Итно да се затвори скопската Зоолошка градина и да се направи независен инспекциски надзор, да се проверат сите живеалишта, огради, кафези и безбедносни системи, а наодите јавно да се објават, бараат од здружението за заштита на животните „Анима мунди“, откако во јавноста излезе информацијата дека волци избегале од живеалиштата и усмрттиле четири кенгури и неколку птици. Активистите бараат независна истрага за бегството на волците, ...

Скандал во кочански Водовод. 50.000 евра вреден тендер од комуналното Јавно претпријатие доби фирма со блокирана сметка и со само тројца вработени, чиј сопственик е близок другар на директорот на претпријатието, обвинија на прес од советничката група на „Доста беше“, најавувајќи и пријава до Основното јавно обвинителство. Но, за апсурдот да биде уште поголем, во истото ова јавно претпријатие, исто така сомнителен е и тендерот за такси превоз. ...

Со посета, камери и силни пораки дека граѓаните добиваат поквалитетено здравство – вака пред три месеци премиерот, министерот за здравство и директорите на дел од клиниките ги промовираа шестте реновирани операциони сали во скопскиот клинички центар. Но, и три месеци по промоцијата – салите воошто не се ставени во функција, а пациентите се уште немаат видено корист од нив. Ако салите не биле подготвени за употреба зошто биле промовирани како ...

Ќе има ли избори во Тетово за совет ? Билал Касами според информациите на Тв 24 размислува за оваа опција , откако Уставниот суд ја укина одлуката за преименување на улиците во Тетово, а од ДУИ го предизвикуваат, „ако смее повторно да ја донесе “. Според извори на 24 од Вреди, Касами се повикува на законот за локална самоуправа член на 75 токму во ова барање на ДУИ има основ за распуштање на Советот Член 75 од законот за локална самоуправа ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во отчетот за изминатите две години истакна дека се постигнати значителни резултати за само осум месеци откако е преземен туризмот во склоп на Министерството, односно по укинувањето на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во 2025 година. -Буџетот е зголемен од 58 милиони денари во 2023 на 186 милиони денари во оваа година. Тоа е повеќе од 200 проценти раст. Се отворивме кон нови пазари, ...

Собраниската Комисија за финанасирање и буџет со која претседаваше пратеничката Сања Лукаревска, ја заврши амандманската расправа во второ читање за предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри. Пред членовите на комисијата за финанасирање и буџет беа образложени 51 амандман за измена и дополнување на законот, како и измени од номотехнички карактер, со што се овозможи предложениот закон за игрите на среќа и за забавните игри да ја ...

Од вкупно 98 проекти и активности предвидени во Програмата на Владата во делот на културата, завршени или во тек на непречена реализација се 73. Тоа е реализација од 72 проценти. Оние што не се отпочнати се капитални инвестиции, кои се предвидени за реализација до крајот на 2034 година, соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков на прес-конференција на која соопшти за активностите по преземањето на ресорот од претходната влада пред ...

Централните банки имаат клучна улога во зачувувањето на вредноста на парите, одржувањето на ценовната и финансиската стабилност и градењето доверба во економијата, особено во услови на зголемена глобална неизвесност, оценува гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли, во интервју дадено за публикацијата на Народната банка „80 години централно банкарство: Глобални перспективи, регионална соработка и идни предизвици“ (80 Years of Central ...

Меѓународната поморска организација на Обединети нации (ИМО) ја стопира планираната евакуација на повеќе од 11.000 морнари од Ормуска Теснина откако во мореузот беше нападнат товарен брод. Товарниот брод, што плови под знаме на Сингапур вчера беше погоден од непознат проектил на 75 наутички милји југоисточно од оманското пристаниште Дахит. САД тврдат дека врз бродот пукала иранската армија. Директорот на ИМО, Арсенио Домингез истакна дека ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју на Националниот сервис по повод две години од мандатот на владата, истакна дека позади провокациите кои се случија изминатиот период станува збор за организирана бугарска кампања во нашата држава, кои имаат за цел промоција неприфатливи работи, преку еден или двајца политички ликови, се вели во соопштението од Владата кое МИА го објавува интегрално. „Ниски страсти и организирана кампања ...

Дванаесеттото издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ започнува денеска во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ),со фокус на некои од највлијателните музички имиња на современата сцена. Програмата што ќе трае до утре опфаќа три документарни филмови посветени на легендите Мајлс Дејвис, „Duran Duran“ и „Kraftwerk“, преку кои публиката ќе има можност да проследи приказни за музичките ...

Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот Струшки вечери на поезијата, објавена на македонски јазик ќе биде објавена денеска на прес-конференција. Во потесен избор од пет поетски книги во конкуренција за наградата се „Меко трње“ од Марија Ангеловска (Скопје: ПНВ Публикации, 2026), „Во куќата“ од Николина Андова Шопова (Скопје: Бегемот, 2026), „Длабок простор“ од Зоран ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека одобрил 40-дневна кампања против Русија со цел да ја принуди Москва да ја заврши војната. - Одобрив 40-дневна операција за да се изврши притисок врз државата агресор да ја заврши војната, објави Зеленски на платформата Телеграм. Украина со месеци спроведува бранови напади со среден и долг дострел врз цели во Русија или области под руска контрола, главно насочени кон нафтената ...

Бројот на жртви од двата последователни силни земјотреси што ја погодија Венецуела се зголеми на најмалку 188, изјави денеска претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез. Според најновите податоци од веб-страницата каде што се пријавуваат исчезнати лица по земјотресот, речиси 40.000 луѓе се пријавени како исчезнати, пренесува Скај њуз. Родригез рече дека 1.520 повредени лица се хоспитализирани, а дека 200 лица се ...

Украина треба да добие дополнителни 3,39 милијарди долари помош од Светска банка, изјави украинската премиерка Јулија Свириденко денеска на Конференцијата за закрепнување на Украина, каде што се сретна со претседателот на Светска банка, Аџај Банга, јави ДПА. Од оваа сума 2,35 милијарди долари треба да бидат обезбедени како грантови за стабилизирање на Украина и нејзината економија, додека дополнителни 1,04 милијарди долари треба да му бидат ...

Во акција на црногорската полиција и американското Федерално истражно биро (ФБИ) вчера во Котор е уапсен припадник на Иранската револуционерна гарда Амир Барати, обвинет од САД за хакерски напади со кои е оштетена американската инфраструктура за 3,4 милијарди долари. Приведениот 39-годишен Барати е државјанин на Турција и на Иран, против кого во Високиот суд во Њујорк се води кривичната постапка поради кибер и организиран криминал. Во ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има мали услови за локална ...

Собранието денеска треба да ја почне 108-та седница, а потоа да ја продолжи 106-та пленарна седница. Пратениците треба да гласаат за Дополнетиот предлог на закон за парничната постапка, Предлог на закон за високи раководители, Дополнетиот предлог на закон за користење на енергијата од обновливи извори и Дополнетиот предлог на закон за оружјето, сите во второ читање. На предложениот дневен ред е и Предлог на закон за изменување и дополнување ...

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе ја одржи амандманската расправа за Предлог законот за соодветна и правична застапеност. За законот, како што е објавено на веб-страницата на Собранието, поднесени се 31 амандман. Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжи амандманската расправа за Предлог на закон за игрите на среќа и за забавните игри. Седница ќе одржи и Законодавно - правната комисија. ...

Шефот на американската дипломатија, Марко Рубио, за време на турнејата низ земјите од Персискиот Залив, денеска изјави дека договор со Иран не треба да се постигне „по секоја цена“, особено стравувајќи од „тотален хаос“ доколку Техеран воведе патарини за премин низ Ормуската Теснина. „Дури и ако сакаме договор, не сакаме договор по секоја цена“, рече Рубио во Бахреин. Тој се осврна на ситуацијата во Ормуската Теснина, главната точка на ...

Француската морнарица пресретна и врши инспекција на танкер за нафта што плови од Русија во близина на брегот на италијанскиот остров Сицилија, изјави демеска францускиот претседател Емануел Макрон. Во објава на Икс, Макрон рече дека бродот „Deliver“ не постапил во согласност со меѓународното право на морето и пред два дена бил запрен во морето. Во видео што го објави на Икс се прикажани припадници на француските вооружени сили како се ...

Лицата со попреченост се соочуваат со сериозни проблеми – паричната помош доцни, а бројот на лични асистенти е сè помал. Затоа под слоганот „За достоинствен живот“ Коалицијата „Менуваме“ излезе на протест пред Министерството за социјална политика, демографија и млади. Тие бараат итна средба со Владата и порачуваат дека, доколку не им се излезе во пресрет на нивните барања, ќе ги информираат меѓународните институции за прекршување на правата ...

Со традиционалното палење на фестивалскиот оган и рецитирањето на незаменливата „Т’га за југ“ на Константин Миладинов, во Домот на поезијата во Струга свечено започна 65-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот – Струшките вечери на поезијата. Под мотото „Каде што живее поезијата“, Струга уште еднаш ги обедини поетите од сите меридијани, испраќајќи моќна порака дека поезијата сè уште има сила да обединува, да инспирира и ...

Регулаторната комисија за енергетика анализира проширување на евтината тарифа за струја од сегашните два на четири часа во текот на денот, како и нејзино воведување во сабота, најави претседателот на комисијата, Ацо Ристов. Според предлогот, дневната евтина тарифа би можела да важи од 11 до 15 часот, кога производството од фотоволтаичните централи е највисоко, а на берзите често се појавува вишок електрична енергија со многу ниски, па дури и ...

Катастрофални земјотреси уништија делови од венецуела...Два потреси едно подруго, со јачина од 7.2 и 7.5 степени според рихтер ги опуштошија северните и централните региони ...ВО Земјата на сила е вонредна состојба додека во најтешпко погодениот регион, ла гвеира, прогласена е зона на катастрофа..УРНАТИ Се десетици станбени згради, куќи и деловни објекти...Затворен е и меѓународниот аеродром кој претрпел сериозни оштетувања..Надлежните служби ...

Сериозни системски слабости откри Државниот завод за ревизија во работењето на АД МЕПСО во 2024 година. Податоците од ревизорскиот извештај покажуваат дека се утврдени недоследности во сопственоста на далноводите, потоа откриени се неругуларности при вработувања, а за дел од потрошените пари по основ на инвестиции на државната компанија недостасувала соодветна документација. Во извештајот се нотира дека од вкупно 112 далноводи на МЕПСО, за ...

Новото раководство на АД МЕПСО го прифаќа извештајот на Државниот завод за ревизија и уште пред неговото објавување работи на отстранување на забелешките и слабостите затекнати од претходните раководства. Наодите во извештајот не се однесуваат само на состојби создадени во текот на 2024 година, туку опфаќаат процеси, договори, инвестиции и имотно-правни прашања што се акумулирале во период од повеќе години, а во одредени случаи и од ...

Во сезона на пожари, првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов со апел до пожарникарите да ги почитуваат протоколите и стандардите при работа, посочувајќи го последниот голем пожар во Штип, кога штипски пожарникар преку live видео на социјалните мрежи бараше помош. Ова резултираше со жестока реакција од страна на пожарникарот Александар Ѓорѓиевски, кој за ТВ 24 тврди дека се било организирано во координација со ...

Од Фондот за здравствено осигурување брифираат дека се свесни за поплаките на пациентите поради големото поскапување на лекот „Фостер“ кој го користат пациентите со астма. Според податоците од околу 120 000 луѓе со астма, околу 10 илјади го користат лекот кој покрај повисоката цена е и недостапен во повеќето аптеки.. Од фондот додаваат дека се работи за внесување во употреба заменски лек со ист состав кој би бил без доплата за пациентите со ...

Во македонското Собрание се одржа жестока дебата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Додека опозицијата ја обвинува Владата за неисполнети ветувања и економска стагнација по две години мандат, премиерот возвраќа со критики за системската неказнивост и корупцијата на претходната власт, најавувајќи правна разрешница. Во собранието одекна и пораката на Мицкоски до Филипче: „Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.81
36%
1018
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
1.93
52%
1018
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
1.59
40%
1018
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.53
45%
1021
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
4.35
51%
1020
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
1.03
46%
1019
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
5.81
40%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.6
60%
1018
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
0.07
41%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
2.68
45%
1021
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 35ᴼ
1.34
28%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
6.59
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Злато

131072.82

Иридиум

233896.68

Кобалт

56.29

Сребро

1902.84

Цинк

0.00

Калај

50.56

Алуминиум

3.20

Паладиум

38195.09

Платина

51923.46

Родиум

249168.29

Бакар

12.33

Рутениум

49029.89