Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Денеска пристигна официјално известување од Европската комисија, Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, дека средствата од ИПАРД-програмата се повторно достапни за македонските земјоделци. Во согласност со навреме преземените активности, направената целосна и детална контрола за користење на ИПАРД-средствата, утврдено е дека нема неправилности во постапките. Тоа значи дека системот функционира, институциите постапуваат ...
Шестгодишната ЕУ-финансирана програма „ЕУ за општините“ (EU4M) денеска беше заокружена со доделување признанија за општинска извонредност за постигнувања општини и региони во управување со проекти финансирани од ЕУ, зголемување приходи, финансиско управување, прекугранична соработка, отпорност, развој на туризмот и зајакнување на административните капацитети. Министерот за локална самоуправа Златко Перински истакна дека резултатите постигнати ...
Вештачкото осветлување ноќе го нарушува природниот биолошки ритам на телото и може значително да го зголеми ризикот од смрт кај цицачите, според ново истражување од Универзитетот на Тел Авив, цитирано од израелската новинска агенција ТПС. Наводите даваат некои од најјасните докази досега за штетните влијанија од светлосното загадување. И ниските нивоа на вештачка светлина, се вели, споредливи со обичното улично осветлување, можат да го ...
„Рекордот за најдолгото тирамису на светот е соборен во Лондон. Сто италијански готвачи во градската куќа во Челзи, се здружиле да направат доволно долго тирамису за да го надмине претходниот рекорд кој го постави компанијата Галбани (Galbani) во Милано, кој изнесувал 273,5 метри“, пренесе ББС. Во согласност со правилата на Гинисовата книга на рекорди, рекордниот тирамису колач бил подготвен на самото место, а биле искористени 50.000 бисквити ...
Австралиската влада предложи нов данок на дигиталните платформи Мета, Гугл и ТикТок, така што дел од нивните приходи ќе бидат насочени кон финансирање на редакциите и поддршка на медиумската индустрија. Според нацрт-законот што треба да биде испратен во парламентот до 2 јули, големите технолошки компании ќе бидат обврзани да платат надомест или да склучуваат комерцијални договори со медиумски организации за користење и дистрибуција на ...
Лидерот во македонското ракометно првенство, тимот на Вардар вечер го играат првиот четвртфинален натпревар во Европската лига. „Црвено-црните“ му гостуваат на Монпелје. Вардарци на југот на Франција одат по резултат којшто ќе ги остави во игра пред реваншот во Скопје. Вардар и Монпелје се поранешни европски шампиони, Вардар двете титули ги освои во 2017 и 2019 година. Оттогаш помина речиси цела деценија за тимот да дојде до шанса повторно да ...
Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, ноќеска оствари трипл-дабл во петтиот натпревар од победата на Минесота Тимбервулвс од 125:113 во првото коло од плејофот во НБА. Триесет и едногодишниот Србин постигна 27 поени, 12 скока и 16 асистенции. Ова е неговиот 221-ви трипл-дабл во регуларната сезона и плејофот заедно. Оваа статистика го става Јокиќ на исто ниво со плејмејкерот на Сакраменто Кингс, Расел Вестбрук, за најмногу трипл-даблови во ...
Во текот на минатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 620 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини на територијата на градот Скопје. Како што информираат од јавното претпријатие, реализирани се две поголеми интервенции во чиишто рамки се отстранети обемни диви депонии во скопските општини Чаир и Гази Баба. Во општината Чаир е интервенирано на улицата Славеј планина, во ...
Денеска и утре времето ќе биде топло, наместа со појава на пороен дожд и услови за ретки грмежи. Во четврток под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, од 15 до 20 литри на метар квадратен. Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Како што информираат од УХМР, од петок до крајот на неделава ќе се задржи ...
Прекуграничното управување и зачувување на динаро-пиндската популација на кафеавата мечка е главната цел на новиот европски проект LIFE DinPin Bear (LIFE24-NAT-DE-LIFE DinPin Bear/101214048), којшто до 2031 година ќе го спроведуваат девет европски држави, вклучително и Македонија, под водство и координација на германската организација „ЕуроНатур“. Во рамки на проектот, претставници на Македонско еколошко друштво (МЕД) и Министерство за ...
Во Саудиска Арабија, седум отпечатоци од стапала се пронајдени меѓу стотици праисториски животински отпечатоци. Според проценките, човековите траги се стари 115.000 години. Фосилизираните траги од стапала покажуваат човечко присуство на прагот на следното ледено доба, според научниците. Тие, покрај датирањето со јаглерод (Ц-14), користеле и изотопи и контекстуални показатели за да ја пресметаат приближната старост на фосилите. Овие човечки ...
Како да се стане успешен во свет преполн со информации и постојани одвлекувања на вниманието? Според Џеф Безос, еден од најбогатите луѓе во светот, одговорот е изненадувачки едноставен и започнува уште во првиот час по будењето. Тој го нарекува тоа „правило на првиот час“ – време без бучава, без телефон и без преплавување со информации, во кое умот добива простор да се разјасни, да истражува и да учи. Наместо бесконечно скролање по содржини, ...
Организаторот на „Евровизија“ почна потрага по исчезнати архивски снимки од две од неговите најрани изданија. Имено, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) вчера соопшти дека не поседува комплетни снимки од инаугуративниот натпревар во 1956 година во Лугано, Швајцарија, како и од изданието од 1964. во Копенхаген, Данска. Националните радиодифузери одговорни за телевизиските преноси, исто така, првично не можеа да ги пронајдат целосните снимки. ...
Птиците можеби не го чувствуваат само земјиното магнетно поле, туку, според најновите научни сознанија, на одреден начин и го „гледаат“. Оваа извонредна способност која им овозможува на миграторните видови да прелетуваат илјадници километри со неверојатна прецизност, со децении претставува предизвик за научната заедница. Денес, одговорите сè повеќе се бараат во микроскопските, но исклучително комплексни структури во нивните очи. Во фокусот на ...
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка коментираше за стомачниот вирус што ги принуди неколку играчи да се повлечат од турнирот во Мадрид. Според прелиминарните извештаи, тие можеби биле отруени од такос со ракчиња. -Досега кај мене сè е во ред. Слушнав дека треба да ги избегнувам тие такос. Се држам до истата диета, истите јадења што ги јадев од почетокот на турнирот – пилешки гради, ориз и салата, изјави Сабаленка за „ESPN“. Дваесет и ...
ФИФА има намера да ги промени правилата за дисквалификација од жолти картони за финалниот турнир на Светското првенство во 2026 година, објави „Би-би-си“. Според британскиот сервис, планирана е втора рунда на амнестија, со која ќе се исчистат сите жолти картони на крајот од групната фаза и по четвртфиналето. Според сегашните правила, тимот мора да одигра пет натпревари за да стигне до четвртфиналето, а секои два жолти картони во овие ...
Манчестер јунајтед синоќа го победи Брентфорд со 2:1 на домашен терен во 34. коло од англиската Премиер лига. Хари Мегваер го отвори резултатот во 11. минута по асистенција од Касемиро. Бенџамин Шешко го зголеми водството на „Црвените ѓаволи“ во 43. минута, на асистенција на Бруно Фернандеш. Матијас Јенсен го постави конечниот резултат во 88. минута. Манчестер јунајтед има 61 бод и е трет на табелата во Премиер лигата и обезбеди учество во ...
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, рече дека Џанлука Престијани заслужено добил овации од навивачите кога влегол на теренот за време на победата од 4:1 над Мореиренсе во португалското првенство. Дваесетгодишниот Аргентинец играше за прв пат откако УЕФА го суспендираше на шест натпревари поради неговите коментари за напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, за време на натпревар од Лигата на шампионите во февруари. Мурињо го нагласи ...
Во Центарот за култура во Битола, со презентација на монодрами од Грузија, Ерменија и Македонија, вечер завршува натпреварувачкиот дел од Интернационалниот фестивал на монодрама. Публиката и стручното жири ќе може да ги видат настапите на Јано Изорија, член на театарот „Поти Валеријан Гунија“ од Грузија кој ќе ја изведе монодрамата „Кваркваре“, веднаш по него ќе настапи Арман Матевосјан, актер во театарот „Локација“ во Ерменија, а во новата ...
Мајската програма на Кинотеката претставува внимателно обликуван репертоар што се движи меѓу класиката и современоста, меѓу авторскиот филм и жанровската игра, создавајќи динамичен дијалог помеѓу различни поетики, естетики и историски контексти. Оваа селекција не функционира само како низа проекции, туку како концептуален пресек низ македонската и светската кинематографија, во кој филмот се појавува како сведоштво, но и како активен чин на ...
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирала на два пожара на отворен простор. Првата интервенција била во селото Ваксинце, каде од 15:15 до 23:40 часот со едно противпожарно возило и четворица пожарникари гаснеле опожарена борова и ниска дабова шума, соопшти денеска РЦУК Куманово. Од Шумско стопанство Куманово информираат дека од 13:20 часот нивни екипи со четворица шумари биле ангажирани на ...
Повеќе од 300 експерти од земјава и од странство ќе бидат дел од 11. Конгрес за ретки болести во Југоисточна Европа што од 7 до 9 мај ќе се одржува во Охрид. Настанот насловен „Кон персонализирана медицина“ го организира Македонско здружение за ретки болести, поддржан од повеќе медицински здруженија и институции, меѓу кои Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) и Педијатриско здружение на Македонија, како и пациентски организации ...
Денвер нагетс ја победи Минесота дома во четвртиот натпревар од првото коло од плејофот на НБА со 125:113. Центарот на Нагетсите, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл со 27 поени, 12 скока и 16 асистенции. Во победничкиот тим се истакнаа и Мареј со 24 и Џонс со 20 постигнати поени. Кај Минесота најефикасни беа Рендл (27 поени), Досунму (18), Хајленд (15) и Шенон (15). Резултат во серијата прв до четири победи е 3:2 за Минесота која на овој ...
Во Белград синоќа беа отворени јубилејните 15-ти по ред Денови на македонската култура – „Допир на Македонија 2026“ – организирани од здружението „Македониум“ и под покровителство на Македонскиот национален совет. Настанот беше отворен со изложбата „Еруптивни форми“ на реномираниот уметник Славе Ајтоски. За уметничкото дело и творештвото на авторот говореше скулпторот Синиша Новески, осврнувајќи се на специфичниот израз и длабочината на ...
Шпанскиот фудбалски тренер Андони Ираола е најсериозниот кандидат да биде нов менаџер на премиерлигашот од Лондон, Челзи. Шпанецот во моментов е на менаџерската позиција во Борнмут, но најави дека на крајот од сезоната ќе замине. „Сините“ од Лондон по серијата слаби резултати најпрво сезонава го отпуштија Енцо Мареска, а пред неколку дена и неговата замена Лиам Росениор. Како привремено решение до крајот на сезоната ќе биде Калум Мекфарлан. ...
Ракометарите на ГРК Охрид в сабота го играа реванш полуфиналето од ЕХФ Европскиот куп, а од клубот денеска информираа дека влезници за саботниот дуел повеќе нема. Тоа значи дека СЦ „Билјанини извори“ ќе бидат исполнети до последното место. Ова значи дека охриѓани повторно ќе бидат голема помош за нивните миленици да стигнат до посакуваната цел – пласман во финалето од европското натпреварување. На првиот дуел словенечкиот претставник и ...
Кошаркарите на Панатинаикос со утрешното гостување кај Валенсија ја стартуваат плеј оф серијата сезонава во Евролигата. Но, на последниот тренинг на тимот пред дуелот се повреди капитенот и грчки репрезентативец Костас Слукас, што донесе загриженост во редовите на „зелените“. Од скромните информации, Слукас за време на една од вежбите почувствувал болка во коленото и прекинал со работа. Дополнителните прегледи покажале повреда на менискусот. ...
Капитенот на хрватската репрезентација и фудбалер на Милан, Лука Модриќ ќе го пропушти остатокот од сезоната. На дуелот со Јувентус одигран синоќа дојде до случаен судир меѓу Модриќ и Мануел Локатели од Јувентус. Неколку минути подоцна Модриќ беше заменет. По направените лекарски прегледи Милан и официјално потврди дека има скршеница на левата „јаболчница“ и дека е потребна операција, која треба да биде извршена во текот на денешниот ден, а ...
Екипата на Башкими направи изненадување откако во последниот натпревар од 29.коло попладнево ја совлада Шкендија со 3:2 и на тој начин тетовчани останаа со четири бодови зад лидерот Вардар. Шкендија има 67 бодови, а Вардар е лидер со 71. Башкими со денешната победа ја прекинаа серијата од четири натпревари без триумф и со 40 бодови е на шестото место. Натпреварот почна со гол за Шкендија во 5.минута, а стрелец на голот беше Фабрис Тамба. Но, ...
Во македонскиот Културно-информативен центар во Софија, вечерва во присуство на многубројна публика се одржа концерт по повод 50-годишниот јубилеј од професионалната музичка кариера на еден од најзначајните и највлијателни македонски автори, композитори, аранжери и мултиинструменталисти Кокан Димушевски. Во изјава за МИА, Димушевски откри дека зад насловот на неговото најново авторско издание „The Back of Beyond“ („Зад грбот на Бог“), се крие ...