Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Долгите на листи на чекање во градинките како долгогодишен проблем ќе станат минато, најави денеска градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. – Успеавме да ја доуредиме и ставиме во функција детската градинка во Домот за доенчиња и мали деца, каде овозможиме згрижување на 70 деца и таа функционира. Од друга страна жал ми е што поради состојбата во која ги затекнавме останатите две други нови градинки на крајот на 2021 година со нашето ...
Значителен дел од малолетниците во Општина Гевгелија експериментираат со наркотични средства, особено со марихуана и синтетичка дрога, кои ги користат при групни собири, викенд забави и слично. Ова е дел од информацијата за состојбата со употреба на наркотици и психотропни супстанции кај младите од Гевгелија, која на денешната седница беше презентирана пред општинските советници. Од Центарот за социјална работа во Гевгелија велат дека немаат ...
Општина Центар, со богата уметничка програма, го одбележа роденденот на големиот македонски драмски автор Горан Стефановски, враќајќи го за миг неговиот дух и присуство во Дебар Маало. Настанот се одржа кај спомен-клупата посветена на бардот, а домаќин беше неговиот син Игор Стефановски, кој заедно со пријателите и блиските сподели спомени, сеќавања и анегдоти од животот на познатиот дебармаалец. На присутните се обрати и градоначалникот на ...
Биографскиот филм за Мајкл Џексон ги надмина лошите критики и проблемите со продукцијата, па постигна рекорден прв викенд во САД, пишува „Ју-ес-еј тудеј (USA Today)“. Филмот „Мајкл“, во којшто глуми внукот на починатиот поп-пејач – Џафар Џексон, заработи 97 милиони долари на домашниот пазар, според проценките од „Комскор (Comscore)“ објавени вчера. Рекордот за музички филм со најдобра првична заработка претходно го држеше „Излезени баш од ...
РК Вардар го договори ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил, кој од следната сезона ќе го носи дресот на „црвено-црните“. Фадуил има 23 години, настапува на позицијата среден бек, а во Вардар доаѓа од француски Трембле, клуб во кој игра од 2022 година. Во целата досегашна кариера Матео во Франција. Во своите помлади години беше дел од системот на Нант, каде се развиваше како еден од интересните млади ракометари, а претходно во ...
Кадетската македонска ракометна репрезентација избори финале на Светското првенство што се игра во Скопје. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски попладнево забележаа убедлива победа над Србија со 30:19 во првото полуфинале на машкиот турнир. Противник на „Црвено-жолтите“ утре во натпреварот за златниот медал ќе биде поуспешниот од дуелот Израел – Хрватска кој ќе се одигра попладнево. Претходно во текот на денот пласман во големото ...
Првиот од двата денешни дуели од 29.коло заврши со победа на домашната екипа, односно Струга го совлада Силекс со 2:0. Ова воедно беше и дерби на колото и стружани сега имаат десет бодови предност на табелата пред кратовчани на четири кола до крајот на шампионатот. Головите за победничката екипа го постигнаа Ламине Маудо во 21.минута и Христијан Малески во 57.минута. Во вториот денешен дуел и последен од оваа рунда од 16 часот во Тетово, ...
Во Театарот „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ во Велес во тек се интензивни проби за новата претстава „НОНА“, дело на аргентинскиот драмски автор Роберто Коса. Режијата е Дамјан Костовски, кој на сцената ќе ја донесе оваа позната црна комедија што со децении предизвикува интерес кај публиката ширум светот. Како што информираат од велешкиот театар, насловната улога, ликот на Нона, ја толкува актерот Фаик Мефаилоски, а во претставата останатите ...
Сертификат за акаредитација во важност од пет години денеска ѝ беше доделен на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје, од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи. Директорката на Геријатрија, Ленче Нелоска се заблагодари до АКАЗУМ за континуираната соработка и укажување на сè она што може да го подобрат. -Огромна благодарност до вработените коишто секојдневно ја ...
Државниот завод за индустриска сопственост, денеска, по повод Светскиот ден на интелектуалната сопственост, 26 Април, му додели признание Патент на годината 2025 на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) за пронајдокот „Кумарин-1,2,3-триазол-изатин хибридни молекули и нивна примена“ во областа на медицинската хемија. Пронајдокот се однесува на развој на нови хибридни хемиски соединенија со потенцијална примена ...
По повод навршувањето на 121 година од смртта на македонскиот револуционер и претседател на Крушевската Република, Никола Карев, градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и повеќе делегации положија цвеќе на спомениците на Карев во Паркот на Револуцијата во Кочани и во школскиот двор на училиштето што го носи неговото име. Одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Никола Карев“ годинава беше под знакот на хуманоста, другарството и ...
Претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелен, в среда (29 април) ќе престојува во официјална посета на државата поради што во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај – соопшти МВР. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на град Скопје. Од МВР апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат ...
НУ Драмски театар Скопје вторпат не ја додели наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30 години откога Комисијата едногласно оцени дека трите пристигнати дела не достигнуваат ниво на целосно изграден и развиен драмски текст. На денешната прес-конференција во Драмскиот театар Скопје, по повод донесувањето на одлуката на комисијата за конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад ...
По повод денот на монетарната самостојност, Народната банка традиционално ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Добитник на првата награда за 2026 година е авторот Стефан Таневски, за трудот со наслов „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?“ (Can Institutional Integration of Western ...
Охрид до крајот на годинава треба да добие современ брод-амбуланта, што ќе овозможи брз и квалитетен превоз на пациенти преку Охридското Езеро и поголема безбедност на посетителите на целото езерско крајбрежје. Станува збор за набавка што ќе се реализира со финансиска поддршка на ЕУ, преку проектот „Волонтери во акција за безбедност на граѓаните и заштита на природата“ од ИПА3 програмата за прекугранична соработка со соседна Албанија. Сашо ...
По трагичниот настан на територија на Општина Кисела Вода, во кој едно лице го загуби животот, а три лица се повредени, градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска изрази длабоко жалење и упати искрено сочувство до семејството на починатиот, и им посака побрзо закрепнување на повредените, информираат од Општината. Таа потенцира дека дека Општината иницирала вонреден инспекциски надзор со вклучување на сите раководители од надлежните ...
Македонската женска репрезентација се пласираше во финалето на Светското училишно првенство во ракомет што се одржува во Скопје. Македонките денес во полуфиналето ја победија Турција со 30:22 (12:12 полувреме) и обезбедија најмалку сребрен медал. Во финалето македонските репрезентативките ќе се соочат со врсничките од Хрватска. Хрватките во денешното прво полуфинале ја победија Романија со 25:20. И македонската машка репрезентација ќе игра ...
Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е казнет со 50.000 долари за учество во тепачката на крајот од четвртиот натпревар од плејоф серијата во првото коло на НБА против Минесота тимбервулвс. Натпреварот заврши со победа на Минесота со 112:96. Инцидентот се случи на 2,1 секунди до крајот, кога Џејден МекДениелс постигна кош со неговиот тим поведе со 14 поени разлика. По инцидентот, на Јокиќ и Џулиус Рендл им беа изречени технички грешки и ...
Фудбалерот на Сантос, Нејмар, не учествуваше на тренинг-сесијата на тимот во тренинг-центарот „Реј Пеле“, објави „ESPN“. Играчот требаше да работи со групата играчи кои беа изоставени од натпреварот од националното првенство против Баија (2:2), но не се појави и не ја наведе причината за неговото отсуство. Клубот го контактираше Нејмар и неговите застапници за да ја разјасни ситуацијата, но ниту Сантос ниту претставниците на играчот не ...
Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, ќе го пропушти остатокот од сезоната 2025/26 поради повреда на тетивата заработена во поразот од 3:1 од Кристал Палас во англиската Премиер лига во 34. коло, објави Ројтерс, повикувајќи се на директорот на египетската репрезентација, Ибрахим Хасан. Триесет и тригодишниот Салах, кој го објави своето заминување од Ливерпул на крајот од сезоната, повеќе нема да игра за „Црвените“. – Тој има скината тетива и ...
Чави Симонс, фудбалерот од средниот ред на Тотенхем и Холандија, објави дека претрпел сериозна повреда поради која нема да може да настапи на финалето на Светското првенство во 2026 година. – Велат дека животот може да биде суров, и јас така се чувствувам денес. Мојата сезона одеднаш заврши, и само се обидувам да го протолкувам тоа. Искрено, скршено ми е срцето. Ништо од ова нема смисла. Сè што сакав беше да се борам за мојот тим, а сега таа ...
Навивачите на Милан го исвиркуваа напаѓачот Рафаел Леао за време на ремито 0:0 синоќа на домашен терен со Јувентус во 34. коло од италијанското фудбалско првенство. Истото се случи пред две недели на претходниот домашен натпревар против Удинезе (0:3). Дваесет и шестгодишниот Португалец беше заменет во 80. минута против Јувентус, отстапувајќи му место на Кристофер Нкунку. Повеќето од навивачите на „росонерите“ свиркаа додека Леао се упатуваше ...
Наградниот фонд за Светското првенство во 2026 година ќе биде зголемен откако некои национални асоцијации изразија загриженост за високите оперативни трошоци за финалниот турнир. Неколку европски репрезентации изразија загриженост дека учеството на турнирот во Северна Америка може да резултира со загуби, бидејќи се очекува трошоците да бидат значително повисоки отколку во Катар пред четири години. По ова, Светската фудбалска асоцијација ...
Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Матис Алберт, стана најмладиот Американец што играл во Бундеслигата. Тој вчера го имаше своето деби за главниот состав на тимот на возраст од 16 години, 11 месеци и 5 дена. Алберт, по потекло од Гринвил, Јужна Каролина, влезе на теренот во 88. минута од натпреварот од Бундеслигата помеѓу Борусија Дортмунд и Фрајбург (4:0) во 31. коло. Американецот го сруши рекордот поставен од Џо Рејна, кој исто така ...
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, веројатно ќе ги пропушти преостанатите натпревари на тимот во сезоната 2025/2026 поради повреда, објави телевизијата „Ел Чирингито“. Повредата е посериозна отколку што првично се очекуваше. Официјалното соопштение на клубот за состојбата на играчот се очекува да биде објавено во текот на денов. Претходно беше соопштено дека на Французинот му е дијагностицирано истегнување на тетивата на левата нога. ...
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на „Водовод и канализација“. Секторот за санитарна контрола, во периодот од 20 до 24 април 2026, спровел редовен мониторинг и земал 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Резултатите од испитувањата покажуваат дека сите анализирани примероци се во согласност со Правилникот за барања ...
До крајот на седмицата во земјава ќе преовладува променливо облачно време проследено со повремен локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според најавите, утре и во среда се очекува појава на нестабилна облачност со поројни врнежи и грмежи. Во четврток наместа ќе има пообилни врнежи, а поради продор на постуден воздух од север на планините ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег. Ќе дува умерен до ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар информира дека во периодот од 19 до 26 април 2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“, биле отстранети вкупно 95 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар. Како што соопштуваат од претпријатието, возилата биле санкционирани поради тоа што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. -За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање ...
Интернационалниот фестивал на монодрама, вечер во Битола ќе биде домаќин на италијанската актерка Каролин Пагани која ќе се натпреварува со монодрамата „Луксуз. Изгубена во страст“. Монодрамата „Луксуз. Изгубена во страст“ е иронично, интензивно и визонерско шоу, но и наизменично остра комедија и поезија. Претставата е театарски крик против насилството од минатото и сегашноста, кој го враќа гласот и телото на жената. Од НУ Центар за култура, ...
Објавена е книгата „Македонистички вознеси“ од Кристина Николовска, во издание на „Панили“. Станува збор за ново книжевно-научно и есеистичко остварување во кое авторката ја продолжува својата долгогодишна посветеност на македонистиката, современата македонска книжевност, македонскиот јазик, културата и творечката меморија. Книгата содржи студии, херменевтички толкувања, интерпретации, есеи и беседи за македонистичката творечка мисија во ...