Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп во кој вечерва Алкалоид го совлада АЕК (29-25) во Атина го одбележа инцидент на теренот предизвикан од навивачите на грчкиот тим. Натпреварот одигран пред повеќе од 8.000 навивачи во олимписката „Сунел арена‘ беше во неколку минутен прекин, при водство на Алкалоид од 20-17 во 40 минута, откако предмет фрлен од навивачите на АЕК кон клупата на Алкалоид го погоди Дамјан Митев, јави дописничката ...
Аргентинскиот фудбалер Анхел ди Марија објави дека по завршување на оваа сезона ги напушта редовите на Бенфика, откако клубот не успеа да ја освои титулата во португалското првенство по ремито 1-1 против Брага во саботата, завршувајќи два бода зад шампионот Спортинг Лисабон. Триесетиседумгодишниот Ди Марија, кој лани се пензионираше од репрезентативниот фудбал по 145 настапи за Аргентина, втор пат се врати во Бенфика во 2023 година, ...
Фудбалерите на Евертон денеска го победија Саутемптон со 2:0 на домашен терен, во натпревар од претпоследното, 37. коло во Премиер лигата, со што официјално се збогуваа со својот легендарен стадион „Гудисон Парк“. Двоен стрелец во победата на Евертон беше Илиман Ндиај во шестата минута и втората минута од судиското продолжение во првото полувреме. Евертон настапуваше на „Гудисон Парк“ од 1892 година, додека од следната сезона ќе се пресели на ...
Унгарските власти ги сметаат „клеветничките дејствија“ на украинските специјални служби за неприфатливи и бараат од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, да ги спречи, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Му кажав на генералниот секретар на НАТО дека сметам за неприфатливо земја која не е членка на НАТО, Украина, да спроведува дезинформативна и клеветничка кампања против Унгарија, членка на НАТО, организирана од тајните служби“, рече тој ...
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, кој денеска говореше на Плоштадот Свети Петар за „маченичката Украина“ и „исчекувањето на преговори за праведен и траен мир“, за првпат во приватна аудиенција го прими нејзиниот претседател Володимир Зеленски, во придружба на сопругата Олена. - Ви благодарам за трпението поради чекањето. Морав да ги поздравам сите делегации кои присуствуваа на инаугуративната миса, им рече папата дочекувајќи ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му испрати писмо на американскиот претседател Доналд Трамп со нови предлози за соработка во областите на одбранбената индустрија и трговијата, објавено е на веб-страницата на кабинетот на претседателот на Украина. Зеленски им се заблагодари на САД и на целиот американски народ за нивната непоколеблива поддршка, посебно изразувајќи благодарност до Трамп и неговиот тим за нивните напори да постигнат мир. ...
Во македонската амбасада во Пекинг денеска се одржа настан за одбележување на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, кој се празнува на 24 Мај. Нашиот амбасадор во Пекинг Сашко Насев го истакна значењето на овој значаен празник за нас и за нашиот јазик, идентитет и култура, јави известувачот на МИА од Пекинг. Студенти по македонски јазик од Универзитетот за странски студии во Пекинг ги рецитираа стиховите на Букви од Гане ...
СДСМ нема никаков кредибилитет да говори за енергетиката. Всушност во овие моменти нивниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски е се уште во бегство поради криминал. Таков е случајот со набавка на мазут, како и набавката на адитиви. И додека сеат лажна грижа државата се уште треба да ги плаќа фактурите од 300.000 евра месечно што треба да се плаќаат 15 години по ред. И додека креираат паника со испадот на мрежата, да не се заборави дека нивниот ...
СДС се дрзна да зборува за хаос?! Тие што државата ја оставија во урнатини?! Хаос направивте вие, а народот и денес силно ги чувствува последиците од тој ваш криминален „ред и поредок“. Го претворивте здравството во бункер за тендери на Филипче, Груби и Заев. Го задолживте народот со над 3 милијарди евра – за нула проекти. Се сликавте со кокаин-кумови, додека улиците беа небезбедни. Ја уништивте економијата, иселивте 260.000 луѓе, ги заглавивте ...
Со среќа нека му е на Таравари, тој го одбра својот пат. Никој никому не може да направи толкава штета како што човек може сам на себе си да си направи. Тоа имам нему и на сличните нему да им порачам. Ќе дојде денот кога пак ќе се сретнеме, дали преку ВЛЕН или во други комбинации ќе се обиде повторно да влезе некако во коалиција со нас, но едвај го чекам тој ден, да сме живи и здрави верувајте ми и тој ден ќе го дочекам, рече денеска премиерот ...
Во денешниот говор на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, порача да не се злоупотребува трагедијата во Кочани и најави редовни состаноци со роднините на настраданите. – Сакам да предупредам дека многу нечовечки безобразно и некрофилски се злоупотребува огромната трагедија во Кочани. Тоа можев и да го чујам од роднините на настраданите кои минатата недела ги видов во Владата. ...
Претседателот на Италијанската тениска федерација (ФИТП) Анџело Бинаги денеска го критикуваше „монополот“ на Грен слем турнирите, најавувајќи дека ќе се бори мастерсит,е вклучувајќи го и турнирот во Рим, да добијат поголемо значење. „Се наоѓаме во абнормална ситуација. Во кој друг општествен домен постои монопол што трае повеќе од 100 години, како што е случајот со Грен слем турнирите“, рече Бинаги на прес-конференција пред машкото финале на ...
Чешкиот премиер Петр Фијала денеска, на 80-годишнината од ослободувањето на германскиот концентрационен логор Терезин близу Прага, порача дека поуката од тој логор, кој им служел на хитлеровите нацисти и за пропаганда, е дека и денешните цинични лаги и еуфемизми треба да се споредуваат со нацистичките, за луѓето да не дозволат да ги затапи пропагандата. - Терезин не беше само дел од машинеријата за убивање, туку играше значајна улога во ...
Киев би имал поголеми шанси за решавање на конфликтот со Русија кога би се спротивставил на малигното влијание на НАТО, кое ги попречува напорите за мир, изјави вчера портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Захарова реагираше на изјавите на украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха за резултатите од состанокот во Истанбул, кој ги означи првите директни преговори меѓу Киев и Москва од 2022 ...
Експлозија на бомба пред клиника за неплодност во Калифорнија во која загина едно лице, а четири беа повредени, претставува терористички чин, соопштија официјални претставници на ФБИ, пренесува Би-Би-Си. Експлозијата се случи во центарот на Палм Спрингс. Претставници на клиниката соопштија дека никој од установата не е повреден. Шефот на полицијата во Палм Спрингс рече дека експлозијата оштетила неколку згради, од кои некои сериозно. ФБИ ...
Општина Аеродром одбележа 20 години постоење и 153 од раѓањето на македонскиот револуционер Јане Сандански, информираат попладнево од локалната самоуправа. Граѓани се собрале во паркот со неговото име, а в.д. градоначалникот на општината, Дејан Митески, со општински претставници и други делегации, положиле цвеќе пред споменикот на Сандански. Во рамките на програмата биле доделени плакети, признанија и благодарници. - Признанија и благодарници ...
Отвореното како пупка судство на Зоран Заев, расцвета на сите страни, од Струмица до Тетово, од каде што ги бираа. Правосудството во државата продолжува да носи срамни пресуди и да дели неправда, да биде за едни мајка, за други маќеа. Судиите бирани во Струмица и Тетово, по партиските штабови на СДС и ДУИ продолжуваат верно да му слугуваат, спасувајќи ги од прогон оние кои ги бираа по партиска директива и во партиски штабови. Така и со пресуда ...
На 20-тата Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која денеска се одржува во Градскиот парк во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека жените се фундаментот на општеството, носители на борба, истрајност и промени. - Жените низ времињата биле моторот кој усмерувал, истрајувал низ сите бури и премрежја. Денес кога гледам во колкав број и со каква енергија сме тука, јасно е дека идејата е сѐ уште жива, а мотивот поголем ...
Денес сме тука да ја одбележиме 20-тата Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, организација која е дел од срцето на партијата и главен меѓник и заштитник на женските права, но и она што преставува фундамент на нашите политики, семејството, мајката, жената борец. И во таа смисла за мене како човек, но и за сите други го носиме силното уважување и правиме длабок поклон на жените кои низ времињата биле моторот кој усмерувал, ...
Салим Сулејмани поднесе оставка од сите функции во Алијансата за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието, повикувајќи се на морална, професионална и политичка одговорност. Со неговата оставката ВРЕДИ добива нов пратеник. Во јавна изјава Сулејмани го критикуваше доближувањето до ДУИ и го оцени како „недостоен компромис“. -Не можам да бидам дел од сојуз што прави компромиси со луѓе спомнати на меѓународни црни листи, посочи ...
Бомба експлодираше во Клиника за репродуктивно здравје во Палм Спрингс, Калифорнија, при што загина едно лице, изјави градоначалникот Рон ДеХарт, пренесоа британските медиуми. Еј-Би-Си Њуз, повикувајќи се на полициски извори и од самата клиника, објави дека најмалку пет лица се повредени во експлозијата. Градските власти на Палм Спрингс на Фејсбук објавија дека експлозијата се случила пред 11 часот наутро по локално време. „Идентификувана е ...
Неколку лица загинаа во Финска откако два цивилни хеликоптера со пет патници се судрија во воздух и се урнаа, соопшти полицијата. Според плановите на летот, едниот од хеликоптерите превезувал две лица, а другиот три. „Во несреќата загинаа неколку лица. Точниот број на жртви и идентитетот на патниците сè уште се утврдуваат“, соопшти финската полиција. Меѓутоа, естонската јавна телевизија ERR, пренесена од ДПА, објави дека се верува дека сите пет ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио по телефонскиот разговор со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека Русија подготвува документ во кој ќе бидат наведени барања за прекин на огнот во Украина што би довело до преговори за траен мир. Рубио во интервју за Си-Би-Ес изјави дека украинската страна ќе работи на свој предлог и изрази очекување дека брзо ќе бидат дадени предлози за продолжување на преговорите. Рубио истакна ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија верува оти резултатот од специјалната воена операција во Украина треба да биде долгорочен мир, со што ќе се обезбеди безбедноста на Русија и ќе се заштитат интересите на луѓето што зборуваат руски јазик во Украина. Путин во интервју за руската државна телевизија изјави дека Русија има доволно сила да ја заврши војната во Украина со посакуваниот исход. -Овој резултат ги елиминира причините ...
Папата Лав XIV во својот денешен говор на инаугуративната миса на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан вети дека ќе работи на единството, за Римокатоличката црква да стане симбол на мирот во светот. Американските медиуми пренесуваат дека во својата проповед пред десетиците илјади верници, светски и црковни претставници, папата Лав рече дека сака Римокатоличката црква да биде обединета. Повикот на папата за единство е значаен со оглед на ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе значи многу за Македонија и во делот на политика и во делот на економија. Во своето гостување во централниот Дневник на Сител телевизија, Николоски истакна дека во моментов Владата има подготвени проекти за околу две милијарди фунти, што би било околу 2,2 – 2,3 милијарди евра и ...
Со Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија ќе отвори можност за преку 70 проценти од домашните компании да учествуват во реализација на инфраструктурните проекти. Само за споредба, сега има не повеќе од 49 проценти учество, а на некои проекти само до 10 проценти работат наши компании. Со ова очекувам македонското градежништво повторно да стане конкуретно, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот, Христијан Мицкоски посветено и макотрпно работат да го вратат достоинството на државата и да обезбедат подобар живот и повисок животен стандард за сите граѓани. Со посветена работа на Владата, Македонија чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина. За таа цел, ги подобрува билатералните односи со моќните и влијателни држави во Европа и светот, и обезбедува бизнис клима ...
Во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Причина за овој прекин се високите напони на 400 киловолтната мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици, информираат од АД МЕПСО. -Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни ...
Јужноафриканскиот спринтер Акани Симбине постави најбрзо време оваа сезона во трката на 100 метри на атлетското натпреварување во Атланта. Триесетиедногодишниот Јужноафриканец ја истрча патеката за време од 9,86 секунди, подобрувајќи го своето најдобро време годинава од априлскиот митинг во Боцвана за четири стотинки од секундата. На митингот во Атланта се очекуваше да настапи и атлетската ѕвезда Ноа Лајлс. Минатогодишниот олимписки шампион од ...