Раководството на РК Вардар одлучи 65 роденден на клубот да го прослави в четврток (23 април 2026) во СЦ „Јане Сандандски”, каде во рамки на 6. коло од плејоф натпреварот од Супер лигата со Алкалоид ќе настапат со ретро дресови. Покрај ретро дресови дизајнирани специјално за овој натпревар, од клубот подготвуваат уште многу изненадувања за прославата на нивниот јубилеј. Почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот, а час и половина порано ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и во јужните делови од земјата. – Утринската температура ќе биде во опаѓање. Ќе дува северен ветер, кој во ...

„Супер Марио Галаксија – филмот“ трета недела по ред се наоѓа на врвот на бокс-офис листата во Северна Америка, пренесоа американските медиуми. Во текот на изминатиот викенд, продолжението на анимираниот хит „Супер Марио Брос – Филм од 2023 година оствари приходи од 35 милиони американски долари од продажба на билети во киносалите во САД и Канада. Продукцијата, која е дистрибуирана од „Јуниверзал Пикчрс“, досега има вкупна заработка од 747,5 ...

Денеска од печат излезе книгата „Дријади“ од Игор Анѓелков, како деветто издание во едицијата „И ете приказна“ на издавачката куќа „Или-Или“. Ова е тринаесетта книга на авторот, а прва наменета за децата и младите читатели. Во романот „Дријади“ главни протагонистки се три средношколки, три другарки кои по прославата на роденденот тргнуваат на својот прв заеднички летен одмор на море. Решени да не лудуваат, туку да поминат еден мирен и ...

Екипите на подрачната единица на „Македонски шуми“ сè уште се на терен и се обидуваат да го изгасат пожарот кој избувна вчера кај акумулацијата Глажња во општина Липково, информираа денеска надлежните од претпријатието. Заменик директорот на претпријатието, Кире Михаилов информираше дека пожарот е пријавен околу пладне, вчера. Веднаш излегле екипи на претпријатието како и на ТППЕ Куманово. Пожарот има зафатено две страни од широк прооден пат ...

Екипите на „Чистота и зеленило“ со механизација и денеска се на терен на депонијата Краста на пожарот кој избувна вчера околу 20 часот. Пожарот бил забележан стражарската служба. Од претпријатието велат дека денеска се работи со механизација. – Работат машини и камиони, се носи земја и се врши покривање на местата зафатени со пожарот. Во моментов нема видлив пламен, но има чад – изјави директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Томиќ. Според ...

Во рамки на вежбата „Блесок 2026“, денеска во касарната „Јане Сандански“ во Штип започна процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група, со цел исполнување на НАТО целите на способности. Вежбата, која почна вчера, а ќе трае до 27 април на повеќе локации, е продолжение од серијалот вежби „Македонски Блесок“ и претставува важен чекор во процесот на развој на оперативните капацитети на Армијата. Главна цел на вежбата е да се изврши ...

Општина Ѓорче Петров, во соработка со ЕУ за чист воздух – проект финансиран од Европската Унија и имплементиран од UNOPS, успешно го унапреди системот за греење во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“. Како што велат од локалната самоуправа, со замената на досегашниот извор на енергија и оптимизацијата на системот за греење, емисиите на загадувачки супстанции од согорување се намалуваат до 98 проценти, што директно придонесува за подобрување ...

„Руски научници развија сензор базиран на графен и полимери, отпечатен на обична канцелариска хартија, кој е способен да детектира дијабетес и други заболувања во реално време преку анализа на издишаниот воздух. Уредот прецизно ги детектира молекулите што претставуваат маркери на болести“, соопшти прес-службата на Институтот за физика на полупроводници (ИФП) „Ржанов“ при сибирското одделение на Руската академија на науките. – Постигнавме ...

На површината на Марс повторно е забележана појава што го привлекува вниманието на научната заедница – темен, речиси црн слој кој постепено се шири преку одделни региони на Црвената планета. Снимките што во изминатите години ги регистрирале орбиталните сонди покажуваат дека овие промени не се изолирани, туку се појавуваат сезонски и со тек на времето значително го менуваат изгледот на марсовската површина. Истражувачите од НАСА и Европската ...

Грбавиот кит, кој три недели беше заглавен во близина на германскиот брег на Балтичкото Море, рано утрово почна самостојно да се оддалечува, потпомогнат од зголемувањето на нивото на водата и засилувањето на ветровите. Машкиот грбав кит, наречен Тими, беше заглавен во заливите на Висмар од 31 март откако претходните недели повеќепати заглавуваше на разни точки на балтичкиот брег. Морскиот цицач моментно го водат спасувачки чамци кон отворено ...

Ракетата за тешки товари „Њу Глен“ (New Glenn) на компанијата „Блу ориџин“ (Blue Origin) постави сателит во погрешна орбита за време на своето трето лансирање – соопшти вселенската компанија основана од Џеф Безос. Компанијата изјави дека околностите сè уште се истражуваат. „Во моментот правиме процена и ќе ги ажурираме податоците кога ќе имаме подетални информации“, соопштија од „Блу ориџин“. Ракетата беше лансирана според планот од ...

Сан Антонио го победи Портланд со 111:98 дома во првиот натпревар од првото коло од плејофот на НБА. За Спарс, центарот Виктор Вембањама постигна 35 поени, додека Стефон Касл и Де’Арон Фокс имаа по 17. Во гостинскиот тим се истакнаа Дени Авдија со 30 поени и 10 скока и Скут Хендерсон со 18 поени. Сан Антонио поведе со 1:0 во серијата прв до четири победи. Вториот натпревар ќе се игра на 22 април. На другиот натпревар од 1/8финалето на ...

Шеј Гилџус-Александар од Оклахома Сити, Никола Јокиќ од Денвер и Виктор Вембањама од Сан Антонио се номинирани меѓу номинираните за најкорисен играч (MVP) за регуларната сезона на НБА 2025-26, објави прес-службата на лигата. Меѓу номинираните за дебитант на годината се В.Џ. Еџкомб од Филаделфија, Купер Флег од Далас и Кон Нипел од Шарлот. Номинирани за тренер на годината се Џ.Б. Бикерстаф од Детроит, Мич Џонсон од Сан Антонио и Џо Мацула од ...

Тренерот ПСЖ, Луис Енрике, го коментираше поразот од 2:1 од Лион во домашниот натпревар од 30. коло од француското фудбалско првенство. – Се обидовме да постигнеме голови, промашивме пенал и постигнавме гол со последниот шут. Таков е фудбалот. На почетокот од натпреварот беше јасно дека се мачиме и беше тешко. Но, мислам дека тимот се обиде да создаде шанси. Имавме 23 шутеви, тие имаа пет и постигнаа два гола. Тешко е да се победи ваков ...

Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје (КХС) подигнаа и транспортираа 655 кубни метри непрописно одложен отпад на територијата на градот Скопје. Отстранети се неколку поголеми диви депонии на улиците „Перо Наков“ во општината Гази Баба, „Џон Кенеди“ во општината Чаир, како и „Гвадалахара“ во општината Шуто Оризари, информираат од јавното градско претпријатие. Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, ...

Во Културниот центар Белград вечерва ќе се одржи концерт за пијано и саксофон во изведба на Маја Поповиќ и Нинослав Димов. Македонскиот Културно-информативен центар во Белград, кој е организатор на овој музички настан, поддржан од Министерството за култура и туризам, продолжува да гради партнерски односи со познати културни инститиции, како што е една од најпознатите и најпопуларните, Културниот центар Белград. Македонските музички уметници ...

Предводникот на Ковентри сити, Френк Лампард, е прогласен за најдобар тренер во сезоната 2025/26 во втората лига на Англија, објави прес-службата на Чемпионшип. Ковентри ремизираше 1:1 со Блекбурн Роверс во петокот. Ова му обезбеди на клубот второ место и враќање во Премиер лигата за прв пат од сезоната 2000/01. Четириесет и седумгодишниот Лампард го презеде Ковентри во ноември 2024 година. Претходно беше тренер на Дерби Каунти, Челзи и ...

Ливерпул го победи Евертон со 2:1 вчера на гостински терен во 33. коло од англиската Премиер лига. Натпреварот се одигра на стадионот „Хил Дикинсон“ во Ливерпул. „Црвените“ станаа првиот тим во историјата на Премиер лигата што победил на 60 различни стадиони во натпреварувањето. Евертон минатите сезони играше на „Гудисон парк“ се до изградбата на новиот стадион – „Хил Дикинсон“. Ливерпул има 55 бода и е петти на табелата во Англиското ...

Примероците на водата за пиење во Скопје, земени од 14 до 17 април, одговараат на Правилникот за безбедност и квалитет, соопшти ЈП Водовод и каналзиација-Скопје. Секторот за санитарна контрола на јавното претпријатие испитал 151 примерок за физичко-хемиска и 151 примерок за микробиолошка анализа на водата за пиење, кои во наведениот период биле земени од 43 мерни места во Скопје. -Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите ...

Вистината излезе на виделина: „Матица“ објави втор том од „Табу – време на страв и страдање“ од Стојков – за првпат објавени досиеја и спомени за геноцидот врз Македонците од Пиринска Македонија Вистината за геноцидот врз Македонците од Пиринска Македонија излезе на виделина, на увид на домашната и на странската јавност. „Матица македонска“ објави втор том од зборникот „Табу – време на страв и страдање: прогонувањето на Македонците во ...

Со традиционални ора и танци во изведба на професионални француски и македонски танчери, во Националната установа Центар за култура Крива Паланка се одржа француско-македонска вечер. Настанот во организација на Фондацијата „Бел Идеал” насловен „Култури и резонанси” овозможува исклучителна културна размена помеѓу Франција и Македонија, а ќе биде достапен и за скопската публика вечерва, со почеток во 19 часот во МКЦ, сала “Фросина”. -Настанот ...

Факултетот за музичка уметност во Скопје со концерт на пијанистот Дино Имери вечер ќе одбележи 60 години постоење. Концертот ќе се одржи од 20 часот во концертната сала на ФМУ и ќе биде бесплатен за посетители. На програмата на концертот е „Голдберг варијации” од Јохан Себастијан Бах, за кое Имери вели дека е дело застапено на репертоарот на мал број пијанисти во светот поради тоа што од изведувачот бара огромна подготвеност, уметничка ...

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Арсенал со 2:1 вечерва на домашен терен, во натпревар од 33 коло во Премиер лигата и ја намалија разликата на три бода зад лондонскиот тим во трката за титулата. Сити поведе со голот на Рајан Черки во 16 минута, но само 107 секунди подоцна, Арсенал израмни со голот на Каи Хаверц по кардинална грешка на голманот Џанлуиџи Донарума. Победата на Манчестер сити му ја донесе Ерлинг Халанд во 66. минута. ...

Фудбалерите на Баерн Минхен вечерва ја освоија 35, шампионска титула во Бундеслигата, откако го совладаа Штутгарт со 4:2 на домашен терен, и обезбедија недостижна предност на четири кола пред крајот на сезоната. На Баерн му беше доволен бод да ја одбрани титулата, откако единствениот конкурент Борусија Дортмунд загуби влера од Хофенхајм со 1:2. Штутгарт поведе во 21 минута со голот на Крис Фирих, а Баерн возврати со голови постигнати за шест ...

Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров го одбранија трофејот во Купот на Македонија, откако попладнево во финалето во Струмица триумфираа против дебитантот Спартак со 33-30 (18-14). Бранителот на титулата потешко од очекувањата дојде до победата, наидувајќи на силен отпор на ракометарките на Спартак, кои прв пат во клупската историја настапија во куп финалето. Во израмнето прво полувреме, Ѓорче Петров замина на пауза со предност од четири голови, ...

акометарите на Вардар 1961 по рекорден 18. пат го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако вечерва во неизвесно финале во Струмица го совладаа дебитантот Охрид со 24-23. Вардар добро го отвори натпреварот во салата „Парк“ во Струмица и на средина од полувремето имаше предност од 8-4, но Охрид во продолжението ги консолидираше редовите и на полувреме замина со гол негатива (12-13). Охрид по паузата продолжи во добар ритам и во 42. ...

Раководството на англискиот премиерлигаш Тотенхем ги осуди расистичките напади на социјалните мрежи врз дефанзивецот Кевин Дансо (27) по неговата грешка на натпреварот со Брајтон, повикувајќи на полициска акција. Дуелот во саботата меѓу Тотенхем и Брајтон заврши 2-2, а гостите израмнија во судиското продолжение по грешка Дансо. „Кевин Дансо е жртва на одвратна расистичка злоупотреба на социјалните мрежи. Однесување кое без сомнение е кривично ...

Работнички го совлада Арсими со 2-0 на домашен терен, додека Струга извојува гостинска победа над Башкими од 4-0 над Башкими во двата завршни натпревари попладнево во рамки на 28 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Скопски Работнички извојува важна победа во битката за опстанок со головите на Мухарем (54 минута) и Хоџа (90+4). Струга извојува убедлив триумф на гостувањето во Куманово со головите на Кампаоре (45+2), Бојку (80), ...

Македонското друштво „Преспа“ и здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ објавија дека за гласање на денешните парламентарни избори во Бугарија се пријавиле 183 лица. -Во Албанија на пописот над 7.000 „Бугари”, а за гласање се пријавиле само 183 лица. Вистината е поедноставна и поубедлива — поголемиот дел од тие „Бугари” го зеле бугарскиот пасош само заради слободното движење во ЕУ, не заради идентитет, не заради убеденост, не заради припадност, ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
38%
1005
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
2.57
38%
1002
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
88%
1002
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
46%
1006
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.82
49%
1005
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
95%
1002
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
4.02
51%
1008
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
5.66
43%
1008
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
6.17
52%
1008
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
34%
1006
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
3.09
47%
1002
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1009
Currency

61.6417

Currency

52.9053

Currency

70.7501

Currency

38.0585

Currency

38.4874

Currency

67.3773

Currency

7.79601

Currency

0.72213

Currency

0.33373

Currency

0.52486

Currency

1.16149

Currency

0.55145

Сребро

2542.61

Родиум

320703.70

Иридиум

253540.09

Злато

146959.62

Цинк

0.00

Платина

64237.19

Кобалт

45.39

Бакар

12.80

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.61

Паладиум

45332.55

Калај

59.08