Кошаркарската федерација на Македонија упатува искрена благодарност до кошаркарскиот клуб МКК Куманово, кој во периодот од 13 до 15 февруари во Куманово беше домаќин и организатор на завршниот турнир од Купот на Македонија во машка конкуренција, за беспрекорната организација на овој значаен национален настан, стои во соопштението на федерацијата. – Со својата посветеност, професионалност и одговорен пристап, клубот домаќин овозможи ...

Холандската лизгачка на кратки патеки, Ксандра Велцебур, победи во финалето на 1.000 метри на Олимписките игри во Милано. Дваесет и четиригодишната атлетичарка ја заврши трката за 1 минута и 28,437 секунди, станувајќи трикратен олимписки шампион. Велцебур, исто така, победи и на трката на 500 метри во Милано, а освои и злато во штафетата на Игрите во Пекинг. Канаѓанката Кортни Саро заврши втора (1 минута и 28,523 секунди), а Корејката Ким Гил ...

Нивото на заматеност на водата на изворот Шум, од каде што се снабдуваат со вода Струга и околните населени места се намалува, но сѐ уште е над дозволеното и забраната за секаква употреба продолжува. Денешните мерења на Центарот за јавно здравје – Охрид покажуваат 3,62 отсто матност на мострите од изворот Шум. Во градот матноста се движи од 3,69 до 2,75 проценти, додека најниска матност има во селата Заграчани 1,98 и Ложани 1,93 отсто. За да ...

Центарот за управување со кризи информира дека до 13.30 часот денеска обилните врнежи од дожд предизвикале проблеми во повеќе региони во државата. Полошкиот, Кумановскиот, Кичевскиот и Скопскиот Регион се најпогодени, со регистрирани поплави, свлечишта и оштетувања на инфраструктурата. Според ЦУК, во северозападниот дел од земјата евидентиран е поголем број интервенции, а на одредени населени места е извршена и евакуација на жителите. Како ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари работна средба со претставници на Светската банка, предводени од г-ѓа Карол Мегеванд, на која беше разговарано за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во областа на управувањето со квалитетот на воздухот. На средбата беше констатирано дека во моментов се имплементираат повеќе значајни проекти насочени кон подобрување на состојбата со ...

Изградбата на новата детска градинка во населбата Дексион се одвива со засилена динамика, информираат од Општина Ѓорче Петров. Станува збор за значаен инфраструктурен зафат во областа на предучилишната заштита, чија цел е обезбедување современи и безбедни услови за згрижување на децата, вели градоначалникот Александар Стојкоски . „Новата градинка не е само објект, туку инвестиција во иднината. Со нејзината изградба создаваме простор кој ќе ...

Главниот инженер на Формула 1 тимот Астон Мартин, Мајк Крак, ги оцени перформансите на болидот за претстојната сезона. – Имаме нов автомобил, нова технологија и нов партнер. Нè очекува многу работа, а за време на тестирањето моравме да прифатиме дека не сме на нивото на нашите ривали. Но, нашиот автомобил има голем потенцијал, па затоа треба да работиме за да го разработиме, изјави Крак за „Аутоспорт“. По три дена тестирање пред сезоната во ...

Одбранбениот фудбалер на Барселона, Жил Кунде, би можел да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, кој покажува интерес за играчот. Според „ Topskills Sports UK“, каталонскиот клуб го смета Французинот за недопирлив, но „Блауграната“ се подготвени да разгледаат трансфер доколку му бидат понудени 60 – 80 милиони евра. За фудбалерот интерес пројавува и премиерлигашот Челзи. Кунде е во Барселона од 2022 година. Во сезоната 2025/26, тој одигра 36 ...

Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Според најавите од УХМР, во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи. Утре ќе дува засилен повремено силен јужен ветер кој во попладневните часови ...

Општина Битола донесе одлука и ја прифати донацијата од Еврејската заедница во Република Македонија за изградба на Спомен-обележје за депортираните Битолски Евреи за време на Втората светска војна. Според проектот, Спомен обележјето ќе биде подигнато на Еврејските гробишта во Битола каде ќе биде поставена плоча со имињата на депортираните Евреи од овој град. Иницијативата на Еврејската заедница во Република Македонија за подигање Спомен ...

Сè уште е рано да се каже колку од земјоделските површини претрпеа штети по поројните врнежи, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Сега, како што изјави по брифигот за новинарите, се работи на санација и нормално функционирање на речните корита за да нема поплавувања на површините. – Не можеме да кажеме за колкава земјоделска површина станува збор. Сега се работи на санирање на состојбите на ...

Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија продолжуваат да бидата на терен и активно обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од поплавите низ нашата државата. Тие неуморно работат на дистрибуција на хуманитарна помош, вклучувајќи сместување, храна, вода, топли оброци, душеци, ќебиња и основни хигиенски средства со цел да им помогнат на семејствата кои се соочуваат со тешки последици од временските непогоди. Покрај ...

Комуналните инспектори и комуналните редари на Општина Центар претходната недела изрекоа вкупно 86 казни за непрописно паркирање на јавни и зелени површини, од кои досега 24 се платени. Контролите се фокусирани на подрачјата на Дебар Маало и Градски ѕид, каде најчесто се евидентираат вакви прекршоци. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период. На секое непрописно паркирано возило се остава известување за сторен прекршок, а казната ...

Факултетот за музичка уметност – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги објави програмите за доживотно учење – единствена можност за сите заинтересирани лица над 20 години кои сакаат да го прошират своето музичко образование и да се надградат професионално. Наставата се реализира со врвен универзитетски кадар и нуди висок квалитет во различни области: свирење на инструменти, соло пеење, популарни жанрови, диригирање и ...

Мачорот Лери денеска го слави својот 15. роденден откако живее во резиденцијата на британскиот премиер на „Даунинг стрит“, бр. 10, и во својата „кариера“ како „прв мачор“ испрати многу британски владини лидери. Лери пристигна во официјалната резиденција на британскиот премиер, на 15 февруари 2011 година, од Засолништето за кучиња и мачки „Батерси“, првично – со мисија да лови глувци на местото каде што се донесуваат најважните политички ...

Американската алпска скијачка Микаела Шифрин ги искажа впечатоците за вчерашниот велеслалом на Зимските олимписки игри 2026 година во Италија. – Да бидам тука, веднаш до најбрзите жени, е огромен чекор за мене. Затоа сум горда на тоа. Тоа беше најголемото велеслаломско шоу во поновата историја. И да се направи тоа, знаете, на Олимписките игри, кога целиот свет ги гледа натпреварите. Федерика Брињоне лизгаше неверојатно. Беше толку неверојатно ...

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, ги искажа впечатоците за синоќешното реми 2:2 со Рома на домашен терен од 25. коло од првенството во Серија А. – Фер е да им се заблагодариме на навивачите, бидејќи го ценат она што го правиме оваа сезона. Фактот дека тие признаа дека се бориме за Наполи, го почитуваме дресот и не се откажуваме е прекрасен сигнал за момците. Знам низ што поминаа и како успеавме да преживееме во последните неколку месеци. ...

Реконструиран е дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“. Со вкупна должина од 6,42 километри и ширина на коловозот од 3,5 метри, патот доби стабилна, функционална и долготрајна сообраќајна инфраструктура, објави денеска на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски, во делот „Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина“. – Проектот опфати поставување нов асфалтен слој со дебелина од осум сантиметри, уредување на банкини од ...

Завршена е групната фаза од турнирот во хокеј на мраз за мажи на Зимските олимписки игри во Италија 2026, при што се познати првите четири четвртфиналисти и учесниците во квалификациската рунда. По групната фаза, сите екипи беа рангирани од 1. – 12. место во генералниот пласман. Канада, САД, Словачка и Финска веќе се пласираа во четвртфиналето. Тие ќе играат против победниците од квалификациските парови. Натпреварите од квалификациската рунда ...

Скандалот со карлингот на Зимските олимписки игри во Италија во 2026 година избувна со обновена жестина на 15 февруари. Засиленото мониторирање на натпреварот доведе до отстранување на камен фрлен од машката репрезентација на Велика Британија за истото наводно прекршување за кое два дена по ред беа обвинети Канаѓаните, објави „ESPN“. Во деветтиот крај од натпреварот помеѓу Велика Британија и Германија, официјалните лица тврдеа дека шкотскиот ...

Германските биатлонки Јанина Хетих-Валц и Ванеса Фојгт претрпеа здравствени проблеми за време на Олимписките игри во Италија поради храна со слаб квалитет. Болеста наводно била предизвикана од бургери што ги јаделе спортистите по поединечната трка на 11 февруари. – Претпоставуваме дека јаделе нешто лошо. Тоа беше само едноноќна авантура. Со Јанина, тоа се случи една ноќ подоцна, па таа не беше доволно подготвена за спринтот. Но, нашиот ...

Легендарниот НБА кошаркар, членот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, рече дека сè уште не знае дали ќе продолжи да игра по неговата рекордна 23. сезона. -Во овој момент не знам. Кога ќе одлучам, ќе дознаете и вие. Сега навистина Немам поим. Само сакам да живеам, тоа е сè, изјави за „ЕSPN“ 41-годишниот Американец. Џејмс е со Лејкерси од 2018 година. Тој е четирикратен шампион на НБА (2012, 2013, 2016, 2020). Во сезоната 2025/26 на НБА, ...

НБА Ол-Стар натпреварот 2026 се играше ноќеска во Инглвуд во салата на Лос Анџелес клиперс. Во финалето на мини-турнирот, „Старс“ ги победија „Страјпс“ со 47:21 Натпреварот траеше 12 минути. Најдобар стрелец на натпреварот беше бекот Тајрис Макси (од Филаделфија кој играше за „Старс“), постигна девет поени. Во групната фаза на Ол-Стар натпреварот, „Старс“ загубија од „Страјпс“ (40:42) и победија против „Ворлд“ (37:35 во продолжение). ...

Една од најгледаните претстави на камерната сцена на Македонскиот народен театар, комедијата „Кец на десетка“, на 19 февруари, во 20 часот, ќе одбележи значаен јубилеј — 100-та изведба. Девет години по премиерната изведба, претставата и понатаму живее со ист интензитет и сценски ритам, освојувајќи ја публиката одново. Во изминатите години, со безрезервна актерска енергија и посветеност на сцената настапуваат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, ...

Досега необјавени фотографии за кои се верува дека се од последните моменти пред егзекуцијата на 200 Грци политички затвореници на стрелиштето во атинската населба Кесариани од нацистичките окупаторски сили на 1 Мај 1944 година, биле ставени на продажба на онлајн платформата за купување и продавање производи „eBay“, јави дописничката на МИА од Атина. Фотографиите во Грција ги објави Фејсбук групата „Архиви од Грција во Втората светска војна“, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде во интервал од 1 до 5, а ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Како што соопшти АМСМ слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50м. има на Плетвар и Пресека. АМСМ потсетува дека од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе трае ...

ХЕРЕДИТАРНА СПАСТИЧНА ПАРАПЛЕГИЈА/ СТРАМПЕЛ–ЛОРЕИНОВА БОЛЕСТ/ HEREDITARY SPASTIC PARAPLEGIA/ STRÜMPELL–LORRAIN DISEASE MKБ-10 G11.4 ПРЕВАЛЕНЦА – забележана кај 1–9/100 000 население; во Европа се движи од 1/11 000 до 1/77 000 население. ВОВЕД Хередитарна спастична параплегија (ХСП), позната и како Стрампел–Лореинова болест, претставува високо хетерогена група на наследни болести чија главна карактеристика е прогресивно нарушување на одењето. ...

Италијанската алпска скијачка Федерика Брињоне победи во денешниот велеслалом на Зимските олимписки игри 2026. Триесет и петгодишната Брињоне ги заврши двете трки за 2 минути и 13,5 секунди. Ова е втор златен медал за Брињоне на Олимписките игри во Милано/Кортина, откако претходно беше најбрза во супер-велеслаломската трка. Швеѓанката Сара Хектор и Норвежанката Теа Луиз Стјернесунд се најдоа на делба на втората позиција со време 2 минути и ...

Италијанската биатлонка Лиза Витоци го освои златниот медал во денешната трка на 10 км потера на Олимписките игри 2026. Триесет и едногодишната домашна натпреварувачка патеката ја помина за 30 минути и 11,8 секунди. Ова е нејзин прв златен олимписки медал. Норвежанката Марен Киркеиде го освои сребрениот медал, завршувајќи 28,8 секунди зад водечката. Таа ќе го освоеше златото доколку беше попрецизна на стрелиштата. Трите промашувања и ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
65%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 7ᴼ
2.57
54%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
55%
1017
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.3
90%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
77%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
73%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
75%
1017
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
45%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Бакар

10.65

Сребро

2179.44

Платина

61858.04

Цинк

0.00

Кобалт

3.86

Рутениум

56199.51

Иридиум

258288.78

Родиум

358480.82

Паладиум

44753.84

Злато

144593.23

Калај

43.91

Алуминиум

3.19