Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Компанијата ОпенАИ објави дека нејзиниот најпознат производ ЧетГПТ достигнал нова голема пресвртница – платформата сега ја користат околу 900 милиони активни корисници неделно. Овој податок покажува колку брзо расте популарноста на вештачката интелигенција. Од компанијата потврдуваат дека ЧетГПТ продолжува да урива рекорди, а бројот на корисници кои секојдневно ја користат оваа алатка базирана на вештачка интелигенција сега е на ниво за кое ...
Домот на светската музичка ѕвезда Ријана во Беверли Хилс вчера беше цел на вооружен напад, додека пејачката престојувала на имотот, пренесуваат американските медиуми. Според полицијата во Лос Анџелес (LAPD), инцидентот се случил околу 13:20 часот по локално време. Осомничена 30-годишна жена, чиј идентитет сè уште не е објавен, наводно пукала од возило во движење кон влезот на имотот на пејачката. Локалните медиуми, вклучувајќи ги „Лос Анџелес ...
Милан синоќа го победи Интер со 1:0 во дербито на 28. коло од Италијанското фудбалско првенство. Единствениот гол го постигна еквадорскиот интернационалец во редовите на домашниот тим, Первис Еступињан во 35-тата минута. Двата тима имаа по два удари во рамките на голот. Милан со 60 бода по 28 натпревари е втор на табелата во Серија А и ги зачува шансите за освојување на шампионскиот трофеј. Интер собра 67 бода и е лидер на табелата. Во ...
Бенфика и Порто одиграа нерешено 2:2 синоќа во 25. коло од португалската Премиер лига. Натпреварот се одигра на „Естадио да Луж“ во Лисабон. Виктор Фрохолд и Оскар Пјетушевски ги постигнаа головите за гостите во првото полувреме. Андреас Шјелдеруп и Леандро Бареиро ги постигнаа головите за домаќините во второто полувреме, а Бареиро израмни во 89. минута. Во 90+1 минута, тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, и резервниот дефанзивец Николас ...
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри не се откажува од трката за шампионскиот трофеј во Серија А, но смета дека Интер е прв фаворит. Милан синоќа го победи Интер со 1:0 и ја намали разликата на врвот на табелата на седум бода. – Седум бодови е огромна предност. Последниот пат кога Милан ги доби двата дербија во лигата беше 2011 година. Се сеќавате како заврши таа сезона? Станавме шампиони. Но, сега Интер е седум бода понапред, што е огромна ...
Тренерот на Интер, Кристијан Киву изрази незадоволство од начинот на којшто неговиот тим го одигра синоќешното дерби со Милан, особено во првото полувреме. – Сè уште имаме 10 натпревари до крајот, треба да го искористиме моментумот што го создадовме. Игравме под нашето ниво во првото полувреме и примивме гол. По паузата во првите 20 минути создадовме неколку шанси. Се обидовме да наметнеме темпо, ја сменивме нашата формација, но не можевме да ...
Поранешниот тренер на Барселона, Чави, зборуваше за неуспешното враќање на Лионел Меси во клубот по Светското првенство во 2022 година. – Враќањето на Меси во Барса по Светското првенство во 2022 година беше завршена работа. Лео го сакаше тоа, имавме дозвола од Ла Лига. Но, Лапорта (Жоан Лапорта, претседател на Барселона од 2003 до 2010 и од 2021 до 2026 година) го запре трансферот… Тој рече дека ако Меси се врати, ќе има војна за плати. Меси ...
Стариот музички механизам на градскиот часовник во Битола, наскоро ќе биде јавно изложен во Музичка соба што се подготвува во битолскиот Офицерски дом. Стариот музички механизам откриен при новинарско истражување, долги години оставен во внатрешноста на битолскиот градски часовник, Општина Битола ќе го донира на Културно информативен центар (КИЦ) Битола, каде целосно ќе биде заштитен, достапен на јавноста и со соодветен информативен агол за ...
Во Македонскиот културен центар во Истанбул утре со почеток во 20.00 часот, ќе се одржи културен настан посветен на заедничката традиција на македонската гајда и турскиот тулум, како значаен дел од нематеријалното културно наследство на двата народа. -Настанот се организира по повод 10 март – Меѓународниот ден на гајдата, со панел-дискусија на која ќе учествуваат експерти од Македонија и Турција. Панелот ќе биде посветен на историските, ...
Како дел од активностите за одбележување на 12 Март – Светскиот ден на бубрежното здравје, Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ објавувава серија текстови посветени на ретките бубрежни заболувања, како исклучително комплексни болести што често тешко се дијагностицираат, а бараат специфичен, доживотен третман. Текстовите се изработени од страна на еминентни експерти по медицина, а со цел подобра едукација на јавноста и рана ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ги искажа впечатоците по денешното Гран при на Австралија, истакнувајќи дека и покрај водството на тимот, не бил уверен во победата ако Ферари не погрешеше со влегувањата во бокс. Расел смета дека Мерцедес нема доминантна предност пред своите ривали – иако нивното водство во однос на петтопласираниот Ландо Норис беше 51 секунда, а Британецот ги победи двајцата возачи на Ферари за 15 и 16 секунди, соодветно. ...
Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, ќе ги пропушти следните два натпревара на тимот поради суспензија. Педесет и двегодишниот тренер вчеравечер го доби својот шести жолт картон оваа сезона во осминафиналето на ФА Купот против Њукасл (1:3). Шпанецот нема да може да го води тимот на натпреварот од 30. коло од англиската Премиер лига против Вест Хем (14 март), како и за четвртфиналето од ФА Купот. Сепак, суспензијата нема да влијае на ...
Два натпревара се одиграа попладнево од 22.коло во Првата македонска фудбалска лига. Бодовите ги освоија домашните екипи. Постигнати резултати: Башкими – Македонија ЃП 2:0 Тиквеш – Пелистер 1:0. Вчера, Струга го совлада Шкупи со 5:0. Двојките за другите натпревари од оваа рунда се: Силекс – Вардар (9 март) Шкендија – АП Брера (9 март) Работнички – Аресими (10 март). Водечките три екипи на табелата се Вардар со 52 бода, Шкендија има 51, Струга ...
Реал Мадрид е заинтересиран за двајца фудбалери за врска, Родри од Манчестер сити и Сандро Тонали од Њукасл, објави „talkSPORT“. Договорот на Тонали со „Свраките“ истекува во 2028 година, но тој е силно поврзуван со можен трансфер. Минатиот месец беше објавено дека 25-годишникот би бил среќен да се врати во својата родна Италија. Њукасл го проценува Тонали на 80-100 милиони фунти. Претходните извештаи за интерес за Италијанецот ги вклучуваа ...
Поранешниот тренер на Јувентус, Тијаго Мота, се разгледува за функцијата во Тотенхем. Според „Кориере дело Спорт“, сегашниот тренер на Спарс, Игор Тудор, би можел да ја изгуби својата позиција поради лошите резултати на тимот. Четириесет и двегодишниот Мота се смета за водечки кандидат. Тотенхем е на 16-то место на табелата во Премиер лигата со 29 бода, само еден бод повеќе од екипите кои се наоѓаат во „Зоната на испаѓање“. Мота е без ...
Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид има намера да заработува 300 милиони евра годишно од рекламирање на дресови. Реал Мадрид е блиску до продолжување на договорот со „Емирати“ до 2031 година, објавува „Ас“. Мадридскиот клуб соработува со авиокомпанијата од Емиратите од 2013 година. Оттогаш, логото на спонзорот се појави на предната страна од дресовите на фудбалерите. Дополнително, во тек се преговори за продолжување на договорите со ...
Рома вечерва загуби со 2:1 од Џенова во натпревар на гости од 28. коло на италијанското фудбалско првенство. Стрелци на головите за домаќините беа Витиња и Жуниор Месиас. За римскиот клуб погоди Еван Н’Дика. Рома е петта на табелата во Серија А со 51 бод. Тимот од Рим пропушти шанса со победа да се доближи до врвот. Џенова, со 30 бода, е 13-та на табелата. Рома ќе игра против Комо на гости во следниот натпревар, додека Џенова ќе се соочи со ...
Околу 300 учесници од Македонија и од 17 земји денеска во Прилеп трчаа на меѓународната планинска трка „Крали Марко траилс“. Учесниците се дел во една од трите планински трки: на 40, 23 и на 13 километри. -Меѓународната планинска трка „Крали Марко траилс“ се одржува по 13-ти пат. Целта е да ги поттикнат луѓето да се потпрат на здрави навики, здрав начин на живот, од една страна, а од друга страна да побегнат од секојдневието и трчајќи ќе ...
Општина Дојран започна со хортикултурно уредување и разубавување на шеталиштето во Стар Дојран, со цел да го оплемени просторот кој подолго време е со запуштен изглед. Со оваа иницијатива, како што велат од општината, ќе се врати сјајот на едно од најфреквентните и најпрепознатливи места покрај Дојранското Езеро. Од општината информираат дека се засадува ново сезонско цвеќе и декоративни растенија за да се создаде пријатен амбиент за прошетка ...
Младиот пливач Џефри Гил (18) од Ватфорд, Англија, со потекло од Делчево, освои златен медал на Светското првенство во ледено пливање кое се одржа во Оулу, Финска, во екстремни арктички услови. Гил кој настапи за Македонија го освои првото место на трката на 100 метри, со што уште еднаш го потврди својот талент, силна физичка подготвеност и способност да се натпреварува во еден од најекстремните спортови во светот. Претходно Гил освои второ ...
Мотивот на жената е една од најдлабоките и највлијателните теми во македонската поетска ризница. 8 Март –Денот на жената беше повод за разговор со тројца наши книжевници и мајстори на версот да проговориме за темата на жената во македонското поетско творештво. Бранко Цветкоски, Санде Стојчевски и Славе Ѓорго Димоски едни од нашите најценети современи македонски поети кои со своето богато творештво се меѓународно афирмирани, наградувани и ...
Рано утринава, во 4 часот и 32 минути, во западните и југозападни делови на Републиката, во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува од Грција, на околу 200 километри јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.5 Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет – Скопје соопшти дека интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува III степени според ...
На големата сцена на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ синоќа беше прикажана детската претстава „Чудесниот напиток“ со Хари Потер на независниот театар „Златен елец“ од Скопје. За одличната изведба на актерите со многу чудесни напивки и магии од детската публика и нивните родители беа наградени со долг и силен аплауз а сосема за крај и се сликаа со нив на сцената. Основачи на овој независен театар пред шест години се Надица ...
Пол Ванер, играчот од средниот ред на ПСВ, одлучи да игра за австриската репрезентација. Ова прашање веќе помина во Светската фудбалска асоцијација (ФИФА). Мајката на 20-годишниот поранешен играч на Баерн Минхен е Австријка, а неговиот татко е Германец. Ванер претходно играше за младинските тимови на Германија. Фудбалерот се надева дека ќе игра за Австрија на Светското првенство 2026 година. Post Views: 2 март 8, 2026 Пол Ванер, играчот од ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го освои првото место, а неговиот тимски колега Андреа Кими Антонели заврши втор утрово на отворањето на сезоната 2026 во Формула 1. Дваесет и осумгодишниот Расел ја започна трката од пол-позицијата и ја искористи предноста. На пиедесталот се искачи и возачот на Ферари, Шарл Леклер кој беше трет. Во првите десет се најдоа и: Луис Хамилтон (Ферари), Ландо Норис (Мекларен), Макс Верстапен (Ред Бул), Оливер ...
Во македонското кошаркарско првенство во текот на вчерашниот ден се одиграа четири натпревари од 17.коло. Во дербито, МЗТ Скопје го победи Пелистер, додека Чаир го совлада работнички кој е во резултатска криза. Резултати: Ангели – ТФТ 66:95 Феникс – Тиквеш Голден Игл 76:87 МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер 87:73 Чаир – Работнички 75:73. Вечер играат: Маџари – Кожув МКК Куманово – Гостивар. Табела: ТФТ 33 бода, МЗТ Скопје 32, Пелистер 29, Чаир ...
Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, го пофали настапот на тимот во осминафиналето на ФА Купот против Њукасл. Натпреварот се одржа вчеравечер на „Сент Џејмс Парк“ во Њукасл и заврши 3:1 во корист на „Граѓаните“. Омар Мармуш постигна два гола за Сити, а Савио додаде уште еден. – Беше фантастично. Кога се обидовме да создадеме комбинации, бевме многу ефикасни, особено Савињо и Доку. Тоа беше нашиот најдобар настап на овој стадион откако ...
Барселона го победи Атлетик Билбао синоќа со 1:0 во натпреварот на гостински терен од 27. коло од шпанското првенство. Фудбалерот од средниот ред Ламин Јамал го постигна единствениот гол во 68. минута. Барселона ја оствари својата трета последователна победа во сите натпреварувања. Тие се на чело на табелата во шпанското првенство со 67 бода по 27 натпревари. Атлетик Билбао е во серија од три натпревари без победа. Тие се на деветтото место ...
Реал Мадрид го разгледува Јирген Клоп како водечки кандидат за тренерската позиција. Според „Sky Sports“, мадридскиот клуб го следи германскиот менаџер веќе неколку години и го цени поради неговата харизма и способност да ги води тимовите кон врвна форма на долг рок. Клубот е уверен дека тој е тренер способен да ги води „Лос Бланкос“ кон нови победи. Се забележува дека сè уште не се воделе официјални преговори, но доколку Клоп одлучи да се ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Австралија, го повика тимот да продолжи да работи и покрај значајната предност во перформансите. Расел е уверен дека Мерцедес би можел да изгуби позиција ако не успеат да постигнат напредок во наредните трки. – Тимот дефинитивно треба да ја искористи ситуацијата додека условите се поволни. Иако мојот пристап кон оваа трка беше дека ако ја ...