Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Екипата на Реал Мадрид успеа да постигне победа против Леванте со 2:0. Но, навивачите имаа свое мислење кое го искажаа за време на натпреварот особено кон првите ѕвезди на екипата. Првиот „концерт“ свирежи го имаше Винисиус кога првпат имаше контакт со топката, а слично реагираа навивачите и кога Џуд Белингам ја имаше топката. На тој начин навивачите дадоа до знаење, кое е нивното мислење за двајцата играчи односно дека двајцата биле ...
Репрезентацијата на Нигерија го освои бронзениот медал на АФКОН откако во „малото финале“ по изведување на пенали го совлада Египет со 4:2 на пенали откако во регуларниот дел дуелот заврши 0:0. Нигерија беше поблиску до победата и во регуларниот дел откако во првото полувреме им беше поништен гол поради фаул и по прегледување на ВАР снимката. Во серијата пенали првите играчи на Египет Мохамед Салах и Омар Мармуш не ги реализираа првите два ...
Екипата на Наполи конечно успеа да стигне до триумф откако три натпревари во Серија А одигра нерешено. Наполи во денешниот дуел од 21. коло го совлада Сасуоло со 1:0, а стрелец на голот беше Станислав Лоботка во 7. минута. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го почна натпреварот, но поради повреда беше заменет во 56. минута со Матео Политано. Во првиот дуел од денешната програма од оваа рунда лидерот Интер како гостин го совлада Удинезе ...
Нормализирана е испораката на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, по денешниот прекин поради дефект лоциран на бул. „Крсте Мисирков“, соопшти попладнево ЕСМ снабдување со топлина. -Екипите на ЕСМ Дистрибуција се на терен и работат на отстранување на дефектот, се вели во информацијата објавена на веб страницата на ЕСМ снабдување. Дефектот предизвикал прекин на ...
По стартната победа на Европското првенство против Романија со 40:34, селекцијата на Португалија во второто коло за ривал ја има македонската ракометна репрезентација. Во таборот на португалската репрезентација се подготвуваат за следниот дуел. – Навистина сум среќен за победата. Следниот дуел ќе биде сосема поразличен имаат играчи со голем квалитет во нападот. Ќе биде потешко отколку со Романија. Тие одиграа навистина добро прво полувреме ...
Полскиот репрезентативец и играч на Вардар Виктор Јанковски, кој на вчерашниот дуел со Унгарија беше дисквалификуван во 34.минута со одлука на Дисциплинската комисија беше санкциониран. Тој нема да има право на настап на два натпревара, поради што неговото дејство било неодговорно и опасно. Јанковски нема право да ги игра следните два натпревари од ЕХФ ЕУРО 2026: Полска против Исланд на 18 јануари 2026 година и Полска против Италија на 20 ...
Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ наскоро би можел да го напушти тимот на Манчестер Сити. Но, негова следна дестинација потенцијално е повторно клуб од Премиер лигата – Вест Хем. Последните неколку натпревари Ковачиќ не е во комбинација кај Пеп Гвардиола и има само два натпревара, а секако на бројот на натпревари влијание има и повредата. Клубот од Лондон, Вест Хем кој се бори за опстанок е подготвен за ангажирање на Ковачиќ, особено ...
Првиот дуел од 22.коло од Премиер лигата заврши со победа на Манчестер Јунајтед со 2:0 во „дербито на Манчестер“ против Манчестер Сити. Ова воедно беше и деби натпревар на новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Мајкл Керик. Манчестер Јунајтед беше подобар ривал во текот на целиот натпревар, а откако во првиот дел пропушти неколку шанси и им беа поништени и два гола поради офсајд позиција. Во вториот дел домашната екипа ги реализираше своите ...
Фудбалерите на Реал Мадрид по двата пораза во Супер купот и Купот на Шпанија се вратија на победите откако во дуелот на домашен терен во 20. коло го совладаа Леванте со 2:0. Ова воедно беше прв триумф на новиот тренер Алваро Арбелоа. Инаку навивачите со свирежи ги „поздравија“ претседателот Флорентино Перез и играчот Винисиус. Победата „кралскиот клуб“ ја обезбеди со двата гола во вториот дел. Водството во 58. минута го донесе Килијан Мбапе ...
Охрид – луѓе и марифети“ е новата книга на Томислав Тунтев, чија промоција се одржа денеска во Охрид. Делото претставува уште едно значајно сведоштво за животот, згодите и незгодите од охридски Варош, раскажани на стар охридски дијалект – посебен, богат и префинет говор кој сè поретко се слуша, а носи силен културен белег на градот. На промоцијата, авторот истакна дека желбата да напише книга произлегла од потребата да остави траен пишан ...
Џоломарите од кавадаречкото село Ресава, парите собрани за Василица, ќе ги вложат во старото училиште, за развој на етно туризам. Од џоломарската група информираа денеска за МИА, дека по отворањето на етно соба во старата училишна зграда, во план им е да направат и апартмани, за престој на туристите кои сакаат да го посетат ова интересно село близу Тиквешко Езеро. – Имаме прекрасна природа, езеро во близина, производство на извонредни вина и ...
Општина Аеродром го осудува синоќешниот вандалски чин во паркот „Бановина“, каде е искршена урбаната опрема, оштетена е фонтаната, а обиена е и чуварската куќа. Од Општината нагласуваат дека брутално е уништена заедничката сопственост на сите граѓани и додаваат дека ваквите постапки нема да бидат толерирани, а случајот е веќе пријавен во полиција. – Апелираме до граѓаните: да го чуваме она што е наше, да пријавуваме вандализам и да покажеме ...
Куќата од популарната серија „Принцот од Бел-Ер“, најверојатно, ќе оди на пазарот по 48 години од последната продажба. Имено, извор за списанието „Пипл“ (People) изјави дека легендарното здание во Лос Анџелес, користено за снимањето на американската хумористична ТВ-серија, ќе биде ставено на продажба првпат по 1978 година. Иако приказната се одвива во населбата Бел-Ер, куќата всушност се наоѓа во Брентвуд. Имотот е изграден во 1937 година. ...
На Европскиот шампионат во ватерполо што се игра во Белград синоќа беше комплетирано првото коло од завршната фаза. Фаворитите не дозволија изненадување, па така продолжува трката за подобра позиција во групите. Домаќинот Србија ја совлада Франција со 14:10, додека Унгарија беше поуспешна од Холандија со 16:11, додека најубедлива победа оствари Шпанија совладувајќи ја Црна Гора со 14:6. Унгарија е прва на табелата со 9 бодови, пред Србија со ...
Натпреварот со Данска е веќе минато, а македонските ракометари се подготвуваат за новиот предизвик – Португалија. На утринскиот брифинг со новинарите селекторот Кирил Лазаров напомена: – Нашиот следен ривал Португалија, тоа е одлична репрезентација и тука се дојдени да се борат за медал. Но, тие не се на нивото на Данска. За нас најважно е да се обидеме да одиграме подобро од дуелот со Данска. Сите ние сакаме изненадување. Португалија е ...
Ден одмор за македонските ракометари, но обврските кон јавноста и новинарите се нешто што мора да се „одработи“. Капитенот на репрезентацијата Филип Кузмановски имаше свое видување за дуелот со Данска што измина, но и за тој што следи со Португалија. – Португалија е селекција со која може да „играме“ и да се обидеме да ја победиме. Најважно е да немаме осцилации во нашата игра и приоритет треба да биде нашата одбрана и да напаѓаат на наша ...
Кошаркарите на Хјустон остварија нова победа 110:105 пред сè на расположениот Кевин Дурент кој против Минесота постигна 39 поени. Кон средина на третиот период Дурент ја презеде одговорноста и заедно со Алперен Шенгун, кој постигна 25 поени со 14 скокови и донесоа триумф на „ракетите“. Во редовите гостите Џулијус Рендл постигна 39 поени, но поради повреда на стапалото не настапи Ентони Едвардс и дуелот го следеше од клупата. Резултати на ...
НБА лигата секој петок ја објавува новата листа за МВП наградата, а по неколку месеци доминација на Никола Јокиќ од Денвер, на лидерската позиција се појави името на Шеј Гилџус-Александер од Оклахома Сити. Актуелниот лидер во моментов е меѓу водечките стрелци на лигата, а добри карактеристики има и во дефанзивните статистички податоци. Има просек од 31,9 поени по натпревар; 4,5 скокови и 6,4 асистенции. Без проблеми постигнува по 30 поени, а ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски го одигра својот најдобар натпревар во дресот на Глазгов Ренџерс постигнувајќи хет-трик. Тој трите гола ги постигна на дуелот од 1/16 финалето на Шкотскиот куп против екипата на Анан Атлетик. Првиот голо Миовски го постигна во 12.минута со што ја отвори серијата, а 20 минути подоцна беше стрелец и на вториот гол за водство од 2:0. На почетокот на вториот дел Глазгов Ренџерс поведе со 3:0, а ...
Во текот на следната недела Мохамед Салах се враќа во својот тим Ливерпул по завршување на АФКОН, откако неговата репрезентација Египет попладнево го игра дуелот за третото место Нигерија. Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изјави дека е среќен што Салах се враќа, иако пред заминувањето на натпреварувањето двајцата имаа големи недоразбирања. Салах по дуелот со Лидс даде изјава дека „некој не сака да остане во клубот, како и тоа дека нема однос ...
Синоптичарите за денеска најавуваат слаби локални врнежи од дожд на пониските места, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Најниска минимална температура изутринава е измерена на Попова Шапка -4 степени, а највисока во Гевгелија 6 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи Скопје. Во Скопје-Петровец измерена а утринска температура од -3, потоа -2 Тетово и Mаврови Анови, -1 во Штип и Берово, 0 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија, Кавадарци и Kрушево, 1 степен во Крива Паланка, Прилеп, Струмица и Велес, 2 во Охрид, Претор и Битола и 3 ...
Следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Утре ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег. В понеделник и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи ...
Современите општествени процеси, феноменот на дигиталната технологија и предизвиците што произлегуваат во областите на идентитетот, културната меморија, наследството, туризмот и безбедноста ќе бидат теми на дискусија во рамки на 14. Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“ што од денеска се одржува во Охрид. – Оваа година на конференцијата ќе бидат разгледувани сите тие аспекти, да видиме како истите се употребуваат преку ...
Општина Кисела Вода информира дека продолжува со проектот за замена на уличните светилки со цел подобрување на осветленоста и енергетската ефикасност на јавните површини. Се работи во населбата Пинтија, во рамки на втората фаза од проектот кој ги опфаќа и населбите Кисела Вода и Припор. Досега се заменети над 2 400 светилки во населбите Пржино и Црниче. – Со новите ЛЕД светилки осветлувањето ќе биде поекономично, со намалена потрошувачка на ...
Распаѓањето на она што некогаш беше најголемата санта лед во светот, А23а, е снимено на нова сателитска снимка, пренесе ДПА. Снимката ги покажува првите знаци дека сантата лед наскоро целосно ќе се распадне, објави денеска Европската вселенска агенција (ЕСА), истакнувајќи го исклучително јасниот поглед без облаци на гигантот додека плови во близина на Антарктикот. – Светлосините области видливи на неговата површина и на ледените брегови на ...
Пред почетокот на новото издание на Австралија опен (почнува во недела) актуелниот шампион Јаник Синер е во центарот на вниманието. Ланскиот настап за Синер беше одбележан со голем притисок од јавноста, особено што беше позитивен на забранети супстанции во текот на 2024 година. – Минатата година беше тешка, едноставно во тие моменти не знаев што ќе се случи. Се трудев да уживам на теренот и тоа постојано ми беше во главата. Суспензијата ми ...
Аргентинскиот фудбалер Џулијано Симеоне потпиша нов договор со Атлетико Мадрид, соопшти шпанскиот клуб. Симеоне го обнови договорот со клубот до 30.јуни 20230 година, со што ја продолжи верноста на уште две години бидејќи неговата обврска траеше до јуни 2028 година, објавија „црвено-белите“. Симеоне, кој има 23 години оваа сезона досега одигра 27 натпревари и има постигнато три голови, а негов тренер е неговиот татко Диего. Џулијано Симеоне ...
Германскиот голман во редовите на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, наскоро ќе ѝ се приклучи на Жирона, на позајмица до крајот на сезоната, јави денеска каталонскиот весник „Спорт“. Според истиот извор, двата клуба се блиску до финализирање на договорот. Тер Штеген е во Барселона од 2014 година и оттогаш има 423 настапи во сите натпреварувања, од кои на 176 натпревари ја зачува мрежата на каталонскиот клуб. Тековниот договор на Тер Штеген со ...