Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, од денеска го започна процесот на регистрација на нови учесници на пазарот во тековниот ден (Intraday Market). АД ЕСМ е првата компанија која официјално се регистрира на овој пазар, со што е подготвена за активно учество во првите трансакции на новиот пазарен сегмент. „Со воведувањето на интрадеј тргувањето, отвораме ново поглавје во оптимизацијата на сопственото ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Управниот суд ќе се поврзат дигитално преку софтверската платформа ЕПУС – ова е предвидено во Меморандумот за соработка што го потпишаа претседателот на РКЕ, Ацо Ристов и в.д. претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини. Софтверската платформа е креирана за да обезбеди брза, безбедна и ефикасна електронска комуникација со навремена размена ...
Фондацијата САСА потпиша договори за доделување грантови со четири бизнис проекти кои се дел од Акцелераторската програма „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица“, наменета да им помогне на локалните претприемачи да започнат или развијат свои бизниси, со што директно се поттикнува локалниот економски развој. Четирите бизнис идеи избрани од страна на стручна комисија, кои од фондацијата САСА ќе добијат грантови за ...
Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната економска состојба и влијанието на глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар, донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, со важност до 04 мај. Со оваа одлука се задржува намалувањето на акцизата за дизел горивото во износ од 4 денари по литар, како и намалувањето на акцизата за безоловните бензини од 95 и 98 октани во износ од 2 ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.04.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,50 ден/лит, додека малопродажната ...
Управата за јавни приходи потсетува дека на 16 април истекоа законските рокови за плаќање на разликите по годишните даночни биланси за 2025 година и ги повикува обврзниците кои сеуште не извршиле уплата, тоа да го сторат без одлагање. Навременото плаќање на даноците е клучно за стабилни јавни финансии и непречено функционирање на јавните услуги, додека ненавременото плаќање значи зголемување на долгот поради камата и ризик од присилна ...
Скопје, 21.04.2026 – Медицинскиот факултет во Скопје од денес функционира со ново, одржливо енергетско решение. Со донација од ОКТА, на покривот на Деканатот на институцијата е поставена фотоволтаична централа, која ќе обезбеди чиста електрична енергија, значителни заштеди и намалено влијание врз животната средина. Станува збор за фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 40,3 kWp, која годишно ќе произведува околу 54 MWh електрична ...
Цените во земјоделството во март 2026 година, споредени со цените во март 2025 година, бележат зголемување и кај инпутот и кај аутпутот. Во делот инпут, во март 2026 година, во споредба со март 2025 година, има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 5.0 %, а зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 6.5 %. Во делот аутпут, во март 2026 година, во ...
Mozzart повторно ја потврдува својата лидерска позиција! Втора година по ред, компанијата ја освојува престижната титула „Најпосакуван работодавач“ во категоријата Игри на среќа. „Искрено им благодариме на сите кои ја препознаа нашата компанија како место каде се остваруваат кариерни цели и се вреднува секој поединец. Оваа награда не ја доживуваме само како успех, туку и како обврска – да бидеме уште подобри, посилни и посветени во она што ...
Со учество на високи претставници на Делегацијата на ЕУ во земјава и на релевантни институции, во „Јуроп Хаус“ во Скопје, се одржа конференција за печат во организација на ЕВН Македонија и Македонското еколошко друштво (МЕД) со што официјално се одбележа почетокот на меѓународниот проект „Безбедни жици за загрозени птици“ (101216021 – LIFE24-NAT-BG-EP for Birds LIFE). На настанот учествуваа претставникот на Делегацијата на ЕУ во земјава, г-а ...
Народната банка остварува континуиран напредок во областа на статистиката, со висока усогласеност со меѓународните стандарди и засилена транспарентност. Ова беше истакнато на средбата на гувернерот д-р Трајко Славески и делегацијата на Народната банка со претставници на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд, одржана на маргините на Пролетните средби на ММФ и Светската банка. На средбата беше нагласено дека Народната банка ...
Прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.2 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 2.0 %, извести ДЗС. Прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2026 година, во однос на јануари ...
Бројот на наставниците и соработниците во високообразовните установи во академската 2025/2026 година изнесува 4 897, извести ДЗС. Од вкупниот број наставници и соработници, 3 433 или 70.1 % се наставници и 1 464, т.е. 29.9 % се соработници во наставата. Бројот на наставнички и соработнички во учебната 2025/2026 година изнесува 2 580 или 52.7 %. Бројот на наставниците и соработниците во високообразовните установи во академската 2025/2026 ...
Во февруари 2026 година, од вкупниот број туристи, 32.6 % се домашни, а 67.4 % се странски туристи, соопшти ДЗС.. Бројот на ноќевањата во февруари 2026 година изнесува 94 652, од кои 38.1 % се од домашните туристи, а 61.9 % од странските туристи. Во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6.0 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 5.1 %, а ...
Самсунг (“Samsung”), глобален лидер во иновациите, ја задржа својата позиција како производител бр. 1 на телевизори во светот во текот на 20 последователни години . Во срцето на овој успех лежи посветеноста на врвната технологија, дизајнот насочен кон купувачот и неспоредливата безбедност. Еве како “Samsung” телевизорите поставуваат нови стандарди во просторот на технолошкиот животен стил. Сопствен хардвер за супериорни перформанси Интерното ...
Парични казни од над 19 илјади евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на спроведените 1221 вонредни контроли кои беа спроведени пред Велигденските празници. Уништени се и повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, нештетно уништени на депонијата Дрисла беа и повеќе од 40 тони небезбедни јајца ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон, учествуваше на тркалезна маса на која беше претставена петгодишна програма за развој на капацитетите на нов Регионалниот центар за техничка помош на Меѓународниот монетарен фонд за Југоисточна Европа (SEETAC). Центарот, чие започнување со работа е предвидено најдоцна до јануари 2027 година, ќе биде дел од глобалната мрежа ...
Следниот неработен ден е 1 мај (петок) Денот на трудот, потоа доаѓа 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден, со што во мај имаме два продолжени викенди за сите граѓани. Но за православните граѓани неработен ден е и 29 мај кој се паѓа во петок, со што се добива уште еден продолжен викенд. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број ...
На 23 април 2026 година во Холидеј Ин Скопје ќе се одржи Quantum – Светскиот форум за хотелска технологија, во организација на NAITM Македонија, а поддржано од платформата Quendoo. Форумот има за цел да ги поврзе иноваторите, хотелиерите и технолошките компании во областите на вештачката интелигенција, cloud технологиите и дистрибутивните канали. Quantum форумот е првенствено наменет за хотелиерите од земјава кои ќе имаат единствена можност ...
Цените на угостителските услуги во март 2026 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 2.4 %. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – март 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3.0 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.4 %. Цените на угостителските услуги во март 2026 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 2.4 %. ...
Mozzart по втор пат реализира голема еко акција и ја потврди својата посветеност кон здрава животна средина. Овој пат, вработените со заеднички сили засадија 2990 садници во селото Кучково, на површина која беше зафатена од пожар. Во соработка со ЈП Национални Шуми, беа засадени даб, црн бор, јасен и багрем – симбол на нов живот и свежа енергија. „Со оваа акција не само што придонесуваме за пошумување, туку и градиме зелена иднина за новите ...
Mozzart ја спојува уметноста и хуманоста: со донација од 100 денари за Банка за храна, добивате бесплатен билет за претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“. На 17 април, Театар Комедија ќе биде дом на една вечер полна со емоции и магија. Елена Кузманов, Сергеј Димоски, Кристина Христова Николова, Мирјана Поповска Ристов, Кристина Ласовска, Ева Скeндеровска, Виктор Арсов, Роберт Ристов, Илија Илиоски и Александар Велјановски ќе ве поведат ...
„Откупот на младата зелка се одвива непречено и во согласност со предвидената динамика и текот на бербата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од струмичкиот регион. „Од почетокот на годината до вчера се откупени околу 35 милиони килограми зелка. Но ако само зборуваме за пролетната, младата зелка од оваа реколта, од крајот на месец февруари до вчерашниот ден се откупени околу 30.000 тони“, ...
Во ситуација на повторна ескалација на состојбите на Блискиот исток, повторно доаѓа денот кога ќе се одлучува за цената на горивата во следната недела. Одлуката поради денешниот празник во РКЕ ќе се носи утре, а новите цени во Македонија ќе важат од среда. Цената на нафтата од типот брент се движи околу 102 до 103 долари за барел, што е нешто поевтина во однос на минатата недела. Властите во земјава најавија дека е можно намалување на цените ...
Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) Ацо Ристов ја презеде функцијата од Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ. На средбата за примопредавање на функцијата членовите на комисијата го информираа новоименуваниот претседател Ристов за тековните активности во секторите за кои што е надлежна РКЕ, а кои се поврзани со ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.04.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), ...
Владата го усвои Интегрираниот национален план за енергија и клима 2025–2030 – стратешки документ што ја поставува државата на јасна патека кон енергетска трансформација, одржлив развој и целосно усогласување со европските политики. Планот, изработен по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, претставува клучен инструмент за модернизација на енергетскиот сектор и исполнување на обврските од Енергетската ...
Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија „BB+“ со стабилен изглед, испраќајќи јасен сигнал за доверба во економските политики на земјата. Во последниот извештај, „Фич“ истакнува дека кредибилните и конзистентни макроекономски политики, долгогодишната политика на фиксен девизен курс и поволните показатели за управување во однос на земјите со сличен рејтинг остануваат клучни фактори што ја поддржуваат ...
УЈП ја објави најновата Листа на должници. На Листата на должници бр.04/2026 објавени се 1.898 должници – правни лица (помалку за 109 од претходната листа) и 3.078 физички лица (помалку за 1.023 од претходната листа). Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2026 изнесува 11.986.622.418 денари, (повеќе за 64.700.764 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.807.861.928 денари, (повеќе за 102.695.467 од ...
Министерството за економија и труд, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изготви компаративна анализа на движењето на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи, согласно заклучокот донесен на 162-та седница на Владата на Република Северна Македонија. Анализата ги опфаќа цените на 55 најпродавани производи, следени во четири трговски синџири со различно ценовно позиционирање, во периодот од 1 февруари до 1 април 2026 ...