за гасење е пожарот кој сега гори кај планината Китка.“ Во ...

Во изминатото деноноќие во земјата се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати - соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково - кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со кракот кон селата Палиград и Вражале во о0пштина Зелениково, во општина Македонски Брод - кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја одложи главната расправа во предметот за наводни злоупотреби во АД „Државна лотарија“, во кој меѓу обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби. Судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски образложи дека одлагањето е потребно за обвинетите и нивните бранители да имаат доволно време да извршат увид во доставените докази, да се запознаат со нивната содржина, да ја подготват одбраната и да достават листа ...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне и кон крајот на денот - информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје денеска попладне и утре во вечерните часови во ...

Со оддавање почит кон загинатите и едноминутен молк во Собранието на Македонија почна посебната сесија на интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. Сесијата ја отвори потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, по што се обрати амбасадорката на Украина во Македонија, Лариса Дир. На сесијата обраќање имаше и претставникот на ...

Сообраќајот на граничниот премин Табановце се одвива непречено и без задржувања, а возилата со странски регистарски ознаки кај кои е евидентиран сообраќаен прекршок за плаќање се задржуваат најмногу до пет минути за регулирање на обврската - информираат денеска од МВР. Нагласуваат дека благодарение на воведениот систем и можноста за електронско регулирање преку апликацијата „Безбеден град“ постапката е значително олеснета и забрзана. ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судењето за предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Основното јавно обвинителство Скопје на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејства со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му ...

Уште еден земјотрес со магнитуда од 5,9 степени ноќеска ја потресе Јапонија. Епицентарот бил во морето покрај северниот јапонски остров Хокаидо, на длабочина од 46 километри, објави јапонската новинска агенција Кјодо. Засега нема информации за повредени и не е издадено предупредување за цунами. Рано изутрината утрово по јапонско време земјотрес со магнитуда од 5,9 степени го потресе источниот дел на Јапонија, вклучувајќи ја и областа на ...

Американската тенисерка Коко Гоф ноќеска ја победи сонародничката Џесика Пегула во финалниот натпревар од турнирот во Синсинати, САД со 6:2 и 6:4. Мечот траеше 1 час и 14 минути. Дваесет и двегодишната Гоф (рангирана на 4-то место во светот) сервираше еден ас, направи една двојна грешка и реализираше пет од шест брејк топки. Нејзината 32-годишна противничка (рангирана на 3. место во светот) не сервираше ниту еден ас, направи една двојна ...

Копретседателката на ултрадесничарската „Алтернатива за Германија“ (АфД), Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната Влада, ќе бара Германија да ја напушти еврозоната и Шенгенскиот договор, затворање на националните граници и значително заострување на миграциската политика. Вајдел тоа го изјави во интервјуто за германската телевизија „Зе-Де-Еф“ емитувано вчера. „На Германија и беше значително подобро пред воведувањето на ...

Поради интензивните дождови властите на Тајван наредија затворање на училиштата и канцеларии во јужниот дел на земјата, во исчекување на тајфунот што се очекува подоцна оваа недела да помине покрај северниот дел на островот. Обилните врнежи предизвикаа проблеми и во железничкиот сообраќај. Експресните возови ќе бидат запрени, додека сообраќајот на останатите возови ќе се одвива зависно временските услови. Во некои делови на Тајван упатен е ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да почне предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Основното јавно обвинителство Скопје, на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му ...

По повод Денот на независноста на Украина, денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе се одржи сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа. Предвидени се обраќања на украинската амбасадорка, Лариса Дир, на амбасадорите на Француската Република, Сојузна Република Германија и Република Полска, Кристоф Ле Риголер, Петра Дрекслер и Мариуш Бримора, на претставникот на Интерпартиската парламентарна ...

Во голем напад со беспилотни летала во текот на ноќта биле погодени повеќе локации во Русија, меѓу кои и логистички центри на интернет продавачот „Озон“. Во Краснодар, по пад на остатоци од дрон врз приватен центар за деца, загинале две деца, а повредени се уште девет лица, меѓу кои седум деца, соопшти гувернерот Венијамин Кондратјев. Остатоци од беспилотните летала паднале и врз станбени згради и објекти во изградба, а на повеќе места ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да почне судењето на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и уште седум лица обвинети за злоупотреби во случајот „Државна лотарија“. Предметот ќе го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски. Доколку рочиштето не биде одложено, судењето треба да почне со воведни зборови на јавниот обвинител, кој ќе ги образложи делата што им се ставаат на товар на обвинетите. Потоа тие треба да се ...

Апелациониот суд има уште четири работни дена да донесе одлука за случајот Талир 2 пред да застари на 31 август. Судијката Даниела Алексовска Стојановска на 14 јули ја објави првостепената пресуда со која поранешниот премиер Никола Груевски доби ослободителна пресуда и беше одбиена конфискацијата за седиштето на ВМРО ДПМНЕ . На 5 август обвинителството поднесе жалба а ден подоцна Кривичен го испратил предметот во повисокиот суд кој треба да ...

Пожарите се регистрирани во повеќе делови од земјата, а најсериозна останува состојбата на терените каде што огнот зафатил шума. Активни се пожарите кај Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград и над Вражале, каде што гори мешана шума. Огнот продолжува и во месноста Видуш кај Драгов Дол и Локвица во Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во Кичево, активен е пожарот во атарот на село ...

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови на повеќе места се очекува локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови и за невреме проследено со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне, во одделни делови од ...

Шпанската полиција заплени околу 1,5 тони кокаин во градот А Побра до Карамињал, на брегот на северната покраина Галиција, а меѓу тројцата уапсени е и еден хрватски државјанин, објави локалниот весник „Ла Воз де Галиција“. Кокаинот е пронајден во зграда на имот во близина на морето, каде што, според резултатите од досегашната истрага, бил привремено складиран, пренесува Индекс.хр. Брегот на Галиција, познат по своите карпести заливи, е една ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Иридиум

315077.32