Селото Ѕвегор во општина Делчево и годинава ќе биде домаќин на една од најстарите и најавтентични традиционални манифестации во источна Македонија – „Ѕвегорска Сурова 2026“, која ќе се одржи на 14 јануари, на денот на Старата Нова година. Станува збор за вековен обичај што се пренесува од колено на колено со цел симболично истерување на злото и повикување на здравје, среќа и бериќет во новата година. Како што информираат кумовите на обичајот, ...

Во деновите на викенд во Службата за итна помош при ЈЗУ Здравствен дом во Велес драстично бил зголемен бројот на пациенти од сите возрасти со симптоми на грип како што е покачена телесна температура која не се симнува и по неколку денови, кашлица, болки во коските, мускулите и општа слабоста на заболениот, информира денеска за МИА портпаролот на оваа јавна здравствена устаноа д-р Славица Нешова Пановски. Таа потенцира дека постојано имаат ...

Незадоволни кумановци кои работеа за американски компании во базите во Ирак и Авганистан и денеска протестираа пред зградата на Управата за јавни приходи Куманово. Тие најавија дека протести ќе има цела работна недела, секој ден од 14 до 16 часот. Причината, како што посочуваат засегнатите, е неправедното утврдување на даночната резидентност и обврската за плаќање данок за приходи остварени надвор од државата, неземајќи ги предвид реалните ...

Како една од најбрзорастечките општини во регионот, со континуиран пораст на бројот на жители, Општина Илинден постојано се труди да обезбеди активни мерки за поддршка на младите семејства. Во рамки на овие заложби, Општина Илинден во 2022 година воведе субвенции за секое новородено бебе на територија на општина Илинден. Мерката се спроведува континуирано и досега изнесуваше 5.000 денари по новороденче, при што во изминативе четири години ...

Средниот бек на македонската ракометна репрезентација, Марко Митев, ги искажа очекувањата за претстојниот натпревар со Данска во 1. коло на Европското првенство 2026. – За четири дена почнуваме со настапите на Европското првенство. Фокус е на првиот наш натпревар, против Данска. Тие се фаворити, но ние ќе го дадеме максимумот во обид да избориме добар резултат. Ни останува добро да се подготвиме до натпреварот, како тактички, така и колку што ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, го пофали напаѓачот Габриел Мартинели, кој вчера постигна хет-трик во натпреварот од третото коло на ФА Купот против Портсмут (4:1). – Тој е лик кој зборува за себе на теренот. За да играте за голем клуб, ви треба силен карактер. Можеш да пропуштиш шанса или да направиш грешка што те чини натпреварот, а потоа три дена подоцна имаш уште еден натпревар, па мора да се кренеш и да се докажеш. Денес постигна три ...

Сè е подготвено за годинешното издание на Вевчанскиот карневал, што утре и в среда ќе се одржува на улиците во Вевчани, потврди за МИА градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски. Забавниот дел од манифестацијата почнува вечерва со настапи на Влатко Лозаноски, рап-дуото „Пука козметика“ и „Брас брадрс“. Традиционално, забавата ќе продолжи утревечер со фолк-музика за која годинава се задолжени Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со ...

На вториот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, кој беше отворен од 11 септември 2025 до 11 јануари 2026 година, пристигнаа 46 ракописи. Како што информираат од издавачката куќа Арс Ламина, пристигнатите необјавени романи, ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од: Оливера Ќорвезироска (уредничка и писателка), Ермис Лафазановски (прв добитник на наградата во 2025 година) и Јованка Денова ...

Издавањето на првата „Барбика“ со аутизам е поздравено од активистите и добротворните здруженија како чекор кон „поавтентична, а радосна“ претстава за деца со невродивергентни нарушувања. Новата кукла има специфични дизајнерски решенија со цел да одразат некои искуства со коишто би можеле да се поврзат лицата со аутизам. Тие вклучуваат лабава облека за да се обезбеди помал контакт ткаенина-кожа и поглед малку настрана, за да се претстави ...

Со инвестиција речиси 30 милиони денари се реализираат активности за подобар живот во Неготино, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски преку објава на официјалната фејсбук-страница. – Проектот за изградба на урбана заедница 5, урбан блок 5.1 во Неготино претставува значаен инфраструктурен зафат што има цел создавање современа, функционална и добро организирана урбана средина. Со проектот се предвидува пробивање и уредување нови улици ...

Општина Бутел и оваа година обезбеди средства за исплата на еднократна финансиска помош за најранливите категории на граѓани. Финансиската поддршка, како што соопштија од локалната самопуправа, е активност во рамки на програмата за социјална заштита за 2026 година и произлегува од изборната програма на градоначалникот Дарко Костовски, која се спроведува во континуитет пет години. – Финансиската поддршка е насочена кон сите граѓани кои имаат ...

Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација, Марио Балотели, се приклучи на Ал-Етифак од Дубаи, објави прес-службата на клубот. Триесет и петгодишниот фудбалер потпиша договор на две и пол години. Балотели ќе игра надвор од Европа за прв пат во својата кариера. Напаѓачот ја напушти Џенова во летото 2025 година. Претходно играше за турскиот Адана Демирспор, швајцарскиот Сион, италијанските клубови Монца, Милан и Интер, англиските ...

Научниците успеаја првпат „да подмладат“ човекови јајце-клетки. Тоа би можело значително да ја зголеми стапката на успех на ин-витро оплодувањето (ИВФ) кај повозрасни жени, покажаа најновите резултати од истражувањето. Експериментот посочува дека дефектите поврзани со возраста, коишто предизвикуваат генетски грешки кај ембрионите, можат да се намалат со додавање на протеин Шугошин 1) во јајце-клетките. Во испитувањата врз јајце-клетки ...

Ирската ѕвезда Џеси Бакли доби „Златен глобус“ за најдобра женска улога за нејзината улога на Агнес Хатавеј – Ана, сопругата на Вилијам Шекспир, во „Хамнет“. Истовремено, Стивен Грејм, Овен Купер и Ерин Доерти ја почнаа својата победничка низа на мини серијата „Адолесценција“ (Adolescence), бидејќи сите тие обезбедија награди. Грејм ја има најдобрата машка улога во мини серија, Купер – најдобрата споредна машка улога, а Доерти најдобрата ...

Пред девет години, анонимен автор на Јутјуб објави видео со наслов „Камин- 10 часа“ (Fireplace 10 hours). Станува збор за десет часа непрекината снимка од пламен во камин, проследена со звукот на пукање на дрвата, без нарација или музика. Овој видеозапис и денес останува единствената содржина на тој канал, но сепак, токму тој донел заработка од меѓу 1 и 1,2 милиони долари од реклами во период од речиси една деценија. Каналот во моментов има ...

Најдобрата македонска тенисерка со триумф ги почна квалификациите за Австралија опен. Таа во првата рунда ја елиминираше четвртата носителка Синја Краус од Австрија со 2:0 во сетови (7:5 и 6:0) за 62 минути. Ѓорческа и Краус на почетокот од мечот водеа неизвесна борба, а првиот брејк го направи австриската тенисерка (108 на ВТА ранг-листата) и потоа стигна до предност од 4:2 во гемови. Во деветтиот гем Ѓорческа спаси две сет топки и намали на ...

Поранешниот ракометар и тренер Стевче Алушовски е избран за шеф на стручниот штаб на македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер. Од битолскиот клуб информираа дека новиот тренер ќе го води тимот до крајот на оваа ракометна сезона, односно на меѓународната и домашната сцена. Стевче Алушовски во два наврата водеше клуб од Битола, односно Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер. Прозивката на ракометарите ...

Центарот за управување со кризи во информација за состојбата по обилните врнежи на територијата на државата, заклучно со 8 часот изутринава, информира дека во Пелагонискиот Регион (Битола, Могила и Новаци), во подрачјата во кои имаше излевање на реките, водата постепено се повлекува од поплавените површини. Нивото на реката Црна кај селото Новаци во 18 часот синоќа изнесувало 320 сантиметри. Во Демир Хисар, поради оштетување на мостот на ...

„Опен ал“ (OpenAI) најави нова функција наречена „ЧЕТ- ЏПТ- Здравје“ (ChatGPT Health), која ќе им овозможи на корисниците посебен простор за разговори поврзани со здравјето и благосостојбата. Според податоците на „Опен ал“, повеќе од 230 милиони луѓе неделно го користат „ЧЕТ-ГПТ“ за прашања поврзани со медицински теми. Со новата функција, ваквите разговори ќе бидат одвоени од стандардните сесии, а целта е подобра приватност и заштита на ...

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, даде свое видување за победата од 3:2 над Реал Мадрид во финалето на Шпанскиот Суперкуп. – Во добро расположение сме, имаме многу самодоверба во моментов. Ова финале беше многу важно за нас бидејќи натпреварите против Реал Мадрид секогаш се нешто посебно. Повторно го освоивме трофејот, а тоа е фантастично. Добро е кога сме фокусирани, концентрирани и играме како што игравме денес. Тоа е важно. ...

Фудбалерот на Барселона, Рафиња, искажа пофални зборови за тренерот Ханс Дитер Флик. Барселона синоќа во Џеда извојува победа со 3:2 над Реал Мадрид во финалето на Суперкупот на Шпанија во 2026 година. – Мојот најдобар момент оваа сезона? Никогаш не би рекол дека ова се моите најдобри моменти, бидејќи сум личност која бара многу од себе! Она што можам да го кажам е дека секогаш се стремам да дадам сè за тимот, помагајќи и во одбраната и во ...

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -16 степени, во Mаврови Анови се измерени -14, во Крушево -13, Крива Паланка -11, во Берово – 10, Битола, Прилеп и Охрид -9, во Тетово и Струмица -8, во Скопје-Петровец -7, Демир Капија -6, Куманово, Кавадарци и во Велес -5 и во Гевгелија -1 степен, соопшти УХМР. На Попова Шапка има и 26 сантиметри снежна покривка, а во Крушево 15. Времето денеска ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, а ...

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, ги искажа впечатоците по синоќешното реми (2:2) со Наполи во дербито на 20. коло од италијанското фудбалско првенство. – Видов два силни тима кои направија сè за да победат во овој натпревар. Штета што не победивме, а двапати водевме. Никогаш не е лесно кога играте против силен противник. Наполи заслужува пофалби што не се откажа и продолжи да се бори до крај за да извлече нерешен резултат, па дури и да се ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки рабoти. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до ...

Сите патни правци се проодни. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ...

Со концерти на популарна музика, на кои ќе настапат рап-дуото „Пука козметика“, „Влатко Лозаноски бенд“ и „Брас брадрс“, вечерва почнува традиционалниот „Вевчански карневал 2026“ во Вевчани. Централната карневалска поворка ќе се одржи утре од 13 часот, кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала, што претставува кулминација на манифестацијата. Утревечер од 20 часот ќе следуваат концерти на фолк-музика, со настапи на ...

Општина Центар Жупа и во следните четири години ќе ја предводи Аријан Ибраим, кому ова му е четврт последователен мандат на чело на општината. -На денешните повторени избори правото на глас го остварија 1003 граѓани од вкупно запишаните 7652. Од нив 973 гласале за Аријан Ибраим, додека 30 се неважечки ливчиња. Изборниот ден мина без никакви проблеми, рече Неџип Илјаз претседател на ОИК. Ибраим (54) беше предложен од Демократската партија на ...

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML 2.9. – Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, ...

Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 вечерва во финалето на Суперкупот на Шпанија. Натпреварот се одигра на стадионот „Крал Абдула“ во Џеда, Саудиска Арабија. Рафиња постигна два гола за Каталонците, Роберт Левандовски додаде уште еден. Винисиус и Гонзало Гарсија постигнаа голови за „Кралевите“. Барселона го заврши натпреварот со десет играчи, откако Френки де Јонг доби директен црвен картон во 90+1 минута за груб старт врз Килијан Мбапе. ...

На патниот правец Тетово – Бањиче, има падната голема карпа на коловозот со опасност од дополнителни одрони. За настанот се известени ЈКП Тетово, СВР Тетово и ДЗС, кои преземаат мерки согласно надлежностите. Состојбата во градот и околината е стабилна, патната инфраструктура е проодна, а коловозите се претежно влажни – информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во регионот на Гостивар и Маврово кај каменоломот е евидентиран одрон ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1002
weather icon

Белград

2ᴼ / 2ᴼ
10.29
74%
1000
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
3.09
92%
995
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
5.66
87%
1007
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.41
99%
1008
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
97%
995
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
7.72
73%
1006
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
81%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
7.72
87%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
91%
1009
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
96%
1002
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
71%
1011
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

55781.55

Иридиум

221848.72

Бакар

12.12

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.09

Платина

83354.78

Цинк

3.29

Кобалт

64.04

Сребро

2733.78

Калај

48.78

Злато

157561.16

Родиум

339994.14