Интер Мајами објави дека главниот тренер Хавиер Маскерано поднесе оставка. Четириесет и едногодишниот Аргентинец објави дека го напушта клубот од лични причини. – Сакам да ги информирам сите дека, од лични причини, решив да се повлечам од функцијата главен тренер на Интер Мајами. Прво на сите, би сакал да им се заблагодарам на клубот за довербата што ми ја дадоа, на сите во организацијата за нивните колективни напори, а особено на играчите ...

Утрово најниска темепратура од 4 степени Целзиусови е регистрирана на Попова Шапка. Следат 6 Kрушево, Лазарополе, 7 Крива Паланка, Берово, Mаврови Анови, 9 Претор, Битола, Прилеп, Виница, 10 Тетово, Охрид, Куманово, Штип, Велес, Кавадарци, Струмица, 11 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Гевгелија, соопшти УХМР. Според податоците на УХМР, најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнало во Битола, 11 литри на метар квадратен. ...

Следува период на променливо облачно и релативно топло време во земјава. Утрешниот ден ќе биде проследен со повремени врнежи од дожд, како и локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од понеделник повторно се најавуваат локални врнежи од дожд, проследени ...

Издавачката куќа „Арс Ламина“ со големо задоволство го најавува ексклузивното гостување на популарната американска писателка на психолошки трилери, Сара Пеканен, во Скопје на 25 април 2026. Нејзиното доаѓањe беше најавено денес, во присуство на фанови на писателката, букстраграмџии и јавни личности, на платото пред aрената „Борис Трајковски“, каде што од 23 до 29 април ќе се одржи Саемот на книгата. Пеканен ќе биде дел од програмата на ...

На пет дена до почетокот на Светското првенство во ракомет за ученици ИФС Скопје кое од 20 до 29 април ќе се одржи во нашиот главен град, подготовките привршуваат и организаторите се подготвени ќе го дочекаат големиот број учесници. Министерот за спорт, Борко Ристовски, верува дека нашата држава ќе биде добар домаќин и достојно ќе се презентира пред гостите од целиот свет. – Ние како држава и како министерство покажавме дека ќе се залагаме ...

Општина Кавадарци има отворени проекти во вредност од 19 милиони евра, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, при презентирањето на нова веб-платформа со проектни активности од сите сфери. Во присуство на раководители на повеќе сектори, тој претстави проекти во рурална и урбана средина и подвлече дека има експанзија во комуналната изградба. – Сите овие проекти и многу други, ќе бидат ставени на новата апликација, на ...

Во тишината на Вселената, далеку од секојдневните грижи и бучавата на планетата, еден древен патник неуморно кружи околу Сонцето. Неговото име е Бену и со години го привлекува вниманието на научниците ширум светот. Причината е едноставна, но истовремено и загрижувачка: постои мала, но реална можност тој еден ден да се судри со Земјата. „Според процените на експертите од НАСА, астероидот Бену поминува во близина на нашата планета приближно на ...

Експертот за Ф1 ТВ и поранешен возач на Формула 1, Џолион Палмер, се осврна на ситуацијата во Ред Бул по најавеното заминувањето во 2027 на Џанпјеро Ламбиазе, тркачкиот инженер во тимот. – Целата куќа се промени. Зградата е иста, но мебелот е различен. Верстапен сè уште доаѓа на работа во Милтон Кинс, но се збогува со различни луѓе од различни области. И не само тоа, тој не се бори за титулата и не ужива во возењето на сегашните болиди. ...

НБА лигата денеска ја објави листата од 36 судии, кои се номинирани да ги судат натпреварите од плеј-ин турнирот и првата рунда од плеј офот. На таа листа е и Натали Саго, која е трета жена која ќе суди натпревари од плеј-офот во НБА лигата. Пред неа судеа: Виолет Палмер и Ешли Мојер-Глич. Саго веста ја дознала од извршниот директор на НБА задолжен за судиите, кога била на аеродромот во Солт Лејк Сити. – Ова е огромна чест. Возбудена сум и ...

Националната установа – манифестација „Струшки вечери на поезијата“ денеска распиша конкурс за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 јуни 2025 до 1 мај 2026 година. На конкурсот, кој ќе трае до 1 мај годинава, може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не ...

Во спортската сала „Гемиџии“ во Велес наскоро ќе започне внатрешна реконструкција на соблекувалните и тоалетите, како и изградба на два нови тоалети за лица со инвалидитет. Паралелно ќе се изврши и целосна замена на електричната и водоводната инсталација. Како што информира директорот на ЈП „Парк спорт“, Златко Стојковски за МИА, градежните работи се очекува да започнат во текот на месецов, а за нив се обезбедени средства во висина од ...

Јапонскиот производител на автомобили „Нисан“ вчера соопшти дека има намера да додаде систем за самоуправувачко возење со употреба на вештачка интелигенција (ВИ) во 90 отсто од своите модели во иднина. Компанијата соопшти дека ќе ја воведе технологијата до крајот на фискалната 2027 година т.е. од следната генерација на своето ново миникомбе „Елгранд“, коешто се очекува да биде пуштено во продажба ова лето. „Нисан“, исто така, соопшти дека ќе ...

Серијата „Куќа од хартија“ (La Casa de Papel) помина речиси незабележано надвор од Шпанија кога криминалистичкиот трилер првпат беше емитуван во 2017 година. Сепак, по нејзиното повторно објавување на Нетфликс под насловот „Money Heist“ (Куќа од хартија), серијата доживеа светски успех и стана една од најгледаните серии на платформата. По четири сезони, приказната заврши во 2021 година, но интересот од гледачите продолжи. Како резултат на ...

Американската поп-ѕвезда Бритни Спирс се пријави во установа за рехабилитација, по нејзиното апсење минатиот месец под сомнение за возење во алкохолизирана состојба близу Лос Анџелес, објавија американските медиуми. Пејачката беше уапсена на почетокот на март од страна под сомнение за возење под дејство на алкохол. Таа беше ослободена кратко време подоцна, а нејзиниот претставник го опиша инцидентот како „целосно неприфатлив“ и рече дека ...

Фил Колинс, „Ајрон Мејден“, Били Ајдол, Квин Латифа, „Оејзис“, Шаде и „Џој дивижн/Њу ордер“ ќе бидат примени во „Рокенрол-Куќата на славните“ за оваа, 2026 година, заедно со првпат номинираните „Ву-Танг клан“ и покојниот Лутер Вандрос. Листата беше објавена вчеравечер во САД, за време на епизодата на „Американски идол“. За да бидат подобни, уметниците мора да го имаат издадено својот прв комерцијален запис најмалку 25 години претходно. ...

Колумбиските власти планираат остро намалување на популацијата на нилски коњи коишто потекнуваат од животни донесени и во сопственост на некогашниот нарко-бос Пабло Ескобар, соопшти Владата, по години дебата за тоа како да се контролира крдото во пораст. Министерката за животна средина, Ирене Велез Торес објави дека властите имаат намера првично да убијат околу 80 животни, велејќи дека напорите за преместување на нилските коњи во зоолошки ...

Научниците се обидуваат да го разјаснат необичниот природен феномен на изолираниот вулкански остров Санта Барбара во Бразил, каде што едно стадо кози успеало не само да преживее, туку и да се размножува повеќе од два века, иако на целиот остров не постои извор на слатка вода. Ова откритие, според истражувачите, би можело значително да го промени разбирањето за границите на адаптација кај живите организми во екстремни климатски услови. Се ...

Во последниот период во Брисел значително порасна побарувачката за фитнес-центри наменети исклучиво за жени, при што некои од овие теретани веќе се соочуваат со долги листи на чекање за членство, јави Еурактив (Euractiv). Според податоците, во една од женските теретани, која се наоѓа во квартот на Европската Унија, на листата на чекање има дури околу 1.300 жени, што укажува на силен и постојан интерес за ваков тип на фитнес- центри. Според ...

Македонските ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од страна на Европската ракометна федерација добија суспензија од две години, а ќе мора да платат и 5.000 евра парична казна поради манипулација со фитнес тестовите пред стартот на последното Европско првенство за мажи. Во соопштението од ЕХФ пишува: „Ракометниот суд на ЕХФ донесе одлука во случајот отворен против македонскиот судиски пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Пред машкото ...

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, е прогласен за играч на последната недела од основниот дел на НБА-лигата сезона 2025/26. Клубот одигра пет натпревари во текот на изминатата недела од кои неговиот тим забележа победа на три. Во текот на петте натпревари, Џејмс имаше просек од 24 поени, 9,7 асистенции и шест скока. Признанието е 70. во кариерата на 41-годишниот Џејмс. Лос Анџелес лејкерс во првото коло од плејофот ќе се соочат ...

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, најави беспоштедна борба на реванш натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. – Ветуваме дека ќе се бориме до самиот крај. Нема да ги оставиме без притисок и трчање ниту минута – ќе дадеме сè од себе, рече играчот на прес-конференцијата пред натпреварот. Реваншот помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона ќе се одржи на вечер на „Метрополитано“ во Мадрид, со почеток во 21 часот. ...

Дефанзивецот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, ќе го пропушти остатокот од сезоната 2025/26 поради повреда на коленото здобиена во поразот од Сандерленд со 1:0, објави ESPN. Првичните тестови откриле оштетување на лигаментите на коленото на 27-годишниот Аргентинец. Понатамошни прегледи ќе бидат спроведени во наредните денови за да се утврди сериозноста на повредата. Дефанзивецот би можел да отсуствува од пет до осум недели, а Тотенхем ќе ја ...

Баерн Минхен и Барселона сериозно размислуваат да го потпишат напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, објави „Газета дело спорт“. Според италијанскиот весник, односот на 26-годишниот Португалец со навивачите на „росонерите“ се влошил во последните месеци, а неговото заминување од 80 милиони евра би можело да стане реалност, и покрај клаузулата за ослободување од 175 милиони евра во неговиот договор. Манчестер јунајтед би можел да биде опција во ...

Дебитантскиот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ е награден за најдобар филм во натпреварувачката програма „Нови режисери” на 44. Интернационален филмски фестивал на Уругвај, кој траеше од 30 март до 12 април. Како што соопшти „Црна мачка продукција“, „17“ ја освои наградата во конкуренција од 13 наслови, по одлука на тричлено стручно жири во состав: Аиноа Артече Уриарте – актерка и режисерка од Шпанија, Маријанела Морена – драмска ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 22 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. ...

Македонската асоцијација на издавачите (МАИ) годинава првпат со свој самостоен штанд ја претставува современата македонска литература за деца на престижниот Саем на книги за деца во Болоња, најзначајната меѓународна манифестација посветена на книжевноста за деца, илустрацијата и издаваштвото, која се одржува од 13 до 16 април. – Со внимателно осмислен настап МАИ преку присутните изданија и специјално подготвените промотивни материјали ќе ја ...

Заштитен појас под УНЕСКО е една од главните пречки за реализација на автопатското решение на дел од Коридорот 8 кон Албанија, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, при посетата по повод почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџии“ и уште пет помали краци во Старата скопска чаршија. Љутков најави дека во мај се очекува посета на делегација на УНЕСКО за увид во состојбите на терен. „Таму еден заштитен појас којшто ...

Јавните установи Национален парк „Пелистер“ и „Зоолошка Градина“ Битола со заеднички активности ја продлабочуваат меѓусебната соработка. На иницијатива на ЈУНП „Пелистер“, вработени од установата доделија и поставија дополнелни содржини во битолската Зоолошка градина кои ги поставија во повеќе живеалишта на тамошниот животински свет. -Во ЈУ „Зоолошка градина“ извршивме оплеменување на повеќе живеалишта со кои се приближува природата на ...

Општина Илинден деновиве успешно ја заврши реконструкцијата на вториот дел од улицата „11“ во населеното место Кадино. Како што информираат од локалната самоуправа, станува збор за значајна делница со должина од околу 500 метри и широчина од 5,5 метри, која доби целосно нов коловоз, со што значително се подобрува квалитетот на сообраќај. -Покрај обновата на коловозот, изграден е и тротоар со широчина од 1,5 метри, што овозможува побезбедно и ...

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски се сретна со претставници од Американската амбасада, на која беше иницирано воспоставување ново Американско катче во Домот на културата. Овој значаен чекор, како што соопштија од општината, има за цел да создаде современ едукативен и културен простор, достапен за младите од општината. Американското катче ќе овозможи пристап до богата база на едукативни ресурси, програми и настани ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
36%
1005
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
6.69
38%
1001
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
81%
1001
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
2.06
45%
1006
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.63
55%
1005
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
93%
1001
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
4.47
52%
1007
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
43%
1007
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
56%
1007
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
34%
1005
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
2.24
46%
1001
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
42%
1009
Currency

61.6417

Currency

52.9053

Currency

70.7501

Currency

38.0585

Currency

38.4874

Currency

67.3773

Currency

7.79601

Currency

0.72213

Currency

0.33373

Currency

0.52486

Currency

1.16149

Currency

0.55145

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Злато

146959.62

Иридиум

253540.09

Родиум

320703.70

Бакар

12.80

Алуминиум

3.61

Платина

64237.19

Рутениум

51376.89

Паладиум

45332.55

Калај

59.08

Сребро

2542.61