Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница утрово информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер. Според ЈСП, јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за непречено и безбедно функционирање на жичницата. -Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со ...
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски е прогласен за најкорисен играч (МВП) на „Yellow Cup“ во Швајцарија. Кузмановски ја предводеше нашата репрезентација до второто место на турнирот. Македонските ракометари вечерва одиграа нерешено 29:29 со домаќинот Швајцарија и со две победи и едно реми го завршија натпреварувањето. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров веќе утре заминуваат во Данска, земја кодомаќин на ...
Нигерија го победи Алжир со 2:0 вечерва во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации. Напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен, го отвори резултатот во 47. минута. Фудбалерот на Севилја, Акор Адамс, го постави конечниот резултат во 57. минута. Нигерија се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации, каде што ќе се соочи со Мароко. Вечерва играат Египет и Брегот на Слоновата Коска во последниот четвртфинален дуел на турнирот. ...
Напаѓачот на Реал, Килијан Мбапе, денес тренираше со остатокот од тимот, објави веб-страницата на мадридскиот клуб. Утре Реал Мадрид ќе игра против Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Натпреварот ќе се одржи на стадионот „Крал Абдула Спортс Сити“ во Саудиска Арабија. Мбапе ги пропушти последните два натпревари на Реал Мадрид против Бетис (5:1) во Ла Лига и Атлетико Мадрид (2:1) во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп поради повреда. ...
Сите патни правци низ државата се проодни, а намалена видливост поради магла до 100 метри има од Скопје до Гевгелија и на патниот правец Струмица – Валандово, информира ЈП „Македонија пат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово – Пресека – Ресен – Буково и Крушево, но не се задржува на коловозот. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури ...
Во уметничката галерија „Гури Мади“ во Корча, отворена е изложба на фотографии на тема „Пустец, природа, наследство, живот“, што претставува визуелно патување низ Преспа и меѓу македонската заедница во Пустец, преку објективот на уметникот Роланд Беќирај, објави електронското издание на весникот „Македониум“. Изложбата ѝ нуди на публиката автентични портрети, впечатливи пејзажи и посебни детали од традицијата и културата, кои го отсликуваат ...
Aктивиран e Кризниот штаб на Општина Кисела Вода за постапување во зимски услови, кој постојано ја следи состојбата на терен и ја координира работата на сите служби. Како што информира Општината, во текот на ноќта беа преземени интензивни активности за фрлање на сол и ризла, со цел навремено одржување на патната инфраструктура. Посебно внимание е посветено на повисоките населени места од Припор и Теферич каде поради теренската конфигурација ...
Поплавени дворови и куќи кај Мислешевски пат и во струшкото село Калишта предизвикале обилните дождови, а големо количество вода имало и во Струшко поле, потврдија за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи. Според нив, известени се службите на Територијалната противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување и Општина Струга за испумпување на поплавените дворови. – Големо е количеството вода во Струшко поле, но регулиран е ...
Општина Тетово соопшти дека патот кон месноста Бањиче е расчистен, но потенцира дека како последица на обилните врнежи од дожд, сè уште постои опасност од одрони на земја и камења на одредени места. -Апелираме до граѓаните да се движат со зголемена претпазливост, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да избегнуваат непотребно движење во ризичните зони“, соопшти Општина Тетово. До свлечиште на земја и одронување на делови од карпи и ...
Јана Иванова и Филип Циглењак Симоновски се две деца со аутистичен спектар на возраст од 10 и 12 години, чии цртежи и слики денеска беа претставени во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип. Изложбата е во рамки на проектот на Здружението „Во мојот свет“. Штипската публика може да види вкупно 40 дела што се само дел од продукцијата на Иванова и Циглењак. Цртежите и сликите не се уметнички израз на авторите, туку нивен начин на ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски оствари посета на Домот за стари лица „Сју Рајдер“. Од раководството на таа општинска установа, Коњановски беше запознат со условите и услугите кои овој дом ги дава на лицата сместени во Домот, информираа од Општина Битола. За време на посетата, Коњановски ги честиташе новогодишните и божиќните празници, посакувајќи им здравје на лицата сместени во оваа установа, со што ја продолжи ...
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје попладнево, преку својот фејсбук профил, информира дека поради ниските минусни температури и најавените временски услови со врнежи од снег во главниот град и околината, во наредниот период е можно привремено прилагодување на сообраќањето на одредени автобуски линии. -Имајќи предвид дека ефектот на средствата за одржување на патиштата е ограничен при екстремно ниски температури, на одделни делници ...
Американката Линдзи Вон победи на спустот во Заухензе, Австрија. До својата 84 победа во кариерата, Вон на скратената патека стигна со време 1.06.24 минута. Второто место и припадна на Каиса Викхоф Ли (Норвешка) која заостана 0,37 секунди. Трета трката ја заврши Жаклин Вилс (САД) со 0,48 секунди побавно време од победничката. На трката потежок пад имаше Магдалена Егер која со хеликоптер беше однесена во болница. Линдзи Вон е рекордерка во ...
Македонската ракометна репрезентација го освои второто место на „Жолтиот куп“ во швајцарски Винтертур, откако вечерва одигра нерешено 28:28 со домашната репрезентација. Поради подобрата гол-разлика во претходните две кола на турнирот, ремито повеќе им одговараше на Швајцарците го завршија на првото место, додека Македонците со ист биланс од две победи и еден нерешен резултат се втори. Во пресрет на вечерашниот натпревар Швајцарија имаше +14, ...
Кристал Палас попладнево загуби со 2:1 од Маклсфилд во 1/32 финалето на ФА Купот. Фудбалерот од средниот ред на домашниот тим, Пол Досон, го отвори резултатот во 43. минута. Исак Бакли-Рикетс го удвои водството на Маклсфилд во 60. минута. Јереми Пино го постигна единствениот гол за лондонци кон крајот на натпреварот. Маклсфилд игра во Северната националната лига – шестата најсилна дивизија во Англија. На други два денешни натпревари од истиот ...
Фенербахче го победи Галатасарај со 2:0 вечерва во турскиот Суперкуп. Матео Гендузи го отвори резултатот во 28. минута. Тој се приклучи на турскиот клуб од Лацио на 8 јануари. Џејден Остерволде го дуплираше водството во 48. минута. Фенербахче го освои својот прв трофеј под водство на тренерот Доменико Тедеско. Тимот се изедначи со Бешикташ и Трабзонспор за најмногу победи во Суперкупот, со по 10 победи. Галатасарај останува рекордер на ...
До 16 часот попладнево најмногу врнежи имало во Маврови Анови, 13 литри на метар квадратен, а на Попова Шапка се измерени 43 сантиметри снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според УХМР, 12 литри на метар квадратен наврнале во Охрид, Претор и Крушево, 11 во Пожаране, 10 во Тетово, 7 во Битола и 6 во Попова Шапка. Во Прилеп се измерени 5 литри, а по 4 литри на квадратен метар во Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Ѓуриште. Во ...
Сите патни правци низ државата се проодни, а намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Струмица – Валандово, информира ЈП „Македонија пат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово – Пресека – Ресен – Буково и Крушево, но во моментов не се задржува на коловозот. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е ...
Источен регион – Штип Во моментов нема позначителни врнежи, а водостоите на реките се во опаѓање. Активностите за средување на коритото на Оризарска Река во Чешиново–Облешево ќе продолжат во понеделник. Поради претходните врнежи има зачестени одрони и свлечишта, особено на патниот правец Истибања – Делчево и кон граничниот премин. ЈП „Македонија Пат“ и СВР Штип ги одржуваат патиштата проодни. Скопски регион Нема нарушување на редовната ...
Во понеделник (12 јануари), со почеток во 17 часот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани ќе се одржи јавна трибина поврзана со иницијативата на Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на загинатите во „Пулс“. Општина Кочани информира дека заклучно со 11 јануари 2026 година активна е електронската анкета објавена на мЗаедница, преку која граѓаните може да се произнесат по оваа ...
Најдобриот македонски судиски пар, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски нема судии натпревари на претстојното Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Објаснувањето од Европската ракометна федерација е дека македонските судии се отстранети од списокот поради манипулација. – Пред ЕП 2026 судиите требаше да поминат тест за нивната физичката подготвеност. Овој процес вклучува и видеоснимки од „Тест за фитнес во повеќе фази“. По доставувањето ...
Автобусот со кој членовите на машката ракометната репрезентација на Кипар се пренесувале од Талин во Пилва во Естонија, во пресрет на утрешниот натпревар, веројатно поради снегот, се превртел од патот, без посериозно повредени лица, единствено двајца членови на делегацијата потребно било да се пренесат во болница, јави дописничката на МИА од Атина. Од Кипарската ракометна федерација соопштија дека несреќата се случила во раните утрински ...
Францускиот фудбалер Темоје Бакајоко би можел да ја продолжи кариерата во Мец. Според „Л’Екип“, 31-годишниот Французин, кој стана слободен агент откако го напушти ПАОК минатото лето, е во преговори со клубот за враќање во Лига 1. Одбранбениот играч претходно во кариерата има настапувано за Милан, Челзи, Лориен, Рен, Наполи и Монако. Бакајоко одигра 341 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 гола и девет асистенции. Post Views: 2 ...
Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, е прогласен за норвешки фудбалер на годината за 2025 година, објави прес-службата на Норвешката фудбалска асоцијација. Дваесет и петгодишниот напаѓач ја освои наградата шести пат по ред. Во сезоната 2024/25, Халанд одигра 48 натпревари за Манчестер сити, постигнувајќи 34 гола и пет асистенции. За норвешката репрезентација во 2025 година, напаѓачот постигна 17 гола и имаше две асистенции во девет ...
Како последица на обилните врнежи од дожд, денеска до 12:30 часот се регистрирани одрони, свлечишта и локални поплави во повеќе региони низ државата, информираат од Центарот за управување со кризи. Во Штип поради претходните врнежи зачестени се одроните од камења и свлечишта на коловозите, поради што се апелира на зголемена внимателност при сообраќајот. Во Скопскиот регион, како што информираат од ЦУК, нема нарушување на редовната состојба ...
Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Гора“ чие авторско дело е на Никола Ѓурѓај претседател на македонското друштво „Илинден“ – Тирана и уредник на истоимениот весник на македонски јазик. Со задоволство и гордост можам да кажам дека од печат излезе моето авторско дело- разгледницата посветена на областа Гора. Ваква разгледница за првпат е изработена во Република Албанија. Содржи 8 фотографии главно со македонски народни носии од ...
Од недела 11 јануари ќе може да се скија на Попова Шапка, соопштија денес од управата на тетовскиот скијачки центар. По обилните врнежи од снег деновиве, имаше доволна снежна покривка за да се подготват скијачките патеки. -Официјално се отвора зимската сезона 2026, ски-лифтовите ќе бидат во функција од 08:45 до 15:00 часот. Сите оние кои сè уште зеле сезонски билети, ќе можат да ги земат директно на билетарата на Попова Шапка, соопшти ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски дeнеска во Кавадарци се сретна со претставници на земјоделски здруженија од државата. „Одржав работен состанок со претставници на околу 30-тина земјоделски здруженија, на кој разговаравме за предлог програмите за 2026 година. Дискутиравме за приоритетите и предизвиците со кои се соочува земјоделскиот сектор“, напиша министерот на Фејсбук. Тој посочи дека на средбата ...
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис, претрпе оштетување на лигаментите на левата рака, објави инсајдерот Шамс Чаранија на социјалните мрежи. Триесет и двегодишниот Американец според првичните прогнози ќе биде надвор од терените неколку месеци доколку му е потребна операција. Наскоро ќе му бидат извршени дополнителни медицински прегледи. Оваа сезона, Дејвис играше во 20 натпревари од регуларната сезона на НБА и веќе пропушти дел ...
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Ламин Јамал, е прогласен за играч на месецот во Ла Лига за декември, објави прес-службата на шпанското првенство. Осумнаесетгодишниот крилен напаѓач ја освои наградата втор пат по ред. Претходно беше прогласен за најдобар во ноември. Во декември, Јамал одигра пет натпревари во Ла Лига и постигна два гола. Тој постигна девет гола и 11 асистенции во 22 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Post ...