Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Изградбата на водоводна, фекална и атмосферска канализација во индустриската зона Речица, во Кумановско, ќе привлече нови инвестиции и ќе придонесе за раст на локалната економија, објави денеска на социјалните мрежи претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во делот „проекти за трајна промена-темели за сигурна иднина. Изградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, изградба на дел од внатрешни сообраќајници, воспоставување ...
Цената на златото денеска првпат во историјата се проби над нивото од 5.000 долари за унца, со што го продолжи својот тренд на раст, бидејќи инвеститорите бараат побезбедно засолниште за својот капитал поради геополитичките тензии. Растечката тензија меѓу САД и Европската Унија за Гренланд предизвика неизвесност на светските финансиски пазари минатата недела, па цената на златото силно порасна. Утрово, сепак, таа се зајакна за дополнителни ...
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во централните и источните делови каде ќе наврнат над 30 литри на квадратен метар проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, соопшти АМСМ и додаде дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.01.2026 до 23.01.2026 зема 150 примероци за физичко-хемиска и 150 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. ...
Кинотеката на Македонија ќе ја почне февруарската програма со документарниот филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска. Од 2 до 7 февруари филмот ќе се прикажува од 18 и од 20 часот, а по една проекција ќе има и на 12, 13 и на 14 февруари. Наградуваниот документарец снимен минатата година е приказна за земјоделецот Никола, кој случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден ...
Српската ватерполо репрезентација го освои златниот медал на Европското првенство, откако вечерва во Белград, ја победи во финалето Унгарија со 10:7 (3:2, 2:3, 2:1, 3:1). Првите две четвртини беа израмнети и на полувреме резултатот беше нерешен 5:5, а на почетокот на третата четвртина, Србија прва дојде до предност од два гола, кога Василије Мартиновиќ беше прецизен за 7:5 со играч повеќе. Во продолжението на третата четвртина, Унгарија го ...
Исланд ја совлада вечерва Шведска во Малме со 35-27 во рамки на второто коло од групата 2 во главната фаза, нанесувајќи му го првиот пораз на кодомаќинот на Европското ракометно првенство. Исланд со триумфот се израмни на врвот на табелата со Шведска и Словенија со по четири бодови и остана во игра за место во полуфиналето. Избраниците на Снори Гудјонсон одиграа брилијантен натпревар, особено во првото полувреме, кое го добија со шест голови ...
Во завршниот натпревар од второто коло во групата 2 од главната рунда на Европското првенство, хрватските ракометари вечерва во Малме ја совладаа Швајцарија со 28-24 и ги задржаа шансите за место во полуфиналето. Швајцарија го отвори натпреварот со серија од 4-0, а Хрватска воведниот гол го постигна дури во 9 минута. Сепак, на средина од полувремето, Хрватите фатија резултатски приклучок и влегоа во второто полувреме со предност од 13-11. Во ...
Фудбалерите на Јувентус со убедливи 3-0 го совладаа вечерва во Торино актуелниот шампион Наполи во дерби натпреварот од 22. коло во италијанското првенство. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде во почетниот состав на Антонио Конте и остана на теренот до 70 минута. Јувентус поведе со голот на Давид (22 минута) по асистенција на Локатели, а потоа Јилдиз (77) го зголеми резултатот на 2-0, откако беше одлично проигран од Мирети. Печат ...
Во воведниот натпревар од Групата 2 во главната фаза на Европското првенство во ракомет, Словенија попладнево во Малме ја совлада Унгарија со 35-32 (15-17). По израмнетиот почеток во кој се играше гол за гол, Унгарија прва дојде до +2, поведувајќи со 8-6. Во 28.минута, Унгарците имаа предност од четири голови (16-12), но до полувремето, Словенија ја намали негативата на два гола (15-17). Словенија влезе во второто полувреме со серија од 3-0, ...
Во дербито на 23. коло од англиското фудбалско првенство, Манчестер Јунајтед вечерва го победи водечкиот Арсенал во Лондон со 3-2 како гостин и се искачи на четвртото место на табелата. Јунајтед ја забележа првата победа на гостувањето во северен Лондон од 2018 година, а Арсенал на врвот на табелата сега има четири повеќе од Манчестер Сити и Астон Вила. Лондонскиот состав поведе во 29. минута со автогол на Лисандро Мартинез, но осум минути ...
Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево денеска беше центарот на емоциите, спомените и музиката. Со неговите песни, со посета на неговото вечно почивалиште на Гумење, со промоција на книга за Тоше, се одбележа 45-тиот роденден на македонската и балканска голема музичка ѕвезда, Тоше Проески. -Иако прерано нè напушти, настанот уште еднаш потврди дека неговиот лик, неговата хуманост и вонсериски талент остануваат трајна вредност која ...
Американската скијачка Микаела Шифрин со убедлив триумф во денешниот слалом во Шпиндлеров Млин, оствари уште една победа во Светскиот куп во алпско скијање и воедно го обезбеди Малиот кристален глобус во оваа дисциплина. За Шифрин ова е 108. победа во Светскиот куп и деветта титула во дисциплината слалом. Второто место го освои Швајцарката Камил Раст, заостанувајќи една секунда и 67 стотинки зад Шифрин, додека на третото место се пласираше ...
Австриецот Мануел Фелер славеше денеска пред своите навивачи на слаломската трка во Кицбил во рамки на Светскиот куп во алпско скијање. Фелер, кој беше четврти по првото возење, на крајот победи со 35 стотинки предност пред водечкиот по првата трка Швајцарецот Лоик Мејард. Третото место го освои Германецот Линус Штрасер, заостанувајќи 53 стотинки зад Фелер, кој прв пат во кариерата победи на слаломска трка во Кицбил. Во поредокот во слалом, ...
Македонскиот фудбалски прволигаш Брера Струмица ги засили своите редови пред стартот на пролетниот дел од сезоната во домашното првенство со репрезентативецот на Малави, Јан Коуаку. Дваесетишестгодишниот центарфор, како што соопшти Брера, веќе му се приклучил на тимот на подготовките во турска Анталија. Коуаку, кој е роден во Брегот на Слоновата коска, а поседува француски пасош, во ноември лани дебитираше за репрезентацијата на Малави. Во ...
Поранешниот фудбалер Реал Мадрид и белгискиот репрезентативец Еден Азар верува дека ѕвездата на шпанскиот клуб, Килијан Мбапе, ќе ја освои „Златната топка“. -Килијан ќе треба да ја освои Лигата на шампиони и шпанската титула, а, исто така, да оди што е можно подалеку со Франција на претстојното Светско првенство. Воопшто не се грижам за него – тој, исто така, ќе ја освои „Златната топка“, изјави денеска за шпанските медиуми Азар, кој го ...
Лондонскиот премиерлигаш Фулам понуди 28 милиони фунти за напаѓачот на холандски ПСВ Ајндховен, Рикардо Пепи, јавија денеска британските медиуми. Според Би-Би-Си, понудата за 23-годишниот американски фудбалер е пониска од онаа што ја побара холандскиот клуб, околу 30 милиони фунти, но оти Фулам верува дека договор ќе биде постигнат. Пепи постигна осум голови на 15 натпревари во холандското првенство и уште три на пет натпревари во Лигата на ...
На веб-страницата на Општина Неготино е објавен јавен повик за организирање на јавна презентација и јавна анкета за нацрт план, целта е предвидување површина за доградба за сала за венчавки, соопштија попладнево од локалната самоуправа. – Целта за донесување на ваков вид на документација е со цел да се предвиди површина за градење за идна доградба на општинската зграда за сала за венчавки, информираа од Општина Неготино. Од локалната ...
Последната етапа од Светскиот куп во брзо лизгање пред стартот на Зинските олимписки игри 2026 донесе историска трка на 5.000 метри во која светскиот рекорд беше два пати соборуван, а Норвежанецот Сандер Ејтрем стана првиот кој ја мина патеката за помалку од шест минути. Ејтрем постави време од 5:58,52 минути, речиси две секунди побрзо од претходниот рекорд, што пресметано значи дека Норвежанецот лизгаше со просечна брзина од над 50 километри ...
Американскиот тенисер Лернер Тиен се пласираше во четвртфиналето на Австралија open во Мелбурн, откако денеска го совлада Русинот Данил Медведев (АТП-12) со 6:4, 6:0, 6:3. Тиен (АТП-29) победи по еден час и 42 минути игра и прв пат во кариерата стигна до грен слем четвртфинале. Во првиот гем од првиот сет, Тиен направи брејк и ја зачува предноста за водство од 1-0. Американецот потоа го доби вториот сет без загубен гем, додека во третиот сет, ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (АТП-4) се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен без борба, откако неговиот противник во осминафиналето Јакуб Меншик од Чешка се повлече денеска од турнирот во Мелбурн поради повреда. Осминафиналниот дуел меѓу Ѓоковиќ и Меншик беше закажан за в понеделник. Меншик објави на социјалните мрежи дека се повлекува поради повреда на стомачниот мускул, која се влошила за време на претходните натпревари. Чешкиот ...
Десетици фудбалски навивачи белградска Црвена Звезда и сплитски Хајдук биле вклучени во тепачка што се случи синоќа во близина на меѓународниот аеродром во Тузла, при што се повредени 23 лица, вклучувајќи и еден полицаец. Според полицискиот извештај, до судирот дошло кратко по 21 часот. Локалната полиција реагирала брзо, а на местото на настанот биле испратени неколку патроли и специјални екипи. Полицијата уапсила 93 лица, кои биле ...
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, што наместа ќе бидат пообилни – над 30 литри на квадратен метар, проследени со ретки грмежи. На планините, врнежите ќе бидат од снег, информираа денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. – Во вторник претпладне сè уште во источните делови ќе има слаби врнежи од дожд во пониските и дожд и снег на повисоките места и на планините. Попладне времето ќе се ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, откако денеска го победи Американец Томи Пол (АТП-20) со 3:0 во сетови (7:6, 6:4, 7:5). Најдобриот светски тенисер до победата дојде по два часа и 44 минути. Алкараз досега нема пласман подалеку од четвртфиналето на Австралија опен, кој е единствен грен слем турнир што го нема освоено во кариерата. Негов противник во ...
Лос Анџелес Лејкерс синоќа триумфираше на гостински терен над Далас Маверикс со 116-110, предводени од Словенецот Лука Дончиќ, кој реализираше 33 поени, 11 асистенции и осум скокови против својот поранешен тим. Во првото полувреме, Лејкерси го контролираа натпреварот и имаа највисоки +14, но Далас го сврте резултатот со феноменална трета четвртина и дојдоа до предност од идентични +14. Сепак, Лејкерси прво возвратија со серија од 14:3, пред ...
Минималната температура изутринава е измерена на Попова Шапка од минус еден степен, а максималната во Гевгелија осум степени. Како што соопшти изутринава Управата за хидрометеоролошки работи во Битола се измерени 0 степени, во Прилеп, Тетово, Маврови Анови еден степен, во Крива Паланка, Берово, Велес, Кавардарци, Kрушево, Лазарополе два степена, во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Охрид, Претор три степени, во Штип, Виница, Демир ...
Синоптичарите најавија претежно облачно време во текот на денов. Во крајните северозападни и југоисточни делови со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Се предвидува да дува умерен, а долж Повардарието, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 8 до 12 Целзиусови степени. Во Скопје, променливо облачно време претпладне со ...
Италијанецот Џовани Францони победи на денешниот спуст од Светскиот куп во алпско скијање на легендарната патека Штрајф во австриски Кицбил. Францони ја мина патеката во должина од 3.312 метри за 1:52,31 минути, минувајќи прв низ целта со седум стотинки предност пред Швајцарецот Марко Одермат. Третопласираниот Французин Максенс Музатон заостана 39 стотинки зад победникот. Францони ја прослави својата втора победа во Светскиот куп на брзата ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија опен, откако денеска го победи Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп (АТП-75), во три сета со 6:3, 6:4, 7:6, за два часа и 46 минути. Четвртиот тенисер во светот, го доби првиот сет со брејк во четвртиот гем, а потоа го почна вториот сет со водство од 3:0. Ван де Зандшулп побара медицински тајм-аут поради проблем со десното рамо, а во следниот гем успеа да му го одземе ...