За три сантиметри е зголемен водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера, а нивоата на другите две природни езера во земјата се исти со вчерашните, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за 2,26 метра понизок од проесекот за јануари. Нивото на Дојранското Езеро е за 85 сантиметри повисоко од просечното, но е 96 сантиметри под ...

Специјализираните мобилни апликации за откажување од пушењето се ефикасна поддршка за пушачите кои се обидуваат да се ослободат од зависноста од тутунот, покажува нов научен труд. Истражувањето, спроведено од кинески научници, укажува дека ваквите апликации се особено успешни кога се користат заедно со лекови за откажување од пушењето, но можат да бидат корисни и сами по себе. Експериментот е спроведен на околу 12.800 испитаници опфаќајќи ...

Со одигрувањето на четирите дуели од вчерашната програма од 3.коло по групи заврши првата фаза на Европското првенство што се игра во Белград. Според новиот формат 12 репрезентации поделени во две групи по шест ги продолжуваат натпреварите за медали, со тоа што ги пренесуваат резултатите од групите од првата фаза. Во Е групата ќе играат: Унгарија, Србија, Шпанија, Црна Гора, Холандија и Франција. Со тоа што Унгарија пренесе шест бодови, а ...

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот во Хернинг го игра првиот натпревар на Европското првенство, а противник ни е кодомаќинот Данска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, веќе неколку денови се во Данска, каде во вторникот го одиграа и последниот контролен дуел што го добија против Митјиланд. Ова е вторпат на европски шампионат македонските ракометари на стартот да играат во Хернинг против Данска ...

По отказот за Чаби Алонсо, Реал Мадрид експресно најде замена во сопствените редови и го промовира поранешниот нивни играч Алваро Арбелоа за тренер на првиот тим. Но, по сè изгледа, по елиминацијата од куп-натпреварувањето управата, ќе направи напор да го донесе Германецот Јирген Клоп, кој по заминувањето од Ливерпул сè уште немал ангажман. Сепак постои еден услов за негово седнување на клупата на Реал Мадрид. Клоп инсистира еден од ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени. Како што информира ...

Општина Струмица и годинава објави јавен повик за ослободување од плаќање на надоместок за престој на деца на самохрани родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ во текот на целата година. Според повикот, правото на партиципација во детските градинки се остварува за дете од семејство на самохрани родители и дете згрижено во згрижувачки семејства, а кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на ...

Двократниот олимписки првак во пливање, Французинот Јаник Ањел (33) ќе се соочи со судски процес под обвинение за силување малолетничка и сексуален напад, откако неговата жалба беше одбиена. Адвокатите на францускиот пливач поднесоа жалба во мај, но судот во Колмар го отфрли неговото барање и нареди судењето да продолжи. Ањел е осомничен дека во 2016 година имал врска со Наом Хортер, ќерка на неговиот тренер, која во тоа време била на ...

Франција ја совлада Чешка, додека Шпанија беше поуспешна од Србија, во двата воведни натпревари со кои вечерва официјално стартуваше 17. Европско првенство за ракометари во организација на Данска, Шведска и Норвешка. Франција во доминантен стил триумфираше над Чешка во Осло со 42-28 за стартна победа во групата Ц, додека Шпанија во Хернинг не дозволи изненадување против Србија, совладувајќи ја со 29-27, во воведниот натпревар во групата А. ...

Германија вечерва во Хернинг ја совлада Австрија со 30:27 (12:8), додека Норвешка рутински триумфираше над Украина со 39:22 (19:11) во Осло, со што е комплетиран првиот ден на 17. Европското ракометно првенство. Германија до стартната победа во групата А ја предводеа Јоханес Гола со седум и Лукас Зербе со шест голови. Најефикасни во редовите на Австрија беа Себастијан Фримел со девет голови и Јакоб Ниг со седум голови. Претходно денеска во ...

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, остро го нападна првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, обвинувајќи го дека станал автократ по пандемијата на Ковид-19. „Тој беше добар број два, но не и добар број еден. Тој работеше многу добро во УЕФА, но има проблем – ги сака богатите и моќните, оние со пари. Тоа е во неговата природа. Беше таков како број два, но не беше шеф во тоа време. За жал, Инфантино стана автократ по пандемијата“, ...

Онер Јакупоски и официјално стапи на должност Градоначалник на Општина Маврово и Ростуше. Денеска, во свечена атмосфера, Онер Јакупоски официјално го прими уверението за Градоначалник на Општина Маврово и Ростуше. Уверението за избор на Градоначалник му беше врачено од страна на Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) Маврово и Ростуше, Реџеп Агаи. Со овој чин, и официјално се потврдува изборната волја на граѓаните и започнува ...

Деветкратната олимписка шампионка во пливање, Американката Кејти Ледецки, победи на трката на 1.500 метри слободно на натпреварувањето во Остин, постигнувајќи втор најдобар резултат на сите времиња. Ледецки доминираше од почетокот до крајот на трката и ја исплива патеката со време од 15 минути и 23,21 секунди. Второпласираната, 16-годишната Бринкли Хансен, заостана повеќе од една минута (16:31,31). Ледецки е светска рекордерка во трката на ...

Претседателот н Фудбалската федерација на Камерун (ФЕКАФУТ), Самуел Ето, е казнет со 20.000 долари и суспендиран на четири натпревари поради непристојно однесување за време на поразот од 2-0 од Мароко во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации. Поранешниот напаѓач на Барселона и Интер беше виден како гневно реагира на судиските одлуки за време на натпреварот, во присуство на претседателот на Африканската фудбалска конфедерација (КАФ), ...

Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома го обезбеди своето второ засилување во зимскиот преоден рок, ангажирајќи го холандскиот репрезентативец Дониел Мален (26). Мален, кој постигна седум голови и имаше две асистенции за Астон Вила оваа сезона, доаѓа во Рома на шестмесечна позајмица, а римскиот клуб мора да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната кога ќе бидат исполнети одредени услови. Италијанските медиуми јавија денеска дека Рома ...

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо е најплатениот спортист во 2025 година, објави денеска спортскиот бизнис медиум „Спортико“ во своето годишно истражување. Меѓу првите 100. се наоѓаат спортисти од осум различни спортови и 28 земји, кои инкасирале вкупно речиси 6,05 милијарди долари во календарската година, вклучувајќи 4,63 милијарди од плати и наградни фондови. Дополнителни 1,42 милијарди се заработени надвор од спортските ...

Општина Велес ги известува своите жители кои имаат поднесено барања за легализација, а постапките им се во прекин поради некомплетна документација дека Законот за постапување со бесправно изградени објекти е со важност до трети март 2026 година. Од Општината апелираат до сите граѓани заради запазување на рокот на време да се обратат во Одделението за урбанизам и да ја достават потребната дополнителна документација. – Во спротивно, доколку ...

По повод православниот христијански празник Богојавление – Водици, на 19.01.2026 година (понеделник) ќе се одржи традиционалната манифестација „Чествување на Водици“ во Злетово и Пробиштип, информираат од Општина Пробиштип. Во соопштението од Општина Пробиштип се наведува дека во Злетово, настанот ќе започне во 07:30 часот на локацијата „Пешка“, каде ќе се изврши осветување на водите на Злетовска Река и потопување на светиот крст. Светата ...

Градоначалникот Владко Грозданов и претставници на Одделението за урбанизам од Општина Кочани денеска остварија средба со сопствениците на пицериите од Трговскиот центар блок А, со цел да најдат најсоодветно решение за проблемот со бесправно изградените монтажни објекти на терасата од источната страна на овој блок. На средбата, градоначалникот Грозданов потсети на реакциите на станарите од Трговскиот центар блок А за узурпираната тераса и за ...

Продолжува протестот на незадоволните кумановци што работеа во американски компании во базите во Ирак и Авганистан. Тие денеска потенцираа дека никогаш не добиле решенија за плаќање даноци изминативе години, побараа одговорност од надлежните во Управата за јавни приходи. На денешниот протест укажаа дека нивното дејствување е исклучиво граѓанско, немаат никаква политичка поврзаност и категорично се оградија од какво било политичка заднина ...

Општина Аеродром објави оглас за давање под закуп на урбана опрема – покриен шанк, по пат на електронско јавно наддавање, што ќе се спроведе преку електронскиот систем www.e-stvari.mk. Рокот за поднесување пријави е до 13 февруари 2026 година, а електронското јавно наддавање ќе се одржи на 16 февруари 2026 година. Како што информираат од општинската прес-служба, предметот на закуп е покриен шанк со вкупна површина од 118,76 квадратни метри, ...

Многумина не може да го замислат својот дневен оброк без месо, но експертите велат дека начините на кои се хранат може сериозно да влијаат на здравјето на цревата. Здравите црева се клучни не само за варење туку и за функцијата на мозокот, срцето, имунолошкиот систем и за општото здравје. Гастроентеролозите нагласуваат дека исхраната е најмоќното средство за поддршка на цревата. Според нив, претежно растителната храна, богата со влакна и ...

Астронаут на кој му е потребна лекарска помош ја напушти Меѓународната вселенска станица (ИСС) заедно со уште тројца членови на екипажот. Тоа е прва медицинска евакуација во историјата на Националната американска вселенска агенција (НАСА). Пред време ќе се вратат астронаутите Зејна Кардман и Мајк Финке од НАСА, Јапонецот, Јуи Кимија и Русинот, Олег Платонов. Тоа беше четврти престој на ИСС за Финки, втор за Јуи, додека Кардман и Платонов ...

„Некои видови комарци сè повеќе се хранат со човечка крв, а научниците велат дека за тоа најверојатно сме самите одговорни. Ново истражување спроведено во Бразил покажува дека со намалувањето на биоразноликоста расте веројатноста комарците да ги изберат луѓето за оброк. Како што човечката активност ги потиснува другите животни од одредени региони, комарците имаат сè помалку алтернативи за хранење“, пишува Сајанс Аларт (Science Alert). ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, зборуваше за Винисиус Жуниор по поразот на тимот од 3:2 од Албасете синоќа во осминафиналето на шпанскиот куп. – Позитивно е што сакаше да биде на теренот и да го одигра целиот натпревар по огромниот напор што го вложи минатата недела. Тој беше подготвен да му помогне на тимот, да преземе сè на себе, да трча насекаде и да не се крие. Таков треба да биде Винисиус – некој што не се плаши, кој презема ...

Сончево време со мала до умерена облачност ќе се задржи и утре. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Според прогнозата, викендов ќе има локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските предели и снег на повисоките места и на планините. -Дневната температура ќе има тенденција ...

За само два дена над 100 верници се пријавени за положувањето на Светиот крст во водите на реката Радика што го организира Бигорскиот манастир. Во објавата на манастирот се вели дека по повод големиот христијански празник Богојавление, со благослов на Неговото преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, светиот крст и годинава ќе биде положен во водите на река Радика, за што може да се пријават сите ...

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, во свој стил го прокоментира поразот од Порто во четвртфиналето од Купот на Португалија. – Причините се очигледни. Подобриот тим загуби затоа што не постигна гол и прими еден гол, тоа е сè. Ја контролиравме играта против тим кој играше со голем интензитет. Бенфика доминираше од почеток до крај во натпревар без многу шанси за гол. Против тим полн со самодоверба, каде што навивачите го прифаќаат фактот дека ...

Регистер на бизниси во општината, најави градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска, за време на денешниот настан со наслов „Градиме доверба и вмрежување на деловните луѓе од општина Кисела Вода“. Стаменкоска-Трајкоска и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денеска се на средба со претставници на локалниот бизнис сектор. -Со благовремено ажурирани податоци, ние може да имаме поквалитетен пристап кон бизнис заедницата. ...

Сонот е едно од најважните нешта за добро здравје. Но ново истражување покажа дека постојано покусото спиење всушност може и да го скрати животот. Научниот труд спроведен во Соединетите Американски Држави е објавен во списанието „Слип адвенсес“ (Sleep Advances). Врската меѓу спиењето и долговечноста е сложена, но лекарите велат дека не се шокирани од резултатите. Научниците, имено, анализирале податоци од анкетата за фактори на ризик во ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1006
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
9.77
67%
1003
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
91%
998
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
75%
1010
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.74
95%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
97%
998
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
80%
1010
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
71%
1001
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.66
89%
1013
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.12
97%
1004
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
66%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2733.78

Родиум

339994.14

Калај

48.78

Паладиум

55781.55

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.09

Бакар

12.12

Злато

157561.16

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Цинк

3.29