Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар (34) се осврна на шпекулациите за можен трансфер во американската МЛС лига. „Искрено, не знам“, изјави за ЕСПН 34-годишниот бразилски напаѓач кој последните недели се поврзува со можен трансфер во Синсинати. „Имам договор со Сантос до крајот на годината и имам намера да го исполнам“, додаде Нејмар. Бразилецот во 2025 година се врати во Сантос, каде што ја започна својата професионална кариера. Поради ...
Тренерот на минхенски Баерн, Винсент Компани, ќе го пропушти првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампиони против ПСЖ поради трите жолти картони што ги доби оваа сезона. Откако му беа покажани жолти картони на дуелите против Арсенал (1-3) и ПСВ Ајндховен (2-1), Компани го доби својот трет жолт картон во реванш четвртфиналето против Реал Мадрид во средата, што значи автоматска суспензија од еден натпревар. Белгискиот стратег „пожолте“ ...
Само 29 проценти од анкетираните Бразилци веруваат дека нивната репрезентација ќе го освои претстојното Светско првенство, покажува најновото истражување. Ова е најнизок процент од 1994 година, кога брљзилскиот Институ за испитување на јавното мислење „Датафола“ почна да ја спроведува студијата. Според анкетата со која биле опфатени 2.004 испитаници во периодот од 7 до 9 април, дури 46 проценти веруваат дека Бразил нема да ја мине ...
Доколку е загрозена со исклучување, вештачката интелигенција може да почне да ги уценува луѓето што имаат овластувања да ја прекинат нејзината работа, покажува студијата објавена на 2 април од компанијата „Антропик“, една од водечките компании во светот за вештачка интелигенција и сопственик на еден од најпознатите чат ботови за широка употреба Claude („Клоуд“). Студијата објавена од тимот на „Антропик“ го истражува внатрешното функционирање ...
Oсновните проекти за реставрација на фрескоживописот на старата црква „Св. Атанасиј Велики“ во гевгелиското село Габрово веќе се изработуваат, а наскоро ќе следи и реализацијата, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на објектот кој неодамна се вброи во спомениците на културата. По завршување на проектите ќе следи јавна набавка за архитектурата и почеток на реализацијата, која од Министерството ја најавуваат ...
Македонскиот културен центар во Истанбул на 20 април (понеделник), со почеток во 18 часот, ќе биде домаќин на промоцијата на книгата „Тажната приказна на миграциите (размена на население)“ од авторката Суреја Ајташ, проследена со панел-дискусија посветена на темата за миграциите и културната меморија. Настанот се фокусира на историскиот процес на размена на население по Лозанскиот договор од 1923 година, кој доведе до масовни преселби и ...
Девет проекти во вредност од 26 милиони денари директна помош од Владата се реализираат во општина Вевчани, информира при денешната посета министерот за локална самоуправа Златко Перински, која е во рамките на караванот „Каде што срцето е дома“. По средбата со градоначалникот Спасе Кочовски, министерот заклучи дека Вевчани инфраструктурно е добро покриена општина и оти не изостанува во делот на капиталните инвестиции. – Иако е скромна ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, оствари работна посета на Општина Вевчани, каде одржа средба со градоначалникот Спасе Кочовски, како и со членовите на Советот и општинската администрација. На средбата се разговараше за имплементацијата на проектите одобрени во 2025 година, како и за најитните потреби за поддршка од централната власт. Посебен акцент беше ставен на потребата од ...
Добар ден и од мене. Би сакал, исто така, и јас да ја изразам својата благодарност, најпрвин на Министерството за образование и наука што во делот од капиталните инвестиции, вклучува ваков тип на инвестиции, односно во образованието, нешто коешто е многу важно за децата, односно за нашата иднина. Во суштина кога вложувате во образованието, вложувате во иднината на државата. Исто така, сакам да изразам огромна благодарност до градоначалникот ...
Ширењето на теории за заговор на социјалните мрежи може да биде финансиски исплатливо, покажуваат истражувања. Преку креативната програма на ТикТок, корисници објавуваат видеа со чудовишта, вампири, астероиди и земјотреси, често со неосновани тврдења и драматична визуелна и аудио обработка. Невладината организација „Медиа матерс“ наведува дека дел од овој содржински тренд претставува бизнис модел, во кој креаторите заработуваат од видеа што ...
Времето во текот на претстојниов викенд ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од понеделник од вечерните часови до среда времето повторно ќе биде нестабилно со врнежи од дожд. Во вторник ќе биде наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува ветер од северен правец, кој утре и во среда ќе биде засилен, повремено силен, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што посочуваат од УХМР, времето ...
Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб од денеска до 19 април ќе се реализира мултимедијален проект за деца „Магичниот круг на детството“ на КАТ Продукција, со поддршка на нашето Министерство за култура и туризам. -Македонскиот јазик е најголемата културна татковина, која нема граници. Затоа живеењето на јазикот меѓу генерациите, кои не се во Македонија, туку живеат во други држави е многу значаен културен елемент. Ова е ...
На територијата на општина Кисела Вода утрово започна голема акција за чистење диви депонии во која се вклучени 11 скипови, 2 багери и 25 камиони со кои се расчистуваат повеќе од десет критични точки. На терен, како што информираат од локалната самоуправа, интензивно работат сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода во координација со екипите на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“. -Денес спроведуваме ...
Камен-темелник на доградба на ОУ „Страшо Пинџур“ во населбата Даме Груев во општина Ѓорче Петров беше поставен денеска со цел да се овозможи настава во една смена во училиштето. Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, соопшти дека со проектот ќе бидат изградени шест нови училници, на две нивоа, на вкупна површина од околу 710 квадратни метри. -Ова се совпаѓа со нашата стратегија за едносменска настава во сите училишта во ...
Археолошкиот локалитет Стоби претставува едно од најзначајните културни богатства на Република Македонија и важен столб на нашиот културен идентитет – изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на локалитетот. Тој нагласи дека државата континуирано ја поддржува Националната установа Стоби обезбедувајќи значителни буџетски средства за заштита, конзервација и презентација на овој уникатен археолошки комплекс. Оваа ...
Колективниот договор во културата бил усвоен без позитивно мислење од Министерството за финансии, вели премиерот Мицкоски и додава дека за еден колективен договор да биде применлив, неопходно е претходно да постои согласност од Министерството за финансии, што, според него, во овој случај недостигало. Нагласува дека доколку сакаме да имаме функционална држава треба да има ред и да се почитуваат законите. – На владината седница на 31 декември ...
ЈП „Лајка“ почна едукативен караван за млади на тема „Како да бидам одговорен сопстевеник на мојот миленик“. -Темата отвори важни прашања и поттикна искрени, зрели дискусии за хуман однос кон животните, одговорностите што ги носи сопствеништвото, значењето на стерилизација/кастрација, правилна грижа, вакцинација и идентификација, како и превенција од напуштање и намалување на бројот на бездомни кучиња, велат од ЈП „Лајка“. Првата станицана ...
Во Скопје се одржува 18. Европски конгрес на абдоминални хирурзи. Настанот е организиран од Македонската асоцијација на абдоминални хирурзи (МААС) – Скопје, во соработка со Европската асоцијација на дигестивни хирурзи (EDS) и како што беше посочено, претставува еден од најзначајните стручни собири во областа на дигестивната хирургија во регионот. Се очекува конгресот да овозможи уникатна платформа за меѓународна размена на знаења, научни ...
Фудбалерите на Фрајбург, Астон Вила, Нотингем Форест и Брага се пласираа во полуфиналето на Лига на Европа. Откако пред една недела во Италија победи со 3-1, Астон Вила синоќа го завери пласманот во полуфиналето со убедлив триумф над Болоња на „Вила Парк“ со 4-0. Нотингем Форест на реваншот пред своите гледачи го совлада Порто со 1-0 откако првиот натпревар во Португалија заврши без победник 1-1, Брага го победи Бетис со 4-2 во Севиља по ...
Шпански Рајо Ваљекано, украински Шахтјор, англиски Кристал Палас и француски Стразбур се полуфиналисти во Конференциската лига на УЕФА. Рајо Ваљекано претрпе пораз синоќа од 1-3 во Атина од АЕК, но, сепак, ја soчува предноста од 3-0 од првиот натпревар на домашен терен. Противник на шпанскиот клуб за место за финалето ќе биде Стразбур кој со триумфот над Мајнц од 4-0 ја надомести негативата од 0-2 од првиот натпревар. Во второто полуфинале ќе ...
Времето денеска, како и претстојниот викенд, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи. Од вторник повторно времето ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Во Скопје, исто така, денеска се очекува променливо облачно време и слаб до умерен северен ...
На 17 и 18 април во македонскиот паб „Ѕе“ во Градскиот трговски центар гостува фестивалот „ Malomfesztivál“, кој доаѓа од северот на Војводина. Покрај музичките гости во Скопје ќе допатуваат и директорот на Фестивалот, Тамас Хорват (Tamas Horvath), како и организаторите Леа Блашко и Војислав Бјелаковиќ, кои пред македонската јавност ќе го претстават и промовираат овој мошне значаен настан, кој е познат и како Фестивал на ветерници и се ...
Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси (38) стана сопственик на шпанскиот петтолигаш УЕ Корнеља, објави денеска клубот од предградието на Барселона. Со овој потег, легендата на Барселона и на аргентинската репрезентација стана само уште еден во низата фудбалери кои одлучија дел од својата заработка да ја инвестираат во клубови од пониските лиги. Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, пред две години вложи неколку милиони евра во ...
Во момент кога границите меѓу научната фантастика и реалноста стануваат сè потенки, кинеската компанија Икспенг аероХТ (XPeng AeroHT) прави можеби и најконкретен чекор кон ерата на летачки автомобили. Нејзиниот модел „Land Aircraft Carrier“, претставен пред јавноста во Гуангжу и на престижната кинеска меѓународна изложба за воздухопловство и аерокосмос (China International Aviation and Aerospace Exhibition), ја симболизира амбицијата за ...
На црквата „Свети Јаков“ во селото Драј Додингтон во англискиот регион Мидлендс, чијшто камбанарија е наклонета повеќе од познатата Коса кула во Пиза, ѝ се потребни повеќе од 117.000 евра за поправка на сериозно оштетениот и искривен под. Црквата, која има статус на заштитен објект од втора категорија и потекнува од 12 век, е позната по својот камбанариски столб, кој е навален околу 5,1 степен. За споредба, навалувањето на Кулата во Пиза ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз коментираше за неговото повлекување од турнирот во Барселона. Според светскиот рекет број два, неговата повреда била посериозна отколку што се очекуваше. Во првото коло од турнирот, 22-годишникот го победи Финецот Ото Виртанен (6:4 и 6:2). За време на првиот сет, Шпанецот го повика физиотерапевтот на теренот поради болка во десната подлактица. – Врз основа на денешните прегледи, можам да кажам дека повредата ...
Вкупниот награден фонд за вториот Грен слем сезонски турнир Ролан Гарос оваа година ќе изнесува 61,7 милиони евра, што е зголемување од 9,5 проценти во однос на лани и ќе биде распределен меѓу сите учесници, вклучувајќи 2,8 милиони евра за победниците во машка и женска конкуренција. Како што соопштија денеска организаторите, распределбата на наградниот фонд се движи од 24.000 евра за пораз во првото коло од квалификациите во поединечна ...
Македонската женска ракометна репрезентација ќе игра во групата Б на Европското првенство 2026 заедно со Норвешка, Романија и Швајцарија, одлучи жрепката вечерва во Катовице. За македонските ракометарки ова ќе биде деветти настап на континенталниот турнир, а трет во низа. Европското првенство 2026 ќе се одржи од 3 до 20 декември. Европската ракометна федерација организацијата им ја додели на Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција. Post ...
НБА го казни бекот на Шарлот Хорнетс, Ламело Бол, со 35.000 долари за „непотребен и неодговорен контакт“ со центарот на Мајами, Бам Адебајо, за време на плејин натпреварот (126:127 продолжение). Во соопштението на НБА се објаснува дека казната е поради опасен контакт кој создал значителен ризик од повреда за Адебајо, кој го повредил долниот дел од грбот и не се врати на теренот откако одигра само 11 минути. Бол го постигнал победничкиот ...
НБА ги објави бројките за гледаност на своите натпревари од регуларната сезона 2025/26. Околу 170 милиони луѓе во Соединетите Американски Држави ги гледале натпреварите на четирите примарни платформи за емитување на лигата (ABC/ESPN, Amazon Prime Video, NBC/Peacock и NBA TV). Ова се најдобрите бројки на лигата во последните 24 години, соопшти НБА. Во споредба со сезоната 2024/25, ова претставува зголемување од 86 проценти. Во 2024 година, ...