Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање зошто се одлучивте Ненад Савевски, да биде ваш избор за државен јавен обвинител во Македонија, изјави: „Ги анализиравме сите кандидати, ги анализиравме нивните биографии, воедно и заклучоците од Советот на јавни обвинители, и како Влада, во една конструктивна дебата, донесовме заклучок дека Ненад Савевски, може да биде соодветно ...

Денес присуствував на настанот „Застапување за дигитална инклузија“, во организација на Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ и ЗЕТА, Здружение за попреченост и правда. Асистивната технологија денес не е само техничко решение туку алатка што овозможува еднакви можности, независен живот и активно учество на лицата со попреченост во општеството, објави Ѓоко Велковски заменик министер за социјална политика, демографија и ...

Уште еден брод е погоден во Ормуски Теснец. Претходно агенциите за поморска безбедност соопштија дека денеска во теснецот погодени се два брода од непознати проектили. Третиот нападнат брод, кој превезувал товар на големо, бил погоден околу 50 милји северозападно од Дубаи. Ракетата го оштетила трупот на бродот „Стар Гвинет“, што пловел под знамето на Маршалските Острови. Екипажот на бродот е безбеден. Претходно беше објавено дека на 11 ...

Министерството за финансии во реализиран надзор над работењето на финансиските друштва констатираше одредени измамнички трговски практики коишто се однесуваат, маѓу другото на рекламирањето на финансиските услуги и други дејствија од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите. При надзорот констатирани се рекламирање со 0% камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци. Исто така, ...

Пред нас е, за жал, одбележувањето на годишнината од трагедијата во Кочани. Настан којшто и тогаш како и денес го буди истото чувство на болка и длабока одговорност. Тоа беше ден кога времето застана за многу семејства, но, истовремено, тоа беше и момент кој ја покажа силата на солидарноста. Во најтешките часови се мобилизираа здравствените работници, институциите, службите, локалната заедница. Државата реагираше, а и нашите партнери покажаа ...

Воведување плафон, односно максимална дозволена граница на профитната маржа како на горивата, така и на производите во супермаркетите, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со претседателот на Грција Константинос Тасулас и посочи дека освен геополитичката димензија, ги засегаат и „економските последици од оваа криза“, јави дописничката на МИА од Атина. Деталите околу владините мерки за справување со профитерството дополнително ...

Пратениците на денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетски политики едногласно го усвоија Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка. Пратеникот во македонско Собрание, Кире Божиновски ја образложи потребата од донесување на законските измени на Законот за возила. Божиновски рече дека со овој законските измени се решаваат две клучни прашања, а тоа се ...

Сеќавањето е наша морална должност, а борбата против омразата наша историска одговорност. Затоа, не смееме да се свртиме од минатото и не смееме да се плашиме од најтемните поглавја од историјата, туку да ги признаеме ужасните извесности, како и празнините, неизвесностите и прашањата што остануваат без јасни одговори до ден денес. Не смее да се дозволи заборавот да ги проголта македонските Евреи. Може да има многу политички мотивирани ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го осуди, како што го нарече, „стратешкото молчење“ на Обединетите нации по американско-израелскиот напад врз основно училиште за девојчиња во Иран. – Погледнете како светската заедница, вклучително и ОН, вешто успева да ја сврти главата дури и кога фактите буквално бодат во очи и ја погодуваат свеста. Но тоа може да се ‘задуши’ – изјави Захарова. – Може да се пушти ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги истакна економските последици од конфликтот на Блискиот Исток за Европејците поради големата зависност на ЕУ од увоз на фосилни горива. „Од почетокот на конфликтот, цените на бензинот се зголемија за 50 отсто, а цените на нафтата за 27 посто“, изјави фон дер Лајен денеска во говорот пред Европскиот парламент во Стразбур, Франција. „Ако го преведете ова во евра: 10 дена војна ...

Кратко откако ќе се постигнат сите цели на заедничката израелско-американска воена интервенција против Иран, американската јавност ќе види како паѓаат цените на нафтата и гасот, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. „Американскиот народ може да биде сигурен дека неодамнешното зголемување на цените на нафтата и гасот е привремено и дека оваа операција (израелско-американската воена интервенција против Иран) ќе резултира со ...

Сите членови на Сојузот на синдикатите на Македонија, работниците, членовите и на другите синдикати чии лидери не се борат за вашите плати, да ни се придружите во сабота во 12 часот и 5 минути од пред Работничкиот дом за да упатиме нова порака дека платите, минималната плата, мора да се зголемат на сите, повика денеска на прес-конференција претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Тој истакна дека работниците мора сами да се борат за своите ...

СДСМ нема да биде како ВМРО и предвреме да осудува. Досега сите нивни одлуки се покажаа како одлуки за поставување луѓе кои ги контролира Мицкоски како што беше примерот со неговиот советник кој го избраа за судија, или сопругата на градоначалникот на ВМРО. Народот вели, кој се изгорел на млеко, дува и на јогурт. Професионалниот профил на предложениот кандидат за нов државен Јавен обвинител, Ненад Савески говори дека станува збор за човек со ...

Животниот стандард на семејствата во државата секојдневно се влошува поради растот на цените и поради отсуството на институционална реакција. Наместо да се преземат мерки за заштита на граѓаните, Владата и Министерството за економија, предводено од претставници на „Вреди“, покажуваат целосен недостаток на интерес и капацитет за справување со оваа состојба, се вели во соопштението од ДУИ од денешната прес-конференција на Синан Вејсели од ДУИ, ...

На 11 март 1943 година Евреите од Битола и од Штип биле собрани од нивните домови и затворени во Монополот – фабриката за тутун во Скопје, по што следела депортација во логорот на смртта во Треблинка. Во низа од три транспорти, кои започнале на 22.03.1943 година, бугарските стражари натовариле 7144 Евреи во добиточни вагони и ги придружувале до Лапово, каде требало да им бидат предадени на Германците. По шест дена патување во нечовечки ...

Еурека… свикаа Филипче и Заев и по 8 години јавно-обвинителски вакуум и двајца октроирани, насадени државни јавни обвинители избрани и раководени од нив, СДС-овските „лидери“ (еден чувар на тронот, другиот вистински) наеднаш се свестија и се сетија како требало да работи Државниот јавен обвинител? Во денешната реакција на СДС по вчерашниот владин предлог за Државен јавен обвинител да биде непартискиот професионалец, без дамка на кариерата ...

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски оствари работни средби во Стејт Департментот каде се разговараше за стратешкото партнерство помеѓу Македонија и САД, со посебен акцент на политичките и економски врски. На средбата со Даниел Лоутон, заменик помошник државен секретар задолжен за Европа, беше потенцирано силното партнерство меѓу двете земји засновано на меѓусебна поддршка и заедничка посветеност кон демократските вредности ...

Две ипол години затвор, ова е скандалозната казна која Кривичниот суд и ја досуди на Гордана Филиповиќ која пред 4 години на пешачки премин во скопје го прегази Слободан Ангеловски. Ова се случува по цели три години голгота за семејството на Слободан Ангеловски кој на пешачки премин беше прегазен во Скопје кај МНТ на 26-ти јануари 2022-ра година, случај во кој неговите најблиски единствено што бараа е правда. Но наместо тоа, доживејаа само ...

Сеќавањето е наша морална должност, а борбата против омразата наша историска одговорност, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод одбележување на 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка. Тој истакна дека денеска стоиме во тишина и со длабока почит пред една од најболните страници во нашата историја и се сеќаваме на депортирањето на македонските Евреи, трагедија што ...

Судскиот совет денеска ќе ја одржи 538-та седница на чиј дневен ред меѓу другото се констатирање престанок на судиска функција поради исполнети услови за старосна пензија и одлучување за право на надоместок на трошоци поврзани со вршење на судиска функција. На седницата треба да бидат усвоени извештаите за констатирана состојба по извршена посета на судовите, како и Извештајот на Комисијата за навременост на пријави и исполнетост на услови по ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека разговарал со претседателот на САД, Доналд Трамп, за подготовките за Светското првенство во 2026 година и учеството на иранската репрезентација. – Остануваат уште три месеци до почетокот на турнирот. За време на нашиот разговор, се осврнавме за ситуацијата во Иран и успешното квалификување на иранската репрезентација за Светското првенство. Претседателот Трамп потврди дека иранската ...

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, ...

Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ја одбележуваат 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка. По тој повод, премиерот Христијан Мицкоски ќе положи цвеќе пред спомен обележјето во поранешниот Монопол во Скопје, а ќе се обрати и на настанот организиран по повод одбележувањето на годишнината. Исто така, и собраниска делегација во состав: Љупчо ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 1, а максималните ќе достигнат од 14 до 20 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 0, а максималните ќе достигнат до 19 степени. До крајот на работната недела ќе се ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 февруари. Денеска е Св. Порфириј епископ на Газа. Порфириј се родил во Солун. Живеел во четвртиот век. Откако го засакал подвижничкиот живот, на 20-годишна возраст отишол во Египет и се замонашил. Подоцна подвигот го продолжил во Палестина. На чудесен начин бил избран за епископ на Газа, во време додека се наоѓал на служба како свештеник во црквата на гробот Господов. Во Газа ...

Денеска е 26 февруари (по стар стил) и се слави Св. Порфириј, епископ на Газа. Овој голем архипастир се роди во Солун од богати родители. Младоста до дваесет и петтата година ја проживеа во родниот град, а потоа го напушти родителскиот дом и светскиот живот и се оддалечи во египетската пустина. Под раководство на опитен духовник, младиот Порфириј таму се замонаши и мина пет години. Потоа ја посети Светата Земја заедно со својот соподвижник, ...

На 11 март 1943 година бугарскиот окупатор извршил општа блокада и рација за собирање на Евреите во Македонија. За извршување на ова масовно злосторство тајните агенти и полицијата неколку дена вршеле обемни подготовки. Недвижните имоти на Евреите бил конфискувани, а покуќнината ограбена. Откако сите Евреи, од Скопје, Битола, Велес, Штип и од други места, биле собрани во Монополот во Скопје, на 22 март биле транспортирани во германскиот ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е уверен дека Светското првенство во 2026 година ќе биде успешно. – Светското првенство ќе биде фантастично, феноменално. Никогаш порано немало толку возбуда во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада. За четири недели добивме повеќе од 500 милиони апликации за билети. Ова е нешто неверојатно. Имаме речиси седум милиони билети, но 500 милиони апликации – ова никогаш не се случило во историјата ...

Фудбалерите на Галатасарај уште еднаш потврдија дека сезонава играат одличен фудбал на европската сцена. Откако во 1/16-финалето го елиминираа италијанскиот Јувентус, тимот на Галатасарај вечерва го победи и Ливерпул. Во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, Галатасарај пред својата публика славеше со 1-0. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат уште во седмата минута, а стрелец беше Марио Лемина. Во продолжението на ...

Роберт М. (48) ги убил својата мајка Данка (71) и баба му Ана (99) во зори. Потоа го фрлил телото на неговата мајка во септичка јама, а телото на неговата баба било пронајдено во ходникот на куќата. Соседите велат дека претходно бил насилен и имал проблеми. Во дворот на семејната куќа стоел Роберт М. (48). Тој ги претепал својата мајка Данка (71) и баба му Ана (99) до смрт со метален предмет. Двете постари жени немале никаква шанса во ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
57%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
65%
1015
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
65%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.95
85%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
73%
1016
weather icon

Атина

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
72%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
71%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
40%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
78%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
54%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
89%
1010
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Злато

144593.23

Цинк

0.00

Паладиум

44753.84

Платина

61858.04

Калај

43.91

Иридиум

258288.78

Родиум

353658.21

Рутениум

56199.51

Сребро

2179.44

Кобалт

3.86

Алуминиум

3.19

Бакар

10.65