Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, го поддржа крилниот напаѓач Винисиус во услови на постојани провокации и малтретирање. – Тој не е светец, но она што му го прават е премногу. Од првата минута е цел на противниците. Исто е со секој противник. Прво еден прав фаул, па друг го фаулира. Ако некој добие жолт картон, тогаш следува нов играч кој оди на Винисиус, изјави Мурињо за „Марка“. Тренерот верува дека Винисиус треба да научи да ги ...

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, ги искажа своите впечатоци по триумфот од 2:0 над Џенова на гости во првото коло од италијанското фудбалско првенство. – Првиот натпревар секогаш буди љубопитност, бидејќи го познавам тимот само шест недели и не знам кои играчи можат најдобро да се покажат во такви ситуации кога влегуваат како резерва. Имаше малку двоумење со замените, но тие се справија добро. Џенова одигра многу добри први 25-30 ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, беше вклучен во развојот на проект за Светско младинско првенство до 15 години со учество на репрезентации од сите 211 национални асоцијации, објави „The Athletic“. Натпреварувањето требаше да се одржи во Флорида, во близина на Дизниленд. Планирано беше екипите да играат скратени натпревари на намалени терени, а церемониите на отворање и затворање ќе се одржат во Дизниленд. Инфантино предвидуваше ...

Англискиот репрезентативец и фудбалер на Баерн, Хари Кејн, сподели детали од преговорите за продолжување на договорот со клубот од Минхен. – Ќе разговараме за ова со раководството оваа и следната недела. Не брзаме и не паничиме. Целосно сум фокусиран на Баерн и новата сезона. Ќе знаете сè кога ќе има информации за споделување, изјави Кејн за Скај Спортс. На 19 август, 33-годишниот напаѓач ја доби Златната копачка за сезоната 2025/26. Кејн е ...

Тренерот на Манчестер сити, Енцо Мареска, коментираше за заминувањето на играчот од средниот ред Родри. – Како ќе го решиме овој проблем? Ќе се обидеме да најдеме нов Родри. Пред Родри да дојде тука, тој ја немаше Златната топка, ја немаше Лигата на шампионите, го немаше Светското клупско првенство. Тој се приклучи на тимот, а потоа постигна многу важни работи. Кога водечките играчи си заминуваат, треба да можете да го пронајдете следниот. ...

Во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за појава на невреме, проследено со силен ветер и град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно и сончево, со мала до умерена облачност. Post Views: 2 август 24, 2026 Во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ...

Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие, од кои осум се активни, а 23 се целосно изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во осум општини. Во Прилепско гори кај селото Бонче, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблести растенија. Пожари има и на подрачјето меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале во ...

Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, откако силен ветер рано утрово го пренел пожарот кон населеното место и огнената линија се приближила до куќите, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според Ангелов, пожарот околу 4 часот се спуштил кон долот над селото, при што ситуацијата била исклучително сериозна. Во гаснењето биле ангажирани доброволни пожарникари од Битола и Кочани, а дополнително ...

Големиот пожар кој избувна вчера околу пладне и се прошири до градот, поточно до месноста Софилар, се доизгаснува, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Според него, две екипи се на терен и вршат доизгаснување на дрвја и трупци, со цел да се спречи повторно активирање на огнот. -Засега е мирно и под контрола. Но, доколку се појави ветер може повторно да го активира пожарот, рече Гудев. Освен пожарникарите, теренот се ...

Тетовско-гостиварската епархија информираше дека денес во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце е откриена и осветена биста на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ кој од 2022 година е прогласен за светец Кирил Лешочки. Негова биста во овој црковен двор постоеше и до 2001 година. -Денес, преку ова спомен обележје, пред нашите очи се издигнува ликот на Преподобниот учител Кирил Лешочки, кој е роден пред 255 години токму овде во ...

Екипата на ГРК Охрид го одбрани трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“. Домаќините на турнирот вечерва во финалето го победија Вардар со 29:27. Охрид предноста од два гола стекната во првото полувреме ја зачуваа и по вторите 30 минути. Охриѓани ги победија „црвено-црните“ и во финалето на турнирот во Струга пред една недела. Третото место на силниот турнир во Охрид го освои Загреб, откако на пенали го совлада Тримо Требње со (24:24, 29:26). ...

По синоќешната победа со 4:0 над Стразбур во првото коло од француското фудбалско првенство, тренерот на Марсеј, Бруно Женесио, објави дека клубот треба да се раздели со неколку играчи пред крајот на летниот преоден рок. – Треба да ја намалиме сметката за плати. Додека не го сториме тоа, нема да можеме да правиме трансфери. Може да бидат три, четири или пет играчи, изјави Џенесио за „Л’Екип“. На почетокот на август се појавија извештаи дека ...

Напаѓачот на Росарио Централ, Анхел Ди Марија, по поразот од 1:0 од Коринтијанс во реваншот од осминафиналето на Копа Либертадорес, изјави дека може да се пензионира. – Ова е тежок момент. Мојот сон беше поинаков, мојата желба да продолжам беше поинаква. Тоа е фудбалот. Сега треба да размислам и да сфатам што сакам да правам следно, истакна Ди Марија во интервјуто за „UOL“. Триесет и осумгодишниот Аргентинец неодамна за уште една година го ...

Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино, е замолен да се воздржи од присуство на младинскиот турнир во Доминиканската Република по контроверзноста околу неговиот предлог за продажба на дел од комерцијалните права на Светското првенство на приватни инвеститори, објави „Sky News“. Ден претходно, претседателот на ФИФА пристигна во Доминиканската Република, каде што беше пречекан од локални политичари. Сепак, ...

Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа. Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран. На целта на Кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот. Наградниот ...

Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа. Во женска конкуренција најдобра беше аргентинката Мајте Ајлен Пука, која замислената целна линија ја мина по 5:20:44 часа минати во водите на Охридското Езеро. Најдобар македонски претставник денеска беше младиот Петар Цеков кој до целта доплива ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, им ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон. На оваа престижна меѓународна спортска манифестација, којашто по 39-ти пат се одржа во Охрид, победничка во женска конкуренција и добитничка на ловоровиот венец беше аргентинката Мајте Ален Пука, а првото место и ловоровиот венец во машка конкуренција го освои Алесио Окипинти од Италија. Трет на ...

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, победи во квалификациите за Големата награда на Холандија во Формула 1. Пилотот на Мерцедес, Џорџ Расел, заврши втор, а неговиот тимски колега Андреа Кими Антонели трет. Норис имаше време од 1 минута и 11,163 секунди. Расел беше 0,102 секунди зад него, додека Антонели заврши 0,133 секунди зад него. Гран при на Холандија, најбрзи десет во квалификациите: 1. Ландо Норис (Мекларен) – 1:11,163 минута. 2. Џорџ ...

Премиерлигашот Астон вила е во преговори за потпишување на поранешниот играч од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка, објави новинарот Матео Морето на социјалната мрежа Икс. Триесет и едногодишниот Германец е слободен агент откако го напушти Баерн. Преговорите веќе се во тек. „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 12 милиони евра. Минатата сезона, Горецка одигра 48 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи пет гола ...

По покана на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и годинава беше реализирано значајно учество на претставници и истакнати дејци од областа на македонистиката, со посебен придонес и поддршка од Македонскиот културно-информативен центар во Софија. Во рамките на оваа значајна културна и научна манифестација, особено се истакна ангажманот на директорот на Македонскиот ...

Земја во фокус на 17-тото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ е Шпанија, а програмата со современи шпански документарни филмови беше отворена на 21 август во Куршумли ан со проекција на филмовите „Роење птици“ на Ксавиер Марадес и „Амилкар“ на Мигел Еек. Изолиран за време на карантините поради ковид-19, во филмот „Роење птици“ Ксавиер ги снима хипнотизирачките летови на сколовранците над својот роден град во ...

Во врска со пожарот кој попладнево изби меѓу населените места Баница, Водоча и месноста Софилар, ве информирам дека ги преземаме сите потребни мерки. Надлежните служби се на терен и работиме на негово гаснење, објави градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, на неговиот фејсбук профил. -Ве повикувам да останете смирени бидејќи сите кои во моментов се на терен се координирани и работат согласно ситуацијата, а сите конкретни информации ќе ...

Во гаснењето на големиот пожар што попладнево избувна во близина на Струмица се вклучи еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, засега огнот не успева да ги зафати куќите и викендичките во месноста Софилар и нема непосредна опасност за нив. Градоначалникот на Струмица, Јанков изјави дека засега нема поголеми материјални штети. -По ...

Големиот пожар кој избувна денеска околу пладне и се прошири до градот, поточно до месноста Софилар е ставен под контрола, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Според него, пожарот се контролира на потегот од селата Водоча и Баница, се до месноста Софилар, а единствено се уште гори на едно тешко пристапно место во селото Водоча. Во гаснењето на пожарот покрај струмичките пожарникари учествуваа и пожарниари од околните ...

Запуштената површина на плоштадот „Македонија“, која граѓаните со години ја нарекуваа „ливада“, конечно добива нов и достоинствен изглед, напиша во објава на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Во тек е хортикултурно уредување на просторот и поставување ново зеленило, со цел површината да стане мала зелена оаза во центарот на Скопје. Паралелно се заменуваат оштетените подни плочки кај Порта „Македонија“, а обновувањето на ...

Кинески хуманоиден робот истрчал сто метри за 9,32 секунди, со што го надмина светскиот рекорд на легендарниот јамајкански атлетичар Усеин Болт, објави денеска кинеската државна телевизија. Роботот „Лајтнинг“ изработен од кинеската компанија „Хонор“, постигнал максимална брзина од 14,5 метри во секунда за време на подготвителна трка пред почетокот на вторите Светски игри на хуманоидни роботи што од денеска се одржуваат во Пекинг. Неговиот ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, победи во спринтот на 12. етапа од шампионатот во Формула 1 сезона 2026 во Холандија. Британецот стартуваше од пол-позицијата. Тој исто така победи на спринтовите во Кина и Канада оваа сезона. Возачот на Ферари, Шарл Леклер, заврши втор (1,36 секунди заостанување), додека Ландо Норис од Мекларен заврши трет (5,196 секунди заостанување). Попладнево ќе се одржат и квалификациите за главната трка, која ќе се вози ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас претстојната сезона ќе настапува за Аталанта. Во моментов најдобриот македонски фудбалер во калчолигашот од Бергамо ќе игра како позајмен фудбалер од Лајпциг. Германскиот клуб и Аталанта може да се договорат за целосен трансфер по крајот на 2026/27 доколку Елмас ги исполни очекувањата. За Елмас, Аталанта е трет тим од Италија. Тој претходно во Серија А играше за Наполи и Торино. Post Views: 2 ...

Челзи го објави продолжувањето на договорот на напаѓачот Жоао Педро. Новиот договор на 24-годишниот Бразилец е до 2034 година. Педро е во Челзи од летото 2025 година. – Многу сум среќен што потпишав нов договор со Челзи. Отсекогаш сонував да играм за голем клуб и многу ми значи да се обврзам долгорочно на овој тим. Челзи има долгогодишна победничка традиција и големи амбиции за иднината. Имам одличен однос со сите во клубот и се чувствувам ...

Манчестер јунајтед загуби со 2:0 од Хал сити попладнево на гостински терен во нивниот прв натпревар од Премиер лигата во новата сезона. Семи Аџаји го отвори резултатот во 17. додека Нобел Менди го дуплираше водството на домаќините во 38. минута. Во второто полувреме мрежите мируваа, па Хал ја забележа првата победа над Јунајтед во својата историја. Хал ќе игра против Ковентри на гостински терен на 29 август во нивниот следен натпревар. ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
67%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
95%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
63%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
63%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.34
76%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75