Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Полската национална агенција за академска размена – NAWA известува дека во академската 2026/2027 година, реализацијата на билатерална соработка во областа на високото образование и наука од страна на Полска ќе биде спроведена во рамките на Програмата за размена на студенти и научници, како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници (Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ја посети лабораторијата за радијациска физика при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при УКИМ, соопшти ресорното Министерство. Според информацијата, станува збор за акредитирана лабораторија, согласно пропишаниот стандард за квалитет, која покрај акредитацијата за детекција на храна и материјали третирани со јонизирачко зрачење, има акредитација и за персонален ...
Начинот на кој се подготвува кафето може да има многу поголемо влијание врз здравјето на срцето отколку што вообичаено се мисли. Најновите научни сознанија укажуваат дека главниот виновник за високиот холестерол можеби не се наоѓа во чинијата, туку во шолјата со кафе. Истражувањата покажуваат дека разликата меѓу филтер-кафето и „турското“ кафе, кое е најзастапено на Балканот, не е само во вкусот, туку и во долгорочните последици по ...
Кафуле отворено во 2004 година неодамна ја достигна својата популарност откако видеоснимки почнаа да кружат на социјалните мрежи. Пиењето кафе со волшебен поглед обично е синоним за опуштање, но малкумина би успеале навистина да се релаксираат во кафулето кое буквално „виси на карпа“. Локалот наречен „Кафуле на карпа“ (Cliff Coffee), се наоѓа во кинеската провинција Фуџијан, и е сместен на стрмна карпа- околу 60 метри надморска височина. ...
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс ги поместува границите во НБА лигата и поставува нови рекорди. На дуелот против Денвер, кој неговата екипа го загуби (113:120) постави нов рекорд. Во финишот на првата четвртина успеа да реализира шут. Тоа беше негов 15.838 погоден шут од игра во кариерата, со што го мина легендарниот Карим Абдул Џабар. На дуелот Леброн имаше шут од игра 7/11 со 16 поени. Тој на 7. февруари 2023 година го мина ...
Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, пред повеќе од 200 гости беше промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“ од француската авторка Аријан де Сен-Марк – дело што претставува внимателно селектирана и богато анализирана збирка иконографски претстави на Богородица од VII до XV век. Книгата ги опфаќа најзначајните иконографски типови на Богородица, нивниот теолошки, историски и уметнички ...
Црквата „Св. Атанасиј Велики“ од 19 век, сместена на падините на Кожуф во гевгелиското село Габрово, ќе биде прогласена за споменик на културата. Одлуката беше донесена на последната седница на Советот на Општина Гевгелија, со што започнува постапката за нејзина заштита и реставрација. Во годишната програма на Националната установа Завод за заштита на спомениците и Музеј – Струмица се предвидени 217.000 денари за изработка на основен проект ...
Општина Битола денеска почна да гради типската училишна спортска сала во дворот на основното училиште „Стив Наумов“. Училишната фискултурна сала ќе биде на површина од 650 квадратни метри, објект што ќе се користи за спортски и рекреативни активности во мали спортови како кошарка, одбојка, гимнастика, ракомет, пинг понг и други спортови поврзани со училишното образование. Почетокот на градежните работи го проследи градоначалникот на Општина ...
Вселенската компанија „Васт“ со седиште во американската сојузна држава Калифорнија, се стреми да го прошири човековото присуство во вселената, а сега има и многу повеќе пари за таа своја цел. Се работи за повеќе планирани приватни вселенски станици под заедничкиот назив „Хејвен“. Според официјалните наводи, потврдено е дека се собрани 500 милиони долари по новото финансирање. – Оваа инвестиција ја нагласува силната верба на пазарот во нашата ...
Познатиот филмски таен агент 007 – Бонд, Џејмс Бонд, со децении е еден од најпрепознатливите ликови во светската кинематографија. Неколкумина имале можност да го глумат 007 со текот на времето, но Шон Конери е првиот и омилениот кај многу обожавателите на филмовите засновани на романите на британскиот писател Ијан Флеминг. Сепак, снимањето на филмови за Бонд не секогаш било без опасности. Во времето кога шкотскиот глумец го глумеше ликот, ...
Откако минатиот месец во Милано и Кортина д’Ампецо се одржаа Зимските олимписки игри, од денеска до 15 март на истите борилишта ќе се одржат Зимските параолимписки игри (ЗПОИ) 2026, на кои прв пат во историја ќе настапи и македонски параолимпиец. Спортистите со попреченост ќе се натпреваруваат за медали во шест спортови, а се очекува учество на околу 700 параолимпијци од околу педесет земји. Македонски претставник на ЗПОИ2026 ќе биде Зоран ...
Словенката Ника Превц доминираше денеска на скокалницата во Лахти, обезбедувајќи ја својата 16 победа сезонава со што постави нов рекорд во Светскиот куп во скијачки скокови во женска конкуренција. Дваесетгодишната Превц ја повтори доминацијата од вчерашниот ден и дојде до вториот триумф во Лахти со убедлива предност пред двократната олимписка шампионка Ана Одине Стром од Норвешка и Јапонката Нозоми Марујама. Со својата 16. сезонска победа, ...
Италијанката Лаура Пировано ја оствари својата прва победа во Светскиот куп во алпско скијање, откако денеска триумфираше на спустот во италијанскиот зимски центар Вал ди Фази. Пировано беше за една стотинка побрза од второпласираната Германка Ема Ајхер и за 29 стотинки побрза од актуелната олимписка шампионка во спуст, Американката Бризи Џонсон, Најдобриот резултат на Пировано претходно оваа сезона беше четвртото место во спуст во австриски ...
Евролигата можно е во следната сезона да има нов клуб и тоа од соседна Грција. Неизвесно е учеството на Асвел, а финансиски проблеми има Монако. Како потенцијален учесник за сезоната е екипата на ПАОК од Солун и тоа би била трета екипа од оваа држава по Панатианикос и Олимпијакос. Овој грчки клуб би настапувал со вајлд карта, а се напомнува дека финансиските средства не се проблем за овој клуб. Евролигата позитивно гледа на оваа опција. ПАОК ...
Нивото на водата во Охридското Езеро се наоѓа на котата 693,73 метри надморска височина или 24 сантиметри над просекот за март (693,49 мнв). Водостојот на езерото е значително подобрен споредбено со лани минатата година кога во март нивото на водата во езерото се наоѓаше и повеќе од 30 сантиметри под месечниот просек или неколку сантиметри над дозволениот минимум. Температурата на водата во езерото изнесува 6,5 степени Целзиусови што е степен ...
Едукативниот анимиран филм „Кликни безбедно“, создаден како заеднички проект на ученици и наставници со цел подигнување на свеста за безбедно и одговорно користење на интернетот, денеска беше промотивно прикажан во Домот „Билјана Беличанец“ во Општина Кисела Вода. Филмот, со времетраење од 15 минути, е изработен во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет, имплементиран од Министерството за дигитална трансформација, и е ...
Амбасадорот на Албанија во државава, Денион Меидани, организираше посебна средба со премиерот на Албанија, Еди Рама, на деца од библиотеката „Линкест“ во Битола. „Средбата се одржа во рамки на промоцијата на албанскиот јазик и култура во странство. Децата имаа можност да ги споделат своите искуства и да зборуваат за нивната љубов кон албанскиот јазик и читањето книги на албански јазик, објавија албанските медиуми. На средбата Меидани ја ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на денешната панел дискусија „Раст на економијата – економска сигурност на граѓаните“, говореше за состојбата во земјоделскиот сектор. Трипуновски истакна дека земјоделството во изминатите години, според податоците со кои располага Министерството, бележело негативен тренд, особено во делот на квантитетот на производството и извозот на земјоделските производи. „Ако ги ...
Енергетската транзиција е процес кој директно ги засега луѓето, заедниците и економскиот развој, а улогата на жените во оваа трансформација е суштинска, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во обраќањето на настанот „Женски лидерски дијалог во енергетиката“, посветен на улогата на жените во енергетскиот сектор и нивното поголемо вклучување во развојот на обновливите извори на енергија и ...
Седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, изјави дека не сака да ја заврши кариерата без да има настап во кариерата во Африка, повикувајќи ги лидерите на натпреварувањата да му дадат на континентот право да биде домаќин. „Во последните шест или седум години се борам зад сцената да имаме трка од Ф1 на африканскиот континент. Разговарав со различни луѓе и го поставив прашањето: Зошто не сме во Африка?“, рече Хамилтон, ...
Иранската државна телевизија ја нарече денеска националната женската фудбалска репрезентација „воени предавници“ откако фудбалерките не ја испеаја химната пред натпреварот од Азискиот куп против Јужна Кореја во Австралија претходно оваа недела. Иран настапува на континенталниот турнир во време кога воениот конфликт ескалира во земјата, откако САД и Израел почнаа воздушни напади за време на викендот во кои беше убиен врховниот лидер на ...
Британската Влада објави синоќа дека ќе ги бојкотира церемониите на отворање и затворање на Зимските параолимписки игри (ЗПОИ), кои ќе се одржат во Милано и Кортина од 6 до 15 овој месец, во знак на протест против враќањето на руските и белоруските натпреварувачи на меѓународните натпревари под своите национални симболи. „Јасно ставивме до знаење дека руската и белоруската држава не треба да бидат претставени во меѓународниот спорт на ...
Полскиот тенисер Камил Мајхшак се пласираше во второто коло од Мастерсот во Индијан Велс, откако го победи синоќа Французинот Џовани Мпечи Перикар со 6:3, 1:6, 7:5 по три сета. Мајхшак (АТП – 57) го победи 54-от играч на АТП листата по еден час и 47 минути. Во второто коло, Мајхшак ќе игра против српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Мајхшак е закажан за в сабота. Post Views: 0 март 6, 2026 Полскиот тенисер Камил Мајхшак се ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 17 степени. Според најавите од Управата за ...
На сцената на Националната опера и балет вечер од 19.30 часот ќе биде изведена операта во три чина „Тоска“ од Џакомо Пучини, во режија на Огњан Драганов од Бугарија. Диригент е гостинот од Италија, Џанлука Мартиненги, сценографијата е на Зоран Николовски, костимографијата на Марија Пупучевска. Во насловната улога (Флорија Тоска) ќе настапи Злата Тошевска-Димовска, во улогата на Каварадоси – Миша Шешаберидзе од Грузија, во улогата на Скарпија ...
Кошаркарот на Шарлот Кон Кнупел е најсериозниот кандидат за освојување на признанието „руки“ на сезоната. Награда што ја добива најдобриот дебитант. На последниот натпревар против Бостон, тој постигна 20 поени. Поранешниот играч на Дјук универзитетот има одиграно 62 натпревара со просечно постигнати 19,2 поени; 5,5 скокови и 3,4 асистенции и со просек од 44 отсто за шут за три поени. Главни конкуренти за наградата му се: Купер Флег, Ви Џеј ...
Европската фудбалска федерација УЕФА останува на планираното градот Доха и покрај ситуацијата на Блискиот исток да биде домаќин на познатата „Финалисима“, пренесува АП, која треба да се игра на 27.март. Во Доха ќе треба да се одигра дуелот меѓу шампионот на Европа и Јужна Америка, а како организатори се УЕФА и КОНМЕБОЛ. Репрезентациите на Шпанија и на Аргентина треба натпреварот да го играат на стадионот Лусаил, каде се играше финалето на СП ...
Актуелниот првак на Македонија тетовска Шкендија го совлада лидерот на табелата на шампионатот Вардар со 1:0. Ова беше прв пораз на „вардарци“ во шампионатот, а тетовчани со новите бодови ја намалија разликата на табелата. Шкендија единствениот гол го постигна во 66.минута, а стрелец беше Лиридон Љатифи, на асистенција на Бесарт Ибраими. До крајот на натпреварот Вардар имаше неколку удари, но гостинската мрежа не се затресе. На натпреварот ...
Со изведбата на „Кец на десетка“ на Македонскиот народен театар во Домот на културата Кичево, вечер свечено ќе биде отворена театарската програма на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“. -Со хит претставата „Кец на десетка“, која неодамна јубилејно беше одиграна по 100-ти пат, Македонскиот народен театар ќе гостува во Домот на културата Кичево, на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“. Токму оваа искрена и топла ...
Проектот „Медицинска сестра во заедницата“ кој, за првпат од април лани, се спроведува во Прилепскиот Регион, добро функционира и на околу 200 корисници од Прилеп, Долнени, Кривогаштани, а од неодамна и во Градско, им дава медицински и социјални услуги во домот. Ова беше констатирано при денешната презентација на проектот во Прилеп пред заменик-амбасадорот на Австрија Матијас Хуменбергер и пред аташето Харалд Брезе-Фугер зашто финансиер на ...