Русија рано утрово за прв пат потврди дека ќе учествува во преговорите со Украина во Абу Даби подоцна во текот на денот, по разговорите во Москва меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф. Руската делегација ќе ја предводи Игор Костјуков, шеф на воената разузнавачка агенција на земјата, ГРУ, според советникот за надворешна политика на Путин, Јуриј Ушаков, како што објавија новинските агенции во ...

По краткотрајната стабилизација и престанок на врнежите која што не очекува во наредните два до три дена, веќе особено од недела 25 Јануари 2026 попладне и навечер како и во понеделник 26 Јануари 2026 во Македонија под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова ни следува нова голема промена на времето. Ќе имаме зголемена облачност со пообилни врнежи од дожд проследени со засилен јужен и југоисточен ветер а ќе има услови и за ...

Илјадници километри реки се оштетени во последните години на Балканот поради проширувањето на браните и малите електрани, како и прекумерното вадење на седименти, според извештајот на невладините организации „Ривер Воч“ и „Еуронатур“ објавен денеска, Во извештајот се забележува дека Балканот има едни од најчистите и најдивите реки во Европа, кои се клучни за биодиверзитетот на континентот и неговото „сино срце“, предупредувајќи дека овој ...

Во свет кој постојано се менува, постојат места каде времето како да застанало. Овие села ја чуваат традицијата, архитектурата и начинот на живот речиси непроменети со векови. Посетата на вакви места не е само патување, туку вистинско враќање во минатото. Калаши, Пакистан Во планините на северен Пакистан живее народот Калаш, познат по својата уникатна култура, обичаи и носии. Селата се градени од камен и дрво, без модерна инфраструктура, а ...

Просечната концентрација на микропластика во Јадранското Море е околу 250.000 честички на км². Според мерењата на водите во Ровињ, бројот понекогаш достигнува 600.000. „Досега, сите примероци што ги обработив имаа микропластика. Нема примерок што го обработив досега, а кој немал микропластика“, рече Виктор Стинга Перуско од Центарот за морски истражувања на IRB во Ровињ. „Бројот постојано расте бидејќи имаме нов влез, додека се произведува ...

Силна експлозија е регистрирана на површината на Сонцето, при што е ослободена огромна количина енергија, според Европската вселенска агенција (ESA). Како што се наведува во соопштението, еден соларен блесок може да ослободи енергија еквивалентна на експлозија на дури една милијарда атомски бомби. Соларните блесоци се ненадејни и интензивни ослободувања на енергија кои настануваат како резултат на магнетни нарушувања во сончевата атмосфера. ...

Златото повторно се искачи во центарот на вниманието на светските пазари, откако неговата вредност достигна историски највисоки нивоа. Засилената геополитичка неизвесност и новите тензии меѓу САД и Европа, поврзани со изјавите на Доналд Трамп за Гренланд, ги натераа инвеститорите да се повлечат од ризичните вложувања и да се свртат кон посигурни алтернативи. Во услови на нестабилна глобална политичка клима, капиталот сè почесто се насочува ...

Под влијание на влажна воздушна маса од Медитеранот која ќе биде поврзана со ладен воздух од север и од североисток во текот на ноќта вторник кон среда и во среда 21 Јануари во Македонија ќе имаме врнежи кои ќе бидат најмногу од снег па така на повеќе пониски места (градовите) ќе се формира помала снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри а на високите и на планинските места таа ќе се зголеми. Во среда на 21 Јануари ќе дува источен и ...

Прстенот околу Месечината е една од оние небесни појави што изгледа мистично, но всушност се релативно чести. Познат и како лунарен ореол, овој светол, бел прстен може да се појави во кој било период од месечевиот циклус и во кое било време од годината, иако најчесто се забележува во зима. Ако сакате да го видите, ќе мора да го прекршите златното правило на набљудување ѕвезди, кое вели дека не треба да се гледа кон небото кога е облачно. ...

Во секојдневието полно со обврски, брзата и готова храна често изгледа како најлесно решение. Сепак, домашно зготвената храна останува еден од најздравите избори што можеме да ги направиме за себе и за семејството. Не станува збор само за вкусот, туку за целокупниот однос кон храната и здравјето. Контрола врз состојките Кога готвиме дома, точно знаеме што ставаме во чинијата. Нема скриени адитиви, конзерванси или вишок сол и шеќер. Можеме да ...

Македонската ракометна репрезентација вечер од 18 часот ќе го има последниот натпревар од првата групна фаза на Европско првенство 2026. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Романија. Правдата ќе ја делат словенечките судии Давид Сок и Бојан Лах. Македонците со победа ќе ги зачуваат шансите за пласман во втората фаза. Потребен е триумф со што поголема гол-разлика, а исто таков епилог ќе треба да има на средбата меѓу Данска и ...

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено по претежно влажни коловози, а врнежите од снег се престанати, информираат од ЈП „Македонијапат“. Намалена видливост поради појава на магла е забележана на повеќе планински превои. На Плетвар и во Крушево видливоста е намалена до 50 метри, на превојот Стража до 80 метри, како и на патниот правец Тетово – село Лисец, каде исто така видливоста е до 80 метри. Сите патни правци во ...

Министерство за труд и социјална политика соопшти дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија, 19 јануари 2026 година – Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповест. Согласно најавите, сите трговски објекти, маркети и трговски центри ќе работат согласно редовното работно време. Поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе ...

Следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Утре ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег. Во понеделник и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе биде променливо облачно со слаби локални ...

По успешната прва сезона, „Мислотека“ се враќа со нови епизоди, нови предизвици и уште поголема радост за најмладите гледачи. Квизот и понатаму на забавен и интерактивен начин ги поттикнува логичкото размислување, знаењето, брзината и тимскиот дух, создавајќи позитивна атмосфера во која учењето е игра, а знаењето – вистинска авантура. Зад реализацијата стои голем тим на професионалци, кои долг период посветено работеа на подготовките, ...

Денееска сончево време со мала до умерена облачност. Според метеоролозите, во утринските часови по одделни котлини е можна појава на магла, а во текот на денот ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од минимални -6 до максимални 13 степени. Во Скопје се очекува слично време, тивко и сончево, со температура до 9 степени. Од УХМР најавуваат промена веќе од утре: „Викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено ...

Македонската ракометна репрезентација вечерва го започнува настапот на Европското првенство со дуел против кодомаќинот и еден од фаворитите, Данска. Натпреварот се игра во Хернинг од 20:30 часот, а „црвено-жолтите“ влегуваат без страв и со јасна желба за борба. Иако Данска важи за светска ракометна сила, Македонија традиционално знае да одигра храбро кога е најтешко. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров веќе неколку дена се подготвуваат во ...

Во фоајето на Министерството за животна средина и просторно планирање е отворена патувачка изложба со фотографии од најпретставителните единки на балканскиот рис, регистрирани со фото-замки во Македонија, Албанија и Косово. Изложбата ќе биде поставена и во наредните две недели, а ја прикажува една од најретките и најзагрозени мачки во Европа – вид што опстојува токму во овие три држави. Настанот се реализира во рамки на Програмата за ...

Црните дупки се можеби најфасцинантните, но и најстрашни појави во универзумот. Како долг, темен тунел што води кон ништо (или како гигантски ѕид за ѓубре), тие создаваат гравитациска сила толку моќна што ништо во нивна близина – дури ни светлината – не може да избега. Сè што влегува, скоро никогаш не излегува. Затоа, црните дупки се невидливи за човечкото око, како темниот, празен простор околу нив. Научниците знаат дека постојат не затоа ...

Викендот кој ни доаѓа во Македонија ќе ни донесе продор на нов ладен бран од исток и од североисток и истиот ќе услови повторно да имаме пад како на утринските така и на максималните дневните температури на воздухот. Исто така облачноста ќе се зголеми и ќе има слаби локални врнежи кои полека и на пониските места (градовите) ќе преминуваат во снег. И во Скопје и околината за време на викендот кој доаѓа ќе имаме зголемена облачност која ќе ...

Македонската традиционална кујна е длабоко поврзана со начинот на живот, природата и сезоните. Таа се развивала со векови, користејќи едноставни, локални и достапни намирници. Иако денес често се смета дека модерните нутриционистички правила се нешто ново, многу од принципите на балансираната исхрана одамна постојат токму во традиционалната македонска трпеза. Сезонска и природна храна Една од најголемите предности на македонската кујна е тоа ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патниот правец Скопје – Тетово. Сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и ...

Длабоко во Индискиот Океан, недалеку од брегот на Јемен, се наоѓа едно од најнеобичните места на Земјата – островот Сокотра. Оваа дестинација често се нарекува „вонземска“ поради нејзината уникатна природа, каква што не постои никаде на друго место во светот. Остров со сопствен екосистем Повеќе од 30% од растителните и животинските видови на Сокотра не се среќаваат никаде на друго место. Најпознат симбол на островот е дрвото на змејската крв ...

По студениот бран, обилни снегови и длабоки минусни температури, во Хрватска пристигна нова промена на времето, носејќи затоплување и јужен ветер. И во текот на неделата ќе продолжи да се затоплува, со максимални дневни температури во внатрешноста кои веројатно ќе бидат близу десет степени, што е вистински температурен шок со оглед на тоа што вчера наутро во Загреб беше -12. Врвот на студениот бран завршува денес во Србија, која исто така ...

Бучавата и хаосот што се гледаат на снимките од лавини, одрони и кални свлечишта јасно покажуваат колку овие природни појави можат да бидат смртоносни. Калните свлечишта се еден вид одрон, но меѓу лавините и одроните постојат низа важни разлики. Заедничко за сите три појави е силата на гравитацијата, која немилосрдно ги влече масите надолу. Во продолжение ќе објасниме што точно претставуваат овие природни катастрофи и кои се причините за ...

Денеска јавноста беше сведок на еден поинаков пристап на решавање на отворени прашања, нешто што можеби изминатите 35 години државност не се случувало, а тоа е би рекол преку една плодна дискусија во рамките на оваа лидерска средба и во една дебата би рекол која што морам да кажам во одредена мерка беше полна со предлози и идеи, изјави денеска полидерската средба премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски истакна дека за дел од отворените прашања ...

Минатата година, Хрватска забележа намалување на бројот на издадени дозволи на странски работници, главно поради измените на Законот за странци од февруари 2025 година, со кои се заострија условите за работодавачите. Според податоците од Министерството за внатрешни работи, во 2025 година се издадени 170.723 дозволи, што е за 17 проценти помалку отколку во 2024 година, кога беа регистрирани 206.529 странски работници. Најголемиот број странски ...

Членките на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) како општествено одговорни компании, во интерес на заштита на сите граѓани, а особено младите кои се најфреквентни корисници на социјалните медиуми, во согласност со позитивните законски прописи ја известуваат јавноста за зачестени онлајн измами. „Веќе подолг временски период на социјалните мрежи масовно циркулираат лажно креирани дигитални вести кои во суштина се онлајн измама ...

По обилните врнежи на територијата на Република Македонија, состојбата во најголем дел од државата е стабилизирана, а водостојот на реките е во опаѓање. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека состојбата во Битола е нормализирана и дека екипите на ЈП „Нискоградба“ работат на санација на оштетените патишта. – Во Општина Демир Хисар, водата е повлечена во речните корита, но останати се заезерени земјоделски површини во неколку села. ...

Моќната река Амазон не личи на ниту една друга река во светот. Со својата огромна количина вода ја храни амазонската прашума, изградбата на мостови е речиси невозможна, па дури влијае и на нивото на морето во Карипското Море. Освен што е најголемиот извор на слатка вода меѓу реките, нејзината геолошка историја, уникатниот жив свет и влијанието врз човештвото ја прават Амазон една од највпечатливите природни појави на планетата. 1. Некогаш ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
7.72
71%
1009
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
93%
1004
weather icon

Софија

8ᴼ / 0ᴼ
2.57
80%
1016
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.91
90%
1018
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1004
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
4.47
76%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
55%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1008
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
81%
1017
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
3.13
97%
1008
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
76%
1019
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

3663.67

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Злато

159322.70

Паладиум

56617.46

Иридиум

221848.72

Цинк

3.37

Бакар

12.10

Платина

83354.78

Калај

49.78

Алуминиум

3.06

Родиум

339190.38