Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Летонска Рига ќе му биде противник на македонскиот првак Вардар во 2. квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Вардар вчера во реванш натпреварот од воведното квалификациско коло во Лигата на шампиони го совлада фински Купс на гостински терен со 3-2 по продолженија што беше недоволно да ја надомести негативата од 0-2 од првото натпревар во Скопје и својот настап на европската сцена ќе го продолжи во квалификациите во ...
Три настани се предвидени за денеска во рамки на 47. издание на фестивалот „Скопско лето“, соопштија од организацијата. – За љубителите на филмската уметност, со почеток во 20:15 часот во Кинотека на Македонија, ќе се одржи проекција на филмот „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски. Со почеток во 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан ќе се одржи поетско – музички настан насловен „Поетроника“ на Андреја Салпе и Оливер ...
ТППЕ Струмица во текот на вчерашниот дена гаснеше четири пожари на отворено во атарите на селата Бајково, Мокриево, Петралинци и Еднокукево каде гореа дрвја, сува трева, ниска вегетација, стрништа, како и земјоделска механизација -машина за балирање слама, објавија струмичките пожарникари. -Со огромен труд, пожртвуваност и навремена интервенција, пожарникарите успеаја да спасат повеќе куќи, како и црквата „Свети Петар и Павле“ во село ...
На новото кошаркарско игралиште кај „Авионче“ во населбата Ново Лисиче, синоќа се одржа инклузивен натпревар во кошарка во колички, организиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Здружението за спортски активности на лица со телесен инвалидитет – Кошаркари во колички „ХОУП СПОРТ“ Скопје. Настанот се реализираше како интерактивна платформа за промоција на еднаквите можности и инклузија во ...
Репрезентацијата на Шпанија, актуелниот европски шампион е првиот финалист на Светското првенство откако вечерва во првото полуфинале го совладаа финалистот од последните два Мундијала, Франција со 2:0. „Црвената фурија“ ги искористи грешките на противникот. Во првото полувреме по лошата интервенција на бекот на „триколорите“ Лукас Дињ, кој потоа го фаулираше Јамин Ламал, а судијата Иван Бартон покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше ...
Духот на „Илинден“ – симбол на слободата, единството и непокорниот дух на македонскиот народ, длабоко кореспондира со кинеската почит кон културното наследство и зачувувањето на националниот идентитет. Затоа, вечерашниот концерт е многу повеќе од културен настан, тој е прослава на пријателството меѓу народите на НР Кина и Македонија, истакна вечерва амбасадорката Џианг Сјаојaн, на отворањето на интернационалниот фестивал „Илинденски денови“ ...
Попладнево околу 16:30 часот изби шумски пожар во атарот на с. Бајково, општина Ново Село, на падините на планината Огражден. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, информира дека поради зголемена опасност од ширење на пожарот и опасност по црквата Св. Петар и Павле, во секој момент ќе полетаат два ер-трактори на ДЗС кои ќе помогнат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД Рис. Во гасењето на пожарот е ...
Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар е победник на 10.та етапа на престижната трка „Тур Д’Франс“. Тој патеката во должина од 165,6 километри ја мина 3 часа 58 минути и 8 секунди и за 32 секунди беше побрз од второпласирани Ремко Евенепол од Белгија. Погачар, е лидер и носител на „жолтата маица“ и во генералниот пласман има вкупно време од 36 часа 15 минути 2 секунди и има предност од 3 минути и 36 секунди пред вториот Јонас Вингегард од ...
Македонскиот шампион Вардар оствари победа од 3:2 по продолжение во реванш дуелот од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите и поразот во Скопје од 0:2 се покажа решавачки бидејќи вкупниот резултат е 4:3 за финскиот првак КуПС. По изедначеното прво полувреме во кое двете екипи имаа шанси за гол, Вардар поведе во 59. минута со голот на Азер Омерагиќ. За продолжение „црвено-црните“ се изборија со голот од пенал на Горан Захариќ во ...
НБА легендата Леброн Џејмс во новата сезона ќе настапува во нов клуб. По осум сезони минати во ЛА Лејкерс 41-годишниот кошаркар како што пренесуваат американските медиуми ќе избере еден од четирите клубови: Голден Стејт, Минесота, Мајами и Кливленд. Џејмс е рекордер со 23 сезони и 1622 натпревари и 43.440 поени. Во својата кариера има освоено четири шампионски прстени, два со Мајами, а по еден со Кливленд и Лос Анџелес Лејкерс. Премин во ...
Претседателот на Бразил Лула да Силва е незадоволен што само еден репрезентативец се врати во татковината по Мундијалот. Од целата експедиција која беше на Светското првенство само Данило допатува, а другите заминаа на други дестинации, секој со своите обврски или приватни планови. Првиот човек на државата побара објаснување и од селекторот Карло Анчелоти, но не се знае дали добил објаснување. „Испратив порака до Анчелоти. На летот на ...
Евидентирани се вкупно девет пожари на отворен простор во текот на денов до 18 часот. Од нив, два сѐ уште се активни, еден пожар е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Едниот сѐ уште активен е шумски пожар на подрачјето на село Бајково, општина Струмица. Другиот пожар е на територијата на село Гарани, општина Кичево, каде што се опожарени ниска вегетација и стрништа. Под контрола е пожарот во ...
Фудбалерите на Силекс ќе имаат голема поддршка од трибините на реваншот од воведното квалификациско коло во Конференциската лига, откако освојувачот на македонскиот Куп соопшти денеска дека сите билети за дуелот против белоруски Динамо Минск се продадени. Натпреварот е закажан за в четврток на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, а Силекс со гол предност го пречекува лидерот во белоруското првенство. „Сите влезници за реванш ...
Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед ги засили денеска своите редови со искусниот, 35-годишен голман Карл Дарлоу, кој потпиша договор до лето 2028 година со можност за продолжување за уште една сезона. „Многу сум горд што потпишав за Манчестер Јунајтед. Се приклучив на одлична група голмани и со нетрпение очекувам да имам здрава конкуренција да се поттикнуваме еден со друг за да ги одржиме највисоките стандарди што ги бара овој ...
Новиот менаџер на Челзи, Чаби Алонсо изјави дека немал дилеми да ја прифати понудата на клубот од Лондон, иако беше поврзуван со преземање на менаџерската функција на Енфилд и Ливерпул. Шпанскиот тренер како играч остави белег во Ливерпул, особено во финалето од Лигата на шампионите 2005 година во Истанбул. На првиот ден во Челзи одговори зошто е на клупата на Челзи, а не на Ливерпул. – Се беше прашање на време (тајминг). Денеска сум тука на ...
Согласно добиените резултати од денешните испитувања, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Од јавното претпријатие информираа за дневните мониторинг – активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. – Во текот на денот од страна на ...
Избрана е фирма која ќе ги адаптира просториите во текстилното училиште „Димитар Мирасчиев“ за отварање на Центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека овој центар ќе биде наменет за околу 40 лица. – Од она кое што очекувам дека во наредниот период ќе се реализира е практично до крајот на оваа година да бидат завршени активностите поврзани со изградбата, ...
Амбасадорката на Народна Република Кина, Џаинг Сјаојан, денеска беше во посета на Општина Маврово и Ростуше, при што најпрво имаше средба со градоначалникот Онер Јакупоски. – Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, отворајќи нови перспективи за развој и поврзување. Главен фокус на разговорите беше ставен на огромните туристички капацитети со кои располага Мавровско-Реканскиот крај – информираше Фикрет Ибраими, одговорен на ...
Општина Карпош и Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува партнерство насочено кон размена на знаења, стручна поддршка и реализација на заеднички проекти. Меморандумот го потпишаа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски и деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Јосиф Јосифовски. Како што соопшти Општина Карпош, документот претставува ...
Археолозите открија долго заборавен град стар 1.600 години близу Александрија во Египет. Меѓу наодите се стражарски кули, христијански храм и голем број христијански артефакти и симболи, соопшти тамошното Министерство за туризам и антиквитети. Надлежните лица известуваат дека скриениот град нуди уникатен поглед во секојдневниот живот на луѓето пред векови. Прилично добро зачуваниот град од источноримската ера и 18 древни гробници во близина ...
Објавен е првиот целосен трејлер за долгоочекуваната драма-комедија „Дигер“ (Digger) од мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалез Ињариту, каде што Том Круз ја глуми насловната улога. Филмот ќе се прикажува ширум светот од почетокот на октомври, а Круз го игра Дигер Роквел – „најмоќниот човек на светот“, кој се впушта во мисија да ја спаси планетата од еколошка катастрофа… Пред објавувањето на трејлерот, на претставувањето од студиото на ...
Бугарската национална телевизија (БНТ) ги објави двата града кои влегоа во завршна фаза од изборот за домаќин на „Избор за песна на Евровизија 2027“. Софија и Бургас влегоа во потесниот избор, додека Варна и Пловдив се елиминирани од натамошната селекција. Градовите беа оценувани според повеќе критериуми, меѓу кои инфраструктурата на арените, пристапноста, сообраќајните врски, сместувачките капацитети, како и вкупната организациска ...
Мик Џегер ги сподели своите размисли за пријателствата со покојните Дејвид Боуви и Џон Ленон, велејќи дека и двајцата му биле соперници, но на многу различни начини. – Да, бевме соперници. Дејвид беше многу натпреварувачки настроен – многу повеќе од мене. Тој го разбуди тој натпреварувачки дух во мене. Беше толку голем соперник што морав да му возвратам со иста мера… Постојано се менуваше во текот на целата своја кариера. Не постои само еден ...
„Захара (21) и Медокс (24), преку весник се откажуваат од татковото презиме, Пит. Со тоа исполнуваат уште еден услов за промена на презимето“, се наведува во судските документи. Огласите се објавувани еднаш неделно во весникот Лос Анџелес дејли џурнал (Los Angeles Daily Journal), како дел од задолжителната законска процедура во Калифорнија. „Подносителката Захара Марли Џоли-Пит поднесе барање до овој суд за промена на презимето од Пит во ...
На првата театарска премиера на Охридско лето, драмата „Татко“, од Флоријан Зелер, во режија на Иван Поповски, синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ настапи извонредна актерска игра. Претставата е во продукција на „Театарот на еден актер“. Сценографијата ја изработи Енес Деари, а костимограф е Изет Цури. Бардот на македонското глумиште, Бајруш Мјаку, со овој театарски проект го заокружува своето 53-годишно патување во светот на ...
Македонскиот културно-информативен центар во Софија продолжува да ја гради својата мисија како еден од најзначајните носители на македонската културна дипломатија, институција која со посветеност, визија и професионален пристап повеќе од две децении ја претставува македонската култура, историја, духовност и национална самобитност пред европската и светската јавност, нагласуваат од КИЦ Софија. -Низ годините, а особено со назначувањето на проф. ...
Жирито на фестивалот за фантастични филмови Монтевидео Фантастико во Уругвај му додели Специјално признание за гласовна актерска изведба (Special Jury Mention – Voice Acting) на актерот Жарко Димоски, за главната улога во филмот „Јон Вардар против галаксијата“. Во образложението, жирито истакнува дека признанието е доделено поради силата, карактерот и енергијата на неговата гласовна интерпретација, која се издвојува како еден од клучните ...
Филмот „Кома“ на режисерот Агим Абдула вчеравечер ја имаше својата фестивалска премиера на “Преку езерото” во Дојран. Ова филмско остварување го карактеризира бавно темпо и долги сцени, кои, како што рече режисерот, потекнуваат од времето кога студирал филмска режија во Иран. -Имав чест и привилегија да студирам режија во Иран и тоа беше намерата, да се види печатот од моите студии во времето кога учев таму и во едно мое филмско дело. Ова не ...
Уметници од НР Кина, членови на симфонискиот оркестар од Нингбо, во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ одржаа работилница посветена на 24-те сончеви периоди како музичка инспирација на тамошните уметници. Магичното музичко патување низ 24-те сончеви периоди е составен дел на позната мудрост на кинескиот народ, вкоренета во набљудувањеот на природата, следењето на нејзиниот ритам и призната од УНЕСКО како светско нематеријално културно ...
Во тек е најсеопфатниот надзорен мониторинг на квалитетот и квантитетот на водите во сливот на реката Вардар, најзначајниот воден ресурс во државата, кој опфаќа повеќе од 80 проценти од сите водни тела. Активностите ги спроведуваат стручни тимови на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), кои вршат теренски мерења, земање примероци од површински и подземни води и лабораториски анализи на вкупно 170 локации. Мониторингот се реализира ...