Речиси 79 долари изнесува цената на нафтата од типот брент за еден барел. Раст бележи и ВТИ круд која достигна речиси 75 долари. Стравувањата од ескалацијата на конфликтот и евентуален напад од страна на Израел врз нафтените постројки во Иран си го направија своето. Аналитичарите предвидуваат дека доколку продолжи ваквиот тек можеби нафтата ќе достигне и до 100 долари за барел, а ова ќе значи зголемување на бензинот и дизелот кој ионака е со ...
Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години Агенцијата за кредитен рејтинг AM Best (во натамошниот текст агенција) повторно ги потврди кредитните рејтинзи на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре за финансиска моќ „А“ (одлично) и долгорочен кредитен рејтинг на издавач „а“ (одлично) во текот на редовниот годишен преглед. Сите елементи од овогодинешните оценки се на исто ниво како и ...
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 319 477.5 милиони денари и бележи пад од 5.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 451 884.3 милиони денари, што е за 0.5 % повеќе во споредба со истиот период од ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во споредба со август 2024 година, е зголемен за 0.2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци зa 0.3 % и Безалкохолни пијалаци за 0.1 %. Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е ...
Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштијата во 2021 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход. Според податоците, во 2021 година, стапката на сиромашни лица во Република ...
Британската фунта денеска остро падна во однос на доларот, откако гувернерот на Банката на Англија (БОЕ) Ендрју Бејли навести за „поагресивно“ намалување на каматните стапки во иднина, доколку инфлацијата продолжи да паѓа. Вредноста на британската фунта во однос на доларот падна за 1,17 отсто на 1,3112 долари во 13 часот, пишува Гардијан. Пазарот ги прифати коментарите на Бејли како зелено светло за позначајно намалување на стапката, а неговите ...
Следното линеарно зголемување на пензиите се очекува во март 2025 година. Владата најави дека и тогаш пензиите ќе бидат зголемено како и овој септември, за 2.500 денари линеарно. Сепак засега е непознато дали пензиите ќе се зголемуваат два пати годишно како што беше случај во минатото во март и септември. Познавачите велат дека најверојатно од следниот септември ќе се врати моделот на усогласување според растот на просечната плата и растот на ...
Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22). Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 03.10.2024 која се применува од ...
Наредниот неработен ден е 11 октомври (петок), Ден на народното востание, а после тоа следува 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба; 8 декември (недела), и за крај доаѓ “Св. Климент Охридски”, а односно 09 декември (понеделник) е неработен ден. За граѓаните од католичка вероисповед 01 ноември (петок), Празникот на сите светци; 25 декември (среда), првиот ден на Божик. За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: ...
Централните банки во регионот исклучително успешно се справија со шоковите во изминатите години, намалувајќи ја инфлацијата, без притоа економиите да западнат во рецесија или да се наруши финансиската стабилност, како што беше во останатите инфлациски кризи низ историјата. Причината за овој успех е независноста и кредибилноста на централните банки, но и силната регулативна рамка поставена во изминатите години, поради која беше задржана ...
Синдикалната потрошувачка кошничка (СПК) во Црна Гора, за периодот јули-септември, изнесува 2.000 евра и е повисока за 130 евра, односно за 6,95 во однос на три месеци претходно, објави Центарот за образование, информирање и синдикално истражувањена на Црна Гора. Потрошувачката кошничка се однесува на третиот квартал од годинава и ги опфаќа трошоците на четиричлено семејство со две деца на училишна возраст, објави РТЦГ. Сојузот на слободни ...
Кина поднесе жалба до Светската трговска организација поради канадското воведување дополнителни царини за електрични возила (ЕВ) произведени во оваа азиска земја, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија. Пекинг смета дека царините за кинеските ЕВ и другите производи од челик и алуминиум во Канада се „репресивна мерка“ која е незаконска. Канада најави воведување увозни давачки од 100 отсто за електрични возила од Кина и царини од 25 ...
Околу 35.000 туристи надвор од сезоната ќе ја посетуваат Македонија како реализација, односно како организација на германската РСД – туристичка агенција. – Од овој февруари ќе започнуваат да носат по еден практично авион секој ден туристи коишто ќе доаѓаат од Германија, од Франција и од Велика Британија, тоа би значело дека според просекот којшто досега е направен врз искуствата во минатите години работа на оваа компанија, тоа би значело ...
Примената на најновите меѓународни сметководствени стандарди е од особена важност за домашната економија и значајно ќе го унапреди квалитетот и транспарентноста на финансиското известување. Неопходен е засилен ангажман и посветеност од сите засегнати страни, следење на потребите на стопанството и координација со надлежните институции за да може процесот на имплементација на меѓународните сметководствени стандарди да биде успешен. Ова се клучните ...
Министерството за финансии ги подготви, а Владата на последната седница ги усвои Фискалната стратегија за период 2025-2029 и Стратегијата за управување со јавен долг за 2025-2027 со изгледи до 2029 година. Тоа претставуваат стратешки документи кои ја исцртуваат на среден рок патеката по која ќе движи фискалната политика. „Ваквото среднорочно планирање овозможува поголема предвидливост и транспрентност во креирањето на политиките. Целта на ...
Wizz Air, еколошки најодржливата авиокомпанија на глобално ниво*, официјално го отвори својот најнов центар за обука на пилоти на аеродромот Рим Фјумичино, Италија. Најсовремениот објект ќе служи како втор тренинг центар на Wizz Air, по успехот на неговата почетна локација во Будимпешта. Центарот е подготвен да обезбеди периодична обука за повеќе од 4.800 пилоти секоја година, што е доказ за посветеноста на авиокомпанијата за највисоките ...
Политиките коишто ги водеше и силниот кредибилитет на Народната банка придонесоа за закотвување на инфлациските очекувања и стапката на инфлација од 19,8 отсто во 2022 година, се сведе на 2,2 отсто во август годинава. Ова беше посочено од директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, Алфред Камер, кој на маргините на Десеттата меѓународна конференција на високо ниво, во организација на Народната банка, се сретна со гувернерката Анита ...
Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22). Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 01.10.2024 која се применува од ...
Пензионерите во Република Северна Македонија од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското иинвалидското осигурување, околу 340.000 пензионери кои се стекнаа со правото на пензиско осигурување заклучно со 31 август, се опфатени со линеарното покачување на пензиите. Овие законски измени предвидуваат линеарно зголемување на пензиите во м. Септември и м. Март. ...
А1 Македонија четврта година по ред ги отвори вратите за младите таленти за да се стекнат со практично знаење и да добијат можност својата кариера да ја градат во рамките на компанијата и Групацијата А1. Оваа година, 8 практиканти својата кариера ќе ја градат во една од следниве области во дигиталниот свет: автоматизација, анализа на податоци и виртуелизација, Infrastructure & Cloud, технолошки сервиси и бизнис-маркетинг. „Горди сме на ...
Кога граѓаните подигнуваат станбени кредити, банките бараат задолжително осигурување на имотот, познато како хипотекарна полиса. Ова осигурување ги покрива основните ризици, како пожар и други структурни оштетувања на самата зграда или стан. Целта на оваа полиса е да се обезбеди заштита на средствата што банката ги позајмува преку кредитот, така што осигурувањето се фокусира на структурата на имотот, а не на содржината внатре. Меѓутоа, оваа ...
Одборот на директори на групата „Меѓународни винарници за борба против климатските промени“ (IWCA – Interational Wineries for Climate Action) ѝ додели на винарската визба „Тиквеш“ сертификат за т.н. сребрено членство во оваа организација, во која членуваат 40-ина водечки светски винарници. „Тиквеш“ е единствена винарница од регионот која успеала да ги задоволи критериумите за членство во оваа група, а сега да добие и унапреден статус. ...
Независноста и кредибилитетот на централните банки во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) беа столбовите врз основа на кои тие ги спроведоа политиките за справување со последните глобални економски шокови, со кои за само една година се намали најголемата инфлација во изминатите пет децении на едноцифрени стапки, а притоа беа избегнати рецесии и беше задржана финансиската стабилност. Ова беше посочено на отворањето на Десетата меѓународна ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 99.5. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст од 4.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.3 %, додека опаѓање бележи во секторот ...
Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. На крајот на вториот квартал од 2024 година: На 30.6.2024 година, нето надворешниот долг изнесува 4.481 милион евра (или 30,8% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2024 година е зголемен за 109 милиони евра, или за 2,5%. Од аспект на структурата, ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 денари/литар. Малопродажната цена на ...
Народната банка и Министерството за финансии традиционално, дванаесетта година по ред, по повод одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври го објавија Конкурсот за учениците од основното и средното образование. Целта на Конкурсот е да се поттикне креативноста, имагинацијата, како и интересот на учениците за штедењето и едукација на младите за овој сегмент во финансиската сфера. Учениците од основното образование може да испратат ...
Гувернери на централни банки, високи претставници на меѓународните финансиски институции и меѓународната академска заедница ќе зборуваат за повеќе актуелни прашања на утрешната, јубилејна, Десетта меѓународна конференција на тема „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“, којашто традиционално ја организира Народната банка, оваа година во соработка со ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, грејната сезона започнува на 15 октомври 2024 и завршува на 15 април 2025 година. Но доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС, тогаш грејната сезона може најрано да ...
Како што покажуваат најновите податоци, на девизните пазари доларот ослабна во однос на кошничката валути четврта недела по ред, при што најмногу падна во однос на јенот бидејќи се проценува дека јапонската централна банка наскоро може да ја заостри монетарната политика. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,3 отсто, на 100,42 поени, блиску до најниското ниво ...