Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се дискутираше за актуелните економски состојби и идните планови на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во врска со интеграцијата со европскиот енергетски пазар. Министерката ...
Следејќи ги сoвремените трендови и потребите на клиентите, НЛБ Банка Скопје ја продолжува трансформацијата на својата деловна мрежа. Вчера попладне, беше отворена новата модерна експозитура на локацијата „Универзална Сала“, во непосредна близина на претходниот објект. Експозитурата која сега се наоѓа на Бул: „Партизански Одреди“ бр. 47 е простор со современ концепт и унапредена функционалност, креиран да одговори на денешните потреби на ...
На 27 март 2026 година (петок), со почеток во 13 часот, ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка. На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Анализа на финансиската ранливост на домаќинствата кредитокорисници кај банките и штедилниците во македонската економија“ од авторот Кирил Симеоновски. По презентирањето на трудот e предвидена дискусија. Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена ...
Од денес, 25 март, па сè до 29 март, во комплексот „Борис Трајковски“ се одржува Саемот на мебел 2026, кој под слоганот „Инспирација за секој ден“ носи исклучително богата и разновидна понуда од областа на домувањето, дизајнот и уредувањето на простор. На едно место се претставени над 70 брендови, со внимателно осмислени дизајнерски штандови кои ги прикажуваат најновите трендови, иновативни решенија и современи концепти за уредување на ...
Уште една банка се приклучи кон шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) со што се заокружи процесот на влез на целокупниот банкарски сектор од домашната економија во оваа платежна шема. Вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПА претставува значаен чекор во натамошната интеграција на домашниот платен систем во европскиот платен простор и придонесува за унапредување на ефикасноста, ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на терен. Од вкупно 4.070 доделени ваучери, во периодот од 18 март до 25 март веќе се подигнати 2.084, што претставува повеќе од половина од вкупниот број Согласно податоците добиени од меѓуопштинските центри за социјална работа, ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната е нивна стабилизација, велат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на нафтените деривати која ќе важи од полноќ до следниот ...
И со мерката за намалување на ДДВ од 18 на 10% поскапе дизелот во Македонија, и тоа за три денари, додека бензините останаа на исто ниво. Ова се новите цени кои може да ги бараат бензинските, иако некои даваат попуст од 2 денари за литар: ЕУРОСУПЕР БС – 95 86.5 ден/л ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95.5 ден/л ЕУРОСУПЕР БС – 98 88.5 ден/л ЕКСТРА ЛЕСНО 1(ЕЛ-1) 92 ден/л И со мерката за намалување на ДДВ од 18 на 10% поскапе дизелот во Македонија, и тоа ...
Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени, ОКТА го продолжува попустот што им се нуди на големопродажните и малопродажните трговци до 6 април, годинава. Дополнително, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар и истиот ќе стапи во сила од денес, 24ти март 2026 година. Оваа доброволна иницијатива на ОКТА има за цел да им овозможи на трговците овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјава. ...
Народната банка ја информира јавноста дека предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршување на јавниот повик и во согласност со законските процедури. Во оваа фаза, постапката за избор е во надлежност на Собранието. Категорично ги отфрламе тврдењата дека се кочи изборот на вицегувернери или дека функционирањето на Народната банка е доведено во прашање. Согласно член 55, став 3 од Законот за Народната банка, член на Советот ...
Пензиите за март кои ќе бидат покачени за илјада денари линеарно за сите пензионери треба да бидат исплатени на 1-ви април во среда. Некои од националните банки, пензиите ги исплаќаат и предвреме, па така одредени пензионери ќе ги добијат парите пред законскиот рок. Мартовската пензија е покачена за 1000 денари линеарно, а исто вакво покачување имаше и минатиот септември. Пензиите за март кои ќе бидат покачени за илјада денари линеарно за ...
Директорката на УЈП м-р Елена Петрова заедно со дел од нејзиниот тим на покана од Занаетчиската комора на Скопје и нејзиниот претседател Горан Ристовски, остварија работна средба и отворен дијалог за сите предизвици со кои се соочуваат занаетчиите. Во конструктивна и партнерска атмосфера двете страни разговараа за тековните прашања, административните процедури и можностите за нивно поедноставување, со јасна заедничка цел поддршка на ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2026 година, изнесуваше 46.617 денари, соопшти Државниот Завод за Статистика. Во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.3 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за ...
Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јануари 2026 година, извести ДЗС. Во јануари 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 70 066 денари Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2026 година изнесуваше 70 066 денари. Во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 8.3 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, ...
Денеска Регулаторната Комисија за Енергетика ќе ги објави новите цени на горивата во Македонија. Според податоците на светските берзи нафтата од типот брент се продава за 112 долари за барел. Во меѓувреме Владата на вчерашната седница одлучи да се намали ДДВ за бензините и дизелот од 18 на 10%, оваа мерка ќе важи наредните две недели. И покрај ова, можно е поскапување на дизелот. Во моментов горивата во Македонија се продаваат по следниве ...
Утре, Народната банка, со поддршка на Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum), ја организира Конференцијата на високо ниво на тема: „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“, којашто ќе се одржи на 24 март во Скопје. Настанот претставува уникатна можност за продлабочување на меѓународната соработка и размената на знаења, ...
Пиварa Скопје е добитник на Andrew David Cup 2025, најголемата и најпрестижната награда што Coca-Cola HBC групацијата ја доделува на земјата со најдобри севкупни резултати. Наградата беше врачена на годинешната Лидерска конференција на Coca-Cola HBC во Белград, каде Пиварa Скопје се истакна како најуспешна компанија меѓу 29 земји членки на групацијата. Andrew David Cup се доделува од 2005 година и претставува највисоко признание во рамки на ...
Компанијата е на врвот на глобалната продажба на саундбар звучници, зајакнувајќи го своето аудио портфолио со премиум модели и проширена линија за 2026 година. Заедно со 20 годишното лидерство на глобалниот пазар на телевизори, ова достигнување го етаблира “Samsung” како лидер во домашната забава Скопје, 18 март 2026 година – Самсунг (“Samsung”) објави дека го задржа своето лидерство во аудио-визуелниот сектор како водечки бренд за саундбар ...
По повод 18 март – Глобалниот ден на рециклирањето, Рудник САСА, во соработка со Друштвото за управување со отпад „Пакомак“ и Општина Македонска Каменица, ја започна општествено-одговорната еко кампања „Твојата грижа за планетата вреди х2“. Иницијативата е насочена кон поттикнување на рециклирањето и унапредување на еколошката свест кај вработените и локалната заедница. Кампањата ќе трае сѐ до 22 април – Денот на планетата Земја. Во текот на ...
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,9%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 12,6%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,9%, поради повисоките депозити на ...
Wizz Air, водечката авикомпанија во Централна и Источна Европа, е рангирана меѓу 10-те најдобри нискобуџетни авиокомпании во светот за 2026 година од страна на Airline Ratings, глобалниот авторитет за безбедност на авиокомпании, квалитет на производот и оценки од патници. Рангирањето ја нагласува посветеноста на Wizz Air да обезбеди сигурно, премиум патничко искуство во сегментот на нискобуџетни авиокомпании, поддржано од една од најмладите ...
Реакција на Групацијата за производство на цигари и Здружение на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на С. Македонија на Предлог-текстот на законот за заштита од пушење: По повод денешната изјава на министерот за здравство Азир Алиу, за Предлог законот за заштита од пушење, Групацијата за производство на цигари и Здружението на производители на тутун при Стопанската комора на Македонија, во чиј состав членуваат ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска потпиша Договор за заем помеѓу Република Македонија, претставувана од Министерството за финансии и Германската развојна банка КфВ, како и Договор за дополнителен грант помеѓу Република Македонија, претставувана од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука и КфВ. Со Договорот за заем се обезбедуваат дополнителни 40 милиони евра за наменети за реализација на ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година изнесува 67 818,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари 2026 год. која изнесува 67 382,00 денари е зголемена за 436,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март изнесува 83 193,00 денари, извести ССМ Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година ...
Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари линеарно. Пензијата за март ќе биде покачена и исплатена на почетокот на април, но дали следниот септември ќе има линеарно покачување или корекцијата ќе се врати на системско усогласување засега е непознато. Минатиот септември пензионерите добија исто така илјада денари плус на своите сметки, но дали овие суми се доволни со оглед на галопирачкиот раст на цените на основните ...
Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан забранија увоз на 27 тони говедско мелено месо по потекло од Парагвај. Одлуката за забрана за влез на месото во нашата држава е донесена по направената проверка во информативниот систем на АХВ и на увознатата документација според која количините кои требале да се увезат и да завршат на македонскиот пазар потекнувале од објект кој не е одобрен од ...
Регулаторната Комисија за Енергетика утре напладне се очекува да ги соопшти новите цени на горивата во Македонија. Според податоците на светските берзи нафтата од типот брент се продава за околу 102 до 103 долари за барел. Во Македонија повторно е можно поскапување, доколку Владата на денешната седница не донесе интервентни мерки. Со последното зголемување од 6,5 денари на дизелот и 7 денари на бензините актуелни до утре вечер ќе бидат ...
Животот во Скопје никогаш не застанува. Нашето секојдневие е постојан баланс помеѓу брзите состаноци, сообраќајниот метеж на Партизанска и оние скапоцени моменти на релаксација покрај Вардар. Сите сме биле во ситуација кога бучавата од градот ни го прекинува важниот повик или кога се обидуваме да направиме совршена фотка од ноќниот град, а добиваме само заматени светла. Со новата Samsung Galaxy S26 серија, технологијата престанува да биде ...
Обележете го јуни во вашите календари, бидејќи првите продавници на Pepco во Скопје се подготвени да станат дестинација број еден за сите што бараат квалитетна облека и производи по најдобри цени на пазарот. Со ова, Скопје станува дел од големата приказна на брендот кој веќе 22 години ги освојува срцата на потрошувачите низ цела Европа. Скопје, 19.03.2026 – Pepco, еден од водечките паневропски дисконтни ланци за разновидни производи, потврди ...