Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Европскиот реномиран бренд ЏАМБО (JUMBO) продолжува со успешна реализација на својата долгорочна стратегија за интензивен развој и пошироко позиционирање на македонскиот пазар. Оваа сабота, 13 декември 2025 година, компанијата пишува ново поглавје во својата деловна приказна со свеченото отворање на својот нов, најсовремен маркет во Гевгелија, сместен во рамките на новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“. Оваа значајна инвестиција доаѓа ...
Во октомври 2025 година, од вкупниот број туристи, 21.8 % се домашни, а 78.2 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во октомври 2025 година изнесува 204 718, од кои 29.1 % се од домашните туристи, а 70.9 % од странските туристи. Во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.4 %, односно кај домашните туристи има намалување за 2.3 %, а кај странските ...
Во октомври 2025 година се издадени 446 одобренија за градење, што е за 22,9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 10 596 843 илјади денари, што е за 25,1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба на Државен пат А2, делница ...
Усвоена Програмата за работа за 2026 година – во фокусот се основните цели и развојните активности за натамошно градење модерна, стабилна и одговорна централна банка подготвена за економските и технолошките предизвици Советот на Народната банка, на 5 декември 2025 година, ја усвои Програмата за работа за 2026 година, со којашто се утврдија клучните активности за спроведување на законските надлежности и стратегиските области дефинирани со ...
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2025 година, во однос на октомври 2025 година, изнесува 0.5 %. Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2025 година, во однос на октомври 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 1.7 %, Рекреација и култура за 0.9 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %, Ресторани и ...
Собранието денеска го усвои Буџетот за 2026 година, којшто е планиран како консолидиран и реален инструмент за одговорно управување со јавните финансии, одржливо ниво на буџетски дефицит и јавен долг. Вкупните приходи во Буџетот за 2026 година се планирани на ниво од 374,9 милијарди денари, расходите се планирани на ниво од 414,2 милијарди денари, додека буџетски дефицит е проектиран во апсолутен износ од 39,2 милијарди денари или на ниво од ...
Народната банка ги потсетува младите истражувачи дека е отворен Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2026 година. Наградата има за цел да го поттикне развојот на научната мисла и изработката на квалитетни истражувачки трудови во овие области, како и да ги афирмира младите стручни кадри. Право на учество имаат државјаните на Република Северна Македонија до 35-годишна возраст. Трудовите ...
На Листата на должници бр.12/2025 објавени се 2049 должници – правни лица (повеќе за 25 од претходната листа) и 4088 физички лица (повеќе за 71 од претходната листа), инфорираше Управата за Јавни Приходи. Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2025 изнесува 12.394.010.304 денари, (повеќе за 332.601.630 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.183.236.380 денари, (повеќе за 291.233.829 од претходната ...
Денеска во Скопје се одржа третата годишна конференција за дигитализација во организација на Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) со работен наслов „Од визија кон акција: Креирање на систем што испорачува“, акцентирајќи ја темата за потреба од дигитална трансформација која е практична, безбедна и функционална. Конференцијата ја отвори Славко Пројковски, член на Одборот на директори на АмЧам, кој ја даде и рамката на ...
Од март минималната плата ќе изнесува 26.600 денари, што е зголемување од околу 2.000 денари во однос на сегашната. На хартија, ова покачување изгледа како чекор напред за околу 80 илјади работници што земаат минимална плата. Во реалноста, меѓутоа, прашањето што сè почесто се поставува е дали ваквото зголемување воопшто ја следи динамиката на животните трошоци. Инфлацијата измерена во ноември 2025 година изнесува 4 проценти во споредба со истиот ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, ...
Од ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш информираат дека заврши административната постапка за припојување на рударско-геолошкиот комплекс Боров Дол кон Бучим, со што двата рударски комплекси официјално продолжуваат да функционираат како еден правен субјект. Со ова се зацврстува единствениот оперативен и управувачки модел, што ќе придонесе за уште поголема ефикасност и транспарентност во работењето на компанијата во целост. Присоединувањето претставува ...
Почнувајќи од 1 декември 2025 година, благодарение на продуктивната соработка помеѓу државната нафтена компанија на Република Азербејџан – SOCAR, M-Gaz и CNG Systems, природен гас од Азербејџан се испорачува до приватни и индустриски потрошувачи во Македонија. Станува збор за пилот-проширување на проектот за виртуелна гасификација што од 2024 година се реализира во Бугарија, а сега и на територијата на Северна Македонија. Проектот во ...
Поголемиот дел од приватните компании веќе започнаа со исплата на регресот за годишен одмор, популарно наречен К-15. Оваа година, износот за вработените во приватниот сектор во просек изнесува нешто над 18.000 денари, објави Centar.mk. За вработените во јавната и административната служба, пак, се исплаќа значително понизок износ, кој се движи околу 12.000 денари. Според законските одредби, регресот за годишен одмор може да достигне максимален ...
Во секојдневната трка со сметки, рокови и обврски, сè повеќе граѓани несвесно плаќаат двојно или непотребно за услуги кои веќе биле подмирени или воопшто не биле задолжителни. Финансиски советници и правници предупредуваат дека најчесто станува збор за административни трошоци, камати, автоматски продолжени услуги или заостанати обврски кои никогаш не биле јасно објаснети. Каде најчесто настанува проблемот? Според искуствата на граѓани, најмногу ...
Управата за Јавни Приходи соопшти дека од почетокот на годината спровела околу 4.000 контроли во разни компании, при што изрекле дури 2500 глоби, а 113 објекти ги запечатиле поради посериозни прекршувања на законот. Анализите на УЈП согласно податоците од ГПРС уредите, теренски контроли и ДДВ пријавите покажале дека дел од обврзниците прикажувале ниски или идентични промети, не се совпаѓале со фискалните уреди и ДДВ пријавите, но имало и разлики ...
Бројот на невработени лица во третото тримесечје од 2025 година е зголемен за 0.4 % во споредба со второто тримесечје од 2025 година, а е намален за 6.7 % во споредба со истото тримесечје од минатата година, соопшти Државниот завод за статистика. Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 62.4 %, а жени 37.6 %. Бројот на вработени лица бележи зголемување од 0.5 %. Од вкупниот број вработени, 57.8 % се мажи, а 42.2 % се жени. ...
Следејќи ја својата стратешка определба за заштита на животната средина и одговорно управување со природните ресурси, ОКТА АД – Скопје реализираше акција за пошумување во Националниот резерват „Јасен“. Во рамки на оваа доброволна еко-акција, преку проектот „Grizzly Reforestation 2025“, вработените на ОКТА засадија околу 500 нови садници, како директен придонес за обновување на шумските површини зафатени од катастрофалните пожари кои летово го ...
Водечки експерти од финансискиот и ИТ-секторот, ќе бидат говорници на годинешнава конференција „Finance Talks by EOS“, што ќе се одржи на 10 декември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. На овој престижен настан, организиран од EOS Матрих Македонија, ќе се дискутира за најактуелните трендови и предизвици што ја обликуваат иднината на финансискиот сектор, а во центарот на дебатите ќе бидат иновациите во финансиските услуги, дигиталната ...
Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64% , надоместокот за користење на преносниот систем МЕПСО се намалува за 2,67%, намалување има и кај цената на МЕМО од 3,40 % – одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). „Со денешната одлука, сите елементи кои ја сочинуваат крајната цена се познати: цена ...
„ Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија“ Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е завршена постапката за обработка, евалуација и верификација на сите пристигнати пријави за финансиска поддршка преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. По деталните проверки спроведени од комисиите и вкрстувањето на податоците со надлежните ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска оствари официјална средба со нејзиниот колега од Република Словачка, Ладислав Каменицки. Двајцата министри на средбата разменија мислења за низа прашања од заеднички интерес и оценија дека има широк потенцијал за понтамошно унапредување на соработката. „Денеска остваривме многу плодна и суштинска средба со мојот колега, министерот за финансии на Словачка, Ладислав Каменицки, на ...
Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за првпат се одржа заеднички состанок со Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО – формат што обезбедува побрза, поефикасна координација во функционирањето на преносниот систем. Министерката Сања Божиновска порача дека редовна координација е неопходна бидејќи МЕПСО како еден од клучните столбови за енергетската сигурност на државата мора да работи беспрекорно, со стабилна динамика на ...
На 18 декември 2025 година (четврток), со почеток во 14 часот, во просториите на Народната банка ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: opstiinfo@nbrm.mk, најдоцна до 12 декември 2025 година (петок). Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и ...
Зголемена безбедност на храната која се внесува во државата преку заеднички и координиран пристап на Царинската управа и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и олеснување и забрзување на легалната трговија. Ова се конкретните придобивки, договорени со Меморандумот за соработка, што денеска го потпишаа директорот на Царинска управа Бобан Николовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов. „Безбедноста на храната ...
Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) вчера го одржа своето 25-то Генерално собрание, прославувајќи значаен јубилеј – четврт век работа во поддршка на развојот на домашната економија, подобрување на деловното опкружување и јакнење на партнерствата со институциите и регионалната бизнис заедница. Настанот го отвори извршната директорка на АмЧам, Јелена Арсовска која испрати јасна порака за зрелоста и позицијата на АмЧам ...
4 декември 2025 – Париз – Publicis Groupe [Euronext Paris FR0000130577, CAC 40] Од своите почетоци во 1926 година како мала, креативна агенција на Монтмартр, до својата меѓународна експанзија, преку прифаќање и имплементација на податоци и технологии, до денешната позиција на водечка Групација во индустријата, Publicis помина низ повеќе трансформации во изминативе 100 години. Но, една традиција не се промени: годишните желби. А за да се најави ...
А1 Македонија ја отвора сезоната на празнични изненадувања и им подарува на сите мобилни корисници на A1 Net Sef дополнителни гигабајти и дополнителни опции за размена согласно тарифниот модел што го користат. Дополнителните гигабајти може да се разменат за буџет за нов уред, роаминг пакети или за премиум стриминг услуги, во согласност со индивидуалните потреби на секој корисник. Замената се врши директно преку мобилната апликација „Мојот А1“ и ...
Во спортскиот центар „Идризово“ во скопската општина Гази Баба засадени се 150 садници донирани од Пивара Скопје. Акцијата беше реализирана во партнерство со Општина Гази Баба, а волонтери од Пивара Скопје активно учествуваа во садењето, покажувајќи дека заедничкото делување носи вистински промени. „Со оваа иницијатива демонстриравме што значи вистинска посветеност. Како татко на две деца верувам дека не е доволно само да зборуваме за подобри ...
Во третото тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во групата на елементарните занимања. Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од 2025 година изнесува 2.02 %, а најголем број слободни работни места, 2 052, има во деветтата група занимања: Елементарни занимања. Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.53 %. Највисока стапка на слободни работни места од 3.69 % има секторот Објекти ...