Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и директорката на Националната установа „Археолошки музеј на Република Македонија“, Магдалена Манаскова, денеска официјално потпишаа Меморандум за соработка. Овој значаен документ поставува цврсти темели за стратешко партнерство насочено кон заштита, истражување и одржливо користење на културно-историскиот потенцијал на територијата на општината. Соработката предвидува ...

Општина Чаир денеска ја почна реконструкцијата на улицата Самарџии и уште пет помали краци и улици во Старата чаршија, проект вреден 28,7 милиони денари, чија цел е заштита, оживување и современо уредување на едно од најавтентичните урбани јадра во Скопје. Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, во присуство на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и минисетрот за европски прашања, Беким Сали, на терен го означи почетокот на ...

Општина Чаир денеска со почеток во 11:30 часот ќе го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџии“ и уште пет помали краци и улици во Старата чаршија, проект кој има за цел да го врати сјајот на еден од најавтентичните урбани простори во Скопје. Како што соопштуваат од локалната самоуправа, на настанот се очекува обраќање на градоначалникот Изет Меџити, кој ќе ги презентира клучните аспекти на проектот и значењето на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени. Во Скопје, претпладне сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до ...

Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде беа измерени 2 степени Целзиусови. Како што соопшти УХМР, 5 Kрушево, 6 Mаврови Анови, Крива Паланка, 7 Прилеп, Скопје-Петровец, Кавадарци, Берово, Лазарополе, 8 Куманово, Виница, 9 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Охрид, Струмица, Демир Капија, 10 Тетово, Битола, Велес, Гевгелија, 11 Штип. На Попова Шапка има и снежна покривка од 15 см. Во текот на денот низ целата држава ќе биде променливо облачно со ...

Безбедна за пиење е водата на скопската територија, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. – Секторот за санитарна контрола во периодот од 6 до 11 април зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет ...

Театарската претстава „Знаме и куфер“ вечерва премиерно ќе биде изведена во Салон 19:19 при ЈУ „Културно-информативен центар“ – Скопје. Станува збор за нова продукција на „Театар за тебе“. Текстот и режијата се на Изабела Јакимова, а во претставата настапуваат Ненад Митевски и Изабела Јакимова. Гласовите се на Гоце Андонов, Сара Томевска и Михаил Велков. „Знаме и куфер“ е авторска современа дуодрама со изразен комичен и сатиричен тон, која ...

„Менса Македонија“ организира тестирање на општата интелигенција со цел прием на нови членови. Тестирањето ќе се одржи в недела (19 април) од 11 часот на Американскиот универзитет на Европа (поранешен ФОН). – Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International и резултатите се тајни. Доколку вашиот резултат е во горните 2 отсто од светската популација, стекнувате право да станете член на „Менса ...

Утрово најстудено беше во Маврови Анови каде беа измерени три степени. На Попова Шапка 4, Крива Паланка 5, Берово 6, Лазарополе, Kрушево 7, Скопје-Петровец, Кавадарци 8, Охрид, Куманово, Прилеп, Виница, Струмица 9, Претор, Тетово, Битола 10 Велес, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија 11, соопшти УХМР. На Попова Шапка има и снежна покривка од 25 см. Времето денеска сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено ...

Ауди го враќа еден од своите најнеобични модели. Дваесет и пет години откако оригиналниот A2 ги привлече погледите со својот специфичен изглед на мал миниван, германскиот производител потврди дека ова име се враќа на пазарот како целосно електричен градски автомобил. Новиот модел, официјално наречен A2 Е-Трон, ќе биде влезниот модел во електричната понуда на Ауди и ќе се најде веднаш под моделот Q4 Е-Трон. Додека првата верзија користеше ...

Во потег што сигурно ќе ги израдува автомобилските ентузијасти, извршниот директор на Мерцедес Бенц за САД, Адам Чемберлен, потврди дека официјално се подготвува сосема новиот Мерцедес AMG CLE63. Што е најважно, овој модел ќе го движи моќен V8 мотор. Иако многумина очекуваа дека брендот целосно ќе се сврти кон помали мотори, Чемберлен откри дека овој модел е развиен со посебен фокус на американскиот пазар. Всушност, Мерцедес очекува дури 90 ...

Извршниот директор на Кадилак, Ден Торис, зборуваше за работата на тимот на сопствена погонска единица. За потсетување, тимот моментално користи мотор на Ферари. – Проектот е пред предвидениот рок. Моментално планираме да преминеме на погонска единица на Кадилак во 2029 година. Што се однесува до индивидуалната сопственост, секој мора да обезбеди нешто свое, нели? Ферари има своја единица, а ние развиваме своја единица заедно со одделот за ...

Италијанецот Јаник Синер се искачи на првото место на најновата АТП ранг-листата објавена денес на веб-страницата на организацијата. Вчера, Синер го победи Шпанецот Карлос Алкараз во финалето на турнирот на земјена подлога во Монте Карло Мастерс. Синер се врати на првото место за прв пат од ноември 2025 година, додека Алкараз падна на второто место. Топ 10 тенисери на АТП ранг-листата објавена на 13 април: 1 (2). Јаник Синер (Италија) – ...

Легендарната поранешна македонска репрезентативка, Индира Кастратовиќ е назначена за шеф на македонската делегација за претстојното Светско училишно првенство во ракомет кое ќе се одржи во Скопје од 21 до 29 април. За првпат во нашата земја ќе се одржи едно вакво големо натпреварување, кое е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а под покровителство на Министерството за спорт. Кастратовиќ која беше дел од славната ...

Док Риверс ја напушти својата позиција како главен тренер на Милвоки Бакс, објави инсајдерот Шамс Чаранија. Клубот ќе му ја исплати неговата осумцифрена плата за сезоната 2026/27. Раководството на клубот и 64-годишниот тренер разговараат за можноста тој да се префрли на советничка улога во организацијата. Под водство на Риверс, тимот забележа резултат од 97 победи и 103 порази во трите последни НБА-сезони и двапати загуби во првото коло од ...

По завршувањето на регуларниот дел од НБА-лигата, формирани се двојките за разигрувањето за шампионската титула. Победникот од Западната конференција, Оклахома Сити, и Сан Антонио (второпласиран) ќе ги добијат своите противници по плејин рундата. Сан Антонио ќе игра против победникот од плејин натпреварот помеѓу Феникс (7) и Портланд (8). Поразениот од овој натпревар ќе го одреди противникот на Оклахома Сити во плејофот и ќе се соочи со ...

Кошаркарот на Шарлот, Кон Книпел, постигна три тројки во последниот натпревар од регуларната сезона против Њујорк Никс (110:96). Тој има постигнато 273 тројки во сезоната 2025/26. Книпел ја заврши регуларната сезона како лидер во лигата по тројки, станувајќи првиот дебитант во историјата на НБА кој го сторил тоа. Неговиот соиграч, Ламело Бол, заврши втор по тројки (272). Дваесетгодишниот Книпел имаше просек од 18,5 поени, 5,3 скока и 3,4 ...

Центарот на Хјустон рокетс, Клинт Капела, ја постигна својата прва тројка во кариерата во натпревар од регуларната сезона на НБА против Мемфис Гризлис. – На почетокот не можев да поверувам… Дефинитивно еден од најдобрите моменти во мојата кариера, рече Капела. Ракетите го добија натпреварот со 132:101. Капела имаше продуктивен натпревар, постигнувајќи дабл-дабл од 23 поени и 13 скока, заедно со три блокади и една украдена топка за 23 минути ...

Јанис Адетокунбо реагираше на одлуката на Док Риверс да ја напушти својата позиција како главен тренер на Милвоки по последниот натпревар од регуларната сезона на Бакс против Филаделфија 76-ерс. -Шок е за мене. Тој беше главен тренер 25 години, неверојатен професионалец, дефинитивно е легенда на лигата. Како што знаете, тој е член на Куќата на славните. Беше одлично да се работи со него. Треба да го побарам и да се осигурам дека е вистина, ...

Италија може да добие уште една шанса да се квалификува за Светското првенство во 2026 година. Светската фудбалска федерација (ФИФА) би можела да организира дополнителен квалификациски турнир доколку иранската репрезентација се повлече, објави „The Athletic“. На почетокот на април, „The Athletic“ потсети дека Член 6 од прописите за Светското првенство во 2026 година предвидува дека доколку некоја екипа се повлече од турнирот, ФИФА ќе донесе ...

Ефективното време на играње во првите четири натпревари од фудбаската Лига на шампионите се играше од речиси 57 минути до 61 минута – во просек од 59 минути и 33 секунди. Генерално, ова е пристојно време. На Светското првенство во 2022 година топката беше во игра во просек од 59 минути и 28 секунди. За споредба, во англиската Премиер лига, највисокото просечно време на играње е забележано во сезоната 2023/24 (58 минути и 11 секунди). Една ...

Тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, коментираше за повредата на дефанзивецот Кристијан Ромеро, која ја заработи викендот во поразот од 1:0 од Сандерленд во 32. коло од англиската Премиер лига. -Ќе треба да видиме во наредните денови. Се надевам дека нема да стане голем проблем бидејќи тој е клучен играч за нас. Ни треба да ја заврши сезоната и да ја постигнеме нашата цел, изјави Де Зерби за „ESPN“. Тотенхем загуби од Сандерленд и падна во ...

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, коментираше за ситуацијата со зголемувањето на цените на билетите за натпреварите. Ливерпул неодамна ја објави својата намера да ги зголеми цените на билетите во следните три сезони, што предизвика лута реакција од навивачките групи. Протест беше организиран по поразот од Фулам со 2:0 во Премиер лигата во 32. коло, при што навивачите истакнаа транспарент на трибините на „Енфилд“. – Мислам дека ...

Поранешниот капитен на Англија и Челзи, Џон Тери, ќе стане сопственик на Колчестер јунајтед. Според „Мирор“, 45-годишниот Тери ќе биде дел од група која планира да го купи клубот за 14 милиони фунти. Колчестер јунајтед игра во четвртата по квалитет лига на англискиот фудбал. По 42 натпревари, тимот е 13-ти со 60 бода. Тери се пензионираше во 2018 година. Со Челзи, тој ја освои Лигата на шампионите, Лигата на Европа, пет титули во лигата, пет ...

Победи за фаворитите на двата денешни натправара од 27. коло во Првата македонска фудбалска лига. Шкендија славеше на домашен терен против Шкупи со 6:0, додека Струга го совлада Тиквеш во Кавадарци со 2:1. Со новите три бода, Шкендија се врати на еден бод негатива во однос на лидерот Вардар, додека Струга се зацврсти на третата позиција со 56 бодови. Тиквеш остана на 40 бода на 5. место, Шкупи кој го запиша 26-от пораз одамна ги загуби ...

Зголемено чекање на влезот во нашата земја е регистрирано од грчка страна при враќање на македонските граѓани кои за време на продолжениот викенд заминаа кај јужниот сосед. Причина за застојот е официјалното воведување на новиот систем ЕЕЅ (entry/exit system) кој од 10 април целосно се применува и предвидува дигитално регистрирање при влез и излез на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ, наместо досегашното рачно евидентирање на ...

Во духот на најголемиот христијански празник, денеска во Градски парк во Скопје се одржува Велигденска забава, организирана од ХУ „Св. Спас“ од Драчево, со поддршка на Град Скопје. Настанот, како што објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, е посветен на афирмирање на хуманоста, солидарноста и заедништвото како темелни вредности што нè поврзуваат и обединуваат, особено во денови исполнети со вера, надеж и љубов. -Во празнична ...

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски освои златен медал на меѓународниот турнир „Скопје опен Г1“. Георгиевски до златото дојде со четири фуриозни победи. Прво го совлада Абдула Ал Магди од Австрија, потоа беше подобар од европскиот шампион Иван Шапина од Хрватска, во полуфиналето го елиминира бронзениот светски медалист Пашко Вожиќ од Хрватска, додека во финалето со доминација го совлада Илиа Рудерман од Израел. По денешниот ...

Футсал македонската репрезентација обезбеди пласман во главната рунда од квалификациите за Светското првенство, откако со максимален ефект го заврши претквалификацискиот турнир во Литванија. Нашите футсал репрезентативци остварија три победи во три натпревари, потврдувајќи ја фаворитската улога и квалитетот на турнирот. Во последното коло, македонскиот национален тим ја совлада селекцијата на Литванија со минимални 1:0. Стрелец на ...

Италијанскиот тенисер е победник на Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло откако во финалето го совлада Карлос Алкараз со 2:0 во сетови (7:6(5) и 6:3). На тој начин Синер се врати на позицијата број 1 на АТП ранг-листата. Ова беше прва титула на земја за Синер на турнир од рангот на серија 1.000. Тој воедно од утре ќе ја стартува 67. недела како тенисер број 1. Италијанецот ја продолжи серијата победи на Мастерс турнирите и ова за него беше ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
33%
1005
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
46%
1002
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
82%
1001
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
44%
1006
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.82
54%
1005
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
95%
1001
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
5.36
54%
1008
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
33%
1007
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
52%
1007
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
2.57
36%
1005
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
4.47
51%
1001
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
31%
1009
Currency

61.6417

Currency

52.9053

Currency

70.7501

Currency

38.0585

Currency

38.4874

Currency

67.3773

Currency

7.79601

Currency

0.72213

Currency

0.33373

Currency

0.52486

Currency

1.16149

Currency

0.55145

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.61

Бакар

12.80

Сребро

2542.61

Цинк

0.00

Паладиум

45332.55

Злато

146959.62

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Калај

59.08

Платина

64237.19

Родиум

320703.70