Европската фудбалска федерација (УЕФА) и ФА на Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска не ја поддржуваат идејата за промена на правилото за офсајд, објавува „The Times“. Претходно беше објавено дека Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ) има намера да разгледа промена на правилата за офсајд на состанокот во Лондон на 20 јануари. Иницијативата ја иницираше поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, кој е раководител на ФИФА за ...

Навивачи на Хаити, Иран, Брегот на Слоновата Коска и Сенегал може ги пропуштат натпреварите на Светското првенство во 2026 година поради забраната за влез во САД за граѓаните на овие земји, објави „Фокс њуз“. Исклучоци се дозволени само за играчи, тренери и членови на официјални делегации. Натпреварите за сите горенаведени репрезентации ќе се играат во градови низ САД. Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од ...

Поранешниот голман на чешката репрезентација во хокеј на мраз, Доминик Хашек, по масовното откажување на своите билети од страна на навивачите за натпреварите од Светското првенство во 2026 година, побара на САД да им се одземе организацијата. „Роја њуз“ претходно објави дека приближно 17.000 навивачи ги откажале своите билети за Светското првенство преку ноќ по повиците за бојкот на турнирот поради политиките на САД. -17.000 откажани билети ...

Ајакс го објави потпишувањето на фудбалерот од средниот ред на Милан, Максимилијан Ибрахимовиќ. Фудбалерот се приклучи на холандскиот клуб на позајмица до крајот на сезоната 2025/26. Договорот вклучува опција за откуп. Деветнаесетгодишниот Максимилијан е син на поранешниот напаѓач на Милан и Шведска, Златан Ибрахимовиќ, кој моментално работи како советник на раководството на италијанскиот клуб. Оваа сезона, Ибрахимовиќ помладиот одигра 17 ...

Богати авантуристи сега може да резервираат одмор на Месечината преку новоформирана компанија со седиште во Калифорнија, која се стреми кон развивање нови идеи и услуги, а една од нив е и отворање хотел на Месечината до 2032 година. Компанијата „ГРУ спејс“ (Galactic Resource Utilization Space), основана од дипломираниот студент на Универзитетот „Беркли“, Скајлер Чен, пред два дена ја активира својата веб-страница за резервации и ги откри ...

Обвинителството при шпанскиот Врховен суд соопшти дека отворило истрага по медиумските објави дека познатиот пејач Хулио Иглесијас сексуално злоупотребувал две поранешни вработени. Според шпанските и американските медиуми, станува збор за две жени, кои во 2021 година десетина месеци работеле во карипските резиденции на Иглесијас во Доминиканската Република и на Бахамите. Жените пријавиле дека за време на нивниот ангажман биле изложени на ...

Фосилизирани коски и заби, стари речиси 773.000 години, откриени во пештера во Мароко, даваат подлабоко разбирање за потеклото на хомосапиенс во Африка претставувајќи ги остатоците од праисториските луѓе, кои можеби му биле блиски предци на нашиот вид. Истражувачите велат дека фосилите – долните вилици на двајца возрасни и дете, како и заби, бутна коска и неколку прешлени – се пронајдени во пештерата Грот а Хоминид, во градот Казабланка. ...

По внимателно размислување Владо Милев (39) одлучи да се повлече од клубот – и како претседател, и како играч. Оваа одлука е донесена во согласност со неговите принципи и визија, прифаќајќи дека продолжувањето на соработката со дел од управата, со различни вредности и пристапи, не е во согласност со тие принципи, соопштија од ОК Струмица долгогодишен македонски одбојкарски шампион и освојувач на купот. Во соопштението се наведува дека ...

Тренерот на Манчестер сити, Жозеп Гвардиола, ги искажа впечатоците за победата од 2:0 над Њукасл синоќа во првиот натпревар од полуфиналето на Лига Купот на Англија. – Сè е во ред. Тоа беше првиот чекор кон финалето. Настапот на Семењо? Знаеме дека Борнмут заврши неверојатна работа со него и секој пат кога топката ќе стигне до него, таа секогаш завршува на вистинското место. Вториот поништен гол поништен? Четири судии и ВАР не можеа да ...

Кумановците што работеа за американски компании во бази во Ирак и Авганистан и денеска протестираа пред зградата на Управата за јавни приходи во Куманово. Побараа надлежните да ги земат предвид документите (пасоши, печати, потврди од работодавци), да се направи ревизија на решенијата, запирање на присилната наплата и усогласување на даночната пракса укажувајќи дека не бегаат од плаќање даноци и дека бараат правична и законска примена. Некои ...

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска објави видео во кое вели дека е почната целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ на влезот од Градскиот парк. – Култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај. Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено. Со проектот е ...

Утре и во петок во земјава ќе се задржи стабилно и потопло време, со услови за појава на утринска магла по котлините, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на утрешниот ден минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до -1 степен Целзиусов, додека максималните дневни температури ќе бидат од 6 до 13 степени. Според прогнозата на УХМР, за време на викендот се очекува зголемена облачност и повремени локални врнежи од ...

Дел од традиционалните обичаи поврзани со празникот Василица и прославата на Старата Нова година постепено исчезнуваат во кумановскиот регион, предупредуваат етнолозите. Свети Василиј се прославува и како домашна слава, а во голем број семејства во кумановско се подготвуваат јадења во кои главна состојка е пченкарно брашно. Традиционалното јадење кое се подготвува секоја година е качамакот од пченкарно брашно, кој се служел со сланина и ...

На 23 јануари со почеток во 19.30 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата ја ...

По повод Православна Нова година, иако во многу мал број, деца суројчари во Дебар ја продолжија вековната традиција карактеристична за овој крај. Тие ги посетија православните домови, пеејќи „сура, сура година, до година повесели“, а за убавите и искрени детски желби домаќините ги даруваа со пари и слатки. Некогаш, кога во градот живееле голем број православни, имало повеќе групи по десеттина деца, но последните години традицијата ја ...

Македонците во Албанија традиционално го одбележуваат празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година според јулијанскиот календар. Најмасовно присуството на верници, од сите делови на Мала Преспа и пошироко, беше во црквата „Свети Василиј” во селото Леска, каде што со голема чест и духовна радост го одбележаа празникот кој е патрон на овој божји храм. Синоќа во црквата се одржа вечерна богослужба а денеска Света ...

Секторот за внатрешни работи Тетово постапува согласно годишен план за постапување во зимски услови во зимските рекреативни центри Маврово и Попова Шапка, но и во целото подрачје што го покрива. Како и минатата година, така и оваа година на подрачјата на Маврово и Попова Шапка се воведува кружен тек на движење на возилата за да се избегне секој вид на блокирање на патот. Но, поради одредени неодговорни возачи кои не го почитуваат тоа правило ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес го посети Клубот на деца со церебрална парализа во населбата Расадник. По повод Стара Нова година, заедно со децата и нивните родители се дружеа во празнична атмосфера и ја одбележаа со делење на пита со паричка, а градоначалничката покрај пакетчиња, им додели и донација, столчиња кои им беа потребни за подобро функционирање на клубот. Средствата за столчињата се ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје, сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 7 степени. До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла ...

Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, денеска попладне ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал. Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ќе ги посетат семејствата, чии членови го носат името ...

Во рамки на „Деновите на претстави од независна продукција“ од вечерва до сабота на сцените „Ристо Стефановски“ и на малата сцена во Драмски театар – Скопје ќе се играат претставите „СамоТи(И)Ја“ во продукција на „Театроск“ од Скопје, „Delirium tremens“ на „Театарска работилница“ – Прилеп, „Кротка“ во продукција на „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци и „Сина сенка“ на „Златен Елец“ од Скопје. Вечер во 20 часот ќе биде изведена претставата ...

Зимското издание на Мрежата на фестивали на Јадранскиот регион ќе се одржи од 22 јануари до 5 февруари, со што публиката во земјава како и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и во Словенија ќе има можност бесплатно да гледа избор на наградувани регионални филмови – во кината и онлајн. Како што се наведува во соопштението од оваа Мрежа на фестивали, публиката на земјите-членки на Мрежата ќе има можност да погледне шест ...

Претпладнево во битолското село Маловишта, единствено населено место што се наоѓа во Националниот парк Пелистер, ќе се одржи Василичарски карневал. На улиците во планинското село Маловиште ќе дефилираат учесници со маски потсетувајќи на дамнешната традиција, која се одржувала токму на Василица, соопштија од организацискиот одбор. Василичарскиот карневал е можност да се потсети и на туристичкиот потенцијал на потпелистерското село Маловишта, ...

На листата на 100 најбогати луѓе во регионот, составена од весникот „Недељник“, на првите две места се граѓани на Србија, додека третото место го зазема бизнисмен од Хрватска. На листата на 100 најбогати има и четворица Црногорци, како и две лица, кои не се од светот на бизнисот. На листата на „Недељник“ се наоѓаат вкупно 20 милијардери, предводени од сопственикот на „Делта Холдинг“ Мирослав Мишковиќ, чие богатство се проценува на ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа утре (среда) во утринските часови по македонско време ја очекува нов меч од квалификациите за Австралија опен. Во втората рунда македонската тенисерка за ривалка ја има Словенката Тамара Зиданшек. Противничката која има 28 години се наоѓа на 151. место на ВТА ранг-листата. Мечот е предвиден да се игра на теренот број 11 и како четврти по распоред. Како и на мечот од првото коло се очекува ...

Македонската ракометна репрезентација ги стартуваше првите активности на Европското првенство и дел од ракометарите и стручниот штаб ги минаа првите активности поврзани со новинарите известувачи. Секако во центарот на вниманието беше селекторот на македонскиот национален тим Кирил Лазаров. – Го играме првиот натпревар против најдобриот тим на светот во последните десет години – Данска. Тие се домаќини и ќе биде тешко против нив, но ние немаме ...

Ракометната репрезентација на Словенија има сериозни проблеми пред почетокот на Европското првенство, а словенечките медиуми ситуацијата ја карактеризираат како „катастрофална“. Селекторот Урош Зорман се соочува со големи број на повредени играчи. На Европското првенство нема да играат: Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек. Дополнително на листата на повредени е и голманот ...

До почетокот на Европското првенство остануваат уште два дена, а веќе се одредени судиите за дуелите од првото коло. Македонските судии со знакот на ЕХФ од Битола Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе ги судат дуелите во групната фаза во Малме. Тие во првата рунда ќе го судат дербито меѓу ко-домаќинот Шведска и Холандија што се игра на 17.јануари во 20:30 часот во Малме. Во оваа група настапуваат уште репрезентациите на светскиот ...

Македонската ракометна репрезентација оствари победа на последниот контролен дуел во пресрет на Европското првенство што почнува на 15 јануари, а се игра во Данска, Шведска и Норвешка. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров го совладаа данскиот прволигаш Митјиланд со 36:27 (14:13). Ова беше последната контрола, а на претходно македонските ракометари имаа пораз од Хрватска, победи против Бахреин и Украина и нерешен резултат против Швајцарија. ...

Капитенот на премиерлигашот Кристал Палас Марк Геи е еден од најбараните играчи од одбраната во овој преоден рок. Последните информации од германските медиуми се дека првакот на Бундес лигата Баерн е во постојан контакт за негов потенцијален премин. Геи во јуни е слободен играч што му дава шанса за преговори. Во трка за потпис се наоѓаат и премиерлигашите Ливерпул и Манчестер Сити. Доколку трансферот се случи зимава неговиот клуб ќе може да ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
87%
1005
weather icon

Белград

6ᴼ / 2ᴼ
9.26
67%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
5.14
90%
997
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
74%
1009
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
1.41
98%
1011
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
997
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
6.17
80%
1009
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
8.23
76%
1001
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.14
90%
1012
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
97%
1003
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
66%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

339994.14

Калај

48.78

Рутениум

45750.51

Злато

157561.16

Сребро

2733.78

Цинк

3.29

Паладиум

55781.55

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Бакар

12.12

Алуминиум

3.09