Вандалски чин извршен во текот на ноќта во најголемото штипско основно училиште „Ванчо Прќе“ утринава ја прекина наставата за над 1.100 ученици од прво до деветто одделение. На фејсбук профилот на Општинското основно училиште „Ванчо Прќе“ од утринава стои објавата „ги известуваме сите родители дека денес немаме настава во училиштето од оправдани причини“. Според првичните информации на МИА штета во ова училиште е голема, а во моментов во него ...

Идејата за испраќање човечка екипа на Венера, втората планета од Сонцето, по сè изгледа ќе остане само во доменот на научната фантастика. Владимир Сичев, водечки истражувач и раководител на Одделението за космичка биологија при Институтот за биомедицински проблеми на Руската академија на науките, за руските медиуми изјави дека условите на оваа планета се толку сурови што нивното совладување претставува речиси невозможна мисија. Сичев нагласи ...

Британскиот производител на луксузни автомобили Астон Мартин соопшти дека во првиот квартал од 2026 година забележал загуба од 56,9 милиони фунти (67 милиони евра), што претставува мало подобрување во однос со загубата од околу 76 милиони евра (64,5 милиони фунти) во истиот период минатата година. „Кварталната продажба е намалена за 939 возила, при што е регистриран голем пад на пазарот во Обединетото Кралство, додека истовремено е забележан ...

Дилан Картер, пејач и учесник во американското музичко шоу „The Voice“ (Гласот), кој со својата изведба на аудицијата речиси го расплака жирито,загина во тешка сообраќајна несреќа на само 24-годишна возраст. Картер, на само 20 години се појави во 24-та сезона на музичкото шоу „The Voice“ (Гласот), стекнувајќи се со значајно внимание уште при првото појавување, кога по изведба на песната „Гледам во тебе“ („I Look to You“) од Витни Хјустон ...

Стадото нилски коњи поврзано со нарко-босот Пабло Ескобар, обележано за колење во Колумбија, доби нов дом во Индија по предлог на Анант Амбани, син на милијардерот Мукеш Амбани. Помладиот Амбани ја повика колумбиската Влада да ја преиспита својата одлука за еутанизација на 80 нилски коњи и понуди „целосно обезбедени, безбедни и научно водени преместки“ од Вантара центарот за диви животни основан од него во Џамнагар во индиската сојузна држава ...

Астероид е официјално именуван по поранешниот папа Лав XIII, соопшти Ватикан вчера. Вселенската карпа сега орбитира околу Сонцето под новото име Џиоакинопечи (Gioacchinopecci). Џиоакино Печи, кој бил титулиран како папа Лав XIII (1810 – 1903) е Италијанец, и тој ја напишал првата социјална енциклика на Римокатоличката црква – формално папско писмо со упатства испратено до сите епископи. Историјата сè уште го помни како „Папа на работниците“. ...

Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала, сè уште не се согласил да се приклучи на ниту еден клуб како слободен агент ова лето. Според инсајдер Фабрицио Романо на платформата за социјални медиуми Икс, 32-годишниот Аргентинец е целосно фокусиран на завршување на сезоната со римскиот клуб на највисоко можно ниво, а потоа ќе ја процени својата иднина и сите можни опции за продолжување на кариерата. Тековниот договор на Дибала со Рома е до јули 2026 ...

Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2026 година, со која се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. Конкурсот ќе трае од 1 до 30 мај 2026. Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам: ...

Македонскиот филм, претставен низ разни генерации и стилови, ќе доминира во мајската програма на Кинотеката на Северна Македонија. Ќе бидат прикажани „Прашина“ на Милчо Манчевски , „Збогум на 20. век“ на Дарко Митревски и Александар Поповски, „Планината на гневот“ во режија на Љубиша Георгиевски, „Преку езерото“ на Антонио Митриќески, „Нели ти реков“ на Стево Црвенковски, „Викенд на мртовци“ на Коле Ангеловски, „Големата вода“ на Иво Трајков, ...

Екипите на Кливленд, Детроит и Хјустон забележаа победи на петтите натпревари од серијата во првото коло на плејофот на НБА-лигата. Кливленд на домашен терен беше поуспешен од Торонто со 125:120. Најефикасен на натпреварот беше гостинскиот кошаркар Ар Џеј Барет со дабл-дабл од 25 поени и 12 скока. Во победничкиот тим се истакнаа Харден и Мобли со по 23 поени. Кливленд води со 3:2 во серијата прв до четири. Со победата 116:109 над Орландо, ...

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се осврна на пеналите досудени синоќа на ремито 1:1 со Арсенал во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. – Во полуфинале на Лигата на шампионите, потребна е чиста ситуација за да се досуди пенал. При пеналот против нас во првото полувреме, контактот беше минимален, па мислам дека можеби не беше пенал. Контактот беше одзади, а играчот го очекуваше и падна. При нашиот пенал, ...

Интер планира да ја активира опцијата за продолжување на договорот со дефанзивецот Федерико Димарко, а потоа да се обиде да го продолжи договорот за уште две години, објавува „Калчомеркато“. Лидерот во Серија А има намера да го задржи 28-годишниот Италијанец до летото 2030 година. Во сезоната 2025/26, Димарко го израмни рекордот во Серија А за најмногу асистенции во една сезона (16). Дефанзивецот е во Интер од јули 2018 година. Неговиот ...

Барањето од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да добие полициска придружба за време на неговиот престој во Ванкувер за состаноците на организацијата е одбиено, објави АП, повикувајќи се на градската полициска станица. – Официјалните поворки со сообраќајни запирања се наменети само за шефови на држави. Бидејќи раководството на ФИФА не ги исполнува стандардите за „меѓународно заштитено лице“ што би оправдале таква придружба (затворање ...

Најниска температура изутринава е измерена на Попова Шапка – два степени, а највисоката во Струмица 12 степени. Според податоците на УХМР изутрината се измерени два степени на Попова Шапка, три во Маврови Анови, шест во Охрид, Битола и Kрушево, седум во Скопје-Петровец, Тетово и Претор, осум во Штип и Демир Капија, девет во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Куманово, Прилеп, Виница, Кавадарци и Берово, десет во Велес и Гевгелија и 12 во ...

По повод Меѓународниот ден на џезот, Младинскиот културен центар – Битола, официјален младински клуб на УНЕСКО, денеска со почеток во 21 часот во кафе-барот „Порта Џез“организира концерт во живо на квартетот Кондовски/Јовановиќ/Букршлиев/Спировски. Публиката ќе има можност да ужива во настап исполнет со слободна импровизација и експериментален џез-звук, во кој Глигор Кондовски, Дориан Јовановиќ, Филип Букршлиев и Нинослав Спировски ќе понудат ...

Објавен е Конкурсот за необјавено поетско дело за доделување на наградата „Антево перо“, востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, за 2026 година. Конкурсот е е објавен во денешниот број на весникот „Нова Македонија“, а во него се наведени и пропозициите за учество. Наградата „Антево перо“ за 2026 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод претстојниот празник 1 Мај и продолжениот викенд упати апел за максимално почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот. Во апелот се наведува дека претстојниот продожен викенд, по повод празникот 1 Мај, очекувано е да се користи за патување, излети во природа и дружење со семејството и пријателите. Оттаму додаваат дека дел од ...

Во рамки на конференцијата „Препознавање на родово базирано насилство и механизмите за заштита на жените во спортот“, Македонскиот олимписки комитет беше претставен од Елена Зисовска Апостолска, која во своето обраќање истакна дека безбедноста, достоинството и заштитата на сите спортисти се темелни вредности на Интернационалниот олимписки комитет и Олимписката повелба. Таа нагласи дека нема врвен и олимписки резултат доколку спортот не е ...

Атлетико Мадрид и Арсенал одиграа вечерва на стадионот „Метрополитано“ нерешено 1-1 во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампиони. Двата гола беа постигнати од пенал. Арсенал поведе во 44. минута преку Ѓокереш, додека Алварез израмни за домаќините во 56. минута. Со ремито во Мадрид, фудбалерите на Арсенал ја продолжија својата серија без пораз во Лигата на шампиони оваа сезона. Лондонскиот тим на 13 натпревари има 10 победи и три ...

Кошаркарите на ТФТ Скопје не успеаја да се изборат за трет натпревар во финалната плејоф пресметката против Широки брег во АБА 2 лигата, откако вечерва во драматичен натпревар пред своите гледачи загубија со 86-87 . Составот на Боро Смилкоски одигра квалитетно во првото полувреме во салата „Лазар Лечиќ“ во кое имаше водство и од највисоки +11 (36-25), а на полувреме замина со предност од 43-35. Лидерот во македонското првенство ја одржуваше ...

Руските и белоруските боксери добија зелено светло да се натпреваруваат како неутрални спортисти, објави денеска „Ворлд боксинг“, повикувајќи се на ставот на Меѓународниот олимписки комитет. Според одлуката, боксерите од двете земји ќе се натпреваруваат во поединечна конкуренција со статус на неутрални спортисти (AIN), без национални знамиња, химни, логоа или дресови, и ќе подложат на процес на проверка. Овој потег следи по одлуката на ...

Поранешниот ирски репрезентативец Роби Кин е фаворит да го предводи од клупата шкотскиот гигант Селтик од следната сезона, јавија денеска британските медиуми. Кин во моментов е на чело на унгарски Ференцварош, во својата прва сезона како тренер. Кин настапуваше како фудбалер половина сезона во Селтик во 2010 година, но не успеа да освои трофеј со тимот од Глазгов. Според медиумите, привремениот тренер на Селтик, Мартин О’Нил, би можел да биде ...

Романската аклтерка Андреа Танасе која на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола ја изведе монодрамата „Ноти“ е годинашен добитник на највисокото фестивалско признание, наградата Гран при. Меѓународното стручно жири соопшти дека претставата „Ноти“ претставува современ театарски проект кој органиски ги обединува елементите на физичкиот театар со психолошка димензија при истражувањето на социјалната маска. Делото е поставено како ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска оствари средба со земјоделците во Делчево, во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. Тој на средбата со земјоделците соопшти дека од Брисел пристигна известување за продолжување на процесот на искористување на средствата од ИПАРД-програмата. -Вчера добивме официјално известување од Брисел дека се продолжува со процесот на ...

Голманот на шпанскиот второлигаш Сарагоса, Естебан Андрада (35), е суспендиран на 13 натпревари откако удри противнички играч во главата на неделното дерби против Хуеска. Аргентинскиот голман доби суспензија од 12 натпревари поради удирање противник, а уште еден за црвен картон. Андрада и неговиот клуб, исто така, ќе мораат да платат и парична казна. Андрада доби втор жолт картон во последните минути од локалното дерби на Арагонија во ...

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед го продолжи денеска договорот со Коби Мејно, јавија светските агенции. Новиот договор на 21-годишниот играч од средниот ред е со важност до крајот на сезоната 2030-2031 и вклучува зголемување на неговата неделна плата. Мејно зад себе има 98 натпревари во дресот на Манчестер јунајтед на кои постигна седум голови, вклучувајќи го и погодокот за победата над градскиот ривал Манчестер Сити во финалето на ФА Купот ...

Говорите во егејскиот дел на Македонија се нераскинлив дел од македонската јазична територија, а културните традиции нераскинлив дел од македонското културно наследство. Граѓанската војна во Грција донесе многу несреќи на многу луѓе, меѓутоа сепак и покрај тоа успеале да си ги зачуваат дијалектот, јазикот, културата и традицијата и најважно успеале да ги зачуваат македонскиот идентитет. Ова беше порачано на отварањето на трибината „Култура, ...

На 8 мај на големат сцена на велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ премиерно ќе биде изведена претставата „Затворенички“ во режија на Елеонора Теова работена по компилација од повеќе текстови. Костимографијата е на Катерина Чукниева, а сценографијата на Филип Коруновски. Инаку оваа е втора годинашна премиера на Велешкиот театар за 2026. Во претставата играат актерките: Сандра Танчева, Јанка Лефкова, Димитрина Мицкоска и актерот ...

Во Археолошкиот музеј денеска беше отворена изложбата посветена на делото и истражувачкиот пат на Кирил Трајковски насловена „По трагите на македонската средновековна археологија – низ археолошките локалитети во Мородвис и Кожле“, во соработка со Фондацијата „Кирил Трајковски“ од кураторите Ана Јорданова Дубровска и Филип Аџиевски. На отворањето беше истакнато дека оваа изложба нè води низ еден исклучително значаен сегмент од нашето минато – ...

Младинското репрезентативно крило, Ненад Белистојаноски од сезоната 2026/27 ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер, соопшти денеска македонскиот ракометен прволигаш. Дваесетиедногодишниот Белистојаноски доаѓа во актуелниот македонски шампион од развојниот Еурофарм Пелистер 2, откако претходно ги мина сите младински категории на клубот од Битола. Белистојаноски се обврза на договор до јуни 2028 година. Неговиот трансфер, како што е соопштено, ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
94%
1015
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.58
80%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 10ᴼ
1.03
77%
1016
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
94%
1015
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.33
97%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 8ᴼ
0.51
88%
1017
weather icon

Атина

19ᴼ / 15ᴼ
1.34
68%
1014
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
88%
1014
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
88%
1015
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
90%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
1.79
67%
1016
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
82%
1016
Currency

61.635

Currency

52.2502

Currency

71.2794

Currency

37.8886

Currency

38.2176

Currency

67.2664

Currency

7.68341

Currency

0.70384

Currency

0.33353

Currency

0.52473

Currency

1.15224

Currency

0.55338

Алуминиум

3.50

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Калај

54.78

Рутениум

51376.89

Родиум

319899.93

Сребро

2583.47

Злато

151875.00

Бакар

12.64

Платина

66101.93

Паладиум

48065.37