Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Преку директен избор со тајно гласање вкупно 187 јавни обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмината пријавени кандидати – Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласачките места ќе бидат отворени од 08:00 до 16:00 часот, а резултатите по завршување на ...

Димитар Апасиев се сретнал со Генадиј Зјуганов, претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација, а на средбата било договорено продлабочување на соработката, се наведува во соопштението од СДСМ. Од партијата ја критикуваат средбата, посочувајќи дека станува збор за лидер на руска политичка партија чии позиции, според СДСМ, се во спротивност со евроатлантските интереси на Македонија. „Нема повеќе маски. Нема ‘автентична левица’. ...

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека се обидува да се дистанцира од српскиот претседател Александар Вучиќ по поразот на парламентарните избори, посочувајќи ги претходните средби и јавните изјави на Венко Филипче, Зоран Заев и Димитар Ковачевски. „СДС и Венко Филипче сакаат да се дистанцираат од Александар Вучиќ по поразот на парламентарните избори. Залудни им се обидите да се исперат пред јавноста“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата ...

СДСМ преку соопштение упати критики до гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во врска со состојбата во „Алта банка“, обвинувајќи дека и покрај неговите уверувања дека сè е во ред, граѓаните имаат проблем да дојдат до сопствените средства. Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка. Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак ...

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди во односот кон банкарскиот сектор, посочувајќи дека партијата и нејзиниот лидер Венко Филипче сега изразуваат загриженост за состојбата со „Алта банка“, додека не реагирале при пропаѓањето на „Еуростандард банка“. Од владејачката партија прашуваат каде биле тогашните реакции за заштита на граѓаните и штедачите кои претрпеа штета од пропаѓањето на банката. Притоа потсетуваат на сомнежите и ...

Извештајот на Европската комисија за 2026 година претставува една од најзагрижувачките оценки што Северна Македонија ги добила во последните години. Тој покажува дека земјата го губи чекорот во реформите, сè повеќе заостанува на патот кон европската интеграција и се соочува со сериозни проблеми во функционирањето на институциите. За првпат, конкретните проблеми со спроведувањето на употребата на албанскиот јазик и правичната и соодветна ...

„Бесна сум и тажна што владејачкото мнозинство нема волја да ги заштити жените и ги остава сами на себе. Со неприфаќањето на електронската нараквица убивте уште една жена! Билјана пријавила насилство и смртни закани, девојка од 17 години бегала од насилникот и живеела во страв! И сега пред нас се болни и тешки прашања на кои надлежните мора да дадат одговори. Што работат институциите кога една девојка ќе пријави дека некој ѝ се заканува ...

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во Грција утрово во 07:21 часот, соопштија сеизмолошките служби. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал недалеку од главниот град Атина. Информациите од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар покажуваат дека хипоцентарот бил на мала длабочина од приближно 4 километри под површината. Надлежните служби ја следат ситуацијата на терен, а во ...

Уште едно лице почина како последица на западнонилска треска, со што вкупниот број на смртни случаи во земјава се искачи на 11, покажуваат најновите податоци објавени на специјализираниот портал за следење на вирусот, „Healthalert“. Од почетокот на 2026 година досега во земјава се регистрирани вкупно 71 случај на инфекција со западнонилска треска. Според официјалните здравствени информации, од вкупниот број заболени, 58 лица веќе се целосно ...

Владина делегација предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза, во центарот на Скопје, по повод роденденот на светицата. По оддавањето почит пред спомен-плочата првиот заменик-претседател на Владата ќе даде изјава за медиумите. Централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза ќе се одржи во Музејот на современата ...

Владата на вчерашната седница донесе одлука со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од вчера, заклучно со 30 септември 2026 година. - Со оваа одлука трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10 %, а трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување од најмалку 15 % – изјави портпаролката на Владата, Марија ...

Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во земјава се зголеми на 50, откако во текот на еден ден се регистрирани уште шест нови случаи. Пет од новозаболените се од Скопскиот Регион. Тројца се жители на Гази Баба, сите на возраст над 70 години; еден пациент е од Зелениково и има 26 години, додека еден е од Аеродром и има 59 години. Нов случај е регистриран и во Куманово, каде што станува збор за 65-годишен маж од приградска населба. ...

Цената на биткоинот утрово ја надмина границата од 80 илјади долари, продолжувајќи го силниот раст на најголемата светска криптовалута поттикнат од враќањето на средства во берзански фондови (ЕТФ) поврзани со биткоинот и зголемената склоност на инвеститорите кон поризични средства. Биткоинот утрово се тргуваше за околу 80.650 долари, а во текот на денот достигна околу 81.200 долари, што е највисоко ниво од мај. Во однос на почетокот на денот, ...

Царините за увоз во САД на сите автомобили, камиони, автомобилски делови и челик од Канада ќе бидат зголемени на 50 отсто од 1 јануари 2027 година – изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп по неуспехот на трговските преговори со Канада. – Произведувајте во САД и ЦАРИНИТЕ СЕ НУЛА. Канада повеќе нема да биде третирана како држава, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут сошл“. Според податоците на канадската Влада, САД во ...

Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската Унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ. Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна седница одржана вчера црногорскиот Парламент ги усвои предлог-измените на Уставот што се ...

Активни се пожарите на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер и кракот кон Палиград, како и над селото Вражале, каде гори мешана шума. Во пожарите се зафатени ниска вегетација, стрништа, сува трева, грмушки и шумски површини. Регистриран е и случај на зафатено гнездо од штрк Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 ...

Посетата на Архиепископот Охридски и Македонски беше најавена за крајот на август, во рамки на собирските манифестации на Американско-канадската епархија, чиј домаќин годинава е Црковната општина „Св. Кирил и Методиј“ во Вилоубрук, Чикаго. Архиепископот Стефан не учествуваше во богослужбата и за празникот Преображение на 19 август, потсетува порталот “Религија“ МПЦ-ОА во краткото соопштение не наведува детали за здравствената состојба на ...

Сончево и топло со мала до умерена облачност, објави 4news.mk Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T=35°C. P=975hPa. U=27%. ...

Водата на скопската територија е безбедна за пиење, покажал неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, соопшти утрово Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Извештајот е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој од 10 до 14 август, зел 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. ...

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување кандидати за запишување на студии во прва година. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за бруцоши во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...

Стратешки важната Ормуска Теснина ќе остане затворена за сообраќај сè додека Соединетите Американски Држави не ги исполнат сите услови од привремениот договор што го потпишаа со Иран во јуни – изјави главниот ирански преговарач Мохамад Бакер Калибаф во обраќање пред иранскиот парламент. Калибаф прецизира дека условите на Техеран подразбираат целосно укинување на американската блокада врз иранските пристаништа, укинување на сите санкции ...

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и изрази благодарност до припадниците на Армијата истакнувајќи ја нивната посветеност, но и одговорност и професионализам во извршувањето на задачите во служба на државата и граѓаните. Во објава на својот профил на „Фејсбук“, Мицкоски нагласи дека Армијата претставува многу повеќе од униформа и оти нејзината улога е од суштинско значење за безбедноста и стабилноста на државата. – Армијата е многу ...

Кристијано Роналдо сериозно размислува за крај на својата кариера. Во интервју за „Вог“ изјави дека сериозно размислува за крај на својата кариера. Ова ќе биде веројатно мојата последна сезона во фудбалот, изјави популарниот CR7. Роналдо има договор со Ал Наср до јули 2027 година, кога ќе има 42 години. Португалецот е на чекор до неверојатен рекорд односно му фалат 30 голови за да стигне до бројката од 1.000 голови. Лигата во Саудиска Арабија ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува контролни и заштитни мерки во сите одгледувалишта каде што преку ветеринарните друштва се детектира присуство на вирусот на сипаници кај овци и кози. По добиените информации за појава на болеста, од животните се земаат примероци од крв и брисеви за лабораториско испитување. Доколку присуството на вирусот се потврди, директорот на АХВ носеше решение за справување со болеста, по што се ...

Во пожарот што во ноќта меѓу 13 и 14 август го зафати подрачјето на Локва Рогозница и Омиш во Хрватска целосно изгореа дури 106 возила, 28 куќи, седум стопански, три угостителски и шест помошни објекти на семејни куќи – соопшти денеска сплитско-далматинскиот жупан Блаженко Бобан. – Исто така, целосно изгореа и 45 пловила што биле извлечени на брегот – изјави Бобан за Хина. Според него, делумно изгореа 43 куќи, 20 возила и девет пловила. На ...

Повторното исфрлање пепел од вулканот Етна делумно го ограничи воздушниот сообраќај на меѓународниот аеродром во Катанија, на италијанскиот медитерански остров Сицилија, соопшти денеска управата на аеродромот. Дел од воздушниот простор е затворен поради вулканската пепел, со што е намален бројот на можни слетувања. До 14 часот по локално време, односно 12 часот по Гринич, во Катанија ќе бидат дозволени само пет слетувања на час, додека за ...

Се поместува и возрасната граница на заболените. Викендот починал пациент со западнонилска треска, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјава се искачи на 3, известија здравствените власти. Станува збор за 61-годишен пациент кој имал придружни сериозни заболувања и е од едно од афектираните места. Лабораториски се потврдени 35 случаи со вирусот, а уште тројца суспектни се во процес на дијагностицирање. Во моментов, на Клиниката за ...

Нафтените деривати од полноќ ќе се продаваат по значително повисоки цени, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги зголеми малопродажните цени во просек за 4,85 проценти. Согласно новата одлука, најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за 6,50 денари, па литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 98,00 денари. Цените на бензините се бележат раст од 4,50 денари по литар, со што ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 91,50 ...

Предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“ преку автоматска распределба е распределен кај судија и е насрочен за 24 август, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје, претходно поднесе обвинение против Артан Груби и седум други лица, кои како што информираа од Обвинителството, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ...

Секој што се обидува да ги уништи албанскиот јазик и правичната застапеност треба да ги држи рацете подалеку од Охридскиот договор. Не треба да прибегнуваме кон фолклор и емоции, туку секој треба да размислува и да работи на тоа како да живее во мир, стабилност и безбедност. Заедничкиот интерес треба да биде напредокот и интеграцијата на земјата во Европската Унија, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети на дебатата за 25 години од Рамковниот ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Калај

46.54