Според Општина Кочани, градската депонија кај селото Бели, повторно е изложена на неодговорно и несовесно однесување кое директно го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина. -Депонијата повторно е намерно запалена од несовесни поединци. Ваквите постапки не се само чин на неодговорност, туку претставуваат сериозна опасност за сите нас. Наместо да придонесуваат за почиста и побезбедна средина, поединци свесно создаваат проблеми чии ...

Веќе неколку дена гори Градската депонија во Кочани, за што општината оцени дека е намерно запалена и е дело на несовесни граѓани. Екипи на КЈП „Водовод“ и од општината се на терен на локализирање и гаснење на пожарот. Во меѓувреме, отпадот се носи во Виница. Изутрината заседаваа Штабот за заштита и спасување при Општина Кочани и Локалниот совет за превенција. Единствена точка на дневен ред беше заштита и превенција од пожари – со посебен ...

Додека пожарникарите од Струмица се на терен и пробуваат целосно да го изгасат пожарот во депонијата кај село Добрашанци, организацијата „Здрава котлина“ објави видео со кое алармираат дека утрото за локалните жители повторно започна со силно печење во носот и грлото. „Ќе нè убие депонијата во Добрашанци или неодговорноста на надлежните!? Целата котлина е покриена со густ чад, а воздухот повторно е тежок за дишење. Повторно плаќаме со ...

Вон функција е градската депонија во Кочани поради пожарот што избувна вчера таму. Додека не се среди состојбата, во двете општини Виница и Чешиново-Облешево ќе има ограничувања во собирањето на сметот, бидејќи моментално нема каде да се носи отпадот. Како што информираат од Јавно претпријатие за комунални дејности од „Облешево“ и ЈП „Солидарност“ – Виница, поради настаниот проблем, депонијата во Кочани не може да прима отпад додека трае ...

Алармантна е состојбата на Градската депонија во Кочани, оцени Кризниот штаб за заштита и спасување при Општина Кочани, кој денеска одржа итна седница. Дека ситуацијата е алармантна, оценува и градоначалникот на Општина Кочани, кој воедно е командант на Кризниот штаб, посочувајќи дека е ангажиран максимален капацитет на човечки ресурси и механизација за да се запре пожарот. Истовремено, на седницата беа донесени и следните заклучоци: Сите ...

Алармантна е состојбата со пожарот на Градската депонија во Кочани. Со цел да се заштити депонијата од пиромани, во наредниот период ќе има мобилни патроли, а ќе се користат и термални дронови, ова се дел од заклучиците на денешната седница на Кризниот штаб. Според надлежните пожарот, кој избувна вчера е намерно предизвикан. Депонијата во која отпадот го складираат општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево е запалена вчера и тоа ...

Од ЦУК велат дека под контрола е пожарот на депонијата кај селото Доброшинци во Општина Василево и тој на депонија и нискостеблеста шума кај селото Штука во Општина Босилово До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор. Од нив, еден е сè уште активен, два се ставени под контрола, а пет се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во Општина Старо ...

Штабот за заштита и спасување при Општина Кочани и Локалниот совет за превенција денеска одржаа итна седница со единствена точка на дневен ред – заштита и превенција од пожари – со посебен акцент на состојбата со Градската депонија во Кочани. Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, кој воедно е командант на Кризниот штаб оцени дека состојбата на Градската депонија е алармантна и е ангажиран максимален капацитет на човечки ресурси ...

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов во изјава за медиумите денеска информираше дека пожарот на Градската депонија во Кочани, кој избувнал вчера околу 2 часот по полноќ, според првичните сознанија е предизвикан со намерно палење. – Некому најверојатно му пречи како е средена и како функционира депонијата, најверојатно му треба чад и отров со што би нѐ тровел, па од многу тешко пристапен терен, некој пироман направил еден вид ...