Сирискиот претседател Ахмед ал Шара ја поздрави одлуката на САД за отстранување на Сирија од листата на држави спонзори на тероризмот, оценувајќи дека таа одлука претставува значаен чекор кон ублажување на санкциите и економско закрепнување на земјата. – Денес Сирија се ослободува од темната дамка и отстранува болно поглавје од своето минато за да тргнат по патот на развојот, реконструкцијата и обновата – рече Ал Шара во својот говор, пренесе ...

Македонија се наоѓа на стратешка позиција и на невидливо бојно поле, на кое се пресекуваат геостратешките интереси – оценува премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за „Брајтбарт њуз“. Според него, особено значење имаат транспортните коридори 8 и 10, кои ја поврзуваат Југоисточна Европа со поширокиот европски пазар. Посочи дека Коридорот 8, кој ги поврзува Јадранското и Јонското Море со Црното Море, би можел да добие дополнително значење ...

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот. – Да, тоа ќе биде редовно усогласување, нивелирање во согласност со законот. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во заднина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд ...

Германски свештеник објави дека, по 37 години, се повлекува од службата во својата парохија, притоа откривајќи претходно тајна романтична врска со жена. „Причината е што ќе се женам“, изјави Андреас Унфрид на интернет-страницата на парохијата Света Урсула што се наоѓа во областа Таунус, близу Франкфурт, западна Германија. Тој го информирал бискупот Георг Бацинг од Лимбург за својата одлука – да се ожени со својата „голема љубов“ и да се ...

Кога СДС нема што да каже, ете ги ќе најдат некој да излезе на прес-конференција за да заплашува народ и да шири апокалиптични сценарија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Уште од пред околу две години кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт зборуваа дека државата ќе банкротира, па после само уште не банкротирала, дека мигранти ќе доаѓале, дека цените на производите многу ќе поскапеле. Што ли уште што не измислија. ...

Врховниот суд на САД синоќа ја укина судската наредба со која привремено беа блокирани плановите на претседателот Доналд Трамп за заострување на правилата за гласање по пошта, нешто повеќе од два месеца пред одржувањето на конгресните избори во земјата, пренесе ДПА. Иако конечната одлука за мерките се уште не е донесена, одлуката на Врховниот суд и овозможува на администрацијата засега да продолжи со нивното спроведување. Се уште не е јасно ...

Цената на биткоинот утрово ја надмина границата од 80 илјади долари, продолжувајќи го силниот раст на најголемата светска криптовалута поттикнат од враќањето на средства во берзански фондови (ЕТФ) поврзани со биткоинот и зголемената склоност на инвеститорите кон поризични средства. Биткоинот утрово се тргуваше за околу 80.650 долари, а во текот на денот достигна околу 81.200 долари, што е највисоко ниво од мај. Во однос на почетокот на денот, ...

Мандатот на оваа Влада е 4 години. Од она кое што можам да го видам од опозицијата, е бледо тактизирање кога станува збор за предвремени избори и срамежливи изјави, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. -Нашиот мандат како Влада е 4 години, наш приоритет се граѓаните, интересот на граѓаните, проектите и реформите кои треба да ги испорачаме кои граѓаните ги очекуваат од Владата и она што го испорачуваме во ...

Официјалните документи докажуваат дека проектот за изградба на автопатот Скопје- Блаце не е проект создаден од актуелната власт, туку проект за кој во времето на владеењето на ДУИ биле преземени конкретни чекори во однос на проектирањето, обезбедувањето финансиски средства и тендерските постапки, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. На 27 јуни 2022 година, Собранието го усвои Законот за гаранција на обврските ...

Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската Унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ. Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна седница одржана вчера црногорскиот Парламент ги усвои предлог-измените на Уставот што се ...

По вчерашното одржување на првото судско рочиште против Артан Груби, сè повеќе се отвораат сериозни прашања за тоа што се случувало зад сцената и за обидите овој процес да се затвори преку спогодба со Обвинителството, наведува „Вреди“ во соопштение, кое МИА го пренесува интегрално. Наводно, Артан Груби бил убедуван да склучи спогодба со Обвинителството. Да прифати вина, да добие далеку полесна санкција, но и со тоа да стави крај на сите ...

Цените на дизелот надминаа 100 денари за литар. За 43% се покачени во изминатите 6 месеци. Што значи цените на храната повторно ќе растат. А Владата на Мицкоски не презема ништо, истакна на прес – конференција потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, што МИА ја пренесува интегрално. Ценовниот бран сега ќе биде уште потежок затоа што половина од семејниот буџет на македонските граѓани оди за храна и пијалаци. Потрошувачката кошничка веќе ...

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Берово и Виница, каде се измерени по 6 литри на метар квадратен, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според утринската информација на УХМР, 4 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, а по 2 литри во Струмица и Гевгелија. Од Управата посочуваат дека количините на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР и дека поради локалниот карактер на ...

Македонија силно ги поддржува американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација и сака стратешкиот дијалог со Вашингтон да се претвори во конкретни резултати во безбедноста, енергетиката, инфраструктурата, трговијата и инвестициите – изјави премиерот Христијан Мицкоски во ексклузивно интервју за „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News). Мицкоски нагласува дека поддршката за Трамп од страна на македонската Влада почнала уште пред тој ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамки на посетата на Израел, оствари средба со својот израелски колега, министерот за надворешни работи Гидеон Саар, на која биле потврдени добрите билатерални односи и заедничката определба за нивно натамошно продлабочување. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, двајцата министри разговарале за можностите за унапредување на ...

Торнадо доцна синоќа помина низ департманот Од на југот на Франција, при што според првичните информации се повредени 15 луѓе и оштетени се повеќе од 300 куќи, соопштија локалните власти. Снимки објавени на социјалните мрежи прикажуваат торнадо над селото Верзеј во Од доцна синоќа. На многу куќи кои се најдоа на неговиот пат, силните ветрови им ги искршија прозорците, пренесоа светските агенции. Торнадото настана кога интензивниот летен ...

Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто што го направивме, но, за жал, тие нè предадоа и нè излажаа, истакнува премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News). Мицкоски членството во ЕУ го опиша како втора клучна цел, по стратешкото партнерство со САД. – Да се биде дел од ЕУ е добро од ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со сериозни инвестиции во здравството, со цел граѓаните да добијат современи установи, подобра опрема и поквалитетни услуги, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Се реализираат Клиничките болници во Штип и Тетово, проширување на Здравствениот дом во Кичево, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, за кои веќе има интерес од потенцијални финансиери. Паралелно ...

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде е ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка во квалификациите за пласман на главниот турнир на УС опен, откако вечерва загуби во воведното коло од Јапонката Маи Хонтама со 2-0 во сетови (7- 6, 6-3). Во првиот сет двете тенисери имаа по три брејк гема, а Јапонката Хонтама беше во постојано водство. По 2:0 и 4:1 во гемови за јапонската тенисерка Ѓорческа успеа да израмни на 5:5, но во тај-брејкот противничката поведе ...

Царините за увоз во САД на сите автомобили, камиони, автомобилски делови и челик од Канада ќе бидат зголемени на 50 отсто од 1 јануари 2027 година – изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп по неуспехот на трговските преговори со Канада. – Произведувајте во САД и ЦАРИНИТЕ СЕ НУЛА. Канада повеќе нема да биде третирана како држава, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут сошл“. Според податоците на канадската Влада, САД во ...

Претседателката Гордана Сиљановски Давкова објави дека денеска се сретнала со четири претставнички на Научниот одбор на меѓународната конференција „Годишна средба на Мрежата за родово одговорен надзор врз буџетот и заедницата на практичари кои користат родово одговорно буџетирање“, којашто се одржува во Охрид. – Со Дајан Елсон, емеритус професорка на Одделот за социологија при Универзитетот во Есекс, професорката Глорија Аларкон-Гарсија од ...

Седум пожари од вкупно 21 регистрирани на отворен простор денеска до 18:30 часот, се сè уште активни. Два се ставени под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково кај селата Моране, Вртекица, Рамни Габер и кракот кон селото Палиград, како и над селото Вражале во Општина Зелениково, каде гори мешана шума; во Општина Македонски Брод кај м.в. ...

Новиот корупциски скандал во најблиското опкружување на украинскиот претседател Володимир Зеленски добива сè поголеми размери. Антикорупциските тела во меѓувреме ги објавија имињата на лицата што ги сметаат за осомничени, меѓу кои е и поранешната заменичка-шефица на Претседателската канцеларија, Ирина Мудра, која Зеленски претходно ја разреши. Истражителите и натаму објавуваат инкриминирачки аудиоснимки од осомничените. Украинското општество ...

Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со министерот за надворешни работи, Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи и заедничката подготвеност за нивно натамошно продлабочување. -Посетата е можност силните политички односи да ги преточиме во поконкретна соработка, особено во економијата, одбраната и одбранбената индустрија, ...

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре, 25 август 2026 година, вторник, во 11:00 часот, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). По завршувањето на посетата, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре, 25 август 2026 година, вторник, во 11:00 часот, ќе изврши увид во ...

Пожарникарите го изгаснаа пожарот што избувна во синоќа во источниот дел на турскиот главен град Анкара, објави денеска државната новинска агенција Анадолија. Пожарот во шумското подрачје во градскиот округ Мамак бил ставен под контрола по осумчасовна операција, се наведува во извештајот. Приведено е едно лице осомничено дека го предизвикало пожарот. На снимките објавени на социјални мрежи се гледа како пламените јазици го зафаќаат подрачјето ...

инистерот за одбрана Владо Мисајловски вечерва изјави дека ние сме безбедна и стабилна држава без ризици, како и дека следува период на модернизација и унапредување на Армијата. – Сакам сите да знаат дека сме безбедна држава, стабилна држава. Нема ризици. Знаете дека пред извесно време не оценуваа особено нашата лесна пешадиска група. Ги доби највисоките оценки за борбено способни, но она што секој еден го знае е дека ние сме во НАТО. Сепак, ...

Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски изврши посета и увид во состојбата и условите во градинките „Орце Николов“ во Карпош 2 и „Мајски цвет“ во Тафталиџе. Притоа, првиот човек на Општината разговараше со раководствата и вработените, каде беа разгледани просторните услови, инфраструктурата и секојдневното функционирање на објектите, како и предизвиците со кои се соочуваат тие. Целта на денешната средба како што информираат од ...

Борачите ги донесоа првите (три медали) за македонските спортисти на Медитеранските игри Таранто 2026. Попладнево Иако имавме двајца финалисти, сепак златото беше недостижно, па епилогот е две сребра и бронза. Во првата и тоа финална во во категоријата до 74 килограми настапи Фати Вејсели. Тој за противникот го имаше албанскиот натурализиран репрезентативец, Ислам Дудаев кој ја доби борбата со 0-4. Во втората борба во категоријата 86 ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
67%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
95%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
63%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
63%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.34
76%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Злато

130856.75