Дваесеткратниот шампион на Гренд слем, Швајцарецот Роџер Федерер, ги оцени шансите на Србинот Новак Ѓоковиќ да го освои Отвореното првенство на САД 2026. – Мислам дека секогаш кога Новак игра на турнир, без разлика дали е Гренд слем или било кој друг, тој има шанса. Имам огромна почит кон него. Видов што е способен, не само еднаш, туку многу пати. Тој го направил тоа насекаде и на највисоко ниво. Секогаш мислам дека сè додека е на турнирот, ...

Челзи синоќа го победи Фулам во првиот натпревар под водство на тренерот Чаби Алонсо. „Сините“ славеа со 3:2 на гости во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Жоао Педро (1. минута), новото засилување Морган Роџерс (41) и Кол Палмер (49) постигнаа по еден гол за гостите. Палмер и Жоао Педро разменија и асистенции. За домаќините погодија Џошуа Кинг (23. минута) и поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Гонсало Гарсија (54). Алонсо, кој ...

Рома забележа убедлива победа од 4:0 над Фиорентина синоќа во првото коло од италијанската Серија А. Напаѓачот на Рома, Дониел Мален, постигна хет-трик. Дваесет и седумгодишниот Холанѓанец постигна гол во 27., 52. и 60. минута. Пауло Дибала асистираше за сите три гола. Николо Пицили го постигна конечниот резултат во 86. минута. Холанѓанецот Мален се приклучи на римскиот клуб во зима и постигна 14 гола на 18 натпревари од Серија А. Рома го ...

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Кенан Јилдиз, доживеа сериозна повреда во победата од 1:0 над Фросиноне во првото коло од Серија А, објави „Тутоспорт“. Според италијанскиот медиум, на 21-годишниот Турчин му е дијагностицирана скршеница на стапалото на левата нога. Прегледот покажа дека ќе му биде потребна операција. Се очекува закрепнувањето на Јилдиз да трае приближно три месеци. Јилдиз беше заменет во 69. минута од натпреварот. Беше ...

Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, ги искажа впечатоците по триумфот од 4:0 на домашен терен над Фиорентина во првото коло од шампионатот во Серија А. – Дониел Мален и Пауло Дибала се играчи од светска класа. Дибала отсекогаш бил таков, само се соочуваше со многу повреди. Овој човек е чудовиште, и покрај сите муабети за „свиленкасти мускули“. Минатата година немаше среќа – се повреди додека изведуваше слободни удари и пенали. Мален е ...

Википедија на македонски јазик и здружението Викимедија МКД го организираат фотографскиот натпревар насловен „Вики ги сака спомениците 2026“. Се работи за натпревар за фотографирање градби (куќи, манастири, цркви, џамии, археолошки наоѓалишта, споменици, јавни и општествени градби, и останати места) кои се заведени како културно наследство на Македонија. Право на учество имаат сите што ќе регистрираат (бесплатна) корисничка сметка на ...

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 7.30 часот регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде што ...

Бразилецот Фабињо потпиша денеска договор со Трабзонспор, објави турскиот прволигаш, со што 32-годишниот бразилски фудбалер од средниот ред повторно ќе биде во ист тим со својот поранешен клупски колега од Ливерпул, Мохамед Салах. „Познато лице ме чека во Трабзон“, напиша денеска Фабињо во објава на официјалниот сајт на Трабзонспор. Бразилецот пет сезони го носеше дресот на Ливерпул пред да му се приклучи на саудиски Ал Итихад во 2023 година ...

Германскиот претприемач Кристоф од Франкфурт, кој 18 години летува на хрватскиот остров Брач и таму поседува куќа, објави отворено писмо на германскиот портал „Кроација вести“ во кое остро ја критикува прекумерната комерцијализација и растот на цените во хрватскиот туризам. Во објавата насловена „Не е дека немаме пари – имаме, но повеќе не сакаме да плаќаме за вашите илузии“, тој предупредува дека краткорочната трка по профит ги уништува ...

Македонската женска младинска ракометна репрезентацijа го претрпе вториот пораз на Медитеранските игри во Таранто, откако вечерва загуби катастрофално од Тунис со 43-11 во рамки на второто коло во групата А. Избраничките на селекторот Даниела Новеска Вељаноска од самиот почеток на натпреварот беа инфериорни на теренот и сите дилеми околу крајниот победник беа познати веќе по првото полувреме во кое Тунис озбезбеди предност од 20-4. ...

Лондон, 24 август 2026 (МИА) – Фудбалската топка со која аргентинската легенда Диего Армандо Марадона го постигна својот познат гол „Божјата рака“ на Светското првенство во 1986 година е продадена на аукција за 2,5 милиони фунти, јави денеска Би-Би-Си. Во 51. минута од четвртфиналниот натпревар одигран на 22 јуни 1986 година во Мексико Сити, Марадона ѝ донесе водство на Аргентина, постигнувајќи гол со рака, а само четири минути подоцна ја ...

Фудбалерите на Вардар ја прекинаа низата од два порази во ПМФЛ, совладувајќи го вечерва на домашен терен Силекс со 4-1 (1-1) во рамки на 4. прволигашко коло. Актуелниот шампион рано дојде во водство со голот на Данев во 3 минута, но кратовскиот прволигаш до крајот на полувремето го израмни резултатот со погодокот на Анѓелески (37 минута). Нововлезениот Маневски го врати водството на Вардар во 63 минута, а Пиреш во 69. и Спахиу во 88. минута ...

Со прогласување на најуспешните риболовци, вчера заврши „Маврово Опен 2026“ Светскиот крапски куп. Овој натпревар во спортски риболов на крап кој се одржа викендов (од 20 до 23 август), беше во организација на Македонската риболовна федерација и со поддршка на локалнта самоуправа и ЈУНП „Маврово“. На натпреварот на Мавровското Езеро учествуваа 33 екипи од повеќе држави, а во текот на натпреварувањето беа изловени вкупно 495 парчиња крап, со ...

Ставен е под целосна контрола пожарот кој неколку денови беше активен на планинатата Жеден, а којшто навлезе во атарот над село Бојане и најверојатно ќе биде целосно изгаснат, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Со тоа, потенцира Ангелов, чадот што од тука одеше во насока на Скопје и се чувствуваше насекаде низ градот, значително ќе се намали. Авни Амети, командир на тетовската ...

Седум пожари од вкупно 21 регистрирани на отворен простор денеска до 18:30 часот, се сè уште активни. Два се ставени под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково кај селата Моране, Вртекица, Рамни Габер и кракот кон селото Палиград, како и над селото Вражале во Општина Зелениково, каде гори мешана шума; во Општина Македонски Брод кај м.в. ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира дека во одредени делови од земјата има појава на град, пороен дожд и засилен ветер. – Источно од Крушево има појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Северно од Велес има појава на пороен дожд и можна појава на суградица – посочуваат од УХМР. УХМР информира дека до крајот на денот наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови ...

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов во објава на социјалните мрежи ги окарактеризира како тероризам случувањата на планината Китка, каде веќе десетина дена има пожар. -Почитувани, јавноста мора да знае одредени факти за пожарот кој веќе десетина дена беснее на планината Китка. Тоа е пожарот кој најпрво започна на територијата на општина Студеничани од каде за неколку дена се префрли и на територија на општина Зелениково ...

Шеесет и тригодишна жена е уапсена откако на Закинтос убила мачка, а за стореното дело ѝ е изречена казна од 30.000 евра, соопшти денеска локалната полиција. Жената, жителка на Ромири била пријавена од страна на сопственикот на мачката, пренесе грчкиот портал „Катимерини“. Според информациите на Здружението за благосостојба на животните на Закинтос (ЗОМЗ) станува збор за возрасна мачка што жената ја задавила со јаже, а причините за убиството ...

Евролигата и Одделот за култура и туризам Абу Даби го објавија почетокот на Суперкупот на елитното кошаркарско натпреварување. Првиот турнир ќе се одржи на „Етихад Арена“ на островот Јас, со што ќе се отвори новата европска сезона. Суперкупот 2026 на Евролигата ќе се одржи во септември. Според официјалното соопштение, на турнирот ќе учествуваат: актуелниот шампион на Евролигата, Олимпијакос, шампионот од 2025 година, Фенербахче, финалистот од ...

Со стручни предавања на трофејниот српски стратег Светислав Пешиќ и актуелниот македонски селектор Хосе Мариа Берокал, како и практични демонстрации пред околу 200 македонски и странски тренери денеска во Скопје почна дводневниот едукативен семинар во организација на Македонската кошаркарска федерација (КФСМ). Во првиот дел од денешната програма, своите знаења и искуства досега ги споделија Пешиќ и Берокал со теми посветени на дефанзивната и ...

Фудбалерот на Баерн, Хари Кејн, призна дека се чувствува навистина ценет во клубот од Минхен. Англискиот напаѓач изјави дека клубот прави сè што е можно за да му помогне да стане најдобар играч во светот. -Ја чувствувам љубовта од клубот, знам колку ме ценат. Не само за моите голови – мислам дека ја ценат мојата игра како целина, како и мене како личност во соблекувалната, целиот мој придонес. Се чувствувам навистина привилегиран, изјави Кејн ...

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал, се наведува во соопштението на ПР-тимот, кое МИА го пренесува интегрално. Во официјална конкуренција „17“ ги доби наградите: -„Срце на Сараево“ за најдобра актерка за Ева Костиќ. Според оценката на ...

Во штипските основни училиште во учебната 2026-2027 година од 1 септември со настава ќе почнат 3.548 ученици од прво до деветто одделение, информираше на денешната прес-конференција Снежана Санева раководител на Секторот за образование и јавни дејности во општина Штип. Таа посочи дека вкупниот број на првачиња кои ќе се запишат ќе изнесува 336 ученика. -Што се однесува до средното образование, треба да кажеме дека образованието го започнуваат ...

Во текот на вчерашниот ден имавме најмалку 33 пожари на отворен простор. Најкомплексен и најтежок за гаснење е пожарот што сега гори на планината Китка – рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. – Помеѓу нив имавме неколку исклучително тешки шумски пожарим кои избувнаа среде борова шума. Таков беше пожарот што избувна во близина на границата со Бугарија, на територијата на општина Пехчево, во атарот на ...

Два милиони пастрмка коран беа пуштени овој викенд во Охридското Езеро, кај Поградец, Албанија, како дел од иницијативите за збогатување на водната фауна и заштита на овој ендемски вид од особено значење за екосистемот и економијата на областа – објави Општина Поградец. – Тоа е во рамките на Фестивалот на коранот, активност што сега стана традиција за градот Поградец и која ги комбинира промоцијата на биодиверзитетот, рибарската традиција и ...

Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје е од ветерот што го носи чадот од пожарот што гори на Китка во општините Студеничани и Зелениково, а на кој денеска дејствувал хеликоптер на МВР – информираат од ЦУК. До овој момент нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и нискодеградирана шума во општина Илинден, велат од ЦУК. Post Views: 0 август 25, 2026 Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје е ...

Мирисот на чад што се чувствува во некои делови од Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, некаде во атарот на селото Бојане, пожар што од тетовска страна сега полека се префрла на скопска страна. Пожарот е на тешко пристапен терен – соопшти попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, преку видеопорака. Тој додаде дека како поддршка на скопските пожарникари во гаснењето на пожарот се вклучени и колеги од ...

Во Центарот за параглајдинг во Крушево денес свечено беше отворен натпреварувачкиот дел од Светското јуниорско првенство во параглајдинг на ФАИ, „Крушево 2026“. На првенството учествуваат млади пилоти и натпреварувачки тимови од 13 земји од целиот свет. Свеченоста воедно беше можност за промоција на резултатите од проектот „Крушево и Елбасан, Патување во природа и авантура“, финансиран од Европската Унија преку ИПА III Програмата за ...

Холандскиот јавен радиодифузен сервис Авротрос денеска објави дека ќе го бојкотира музичкиот „Натпревар за песна на Евровизија“ и следната 2027., втора година по ред, во знак на протест против присуството на Израел и војната во Газа. „Авротрос нема да учествува на „Евровизискиот натпревар“ за 2027., оти настанот веќе не е неутрален, бидејќи една од земјите-учеснички е сè уште вклучена во голем воен судир. Геополитичките тензии на Блискиот ...

Најуспешниот македонски шаховски колектив, ШК Алкалоид, со победа ја започна одбраната на двојната круна на екипните државни првенства, кои викендов стартуваа во Струга. На машкиот турнир пријавени се дури 21 велемајстор, но и уште 13 играчи со титула интернационален мајстор и 15 играчи со титула ФИДЕ-мајстор. Вкупно 49 играчи од пријавените 100 имаат шаховска титула, наспроти 36 во 2025 година. Просечниот рејтинг на машкиот турнир е 2119 ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
67%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
95%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
63%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
63%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.34
76%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35