Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Иран е подготвен за разговори со САД, но само под услов Вашингтон да го промени своето однесување, е пораката што иранскиот министер за надворешни работи ја испрати денеска преку Јапонија, пишува Скај њуз. Во телефонски разговор со јапонската премиерка Санае Такаичи, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го повтори ставот на Техеран дека несигурноста во регионот произлегува од американските дејствија. Тој се осврна на блокадата ...
Никогаш нема да поддржам двојазичност или повеќејазичност во правосудството. Се знае, мора да имаме еден закон, тоа е македонскиот закон, за да обезбедиме владеење на правото. Да, ќе сториме сè да изнајдеме решение, кандидатите кои сакаат да полагаат правосуден испит на својот јазик, во случајов албански, а по можност и на другите јазици, тоа да го прават, но притоа да имаме еднаков критериум во оценувањето. И стојам на тој став од првиот ден ...
Додека во Собранието на Република Македонија се одржуваат пратенички прашања, претседателот на СДСМ, Венко Филипче во салата го нема и лета за Франкфурт, пишува Курир.мк. Првиот човек на СДСМ Филипче денеска отсуствуваше од седницата за поставување на пратенички прашања. Тој само два пати твитна на социјалната мрежа X, а според информациите на Курир претседателот на социјалдемократите денеска, попладнево на напуштил Македонија и заминал за ...
Вршителката на должност претседателка на Косово, Албулена Хаџиу, го одреди 7 јуни како датум за одржување на вонредните парламентарни избори, пренесува Косово онлајн. – По неуспехот на парламентот да избере претседател, овој состав се смета за распуштен и изборите мора да се одржат во рок од 45 дена. Вчера разговарав со претседателот на ЦИК, Крешник Радоњиќи, за изборите. Денеска ги завршив состаноците со претставниците на политичките партии. ...
Ве известуваме дека утре 01.05.2025 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Охрид, информираат од прес центарот на владата. Во 12:00 часот премиерот Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на катна гаража (позади Градски пазар), каде што ќе даде изјави за медиуми. Потоа, ќе изврши увид на градежни активности на плоштадот „Кај Чинарот“, како и увид на ...
Подолг период беше јасно дека пратеникот Миле Цеков политички и вредносно се оддалечува од принципите, програмските определби и државотворната визија на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија. Затоа, неговата одлука да ја напушти пратеничката група и да делува како независен пратеник не претставува изненадување, велат во соопштение од Движењето ЗНАМ. Движењето ЗНАМ е создадено врз јасни принципи кои се темелат на чесност, одговорност, заштита на ...
Египќаните во Македонија, како посебна, автохтона и автентична етничка заедница, истакнуваат дека имаат исклучителна почит кон ликот и делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Тие ја вреднуваат неговата визија, борба и посветеност за создавање независна и самостојна држава Македонија, нагласувајќи дека ваквите историски личности се дел од заедничкото наследство на државата. Од НГИ „Коалиција на Египќани“, која е дел од коалицијата ...
Во однос на јавниот повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 станици за полнење на електрични автобуси, Ве информираме дека Комисијата составена од стручни лица, по направената евалуација утврди дека од вкупно четири понуди, три економски оператори не ги исполнуваат условите од јавниот повик и врз основа на поднесените понуди направи прелиминарен избор и поднесе предлог за избор за најповолен понудувач, информираат од ...
Украински дронови ја погодиле рафинеријата за нафта Лукоил-Пермнефтеоргсинтез во близина на рускиот град Перм, која се наоѓа на повеќе од 1.500 км од украинско-руската граница, објавија украински медиуми. Бронтовите биле управувани од Центарот за специјални операции Алфа, се вели во соопштението на Службата за специјални операции (СОС). Лукоил-Пермнефтеоргсинтез е една од најголемите рафинерии за нафта во Русија и има капацитет за преработка ...
Персискиот Залив ќе има „светла иднина“ без присуство на САД, изјави врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, во писмено обраќање денеска, јави иранската државна телевизија. „Ново поглавје во историјата почна да се пишува за Заливот и Ормуската Теснина откако САД и Израел ја започнаа својата војна со Иран на 28 февруари оваа година“, рече ајатолахот. Хамнеи рече дека Техеран ќе ја обезбеди безбедноста на регионот на Персискиот ...
Улогата на една политичка партија во општеството, особено во македонското демократско општество, улогата на поголемите политички партии е да присоберат помали политички групации со цел да создадат квалитетна коалиција. А вие се карате со своите најистакнати членови во изминатите 15-20 години. И сега како воопшто мислат дека можат да функционираат како политичка партија и да добиеш избори?, рече Петре Шилегов поранешен функционер од СДСМ во ...
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа е непроменета, при што во март таа изнесува 2,18%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,45 п.п. и изнесува 4,70%. Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска: ...
Движењето Вреди (Влен), кое се состоеше од пет политички субјекти, се обедини во една партија, „затоа што само организирана, дисциплинирана и обединета сила може да го заштити албанскиот глас и еднаш засекогаш да ја затвори ерата на фрагментации, уцени и задкулисни игри“ – соопшти партијата Вреди. „Заврши времето кога албанската политика беше третирана како приватна сопственост на една корумпирана клика. Заврши времето кога неколкумина ...
Не можеме ние претседателот (Венко) Филипче да го принудиме да поднесе оставка. Ама ако ги имате овие резултати, ако ги имате последните анкети, ако го имате рејтингот на претседателот на партијата, кој е катастрофален, но упорно да тврдиш дека ти си вистинското решение, а никој друг не чини, знаете на човек со сила му се зема, ама не му се дава, вклучително и памет, рече Петре Шилегов поранешен функционер од СДСМ во интервју за „Фокус“. ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Д., во својство на поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија, К.П. во својство на претседател и Л.Е., К.З., А.Д. и Г.Ќ.Ч. во својство на членови на Комисијата за стручни стоматолошки прашања поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 од КЗ ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, одговарајќи на прашањето поставено од пратеничката Јована Тренчевска, истакна дека Владата спроведува сеопфатни и континуирани мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и унапредување на правата на работниците. Министерот потенцираше дека состојбата со цените е стабилизирана и под контрола. Според официјалните податоци, ...
Денеска, во рамки на работната посета на Хрватска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман. Оваа средба претставува потврда на интензивниот политички дијалог и конструктивната соработка што двете земји ја негуваат повеќе од три децении, а се реализира во пресрет на потпишувањето на меѓувладиниот Договор за ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Ерменија, со седиште во Софија, Цовинар Хамбарџумиан. На свечената церемонија, таа го искажа своето задоволство од именувањето на новата амбасадорка, непосредно пред нејзиното учество на Самитот на Европската политичка заедница во Ереван, истакнувајќи дека се работи за прва посета на македонски претседател на Република ...
Заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски денеска од собраниската говорница одговори дека Бугарите ќе влезат во Уставот кога ќе дибиеме гаранција дека идентитетските и билатералните прашања нема да бидат користени за кочење и вето на нашиот евроинтеграциски пат и ќе се обезбеди реципроцитет во однос на правата на Македонците во Бугарија. Димитровски ова го кажа одговарајќи на прашање на пратеничката Јованка Тренчевска од СДСМ, ...
Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање од Скендер Реџепи истакна дека сите граѓани, додека е оваа Влада, ќе плаќаат данок и оти ред мора да се воспостави. Неговото прашање до премиерот беше плаќањето данок на резидентни и нерезедентни граѓани, односно 183 дена треба да бидат во државата да плаќаат данок, и го праша Мицкоски по кои критериуми ги поделиле граѓаните на резидентни и нерезидентни. – Се повикувате точно на ...
На СДСМ, која 7 години на власт ја распродаваше Македонија, сега и стана претесно во нејзината опозициска кожа, па откачи до крај со недоличен речник кој не одговара и на стандардите на највесели и напиени кооперациски љубители на струмичка мастика, жолта кавадаречка или неготинско вино. Но, тие сами за себе зборуваат најмногу во нивното соопштение кое во продолжение го пренесуваме интегрално: Христијан Мицкоски повторно покажа каков е, ...
Од Брисел многу бргу ќе дојде информација дека од последни во регионот сега сме рамо до рамо со фронтранерот Црна Гора. Успешно се завршени 16 или 17 од 22 индикатори за извештајниот период кој заврши кон крајот на 2025 година. Таа информација ќе дојде деновиве и ги прердупредувам во СДСМ за прес-конференциите што ги прават и народски кажано да не се истрчуваат како прле пред магаре, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан од пратеникот ...
Постапката на носење на колективниот договор во 2024 година за Армијата е незаконска – покажа извештајот на Државниот завод за ревизија, бидејќи нема добиено мислење од Министерството за финансии. Не се обезбедени средства, не се обезбедени финансии во тековниот буџет. Ова е одговорот на министерот за одбрана Владо Мисјаловски на поставеното прашање од пратеничката Славјанка Петровска дека се подготвува нов колективен договор и се прави нов ...
Во Србија во март се регистрирани 297.705 туристи, што е за 10,1 процент повеќе во споредба со истиот период лани и според српскиот Завод за статистика, најмногу странски туристи биле од Русија (15.136), по што следуваат туристи од Македонија (15.064). Регистрирани се 853.043 ноќевања, или 8,5 проценти повеќе во споредба со март 2025 година, соопшти денеска српскиот Завод за статистика. Бројот на странски гости (156.009) е за 9,8 проценти ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека водејќи се од основните цели на Законот за енергетика за обезбедување на квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите и заштита на правата на потрошувачите на енергија ги задолжи ЕСМ Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк (поранешна Топлана Скопје Север) да продолжат со греење и во следните два дена, на 1 и ...
Брисел потврди дека ИПАРД програмата не е блокирана и дека реализацијата продолжува, додека европратеникот Томас Вајц јасно посочи дека Македонија има напредок во делот на Реформската агенда, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Петрушевски и стакна сека со тоа, паднаа во вода обидите на Филипче и СДС за манипулација на јавноста и земјоделците. Тие со месеци ширеа невистини дека европските средства се изгубени, дека програмата е ...
Министерот Панче Тошковски јавно изјави дека полицијата поседува софтвер кој овозможува пристап до камерите и микрофоните на телефоните на сите граѓани на Македонија. Тој систем се вика Pegasus. Pegasus е шпионски софтвер (spyware) кој го разви израелската компанија NSO Group. Може да се инсталира далечински, без кликање на телефонот, да пристапи до сите пораки, фотографии, локација, камера, микрофон, контакти и апликации. Се користи за таен ...
Желбата на СДС да дојдат на власт е толку голема, до степен да негираат се што е македонско, да прифаќаат услови од земји кои што ја ветоизираат Македонија и и го попречуваат патот кон ЕУ. Членот на Извршниот одбор на СДС, Рубин Земон, во јавен настап на поткаст отворено изјави дека дебатата за македонскиот идентитет не е релевантна, а Гоце Делчев го опиша како мит, тврдејќи дека не оставил никаков запис и не извојувал ниедна битка, вели ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Д., во својство на поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија, К.П. во својство на претседател и Л.Е., К.З., А.Д. и Г.Ќ.Ч. во својство на членови на Комисијата за стручни стоматолошки прашања поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 од КЗ ...
Изјавите и прес-конференциите што доаѓаат од СДСМ се збунувачки и на моменти чудни. Немаат цел да ја кажат вистината, туку да направат што поголема сензација со растурање пердуви и невистини надевајќи се дека на тој начин ќе остане сегашното раководство по следните парламентарни избори кога ќе доживеат тежок пораз – изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан од пратеникот Бојан Стојаноски како ги коментира обвинувањата и невистините што ...