Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Одредени се сите двојки за четвртфиналето во хокеј за мажи на Олимписките игри 2026. Шведска е последната репрезентација што стигна до четвртфиналето, победувајќи ја синоќа Летонија со 5:1. Претходно во текот на вчерашниот ден четвртфинале изборија Чешка, Германија и Швајцарија. Двојки за четвртфиналето: Словачка – Германија Канада – Чешка Финска – Швајцарија САД – Шведска. Натпреварите ќе се играат денес почнувајќи од 12:10 часот редоследно. ...
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, го коментираше неговото исклучување и постапките на судијата за време на синоќешниот натпревар со Реал Мадрид во првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите. Гостите од Шпанија победија со 1:0. На прашање на новинарите „Дали бевте исклучен затоа што протестиравте против тоа што Винисиус не доби втор жолт картон?“, Муриоџо одговори: „Не… не… Бев исклучен затоа што го кажав очигледното: судијата имаше ...
Поради излевање на Вардар од синоќа воведена е забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране во село Форино. Сообраќајот се пренасочува од село Старо Чајле кон село Форино. Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча од паднато дрво и не е прооден, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива ...
Во киното „Синеплекс“ вечер од 20 часот премиерно ќе биде прикажан играниот филм „Соучесници“ – копродукција меѓу Србија (Зилион филм), Македонија (Партизанс) и Хрватска (Интер филм). Автор на сценариото е Огњен Обрадовиќ, режисер е Марко Новаковиќ, кинематографер Бојан Ракиќ. „Соучесници“ е психолошка и социјална драма. Раскажува за идиличниот живот на главните ликови кој нагло се менува по сообраќајна несреќа. Додека се борат да се справат ...
Репрезентацијата на Чешка вечерва ја победи Данска со 3:2 во натпревар од квалификациската рунда на хокеарскиот олимписки турнир за мажи во Милано. Четириесетгодишниот Роман Червенка, го постигна победничкиот гол и имаше асистенција. Мартин Нечас и Давид Кампф исто така постигнаа по еден гол за Чесите. Александар Тру и Ник Олесен ги постигнаа головите за Данска. Чешка се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри 2026 каде што ќе се ...
Ракометарите на Вардар загубија вечерва од Бенфика во Лисабон со 40:35 во својот прв натпревар од главната рунда на Европската лига. „Црвено-црните“ добро го отворија натпреварот и по десетина минути игра имаа во два наврати три гола предност . Сепак, домаќините од 4:7 со серија од 3:0 израмнија, а набргу потоа дојдоа до водство кое до крајот на првото полувреме се искачи на убедливи 24:16. Во вториот дел вардарци се обидуваа да фатат ...
Тежок пораз со 5:2 претрпе Јувентус вечерва на гостувањето во Истанбул кај Галатасарај во првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите. Ноа Ланг, позајмен од Наполи, постигна два гола за домаќините. Холанѓанецот постигна гол во 49. и 75. минута. Габриел Сара (15. минута), Давинсон Санчез (60. минута) и Саша Бое (86. минута) дадоа по еден гол за турскиот претставник. Десет Купмајнери беше двоен стрелец за тимот од Торино, во 16. и 32. ...
Во фудбалската Лига на шампиони, бранителот на трофејот, ПСЖ вечерва успеа да слави победа над Монако иако губеше со 2:0 по 18 минути игра. Фоларин Балогун ги постигна двата гола за Монако. Во 22. минута, играчот од средниот ред на парижаните Витиња промаши пенал. Пет минути подоцна, напаѓачот Десире Дуе влезе во игра за повредениот Усман Дембеле. Дуаи постигна гол веднаш по влегувањето во игра и му асистираше на Ашраф Хакими непосредно пред ...
Репрезентацијата на Франција освои злато во машката штафета на биатлон 4 x 7,5 км на Олимписките игри во Милано во 2026 година. За „Триколорите“ настапија Фабиен Клод, Емилиен Жаклен, Квентин Фијон-Маје и Ерик Перо. Нивното време беше 1 час, 19 минути, 55,2 секунди, со девет казни и една пенална рунда. Норвешка во состав Мартин Улдал, Јохан Олав Ботн, Стурла Легрид и Ветле Кристијансен го освои среброто, со заостанување од 9,8 секунди со шест ...
Канадската репрезентација победи во женската екипна потера брзо лизгање на Олимписките игри 2026. Нивното време беше 2 минути 55,81 секунди. Во финалето, Канада ја победи Холандија, која заврши 0,96 секунди побавно. Во натпреварот за бронзениот медал, Јапонија (2:58,50) ги победи САД (3:02,00). Финале А: 1. Канада (Ивана Блондин, Валери Малте, Изабела Вајдеман) 2. Холандија (Џој Бен, Мареике Гроеневуд, Антоанета де Јонг) 3. Јапонија (Ајано ...
Филаделфија има намера да го потпише напаѓачот Џабари Вокер, кој моментално е со двонасочен договор, со нов двегодишен договор во наредните денови, објави инсајдерот на „ESPN“, Шамс Чаранија. Понатаму, според медиумите, тимот планира да го потпише бекот Камерон Пејн за остатокот од сезоната 2025-26. Дваесет и тригодишниот Американец Вокер заработи место во ротацијата откако го одигра целиот лимит за игра според неговиот двонасочен договор. ...
Премиерлигашот Арсенал се обиде да го донесе во своите редови фудбалерот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, во летото 2025 година, објави „Ел Десмарк“. Според шпанскиот медиум, „Топџиите“ понудиле 100 милиони евра фиксни хонорари и дополнителни 20 милиони евра бонуси за играчот за време на Светското клупско првенство, но мадридскиот клуб ја одбил понудата. Оваа зима, ПСЖ поднесе второ барање за Алварез. Арсенал останува заинтересиран за ...
Ранета морска птица побарала помош, така што чукала со клунот на вратата од оддел за итни случаи на клиника во Германија сè додека медицинскиот персонал не ја забележал и не повикал противпожарна служба. Корморанот завчера бил пред вратата на клиниката „Линкс дер Везер“ (Klinikum Links der Weser) во Бремен со рибарска јадица заглавена во клунот. Според пожарникарската екипа, направено е сè што било во нивна моќ заедно со медицинскиот тим по ...
Георги Сталев Поповски остави белег во сите области на книжевноста – во прозата, поезијата и книжевната критика. Ние сме должни што побргу да се зафатиме со подлабоко проучување на неговото дело, а Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) да организираат симпозиум на кој достојно ќе бидат проследени неговите заложби во литературата – беше истакато денеска на омажот во чест на проф. д-р Георги ...
Во пресрет на Светскиот ден на театарот – 27 Март, на 24 и 25 март од 20 часот во Македонскиот народен театар ќе се одржува манифестацијата „Глумците пеат“. Режисер е Дејан Пројковски, а актерите ќе ги придружува оркестар под водство на диригентот Љупчо Мирковски. Аранжманите се на Бобан Мирковски, кореограф е Олга Панго, костимограф – Марија Пупучевска. Како што најавија организаторите, годинава шоуто е посветено на македонската музика од ...
Во четвртото тримесечје од 2025 година вкупното производство на шумски сортименти во државните шуми изнесува 110.839 кубни метри и во споредба со истото тримесечје од 2024 година е зголемено за 16,3 отсто, информира Државниот завод за статистика. Во истиот период, вкупната продажба на шумски сортименти изнесува 107.718 кубни метри и бележи зголемување од 11,9 проценти. Најголем пораст на производството и продажбата е забележан кај рудничкото ...
Oткупот и продажбата на земјоделските производи во четвртото тримесечје од 2025 година изнесуваат 12,5 милијарди денари, што во однос на истиот период претходната година е зголемување за 15 отсто, информира Државниот завод за статистика. Во четвртото тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 30,1 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено ...
Јавната општинска установа „Зоолошка градина“ Битола приреди презентација на Национална стратегија за зоолошки градини, која е изработена со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање. Како што посочи професорот Мирослав Ќосевски од Факултетот за ветеринарна медицина Скопје, главната цел на стратегијата е да се создаде план за развој на зоолошките градини. -Самата стратегија е насочена кон создавање интегриран пристап ...
Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска околу 15:30 часот, преку единствениот број за итни повици 112, добиена е пријава за паднато дрво на улицата „Вера Јоциќ“ во Општина Кисела Вода, во непосредна близина на средното економско училиште „Васил Антевски – Дрен“. Според првичните информации, паднатото дрво предизвикало материјална штета на три возила и го попречува одвивањето на сообраќајот на наведената локација. – Според ...
Италијанско-британскиот пилот на спортскиот летечко-тркачки тим Ред бул, Дарио Коста влезе во историјата на авијацијата со својот маневар со слетување со мал авион на воз – прв од таков вид во светот. Потфатот се случи во Афјонкарахисар, Турција, каде што спортистот успешно слета со своето спортско летало врз товарен воз во движење и повторно полета од истиот вагон. Коста (45) изврши „слепо слетување“ (без поглед кон „тлото“, поточно ...
Финалето во сноубординг во слоупстајл за жени на Олимписките игри во 2026 година е одложено поради снежни врнежи и слаба видливост на патеките. Квалификациите за скијање слободен стил за мажи и жени исто така се одложени. Вчеравечер поради обилни снежни врнежи беше откажана и последната серија од скијачки скокови мажи супер тим. Зимските олимписки игри во Италија се одржуваат од 6 до 22 февруари. Post Views: 3 февруари 18, 2026 Финалето во ...
Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ги сподели своите мисли за играчот од средниот ред на Милан, Лука Модриќ. Претходно тие беа соиграчи во „Лос Бланкос“. – Нема никој како Модриќ во фудбалот. Тој е најдобриот на светот. Минатата година играше за Реал Мадрид, сега е во Милан. Многу ми недостига затоа што секогаш нè учеше на нешто. Не сакаше да губи, дури ни на тренинзите. Секогаш беше лут, го цитира Винисиус новинарот Фабрицио Романо. ...
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) е сè позагрижена за недостатокот на интерес околу Светското првенство 2026, објавува „The Touchline“. Четири месеци пред турнирот, многу билети остануваат непродадени, а големината на настанот не го исполнува очекуваното ниво на интерес од гледачите и навивачите. Ова покренува прашања за ФИФА. Организацијата не може да го објасни нискиот интерес за турнирот, и покрај тоа што 48 земји учествуваат за прв ...
Националните установ Народен театар и Центар за култура-Битола и Интимен театар Битола денеска на прес конференција го промовираа заедничкиот проект, претставата „Пламенка“ работена според истоимениот роман на Петре Димовски во режија на Софија Ристевска Петрушева. Во изјава за медиумите, директорот на битолскиот театар Васко Мавровски истакна дека со овој проект продолжува политиката на менаџментот за давање предност на македонските автори. ...
Во Македонскиот културен центар во Тирана, свечено беше отворена тактилната изложба „Допирот на уметноста од Битола“, во организација на НУ Завод и Музеј – Битола. „Оваа изложба има особено значење бидејќи промовира инклузивност, еднаквост и достапност на уметноста за сите. На мултисензорната изложба се претставени 12 тактилни предмети од богатото македонско културно наследство од Музејот во Битола“, објави македонската амбасада во Тирана. Се ...
Во општините Дебар и Центар Жупа, по речиси две децении нагорна линија, бројот на разводите за првпат минатата година бележи намалување, регистрирани се 33 разводи, што е помалку во споредба со претходните години. Претседателот на Основниот суд во Дебар, Мерсим Марку, вели дека иако има намалување на бројот на разводи, овој општествен феномен останува загрижувачки доколку се има предвид бројот на жители. – Во последните години, просечниот ...
На пролетниот фестивал во Пекинг, организиран од ЦЦТВ (CCTV), беа претставени хуманоидни роботи произведени од четири кинески стартап компании: Јунитри Роботикс, Галбот, Ноетикс и МеџикЛаб (Unitree Robotics, Galbot, Noetix и MagicLab). Роботите демонстрираа боречки вештини во кои користеа и оружја како мечеви, стапови и нунчаки. Борбената низа вклучуваше и имитирање „пијани“ техники, несигурни движења и контролирани падови. Роботите на ...
Земјиштето кај малото гратче Спрингс, на 50-ина км источно од Јоханесбург, до минатата недела пасиште за добиток оградено со бодликава жица, е новото средиште на златната треска во Република Јужна Африка. Оваа држава има надежен подземен свет на скриени богатства. Веста се проширила на интернет и за неколку дена целото поле било исполнето со истражувачи и ентузијасти. Повеќето од нив бараат начин да преживеат наместо да заработат богатство во ...
Тим научници од Универзитетот во Бристол, развил нова, неинвазивна метода за анализа на мирисот на древни египетски мумии. Со тоа, тие успеале да откријат хемиски траги од процесот на балзамирање без да ги оштетат вредните примероци. „За разлика од старите методи, кои вклучувале сечење делови од завоите за хемиска анализа, истражувачите сега ги испитувале испарувањата на органските соединенија (VOC) во воздухот, околу мумиите“, пренесе ...
Во текот на следните шест години Македонското еколошко друштво (МЕД) ќе спроведува нов меѓународен проект во рамките на програмата LIFE, чија цел е да се зголеми популацијата на белоглавиот мршојадец на македонската и на грчката територија и со тоа да се придонесе кон зајакнување на целокупната популација на овој вид на Балканскиот Полуостров. Кофинансиран од Европската Унија, овој партнерски проект, покрај МЕД, ги поврзува Грчкото ...