Земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево – Берово, 120 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.1, е регистриран ноќеска во 00:22 минути од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. – Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III-IV степени ...

Борбата за подобро место во плејофот во НБА лигата во западна конференција продолжува до самиот крај, а остануваат да се одиграат уште два натпревара. Денвер е на третото место со 52-28 (победи-порази), односно една победа повеќе од Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон, кои имаат 51-29. Двете екипи се борат за четвртото место, а доколку имаат ист биланс ЛА Лејкерс ќе ја имаат предноста на домашен терен во меѓусебната пресметка. На синоќешните дуели ...

Коосновачот на модната куќа „Долче и Габана“, Стефано Габана, се повлече од функцијата претседател, во рамки на поширока трансформација на управувачката структура на брендот, но останува клучен во креативниот процес. Според поднесените документи, Габана ја известил компанијата за одлуката во декември, а промената стапила во сила од 1 јануари. Главниот извршен директор Алфонсо Долче ја презеде функцијата, јави денеска ДПА. Компанијата нагласи ...

Футсал македонската репрезентација ја постигна и втората победа во мундијалските квалификации што се играат во Литванија. Во рамки на групата Ц македонските футсал репрезентативци ја победија Турција со 6:3. Македонскиот тим е прв во групата со 6 бодови. Македонскиот национален тим имаше одличен почеток и водство од 3:0, а на полувреме беше 4:1. Во вториот дел противникот намали на 4:3, но до крајот нашите репрезентативци постигнаа уште два ...

Македонската женска тениска репрезентација претрпе пораз и во четвртиот дуел од групата Б од Втората Евро-африканска зона на Били Џин Кинг купот што се игра во Бања Лука. Нашиот тим денеска загуби од Мароко со 3:0. Повторно највозбудлив беше мечот на прворангираните тенисерки во кои играа Сара Митевска и Јасмине Кабај. По 130 минути тенисерка од Мароко славеше со 2:0 во сетови (6:3 и 7:6 во тајбрејкот 10:8 на поени). Во вториот сет Сара ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ВТА 125 турнирот во Мадрид (награден фонд 100.000 евра) откако денеска во четвртфиналето загуби од Лиса Пигато од Италија со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2) за 84 минути игра. Ѓорческа за пласманот во четвртфиналето ќе добие 3.000 евра и 27 поени со кои ќе напредува на ВТА ранг-листата. Македонската тенисерка мечот го започна одлично и поведе со 4:0 во гемови, но потоа дојде до пресврт во ...

Двајцата први фаворити за финале на Мастерсот во Монте Карло Јаник Синер и Карлос Алкараз во два сета постигнаа победи во денешните четвртфинални мечеви, додека нивните ривали Александер Зверев и Валентин Вашеро победија по три сета игра. Синер го победи Феликс Оже-Алисиме со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4), додека Алкараз беше уште поубедлив и го совлада Александер Бублик со 2:0 во сетови (6:3 и 6:0). Противник на Синер ќе биде Зверев, кој го ...

Екипите на Спортинг и Веспрем ја комплетираа „осумката“ во четвртфиналето од ракометната Лига на шампиони откако синоќа ги елиминираа Висла и ПСЖ. Ова за францускиот првак ПСЖ е нова елиминација во раната фаза од плејофот. На дуелот во Париз, ПСЖ – Веспрем одиграа нерешено 35:35, па така победата од 32:24 беше решавачка за пласман на Веспрем во четвртфиналето. Висла синоќа го совлада Спортинг со 28:27, но победата на португалскиот тим од ...

Ракометарите на ГРК Охрид остварија нова победа во рамки на домашното првенство откако попладнево го совладаа Тиквеш со 37:20. Со новите бодови охриѓани имаат 44 бода и се на втората позиција на табелата зад Вардар, кој има 52. Гостите од Кавадарци поведоа со 2:0 и тоа им беше единствената предност, а Охрид со серија од 4-0 дојде до предност. На полувреме беше 19:14 за домашниот тим, кој на стартот на вториот дел со нова серија од 6-0 дојде и ...

Македонскиот кошаркарски интернационалец во дресот на Баерн, Ненад Димитријевиќ беше најдобар поединец во победата против поранешниот клуб Милано. Баерн синоќа славеше победа 94:84, а Димитријевиќ имаше индекс на поени – 21 и постигнати 15 поени, 4 скокови и 4 асистенции. Ова за неговиот тим беше четврта победа во серија, а најефикасен беше Андреас Обст со 19 поени. Решавачка за победата беше втората четвртина, која кошаркарите на Баерн ја ...

На четирите дуели од четвртфиналето од Конференциската лига одиграни синоќа домашните екипи остварија победи, а три завршија со ист резултат – 3:0. Во Лондон премиерлигашот Кристал Палас ја совлада италијанска Фиорентина, а стрелци на головите беа Жан-Филип Матета во 24.минута од пенал, Тајрик Мичел во 31.минута и Исмаила Сар во 90.минута. Победи од 3:0 остварија Рајо Ваљекано против АЕК и Шахтјор против АЗ Алкмар, додека со резултат 2:0 ...

Според пишувањето на Газета дело Спорт, постои можност бразилскиот голман Алисон Бекер да го напушти Ливерпул на крајот од сезоната и да направи трансфер во Јувентус. Клубот од Торино како и претставници на Алисон веќе имале преговори, кои биле оценети дека имаат позитивна насока. Тоа би значело дека Алисон би застанал на голот на Јувентус и да биде важна алка во обид клубот да стигне до шампионската титула. Бразилскиот голман сезонава во два ...

На Граничниот премин „Богородица“ од вчера напладе до денеска напладне излез од државава оствариле 6864 македонски граѓани, а излез 1394. Во истиот период регистриран е влез во државава на 4.753 странски државјани и излез на 5070, информираат за МИА од Министерството за внатрешни работи, по денешниот старт на целосната имплементација на новиот дигитален систем на Европската унија, EES, за влез и излез од Шенген – зоната. Преку ГП „Табановце“ ...

Гостиварскиот плоштад е украсен со празнични орнаменти и декорации во пресрет на православниот празник Христовото воскресение – Велигден. Покрај улицата „Илинденска“ украси се поставени и на плоштадот околу храмот „Успение на Пресвета Богородица“. Украсувањето е иницијатива на локалната самоуправа, која од неодамана започна да го разубавува градското централно подрачје во пресрет на верските празници. На овој простор, претходно беа поставени ...

Актерот Дејвид Духовни ги шокираше обожавателите со драстична трансформација за својата нова улога во филмот „Сапунска кутија“ („Soapbox“), поради која многумина не успеале да го препознаат. Духовни се прослави на светско ниво со серијата Досие X, која се емитуваше од 1993 до 2002 година, каде што го толкуваше ликот на Фокс Малдер. Неговиот најпрепознатлив лик најчесто беше претставен во елегантни одела, што дополнително ја истакнува ...

Ракометната федерација на Македонија објави дека во продажба се пуштени влезниците за полуфиналните дуели од Купот во двете конкуренции. Цената на еден билет изнесува 400 денари. Со еден билет ќе можат да се следат полуфиналните дуели во двете конкуренции (мажи и жени). Кај мажите на 17.април (петок) играат: ГРК Охрид – Еурофарм Пелистер и Алкалоид – Вардар, а на 18.април (сабота) се играат дуелите кај жените: ЖРК Пелистер – Ѓорче Петров ЖРК ...

Женската македонска ракометна репрезентација ја очекува уште последниот дуел од квалификациите на ЕХФ ЕУРО 2026 против Словенија на гостински терен. Македонскиот национален тим веќе е во Велење каде в недела од 18 часот го игра дуелот против домаќинот. Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски веќе го имаа и првиот тренинг во „Рдеча дворана“. – Мора да играме агресивно, да се бориме за секоја топка и да останеме фокусирани до самиот крај. ...

Хрватот Нико Ковач и следната сезона ќе седи на клупата на Борусија Дортмунд, потврди денеска спортскиот директор на бундеслигашот Ларс Рикен. „Нема сомнение, Нико Ковач ќе остане наш тренер следната сезона. Тоа е, исто така. одлука на клубот“, рече Рикен, цитиран од германските медиуми. „Ковач направи многу добри работи откако дојде кај нас. Не смееме да ја заборавиме минатата сезона кога нè водеше во Лигата на шампиони. Ќе ги почувствувавме ...

Репрезентативецот на Шкотска Енди Робертсон на крајот од сезоната ќе го напушти шампионскиот тим на Ливерпул. Тој е уште еден од играчите со две освоени титули во Премиер лигата што го напушта Енфилд. 32-годишниот играч како слободен играч заминува од клубот откако му истекува договорот. Тој ќе биде вториот фудбалер по Мохамед Салах, од ерата на Јирген Клоп што заминува. Робертсон во Ливерпул дојде од Хал за осум милиони фунти и досега има ...

„А“ фудбалската македонска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина на 29.мај 2026 во Сараево. Босна Херцеговина е учесник на Светското првенство. Натпреварот ќе се одигра во Сараево, на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“. Точниот термин за почетокот на натпреварот ќе биде дополнително одреден. Овој контролен натпревар во рамки на официјалниот ФИФА термин. За нашиот тим ќе биде можност за проверка пред новиот ...

Јавниот автобуски превоз во Скопје за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје. -По повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10 до 13 април, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Во сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време: билетарите што работат во една смена ќе бидат достапни од 08:00 до 13:00 часот, ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека од вторник следува период на претежно облачно време со врнежи од дожд. Во вторник се очекува врнежите да бидат претежно во западните и северните делови. Во среда и четврток облачно со слаби врнежи од дожд насекаде, кои ќе бидат пообилни во четврток. До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе биде засилен, повремено силен и ќе достигне брзина од 50 km/h. ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и одговорност особено во деновите од Велигденските празници кога се очекува зголемен интензитет на сообраќај особено кон туристичките места. Со пораката „Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател на безбедноста во сообраќајот. – Безбедноста не е ...

Националната агенција за заштитени подрачја објави дека преку поставените камери, идентификација на траги на терен и континуирани набљудувања од страна на специјалисти, било можно да се фотографира и документира, со што се потврдува неговото присуство во природните живеалишта на паркот.„Присуството на балканскиот рис во овој парк, исто така, докажува дека овој вид продолжува да ги проширува своите живеалишта низ целата земја, благодарение на ...

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција. На Велики четврток, за време на вечерната богослужба, храмовите покрај со големиот број верници се исполнуваат со шарени кошнички со вапсани јајца и парчиња облека. Убаво спакувани, секоја со свој препознатлив детал, ја надополнуваат и онака ...

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден”, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Како што информираат од МВР во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден”, во центарот на ...

Од септември Скопје ќе ја добие првата делница од Градскиот воз од Зелениково до транспортниот центар, како и првите 30 нови автобуси доколку успешно заврши јавната набавка по Велигденските празници, истакна во вчерашното гостување во “Само Интервју”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. – Тендерот за набавка на нови автобуси траеше до понеделникот, согласно закон мораме да почекаме дали нешто ќе ...

Македонскиот одбојкарски стратег Жарко Ристоски е нов тренер на турскиот прволигаш Истанбул ББ, откако го заврши својот успешен престој на клупата на саудиски Ал Хилал со кого изминатиот викенд ја освои шампионската титула и сезоната ја заокружи со четири трофеи. Ристоски потпиша едногодишен договор со Истанбул ББ и се враќа во европската клупска одбојка по пауза од десет години, откако претходно работеше како тренер во Швајцарија и Кипар. ...

Извршниот директор на Алпин, Стив Нилсен, верува дека главната слабост на тимот за сезоната 2026 е подуправувањето при голема брзина. – Имаме проблеми со подуправувањето при голема брзина на кои треба да се обратиме. Промените на насоката при голема брзина се веројатно најголемата слабост на автомобилот оваа година. Знаевме дека доаѓајќи во Сузука, првиот сектор ќе биде тежок, и така е. Мислам дека тоа е најголемиот одлучувачки фактор, да ...

Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз, се осврна на неговата борба со Јаник Синер за тронот на АТП ранг-листата. Во моментов Алкараз е лидер со 12.690 поени, додека Синер има 12.500. – Јаник има неколку големи турнири пред себе каде што може да освои многу поени. Додека јас тешко да ги одбранам моите. Ќе биде тешко, но тоа е убавината на нашето соперништво. Тој повторно ќе стане број 1 во светот и ќе се залагам колку што можам за да ја врати ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
33%
1005
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
46%
1002
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
82%
1001
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
44%
1006
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.82
54%
1005
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
95%
1001
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
5.36
54%
1008
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
33%
1007
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
52%
1007
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
2.57
36%
1005
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
4.47
51%
1001
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
31%
1009
Currency

61.6417

Currency

52.9053

Currency

70.7501

Currency

38.0585

Currency

38.4874

Currency

67.3773

Currency

7.79601

Currency

0.72213

Currency

0.33373

Currency

0.52486

Currency

1.16149

Currency

0.55145

Калај

59.08

Алуминиум

3.61

Сребро

2542.61

Бакар

12.80

Иридиум

253540.09

Паладиум

45332.55

Платина

64237.19

Родиум

320703.70

Кобалт

45.39

Злато

146959.62

Рутениум

51376.89

Цинк

0.00