Републичкиот Центар за управување со кризи (РЦУК) информира дека во регионите низ земјава се стабилизира состојбата по обилниот дожд што падна деновиве и предизвика пречки во сообраќајот. Во пелагонискиот регион, состојбата во градското подрачје на Општина Битола е нормализирана и нема тековни проблеми, освен во населбата Стрчин каде се евидентирани наноси од чакал и земја и каде една градежна машина на КЈП „Нискоградба“ интервенира на ...

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски ги посети ски терените на ски центарот Ниже Поле со кој управува ЈП „Стрежево“. Како лани, така и оваа година, Општина Битола и меѓуопштинското Јавно претпријатие „Пелалинк“ за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани обезбедија бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина. -По вчерашниот и денешниот ден, бесплатниот превоз продолжува од 12-ти до 16-ти јануари и е до ...

Проблемот со кучињата скитници во североисточниот дел од државата бара итно и долгорочно системско решение, сметаат надлежните. Директорот на ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“, Зоран Пешевски, вели дека проблемот треба да почне да се решава со измени на Законот за благосостојба на животните и консултации треба да дадат сите инволвирани страни Агенцијата за храна и ветеринарство, здруженијата за заштита на животните, со цел да се ...

На шест часа, почнувајќи од 17 часот по македонско време (18 часот по локално време) грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премини Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција, јави на дописничката на МИА од Атина. Блокадата се очекува да трае до полноќ по грчко, 23 часот по македонско време и како и досега ќе се однесува на сите видови возила: товарни, автомобили и автобуси. Грчките земјоделци и вчера попладне, во ...

Традиционалниот Вевчански карневал, една од најстарите живи карневалски манифестации на Балканот, ќе се одржи на 12 и 13 јануари со централна карневалска поворка на 13 јануари од 13 часот кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала. Ова беше најавено денеска на прес-конференција во Скопје по повод годинашното издание на „Вевчански карневал 2026“, кое традиционално се одржува на празникот Свети Василиј Велики. ...

“Луѓето се обично среќни онолку што ќе одлучат да бидат” – Абрахам Линколн Оваа максима на 16. американски претседател, во чиј мандат било укинато ропството, пренесена во актуелниов миг, се чини, најдобро ја разбираат Финците, како и и нивните скандинавски соседи од северот на Европа. Финците ниту се најбогати, ниту се најотворени, а, сепак, со години наназад, дури осум пати по ред, според наодите на World Happiness Report, се прогласувани за ...

Последните обилни врнежи од дожд во изминатите денови предизвикаа зголемување на нивото на реката Вардар во Велес, која денеска е излеана на двете страни од кејот. На мерното место кај Стариот мост, утрово во 7:30 часот, биле измерени 182 сантиметри, што е за 42 сантиметри повеќе во споредба со вчера, кога нивото изнесувало 140 сантиметри, информираат за МИА од Центарот за управување со кризи. Критичната точка за целосно излевање на Вардар во ...

Македонската ракометна репрезентација попладнево го игра вториот дуел на „Јелоу куп“ во Швајцарија. Противник ни е селекцијата на Украина, а по вчерашниот триумф над Бахреин со 32:28, ова ќе биде нова можност за проверка на силите пред Европското првенство. – Имавме тежок натпревар за играње со Бахреин, како и што е вообичаено првиот натпревар има посебна тежина, но тоа е само подготвителен дуел. Очекувам од дуел во дуел да бидеме подобри, ...

Тренерот на Индијана Рик Карлајл стигна до 1.000-та победа во кариерата. Синоќа Индијана го совлада Шарлот со 114:112. Карлајл е 11.тиот тренер во НБА лигата што успеал да стигне до 1.000 победи. На таа листа се наоѓаат: Грег Попович, Дон Нелсон, Лени Вилкинс, Џери Слоун, Пет Рајли, Џорџ Карл, Фил Џексон, Лери Браун, Рик Аделман и Док Риверс. Карлајл во својата кариера бил тренер на НБА екипите: Детроит, Индијана, Далас и повторно Индијана. ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на социјалните права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за декември 2025 година. Корисниците на парични права што поседуваат дебитна картичка може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Денеска може да ги ...

Повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините ќе има утре претпладне, кога ќе дува умерен до засилен јужен ветер, над 60 километри на час. Попладнето врнежите насекаде ќе бидат само од снег. -Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на ...

Годинава карневалските празнувања во Струмица ќе се одржат од 18 до 25 февруари, а традиционално тие почнуваат со предавањето на клучот на градот од градоначалникот на карневалистите, беше соопштено денеска на прес-конференција. Според градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, Струмичкиот карневал е вековна традиција, симбол на Струмица и препознатлив белег на културниот идентитет. -Оваа наша жива традиција со векови ги обединува граѓаните, ...

Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес. Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални ...

Кошаркарите на Индијана конечно ставија крај на „црната серија“ и по 13 порази од Шарлот на нивни терен. Тие во ноќешниот дуел против Шарлот победија со 114:112. Ова воедно беше и 1.000-та победа на Рик Карлајл во кариерата. Кај победничката екипа најефикасен беше Паскал Сијакам со 30 поени, додека на дуелот најпрецизен беше Ламело Бол со 33 поени. Тој воедно е незадоволен во Шарлот и за првпат по 30.јануари 2021 година не беше меѓу ...

Европскиот првак ПСЖ по изведувањето на пенали успеа да триумфира во францускиот Супер куп против Олимпик Марсеј. Фудбалерите на ПСЖ славеа со 4:1 во пенал серијата, откако натпреварот заврши 2:2. Со голот на најдобриот светски фудбалер Усама Дембеле во 13.минута ПСЖ поведе со 1:0. Но, Мејсон Гринвуд реализираше пенал за Олимпик во 76.минута за 1:1. Тимот од Марсеј поведе во 87.минута со 2:1 по автоголот на Вилијам Пачо, а на 2:2 изедначи ...

Поради поплавите што зафатија делови од земјата предизвикани од поројните дождови, во Кочанско и во Охридско, поради излевања реки, се дејствува со механизација. На подрачјето на Скопскиот Регион нема нарушување на редовната состојба поврзано со врнежите од дожд, во Тетовско, пак, се пријавени свлечишта на локалните патишта, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК наведуваат дека во општина Кочани е забележан значително ...

Се подготвува ски – стазата Михајлово, информира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, преку објава на неговата официјална Фејсбук страница. -Покрај слабите природни врнежи, во ски – центарот Михајлово започна процесот на производство на вештачки снег, со што официјално се интензивираат активностите за подготовка на ски – стазата за претстојната зимска сезона. Надлежните служби континуирано работат на терен, следејќи ги временските услови ...

Последниот натпревар од 21.коло од Премиер лигата одигран синоќа меѓу Арсенал и Ливерпул заврши без голови – 0:0. Нерешениот резултат на двата тима им донесе по еден бод, но љубителите на фудбалот очекуваа многу повеќе од лидерот Арсенал и шампионот Ливерпул. Домашниот тим имаше иницијатива во првиот дел и во финишот на дуелот, додека гостите ја контролираа играта во второто полувреме. Најзрелата шанса ја имаше бекот на Ливерпул Конор Бредли, ...

Фудбалерите на Реал Мадрид се изборија за финале во шпанскиот Супер куп откако синоќа во второто полуфинале го совладаа градскиот ривал Атлетико Мадрид со 2:1. На тој начин тие се изборија за финалето против Барселона кое ќе се игра на 11.јануари во недела. Каталонците претходниот ден убедливо со 5:0 го совладаа Атлетик Билбао. Најзаслужен за победата на Реал е Валверде, кој во 2.минута донесе водство за својот тим, а во 55.минута му ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус девет до минус два, а максималната ќе достигне од три до девет степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната ...

На ГП Ники (ГП Меџитлија) има забрана за движење на товарни возила, која ќе трае до 10 јануари, до 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за ...

Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови. Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка антифриз, нивото на гориво, состојба на ...

Лидерот на Премиер лигата Арсенал според британските медиуми влегува во трка за трансфер на англискиот репрезентативец Марк Геи. Играчот летово беше пред премин во редовите на шампионот Ливерпул, но во последен момент на последниот ден од периодниот рок менаџерот на Кристал Палас Оливер Гласнер го стопираше преминот. По повредите на последните дуели во редовите на Манчестер Сити на Јошко Гвардиол и Рубен Диас, „граѓаните“ покажаа сериозен ...

Победа на стартот на „Јелоу куп“ за македонските ракометари, кои на отворањето го совладаа Бахреин со 32:28 (15:13). Утре во дуелот од второто коло од турнирот македонскиот тим ќе игра против Украина (почеток 17:45). Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во првиот дел имаа постојано водство, а на полувреме беше 15:13. На почетокот на вториот дел Бахреин го имаше и единственото водство од 20:19, но тоа како да беше сигнал за македонските ...

Актуелниот европски шампион ПСЖ најверојатно во следната сезона ќе има нов тренер. Според француските медиуми шпанскиот тренер донел одлука да не го продолжува договорот со францускиот шампион. Понудата од клубот била и доживотен договор, па така на крајот на сезоната по истекот на договорот Енрике си заминува од Париз. Тој ланската сезона постигна брилијантни резултати со ПСЖ. Оваа негова одлука се поврзува со негово потенцијално заминување ...

Поради обилните врнежи од дожд на територијата на Републикава, заклучно до 18 часот, регистриран е зголемен водостој на реките, локални излевања и интервенции на надлежните служби во повеќе региони. -Во Штипско–Кочанскиот регион е зголемен водостојот на реките и одводните канали. Кочанска река има локално излевање кај село Горни Подлог, каде што интервенира КЈП „Водовод“ – Кочани со механизација. Оризарска река е излеана кај село Грдовци, ...

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска повеќе настани предизвикале прекини и ограничувања на сообраќајот на патните правци во земјата. -Во 17:35 часот е пријавено дека на автопатот Скопје–Велес, по тунелот „Бадар“, има одрон од карпа кој ги зафатил двете ленти. Сообраќајот засега не е во застој, а на лице место се полициски службеници и екипа од Македонија пат, информира МВР. Од 18:05 часот, поради излевање на Црна река кај ...

Репрезентативците на Нигерија се подготвуваат за бојкот на саботниот дуел од четвртфиналето во АФКОН против Алжир. Нигеријците одбиваат да играат бидејќи не им се исплатени договорените бонуси за претходните натпревари од АФКОН. Ова не е првпат репрезентативците на Нигерија да се закануваат со бојкот. Тоа го направија во ноември ланската година пред дуелот од квалификациите за Мундијалот со Габон. Фудбалерите се во преговори со челниците на ...

Фудбалерите на Вардар ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Првиот дел од подготовките ќе го одработуваат на својот тренинг центар, а потоа ќе следи делот во Анталија, Турција каде избраниците на тренерот Гоце Седлоски ќе одиграат и неколку натпревари. На стартот на подготовките недостасуваа африканските фудбалери. Во Сиде, Турција „црвено-црниот“ табор ќе замине на 13.јануари и ќе биде 21 ден, а планирано е да одиграат ...

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од ЈП Македонија пат. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на планинските превои Попова Шапка, Стража, Маврово–Брод и Буково. И покрај ваквите временски услови, сите патни правци во моментов се проодни. Од ЈП Македонијапат предупредуваат дека на одредени патни правци кои минуваат низ усеци и клисури можна е појава на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
93%
1000
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
8.23
73%
998
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
92%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
3.6
87%
1005
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.29
99%
1006
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
994
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
9.26
71%
1004
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
81%
999
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
82%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
5.14
91%
1008
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
96%
1000
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
71%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Паладиум

55781.55

Калај

48.78

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Сребро

2733.78

Цинк

3.29

Злато

157561.16

Родиум

339994.14

Алуминиум

3.09

Кобалт

64.04

Бакар

12.12