Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, ќе отсуствува од теренот до крајот на сезоната поради повреда на тетивата, објави денеска шпанскиот клуб. Јамал ја повреди тетивата на натпреварот против Селта во средата, а Барселона соопшти дека 18-годишниот шпански крилен напаѓач би требало да биде подготвен за Светското првенство оваа година. Оваа сезона, Јамал одигра вкупно 45 натпревари и постигна 24 голови за Барселона, која, на шест кола до крајот ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) нема намера да ја замени иранската репрезентација со селекцијата на Италија на претстојното Светско првенство, откако таков предлог иницираше специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, објави денеска Би-Би-Си. Учеството на иранската репрезентација на Светското првенство е неизвесно поради војната со САД и Израел, а специјалниот американски претставник, Паоло Замполи, за Фајненшл ...

Педесет средношколци и студенти од Македонија и Бугарија од денеска учествуваат на тридневната Меѓународна стартап академија на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. Проректорот на УГД-Штип, Дарко Лазаров истакна дека средношколците и студентите ќе имаат можност да предложат бизнис идеи. – Ова секако е во целосна согласност со стратегијата и мисијата на Универзитетот „Гоце Делчев“, бидејќи станува збор за ...

Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска ги посетил младите македонски ракометари и ракометарки кои настапуваат на Светското училишно првенство во ракомет, што се одржува до 29 април во Скопје, во организација на Министерството за спорт и Федерацијата за училишен спорт на Македонија. Како што информираат од Министерството за спорт, Ристовски им упатил честитки за одличниот старт и им посакал да продолжат во ист ритам и со уште поголема ...

По повод Светскиот ден на книгата и авторското право, градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска денеска присуствуваше на свеченост во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Во рамки на настанот, директорот на НУБ, Јовица Никчевски, на Општината ѝ врачи значајна донација од 25 правописи по македонски јазик и 250 книги од различни автори, наменети за збогатување на фондот на училишните ...

Националната установа Народен театар Битола по пауза од 25 години повторно на матичната сцена ја постави претставата „Секстет“ од Марк Камолети, овој пат во режија на Марјан Георгиевски. На прес – конференција во Битола, директорот на театарот Васко Мавровски, истакна дека последниот водвиљ на нивната сцена бил поставен во 2001 година, и по подолга пауза на публиката и се нудиме нов современ водвиљ од автор кој напишал над 70 водвиљи. -Ваква ...

Во книгата почиваат гласовите на вековите, разговараат мудрецот и детето, владетелот и сиромавиот, поетот и научникот, оној што сонувал и оној што страдал. Ниту еден храм не собрал толку молитви на разумот, ниту еден дворец не сочувал толку богатства колку што тоа го сторила книгата. Книгата за мене е ризница во која не се чуваат злато и сребро, туку идеи, сознанија, визии и надежи. Книгата не нè учи само да читаме редови, таа нè учи да ги ...

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб синоќа свечено беше отворена изложбата „Дијалог преку бојата“, која обединува осум современи уметници од Македонија и Хрватска во заеднички уметнички проект. Изложбата ја отвори директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска која нагласи дека, „проектот „Дијалог преку бојата“ ја истакнува важноста на заедничкото претставување како креативен чин со кој што ќе се продлабочи ...

По повод Денот на планетата Земја, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска реализираше акции на засадување дрвја на две локации во Скопје – во Гинеколошко-акушерската болница во Чаир и во детската градинка Фидани. Ново дрво беше засадено во чест на сите деца родени на 22 април, со симболична порака дека секој нов живот доаѓа на свет со право на чиста и здрава животна средина. Акцијата продолжи во градинката ...

Локацијата Тумбе Кафе во Битола и натаму се расчистува од заостанати убојни средства, при што досегашните резултати покажуваат сериозен обем на опасен материјал од минатото. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека досега се пронајдени над илјада неексплодирани убојни средства, а активностите на терен ќе продолжат и во наредниот период со цел целосно обезбедување на просторот. „Кај Тумбе Кафе, над куќите, досега се најдени 1.067 ...

Во спортската сала „Гоце Делчев“ во н.м Илинден свечено беше отворен Вториот регионален саем за економски развој „ЕКСПО Илинден“, кој прераснува во значаен настан за поттикнување на локалниот и регионалниот економски раст. -Саемот официјално го отвори градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој во своето обраќање истакна дека по успешното прво издание, годинашното продолжение претставува потврда за континуираната ...

Во недела (26.04.2026) во периодот во 09:00 часот до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со ул.„Васко Карангелевски“ до крстосница со бул.„Србија“ и на дел од ул.„Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со бул.„АСНОМ“ до крстосница со пристапна ...

Компанијата „Смарт“ со концептниот модел под ознаката „#2“ откри како ќе изгледа наследникот на популарниот електричен двосед „EQ Fortwo“, чија производна верзија ќе биде претставена во септември. Брендот, кој од 2019 година е во поделена сопственост со германскиот „Мерцедес“ и кинеската компанија Гили“ (Geely), најави дека новиот најмал модел ќе ја користи новата ознака #2. Според новата филозофија на компанијата, сите модели сега се ...

Новата документарна серија на „Нетфликс“ открива шокантни детали за животот на Халк Хоган, кој почина во јули минатата година, вклучувајќи го и неговото признание дека по разводот со Линда Хоган, секојдневно земал опасни количини фентанил за да ги ублажи силните болки. Поранешната борачка ѕвезда зборува за својата преголема зависност во серијата „Халк Хоган: Вистински Американец“ (Hulk Hogan: Real American), што го претставува неговото ...

Повеќе од илјада музичари и групи низ светот, меѓу кои и светски познати имиња како „Масив Атак“ (Massive Attack), „Кникеп“ (Kneecap) и Маклемор (Macklemore), повикуваат на бојкот на Избор за песна на Евровизија, што треба да се одржи во Виена во мај, поради учеството на Израел на натпреварот. Писмото, објавено на веб-страницата на движењето „Нема музика додека трае геноцид“, до вторникот собра над 1.100 потписи, пред сè од уметници од мали и ...

Искусниот голман Никола Митревски се обврза на нова соработка со Е.Пелистер која ќе има важност на уште една година и истата може да биде продолжена за уште една година. „Некои вредности се поважни од секоја победа и секоја титула. Затоа нашата одлука е недвосмиолена – да ги задржиме тие вредности во клубот. Ни претставува задоволство што најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се ...

Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, откри кого смета за фаворит за освојување на Лигата на шампионите во сезоната 2025/26. Во декември, тренерот го именуваше Реал Мадрид како водечки кандидат, но „Лос Бланкос“ беа елиминирани во четвртфиналето, губејќи со вкупен резултат 6:4 од Баерн Минхен. -Велам, тоа ќе биде ПСЖ – го цитира Анчелоти „beIN Sports“. Во полуфиналето на Лигата на шампионите, ПСЖ ќе се соочи со Баерн ...

Тренер на Бенфика, Жозе Мурињо, би го поздравил втор престој во Реал Мадрид, 13 години по неговото заминување во летото 2013 година, објави „Diario AS“. Според шпанскиот медиум, агентот на 63-годишниот Португалец, Жорге Мендеш, го пријавил ова на службениците на Реал Мадрид, кои исто така биле информирани за клаузулата за ослободување во неговиот тековен договор со Бенфика. Мурињо би можел да го раскине договорот со Бенфика на крајот од ...

Бројот на милијардери во светот би можел да се приближи до бројката од 4.000 до 2031 година, покажуваат податоците на консултантската куќа за недвижности „Knight Frank“, додека најбогатите забрзано го зголемуваат своето богатство. Според анализата на „Knight Frank“, моментално во светот има 3.110 милијардери, а се очекува нивниот број да порасне за 25 отсто во наредните пет години, достигнувајќи 3.915, пренесува „Гардијан“. Брзо расте и ...

Титулата европска престолнина на културата 2028 не се сведува на едногодишна културна програма, туку претставува долгорочен процес насочен кон трајна трансформација на градот и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Ова беше главната порака на конференцијата „Обликување на иднината на Скопје: Култура, урбани политики и одржливи европски градови“, одржана во рамки на „Скопје – европска престолнина на културата 2028“. На настанот ...

Ми претставува особена чест и задоволство што можам да ве поздравам на отворањето на годинашниот Саем на книгата, манифестација што го слави зборот како темел на културата, мислата како двигател на општеството и книгата како простор во кој секоја идеја пронаоѓа свој живот, рече во своето обраќање на отворањето на Саемот на книга министерот за култура Зоран Љутков. Денес отвораме нов простор, простор на мислата, на имагинацијата, на слободата. ...

Речиси 30.000 посетители, повеќе од 130 промоции на наслови, присуство на над 60 издавачки куќи – богата програма со специјални попусти, книжевни панели и интерактивни работилници, ќе понуди 38. Саем на книгата, кој почна денеска и ќе трае до 29 април. Саемот се одржува во арената „Борис Трајковски“ со мотото „Отвори прозорец кон нови светови“, а го отворија претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за култура и ...

Кошаркарот на Сан Антонио спарс, Келдон Џонсон, е прогласен за шести играч на годината за регуларниот дел од НБА-сезоната 2025/26. Келдон Џонсон беше клучен адут од клупата за Сан Антонио оваа сезона. Тој играше во сите 82 натпревари, сите влегувајќи од клупата, подвиг што го постигна само еден друг НБА-играч во последната деценија. Тој, исто така, стана првиот играч во историјата на Спарс кој постигнал повеќе од 1.000 поени во една сезона ...

За време на викендот и почетокот на следната недела ќе се задржи претежно сончево и потопло време со појава на променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер. Како што информира УХМР, од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви ...

Драмски театар Скопје со претставата „Болва в уво“ во режија на Синиша Евтимов гостува во Тиват, Црна Гора. Изведбата ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура во Тиват, како дел од програмата на црногорскиот регионален театарски фестивал РУТА. Фестивалот го отвори директорот на Центарот за култура во Тиват, Горан Божовиќ, истакнувајќи дека учеството на реномирани професионални театри од Белград, Загреб, Љубљана, ...

Научници од Универзитетот во руската република Кабардино-Балкарија конструираа робот кој игра шах, со цел да им помогне на студентите подобро да ги совладаат принципите на програмирањето, пренесоа руските медиуми. Станува збор за уникатен систем кој претставува роботска рака со вградена вештачка интелигенција и софистициран софтвер. Роботот ја набљудува таблата преку 3Д камера, која веднаш ги препознава фигурите, го следи потегот на ...

Паоло Замполи, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за глобални партнерства, се обрати до ФИФА со предлог Иран да се замени со Италија на Светското првенство во 2026 година, објавува „Фајненшл тајмс“. Според изворот, оваа иницијатива има за цел подобрување на односите меѓу Трамп и италијанскиот премиер Џорџо Мелони. – Потврдувам дека им предложив на Трамп и Инфантино Италија да го замени Иран на Светското ...

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, се повреди синоќа во победата на Барселона од 1:0 дома над Селта Виго во 33. коло од шпанската Примера. Осумнаесетгодишниот Шпанец заработи пенал кон крајот на првото полувреме и самиот го реализираше. По пеналот, Јамал лежеше на теренот држејќи се за ногата. Потоа го напушти теренот и беше заменет. „ESPN“, повикувајќи се на извори, објавува дека прелиминарната дијагноза укажува на кинење на тетивата. ...

Ова не е само проект на институциите. Ова е проект на луѓето. На сите нас. И токму затоа верувам дека „Скопје 2028“ може да биде нешто навистина посебно – порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков на конференцијата „Обликување на иднината на Скопје: Култура, урбани политики и одржливи европски градови“, одржана во главниот град во рамките на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Министерот ја нагласи целосната поддршка ...

Македонската книжевна наука доби ново дело што може и треба да се чита како мала историја и вовед во теоријата и поетиката на книжевноста за деца. Книгоиздавателството „Панили“ ја објави книгата „Од ‘Црвенкапа’ до ‘Џинџуџе’“ од истакнатата универзитетска професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска. Ставајќи акцент на поетика на книжевноста за деца, но и на културата за деца како една специфична супкултура, книгата се развива ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
40%
1007
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
42%
1003
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
69%
1001
weather icon

Софија

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
51%
1007
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.87
57%
1006
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
95%
1002
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1008
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
43%
1008
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
5.66
68%
1007
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
36%
1006
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
2.68
63%
1002
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
72%
1010
Currency

61.6417

Currency

52.9053

Currency

70.7501

Currency

38.0585

Currency

38.4874

Currency

67.3773

Currency

7.79601

Currency

0.72213

Currency

0.33373

Currency

0.52486

Currency

1.16149

Currency

0.55145

Родиум

320703.70

Сребро

2542.61

Калај

59.08

Паладиум

45332.55

Бакар

12.80

Алуминиум

3.61

Злато

146959.62

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Платина

64237.19

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39