Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Христијан Мицкоски синоќа повторно излезе со „сопствена анализа“. Платите растеле 70% побрзо, пензиите 325% побрзо, инфлацијата била седум и пол пати помала, долгот два и пол пати помал, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Интересна е математиката на СДСМ, покрај другото и со пиперките, кои се „евтини кога треба да им се додворат на земјоделците, а скапи се кога граѓаните треба да ги купат во маркетите“. Во ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека новата кампања на американскиот претседател Доналд Трамп против Техеран, наречена „Економски Д-ден“, ќе им донесе на САД „нов пораз“ и дополнително ќе го продлабочи непријателството на Иранците кон Вашингтон. Неговите изјави следат откако Трамп објави, како што ја нарече, „најразорната економска операција што некогаш била преземена против која било земја“, опишувајќи ја кампањата ...
Шпанија подготвува план за преместување на околу 500 непридружени малолетници од Сеута во континенталниот дел на земјата, по минатомесечниот масовен прилив на мигранти во шпанскиот град во северниот дел на Африка. Министерката за миграција, Елма Саиз, изјави дека Владата во Мадрид работи со властите во Сеута и со регионалните влади на планот, според кој децата би биле сместени во соодветни установи и згрижувачки семејства во различни делови ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари, а споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за јули која изнесуваше 68.498 денари е зголемена за 177 денари – информира денеска Сојузот на синдкати на Македонија (ССМ). За храна и пијалоци месечните трошоци изнесуваат 25.032 денари, за образование 7.192 денари, за облеја и обувки 6.511 денари, за станарина, вода, електрична енергија и ...
Економските резултати се мерат со бројки, а бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Доколку направиме компаративна анализа со периодот на владеење на СДС и ДУИ, ќе видиме дека просечната плата во периодот од јули 2024 до мај 2026 година расте за 70 проценти повеќе на месечно ниво ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави „економска војна“ и изолација на Иран од невидени размери, во услови на застој во преговорите со Техеран. Истовремено тој упати предупредување дека со сериозни економски последици ќе се соочат и земјите што ќе му пружат економска поддршка на Иран. „Никој не и даде на Исламската Република Иран поголема можност од мене да постигне договор“, напиша Трамп на својата платформа „Трут соушл“, додавајќи ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја поздравува подготвеноста што ја изрази премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата. Го бараме тоа, се вели во соопштението на ДУИ што МИА го пренесува интегрално. Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат. Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската ...
На 18.08.2026 во 17:15 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода А.Ј.(38) од Скопје. Приведен е постапувајќи по претходна пријава од неговиот 63-годишен татко дека околу 16:00 часот во семејниот дом со остар предмет му упатил закани и искршил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 18.08.2026 во 17:15 часот на подрачјето на Кисела Вода во ...
Принцот Хари и неговата сопруга Меган планираат да се вратат во Велика Британија, шест години откако се повлекоа од кралските должности и се преселија во Калифорнија, објавија денеска британските медиуми. Според лондонски „Телеграф“, Хари и Меган планираат до крајот на месецов да ги напуштат САД и да се преселат во приватна резиденција надвор од Лондон. Нивните две деца се запишани во британско училиште, каде во септември започнува наставата. ...
Јужна Кореја проценува дека Северна Кореја поседува меѓу 80 и 120 нуклеарни боеви глави, изјави денеска јужнокорејскиот министер за одбрана, Ан Гју-бак. Ан Гју-бак пред пратениците во Парламентот рече дека проценката се темели врз податоци добиени од приватни истражувачки организации и оти јужнокорејската армија не може официјално да го потврди бројот. Неговата проценка е значително повисока од онаа што вчера ја изнесе американскиот ...
Изутринава во Македонија има пет активни пожари и тоа во Мариово (село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила. Пожарот во депонијата во Општина Делчево е ставен под контрола. а изгаснати се 31 пожар. Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие (19/20.08.2026 година) до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се ...
Венко Филипче уште не е вратен од годишниот одмор, а сè уште од јахтата на Зоран Заев повикува на хистерија, најпрво за водата во Гостивар, потоа за водата во Скопје, а сега и за нилската треска, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Нели е сосема чудно што ова лето нема пожари како што имаше минатото лето во Вардариште и Дрисла? Единствената крупна разлика е што оваа година нема локални избори, па СДС пироманска се претвори во СДС ...
Американскиот јавен долг за првпат надмина 40 трилиони долари (40 илјади милијарди долари), покажуваат податоците на Министерството за финансии на САД, со што дополнително се зголемува притисокот врз државните финансии. Новото рекордно ниво е достигнато само пет месеци откако долгот во март достигна 39 трилиони долари, и порано од очекувањата на аналитичарите. На растот на долгот, меѓу другото, влијаеле и милијарди долари пропуштени приходи ...
Од почетокот на годинава заклучно до јуни од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра), во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе, информираа за МИА од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, ...
Амбасадорски совет ќе се одржи денеска и утре во Скопје, со учество на шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство. Како што информираше во вторникот на прес-конференција министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ова е првпат по 2019 година амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава, со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва. На ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 33 до 39 степени, соопши Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ...
Премиерлигашот Тотенхем планира до крајот на преодниот рок да купи играчи од нападот, а во пред план сега е тандемот од Манчестер Сити Савињо и Омар Мармуш. Според британските медиуми преговори се почнати, но договор не е постигнат. Савињо подолго време е цел на Тотенхем, а бразилскиот фудбалер летово истакна дека сака трансфер во клубот од Лондон. Манчестер Сити од француски Троа го купи за 40 милиони евра, а сега бара 70 милиони. Во игра ...
ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија која секогаш била со јасна определба за самостојна Македонија, порача вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, вечерва од Прилеп каде се одбележува 36 години постоење на партискиот општински комитет. -ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која секогаш била на страната на Македонија, од самиот почеток до денес. Денес одбележуваме 36 години ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп! Македонија се гради со ...
Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје се упати кон Мариово, во помош при гаснењето на еден од најголемите пожари во моментов на барање на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Првпат летово превентивно во гаснењето на пожарите, во случајов во мариовско, се ангажирани и триесетина војници. -Кога гори македонска земја, нема граници. Има само една обврска – да бидеме заедно, да си помогнеме и да го ...
Ракометарите на Охрид ја постигнаа и втората победа на турнирот „Крсте Андоновски“ откако вечерва на домашен терен ја совладаа Војводина со 29:19. Ова всушност е двојна победа за победникот на Европскиот ЕХФ куп бидејќи истиот натпревар е и дел од Регионалната лига. Но, за пласман во финалето охриѓани ќе треба да бидат поуспешни од хрватскиот првак бидејќи двете екипи имаат по две победи, а меѓусебниот дуел го играат во петок. Најзаслужен за ...
Повеќе од 100 лица загинаа при уривање на импровизиран рудник за рачен ископ на злато во селото Замбоје, во близина на границата со Камерун, соопштија локалните власти во Централноафриканската Република (ЦАР). Според изјавата на Жервез Ганагоро, волонтерка на Црвениот крст која учествувала во спасувачката акција, од под урнатините веќе се извлечени повеќе од 100 тела, а дел од преживеаните се во критична здравствена состојба. Бертран Бе Јанг, ...
Противпожарната бригада на Град Скопје активно интервенира за гаснење на пожарот во селата во Општина Студеничани, а во гаснењето на пожарот се ангажирани и три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али заедно со противпожарните екипи на терен, ја следи состојбата и координацијата на активностите, со цел навремено да се реагира и да се спречи понатамошното ширење на пожарот. ...
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа Поле или Долни Дебар, Албанија, кое се наоѓа во близина на македонската граница кај Дебар, продолжија со традицијата во одбележувањето на големиот христиjански празник Преображение. Празникот е патрон на селската црква „Свето Преображение”, која датира од 12 век. – На овој празник традиционално уште од синоќа се собираме Македонците по потекло од Ербеле и Горно Крчишта, а кои денес живеат во ...
Нема никаква дилема дека ќе разговараме, разговараме и сме разговарале со цел да бараме решение. Прашањето е што разговарате и која е вашата црвена линија до која вие одите во тие разговори. Тоа е нашата задача и пред граѓаните кои ни ја дале довербата, но и како Влада, да разговараме и тука нема никаква тајна и ќе продолжиме да разговараме – изјави премиерот Христијан Мицкоски, во однос на тоа дали постојат разговори за да се најде решение ...
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да се обрати до АХВ и да ги побара извештаите од минатите години за безбедноста на водата не само во Гостивар, туку и во други општини, за да видиме зошто не било постапувано досега. „Како граѓанин мислам дека не треба одговорноста да заврши кај овие три лица. Мислам дека просторот за истрагата да се прошири е многу поголем од овие три лица, но истовремено, врз основа на информациите ...
Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва изјави дека доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тие во секое време се подготвени да излезат на избори и да победат. Мицкоски рече дека неговиот став е познат и дека неговата Влада доби мандат од четири години. -Мојот став е познат во јавноста и ставот на оваа Влада дека ние добивме мандат за четири години. Мандатот завршува пролетта 2028 ...
Премиерот Христијан Мицкоски, во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител, говорејќи околу економската состојба во државата, истакна дека доколку се направи компаративна анализа помеѓу владите на СДСМ и ДУИ и сегашната предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со ВЛЕН и ЗНАМ како коалициони партнери, се доаѓа до заклучок дека просечната плата сега расте за 70% месечно повеќе, а старосната пензија е за цели 325% побрзорастечка на месечно ниво споредено со ...
Јавните обвинители на 28 октомври годинава ќе гласаат за избор на нов раководител на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, откако ќе истече четиригодишниот мандат на актуелниот шеф Ислам Абази. Информацијата ја потврдија од Советот на јавните обвинители. Постапката за избор треба да биде објавена во „Службен весник“, по што заинтересираните кандидати ќе имаат рок од 15 дена да ги поднесат своите пријави. Според важечкиот ...
Компанијата „Мета“ на почетокот на историскиот судски процес ги отфрли обвинувањата на американските сојузни држави дека намерно се обидувала да создаде зависност кај децата од нејзините социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм за да оствари профит. Група од 29 сојузни држави ја тужи „Мета“ и бара потенцијални казни од повеќе стотици милијарди долари, како и промени во деловните практики на компанијата. Четири држави коишто ја претставуваат ...
На 18.08.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.З.(47) од Куманово затоа што физички го нападнал неговиот 23- годишен син и агресивно се однесувал кон неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 18.08.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.З.(47) од Куманово затоа ...