Центарот за управување со кризи информира дека до 18:00 часот часот регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати. Активни се пожарите во: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општина Прилеп: с. Чаниште, крак кон ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Како што објаснуваат од МВР, лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат ...

Утре, 20 август 2026 година (четврток), во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува и ќе има свое обраќање во рамките на Амбасадорскиот совет, кој ќе се одржи во Скопје со учество на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. Пред почетокот на Амбасадорскиот совет, предвидено е претседателот на Владата, Мицкоски, да даде изјава за ...

На 18.08.2026 во 09:15 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица–ОВР Радовиш лишија од слобода 43-годишна радовишанка затоа што околу 05:00 часот во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна мајка. Таа е спроведена во здравствена установа, а за настанот е запознаен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 18.08.2026 во 09:15 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР ...

Околу половина од нафтата што моментално се произведува во Венецуела се извезува во САД – изјави заменик-министерот за енергетика на САД, Кајл Хауствајт, наведувајќи дека земјата дневно произведува околу 1,25 милиони барели нафта. – Во изминатите неколку месеци повеќе од 500.000 венецуелски барели, односно приближно половина од производството на таа земја, се испорачуваат во САД, во рафинерии изградени токму за тој вид нафта – изјави ...

Украинската Врховна рада денеска ја одобри кандидатурата на Евгениј Хмара за нов министер за одбрана, откако за неговото именување гласаа 312 од вкупно 450 пратеници. Хмара беше предложен за функцијата од претседателот Володимир Зеленски и ќе го замени Михајло Федоров, кој беше на чело на Министерството за одбрана шест месеци, од 14 јануари до 16 јули 2026 година. Хмара е генерал-мајор на Службата за безбедност на Украина (СБУ) и ...

Општина Лозово изгради огромен парк „Македонија“ со околу 14 илјади метри квадратни, на чија површина го има осумкракото државно македонско знаме, а којшто ќе биде пуштен во употреба на 8 Септември. Градоначалникот на Лозово информира за МИА дека деновиве се работи на доуредување на површините и на озеленување на паркот. Тој вели дека глетката ќе биде уште поубава ноќе ако Лозово се надлетува со авион, со што паркот „Македонија“ во Лозово ...

За Преображение Господово, вицепремиерот Александар Николоски беше во новиот божји храм во Гостивар. Со светата литургија чиноначалствуваа владиците г. Јосиф и г. Никола. -Македонскиот народ гради храмови божји насекаде по нашата земја. Да се множат вакви убави дела. Нека празникот Преображение ни донесе сила и надеж за подобри денови, истакна Николоски. Тој им го честита празникот на граѓаните. За Преображение Господово, вицепремиерот ...

Турскиот клуб, кој неодамна го доведе Мохамед Салах, сега наводно размислува и за ангажман на Карим Бензема. Според турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу, Трабзон првично преговарал со Ал Хилал за Дарвин Нуњез, но разговорите не оделе според планот. Во меѓувреме, на клубот му бил понуден Бензема, по што веднаш започнале разговори за можноста за реализација на трансферот. Францускиот фудбалер има договор со Ал Хилал до 2027 година, па најголемата ...

Англиската Астон Вила донесе нови фудбалери и денеска претстави уште двајца. Покрај Манзамби, Гарначо и Жоао Гомеш, Астон Вила денеска придодаде уште двајца фудбалери во ростерот на Унаи Емери, а тоа се нов голман и нов лев бек. Зајон Сузуки пристигнува од Парма за сума од 35 милиони евра за да биде прв голман и наследник на Дибу Мартинез, додека левиот бек пристигна од Атлетико Мадрид. Матео Руџери за сума од 24 милиони евра пристигна во ...

Повеќекратниот кошаркарски шампион Работнички претстави уште едно засилување за новата сезона. Во редовите на тимот од Градски парк пристапи Кристијан Николов. Македонски репрезентативец кој ќе треба да биде квалитетно засилување за Работнички на бековските позиции. Николов е искусен кошаркар со богато меѓународно искуство, кој во текот на својата кариера настапувал во повеќе европски клубови и има настапувано и за повеќе возрасни категории ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Скопје оствари средба со државниот секретар за Европа и меѓународни прашања и портпарол на покраинската влада на Северна Рајна-Вестфалија, Кристијан Вирмер. На средбата беа разменети мислења и искуства за актуелните процеси во енергетскиот сектор, со посебен акцент на енергетската безбедност, диверзификацијата на енергетските извори и развојот на модерна и ...

Вообичаено не реагирам на секоја прес-конференција на опозицијата. Но очигледно дека новата хистерија на СДС, по таа со скопската вода, е оваа за комарците. Без проблем, јас и за ова сум спремен да дебатирам. Само пред неколку дена видовме што значи неодговорно пласирање информации кога се создаде непотребен страв околу безбедноста на водата во Скопје, реагира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Демантот на Ѓорѓиевски, КУРИР го ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, којшто престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти претседателскиот Кабинет, на средбата констатирале дека македонско-чешките односи се одликуваат со традиционално пријателство, засновано врз меѓусебна почит и разбирање. Во делото на ...

Град Скопје ги известува граѓаните дека во раните утрински часови на 20 и 21 август ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци, а од 23 до 26 август ќе се реализира терестична дезинсекција на подрачјето на градот. Како што стои во соопштението, терестичната дезинсекција ќе се одвива во периодот од 22 до 3 часот наредниот ден. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Димал Баша министер за инфраструктура и транспорт на Република Косово. Во делегацијата присутни беа и заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, како и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски. На средбата беа разгледани можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, преку видеоизјава истакна дека сѐ уште е активен пожарот кај прилепското село Чаниште. Тој не очекува пожарот да го загрози ова или некое друго село. – Пожарот што во понеделникот попладне избувна во атарот на прилепското село Чаниште во прилепскиот дел од Мариово сѐ уште е активен, но во овој момент не го загрозува селото Чаниште ниту, пак, загрозува друго село затоа ...

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во официјална дводневна посета на Република Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Н.Е. г. Петр Мацинка. Во фокусот на средбите во Охрид беа натамошното зајакнување на билатералните односи и потврдувањето на континуираната чешка поддршка за европската интеграција на земјата. ...

Нам како ВМРО-ДПМНЕ ни е јасно дека СДС многу тешко сфаќа како треба да функционира системот, бидејќи тие работат спротивно од тоа, односно противзаконски, криминално и коруптивно. Но, еве за граѓаните да образложиме како стојат работите во случајот со Гостивар. Прво, секоја анализа, секое испитување и негово објавување е директна надлежност на ЈП Комуналец Гостивар. Така да по ова прашање, нека се обратат до Валбон Лимани и нека му кажат да ...

Масовната миграција е една од најголемите закани за внатрешната безбедност на секоја земја, оцени денеска чешкиот министер за надворешни работи Петр Мацинка, нагласувајќи дека Скопје и Прага имаат сличен пристап кон тоа прашање. Мацинка на заедничката прес-конференција во Охрид со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Охрид истакна дека миграцијата е проблем што ја погоди Европа, при што ...

Заклучно со 18 август, според последните податоци на ИЈЗ, во земјата се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска – 36 потврдени и два веројатни, од кои 37 во Скопскиот Регион, а еден од Велес. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болети во Скопје. Кај три починати лица биле ...

Рацете на политиката подалеку од образованието – порача министерката за образование и наука Весна Јаневска оценувајќи дека донесувањето на трите закони од областа на високото образование, кои се во собраниска процедура, е важно за подигнување на квалитетот на универзитетското образование и за подобрување на позициите на македонските високообразовни институции на меѓународните ранг-листи. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа што ниеден ...

Македонија има една голема стратешка предност која мораме да ја искористиме, а тоа е нашата географска положба. Ние сме мала земја, без излез на море, но сме во срцето на Балканот и на крстопатот на два исклучително важни европски коридори, Коридор 8 и Коридор 10. Токму затоа, инвестициите во енергетското поврзување и инфраструктурата, ги гледаме како една од најголемите можности за економски развој на државата, се посочува во соопштението на ...

Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, од Дневниот центар за стари лица Даре Џамбаз, упати благодарност до волонтерите на Црвениот крст на град Скопје по повод Светскиот ден на хуманоста. Таа посочи дека хуманоста е тесно поврзана со политиката и дека секогаш треба да се има предвид дека зад секоја политичка одлука стои човек, како што вели таа, врз чиј живот таа одлука треба да има вистинско влијание. Митева истакна ...

Европската Унија има силен интерес за проширување, а со тоа и интерес последните пречки за напредокот на Македонија да бидат отстранети. Чешка е подготвена да придонесе во процесот за постигнување решение прифатливо за Скопје и за Софија, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи Петар Мацинка, кој се наоѓа во официјална посета на земјава. -Тоа веќе не е билатерално прашање меѓу С. Македонија и Бугарија, туку, врз основа на ...

Охриѓанец кој чека трансплантација на срце со владиниот авион се транспортира од Берлин, Германија. Од СОЗР потврдија дека пациентот е со тешка срцева болест и подолго време бил хоспитализиран на Клиниката за кардиохирургија, а бил квалификуван за трансплантација на срце. Бидејќи неговата здравствена состојба се влошува и бара побрз третман, а во земјава нема соодветен донор за да се изврши трансплантацијата, одобрен е авионскиот превоз на ...

Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар. СДС не побара одговорност од Лимани, а уште помалку ја призна сопствената политичка одговорност како негов партнер во локалната власт, изјави Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да понесат одговорност за кризата во Гостивар, тие и натаму го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за локалниот проблем. Поради ...

Република Чешка го поддржува членството на Македонија во Европската Унија и е подготвена да направи сè што е потребно за земјава што поскоро да стане членка на Унијата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, по средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. На пленарната средба во Вила „Охрид“ Мацинка нагласи дека членството на ...

НАТО е подготвен да одговори на секоја закана и секогаш ќе стори сè што е потребно за да ги заштити своите членки, изјави денеска портпаролот на НАТО, по извештаите дека Иран размислува да нападне американски воени цели во Европа. „Нашите капацитети за одвраќање и одбрана се силни и ефикасни, како што беше демонстрирано оваа година кога воздушната одбрана на НАТО пресретна четири балистички ракети што летаа кон Турција од Иран“, додаде ...

СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија, се наведува во партиското соопштение што МИА го пренесува интегрално. Дел од таа операција оди и преку „Ало медиа“ групацијата која пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ“. Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, има ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1031
weather icon

Белград

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
90%
1028
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
0.51
83%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
94%
1031
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.14
93%
1032
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
1.79
65%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
66%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
74%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
0.72
80%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
64%
1030
Currency

61.642

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.279

Currency

8.2491

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Цинк

3.76