Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Светиот крст што во водите на Вардар во Гостивар, годинава беше положен на пладне, на христијански празник Богојавление Водици, го фати Бобан Симјаноски. Овој триесетидевет годишен професионален војник во АРМ беше најсреќен меѓу четириесетината гостиварци кои влегоа во реката. Првите честитки и осветена икона како подарок доби од митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. Симјаноски им се заблагодари на сите сограѓани, честитајќи им го ...
Христијан Џеповски денеска на Водици го извади светиот крст од осветените води на Преспанско Езеро. Меѓу бројните верници, младото момче Христијан Џеповски како највешт учесник успеа најбрзо да го пронајде светиот крст на традиционалната манифестација поддржана од Општина Ресен. Првите честитки и пригодна награда, ваучер во вредност од 30.000 денари на Џеповски му врачи градоначалникот Јован Тозиевски. Post Views: 3 јануари 19, 2026 ...
И годинава Васко Дрвошанов од селото Куклиш го фати положениот крст во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица. Во водата скокнаа 16 граѓани, а најбрз беше Дрвошанов. Тој од градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, доби пригоден подарок, како и подароци од спонзорите. Со свечена Богојавленска литургија, празникот Водици беше одбележан во сите храмови на Струмичката епархија, а положување на крстот беше изршено и во другите ...
Јордан Ангелески, 17 годишник, ученик во прилепската гимназија е најсреќниот годинава кој го фати светиот крст од осветените води во базенот во прилепскиот хотел „Салида“ на централната манифестација за Богојавление -Водици во Прилеп. На Ангелески ова му е прво учество и токму на именденот. Очекува и посакува среќа за сите. – Ова ми е прват, и, очигледно прва среќа. Огромно е задоволството, но и честа да се учествува на манифестацијата за ...
Премиерлигашот Кристал Палас ја отфрли понудата на Јувентус за трансфер на францускиот напаѓач Жан-Филип Матета (28), јавија денеска италијанските медиуми. Јувентус понуди два милиони евра за шестмесечна позајмица и 28 милиони за откуп на договорот на крајот од сезоната, при што откупот е задолжителен доколку италијанскиот клуб обезбеди најмалку пласман во Лига Европа. Медиумите наведуваат дека Кристал Палас е повеќе заинтересиран за продажба ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино го осуди однесувањето на репрезентативците на Сенегал, кои во неделата во финалето на Африканскиот куп на нации против домаќинот Мароко привремено го напуштија теренот во Рабат, незадоволни од судиските одлуки. Мароко доби пенал во судиското продолжение на второто полувреме по сугестија од ВАР собата, кратко време откако на Сенегал му беше поништен гол. Потоа, сенегалскиот тим го напушти теренот во знак ...
Со традиционална свечена црковна церемонија и во присуство на илјадници верници, денеска се осветија водите на река Брегалница во Делчево. Бојан Ѓеоргиевски беше најсреќен и највешт и успеа од четириесетината момчиња кои се фрлија во студените води на река Брегалница, да го фати светиот крст. Традиционално, градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски на среќниот фаќач на светиот крст му доделува парична награда во износ од 10.000 ...
Младиот тинејџер Христијан Бошевски (16) од Битола е најсреќното момче учесник на традиционалната манифестација, пронаоѓање на светиот крст во водите на црковниот базен во Храмот „Свети Велиомаченик Димитриј“ во Битола. Меѓу дваесеттината учесници, Бошевски успеа прв да скокне во базенот и да го пронајде спуштениот свет крст, чин организиран од свештенослужители на преспанско-пелагониската епрахија. -Мојата традиција почна минатата година, а ...
Дваесет и четири годишниот Петар Чакарески го извади светиот крст од водите на реката Црн Дрим во Струга. Тој беше најсреќен меѓу стотиците верниции кои денеска влегоа во студените води во Струга. Осветувањето на водите прв пат годинава го вршеше новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија г. Георги, а на одбележувањето на големиот христијанскиот празник Богојавление – Водици во Струга присуствуваше претседателката на државата Гордана ...
Дваесет и тригодишниот Милко Божиновски од Ростуше го извади осветениот крст од водите на Радика, што беше положен од епископ Антаниски, г. Партениј, по повод денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици. -Бог се јави. Пресреќен сум. Посакувам многу здравје, среќа и радост на сите и благосостојба во државава. Посакувам и мир да завладее во светот, посака Божиновски, кому му се насмевнува среќата. Значајна порака испрати и ...
Со голема вера, радост и почит кон традицијата, денеска во Берово свечено беше одбележан еден од најголемите христијански празници – Богојавление – Водици. Во водите на реката Брегалница, пред многубројни верници и учесници, најсреќен беше Благој Дујовски, кој прв стигна до светиот крст – симбол на благослов, надеж и духовна сила. -По повод празникот, Општина Берово го награди најсреќниот учесник со вредносен ваучер од 15.000 денари, а ...
Богојавление е празник на духовно прочистување, вели Анита Стојчевска, кустос-советник од Националната установа Музеј Куманово. Еден од најзначајните христијански празници поврзан со крштевањето на Исус Христос во реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител. Со овој празник симболично завршува периодот на т.н. „некрстени денови. Во моментот на крштевањето, според библиското предание, се појавува гулаб, симбол на Светиот Дух, што се ...
Триесет годишниот Бојан Џонов го фати светиот крст, кој утринава беше положен во водите на реката Брегалница во штипско Ново Село. Џонов вели дека по вторпат го фаќа светиот крст. Вработен е и веќе втора година живее во Германија, а по повод големиот христијански празник Богојавление е во својот роден град. – Господ да дава здравје, среќа на сите. Вработен сум, работам во странство во Германија и не не сум оженет, вели Џонов. Осветувањето на ...
Наум Додевски е среќникот кој го извлече светиот крст положен во водите на Крива Река, од педесетината кои скокнаа по крстот, меѓу кои и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Прославата на големиот христијански празник Богојавление -Водици почна со света божествена Богојавленска литургија во соборниот храм Св.„Великомаченик Димитриј” по што беа осветени водите на Крива Река. – Нека светите води ни донесат здравје, мир и ...
Во Општина Карбинци од утринава големиот православен празник Богојавление-Водици се чествува на три локации. Водите во реките кои поминуваат низ оваа мала рурална општина се осветуваа во селата Карбинци, Долни Балван и Таринци. Иван Мицевски во село Карбинци го фати светиот крст во водите на реката Брегалница, кои беа осветени во Општина Карбинци. Тој вели дека првпат успеал да го извади светиот крст од осветените води, а досега се обидувал ...
Марјан Заов денеска го фати светиот крст во осветените води на Кочанска Река, кај Крушарскиот мост на традиционалната црковно-верска манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици. Тој беше најсреќен и прв успеа да го извади крстот од Кочанска Река. Во овј црковно-верски обичај годинава учествуваа 47 пријавени момчиња. Триесет и двегодишниот Марјан рече дека ова за него е голем успех. Нека дава Господ здравје, среќа и ...
Искусното лево крило на ГРК Охрид, Гоце Ојлески, доби дополнителен повик од селекторот Кирил Лазаров и денеска ќе му се приклучи на тимот во базата во Хернинг. Триесетишестгодишниот Ојлески беше на поширокиот список ракометари за настап на Европското првенство, а ѝ се приклучува на репрезентацијата откако во двата воведни натпревари, против Данска, во петок, се повреди Петар Атанасијевиќ, додека Иван Џонов предвреме го заврши вчерашниот дуел ...
Сенегалскиот фудбалски репрезентативец Ламин Камара изјави дека неговиот соиграч Садио Мане е најзаслужниот за вчерашната победа над Мароко во драматичното финале на Африканскиот куп на нации. Во финалето во Рабат, Сенегал го победи Мароко по продолженијата со 1:0, а, иако не постигна гол, Мане стана херој на Сенегал. Финалето беше на работ на прекин, откако гневните сенегалски навивачи се обидоа да влезат на теренот по одлуката на судијата ...
Дваесет и двегодишниот, Борис Стефановски, студент, го извади чесниот крст од Соборниот храм „Свети Никола“. Голем број кумановци се обидоа да го извадат светиот крст во старата градска црква. „Моментално сум студент на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, имам уште еден испит. Седма година се обидувам да го извадам крстот. Оваа година очекувам да дипломирам, да се вработам, да работиме со дечиња да имаме здравје да нè чува ...
Мартин Гоџо од Варош го фати крстот од осветените води на Охридското Езеро. Не е прв пат тој да е најсреќен меѓу оние кои се фрлаат по Чесниот Крст. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова беше дел од свеченото одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид каде што Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј ги освети водите на Охридското Езеро, положувајќи го светиот крст во нив. Мартин Гоџо пак беше најсреќен ...
Дваесет и четригодишниот Дарко Митровиќ од општина Центар, роден на 3 јули 2001 година, денеска беше најсреќен и го извади светиот и животворен крст од водите на Вардар во рамки на централната манифестација за одбележување на празникот Водици во Скопје, што се одржа кај мостот „Слобода“ кај х. „Холидеј ин“. Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан пред положувањето на крстот во Вардар истакна дека Богојавлението е празник на ...
Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Руд ван Нистелрој, од 1 февруари ќе му се приклучи на стручниот штаб на холандската репрезентација, пред Светското првенство оваа година, објави Холандската фудбалска асоцијација. Ван Нистелрој ќе биде помошник тренер на селекторот Роналд Куман. За Ван Нистелрој (49) ова ќе биде трет мандат како помошник тренер во холандската репрезентација, по претходните мандати од 2014 до 2016 година и за време на ...
Во Дебар денеска најсреќен беше Дамјан Стефановски, ученик во петто одделение во дебарската деветтолетка „Пенестија“, кој го фати светиот крст положен во водата на базенот, што се наоѓа во дворот на црквата „Света Петка“ каде се наоѓа и седиштето на дебарската парохија. По светиот крст заедно со Дамјан скокнаа и Теофан Ангеловски и Антониј Тодоровски, но среќата му се насмевна на Дамјан кому радоста му се читаше на насмеаното детско лице. ...
На годинешното празнување на Богојавление-Водици во соборниот тетовски храм Свети Кирил и Методиј во Тетово, осветениот крст во црковниот базен го фати 51-годишниот Јовица Илиески-Кара. Празнувањето започна со литургија која ја отслужи митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф заедно со свештениците на тетовското намесништво. Потоа во дворот од црквата го извршија и чинот на водосвет и положување на осветениот крст во црковниот базен. -Прв ...
Кошаркарите на Мемфис го совладаа Орландо со 126-109 во натпревар од регуларната сезона во НБА лигата, одигран во неделата на лондонската О2 Арена, а дуелот го обележа инцидент кога навивач го попречи изведувањето на американската национална химна. Американската химна, која е составен дел од сите натпревари во НБА, ја изведе пејачката Ванеса Вилијамс, а за време на нејзиниот настап еден гледач извика „Leave Greenland alone!“ (Оставете го ...
Фудбалерите на Сенегал го освоија 35. издание на Африканскиот куп на нации откако го победија домаќинот Мароко со 1-0 по продолжение во Рабат. Финалето на Африканското првенство во неделата вечер понуди вистинска драма и хаос, а во еден момент се чинеше дека натпреварот за титулата нема да се доигра. Речиси е неверојатно што се случуваше во судиското продолжение во второто полувреме. Најпрво, на Сенегал му беше поништен гол, а неколку минути ...
Големо изненадување приредија фудбалерите на Реал Сосиедад кои ја победија Барселона со 2-1 на домашен терен во последниот натпревар од 20. коло на шпанската Ла Лига, во неделата. За Барселона ова беше прв пораз по серијата победи на последните единаесет дуели, во сите натпреварувања. Реал Сосиедад поведе во 32. минута со голот на Ојарзабал постигна гол за 1-0. Пред водечкиот гол, Барселона постигнаа два гола, преку Фермин Лопез и Ламин ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти изутринава АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата ...
Синоптичариоте најавуваат студено утро со мала до умерена облачност, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени. Според ...
Нерешени 29:29 на дуелот на македонските ракометари против Португалија во дуелот од второто коло. Ова е првиот бод за нашите ракометари во групата. Македонските ракометари имаат два гола негатива по првиот дел од вториот натпревар на Европското првенство против Португалија – 13:15. Натпреварот во првиот дел беше дури 11 пати со нерешен резултат, а кон средината на полувремето македонските ракометари поради три исклучувања имаа шест минути ...