Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека оди во Давос, каде што се одржува Светскиот економски форум, на покана на американскиот претседател Доналд Трамп, за да го потпише основачкиот документ за Одборот за мир. – Морам да бидам во Давос во четврток наутро, а вечерта во Брисел, каде што нè очекува напорен состанок, рече премиерот во видео на неговата страница на социјалните мрежи. Се очекува Трамп да биде домаќин на церемонија на ...
Според раководителот на лабораторијата за генетски технологии за развој на лекови при Универзитетот „Сеченов“, Дмитриј Костјушев, веќе постојната генетска технологија за уредување на човечкиот геном, која може целосно да излекува хепатитис Б, во иднина би можела да се користи и за лекување рак. Костјушев за ТААС изјави дека технологијата за уредување на геномот има потенцијал целосно да ги излекува пациентите со хепатитис Б за разлика од ...
Околу 60 лица се потврдени како мртви во огромниот пожар во трговски центар во Пакистан, соопштија денеска официјални лица, а спасувачите сè уште бараат исчезнати тела откако десетици трупови беа пронајдени преку ноќ. Градскиот службеник Џавед Наби изјави дека останките од околу 30 лица се откриени неколку дена откако пожарот избувна во јужниот град Карачи во саботата. „Веруваме дека околу 30 лица сè уште се водат како исчезнати“, рече ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека ситуацијата во врска со Гренланд не ја засега неговата земја. – Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега – рече Путин за време на оперативното советување со постојаните членки на Советот за безбедност на Русија. Според рускиот претседател, САД и Данска ќе најдат заедничко решение. – Мислам дека тие ќе се договорат меѓу себе – истакна тој. – Патем, Данска секогаш се однесувала кон ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост за континуираните етикетирања и јавни напади од страна на политичката партија СДСМ, насочени кон одделни новинари и медиуми. -Агенцијата потсетува дека слободата на изразување, медиумскиот плурализам и уредувачката независност се темелни демократски вредности. Јавната комуникација, особено кога доаѓа од политички субјекти, мора да биде одговорна и да ја ...
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за сериозното влошување на состојбата во борбата против корупцијата и институционалната деградација во земјата, се вели во соопштението од партијата, што МИА го пренесува интегрално. Според најновиот извештај на „Транспаренси интернешнл“, Северна Македонија бележи пад од 12 места на Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година рангирајќи се на 88. место од вкупно 180 ...
Посетата на премиерот Мицкоски во Давос ја откри целосната изолација на Македонија поради неговата политика. Наместо разговори со европски и светски лидери, Мицкоски се сретна само со своите неколкумина партнери, што не е никакво изненадување, особено откога неговиот најблизок соработник, вицепремиерот Иван Стоилковиќ, славеше со „ноќните волци“, проруски групи познати по поддршката на Кремљ, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го ...
Најниската измерена температура утрово била на Попова Шапка. Снежната покривка изнесувала 33 сантиметри, информираат од УХМР. Измерени биле -4 степени Целзиусови на Попова Шапка, -3 – Kрушево, -2 – Маврови Анови, Берово, Тетово, Крива Паланка, -1 – Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, Битола, Штип, Кавардарци, 0 – Скопје-Петровец, Претор, Струмица, Велес, Охрид, Виница, Гевгелија, Демир Капија. Снежната покривка до седум часот изутринава ...
Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција. Скелетот бил пронајден при реновирање на куќата во јули 2025 година, по што е предаден на форензичка анализа. По неговата анализа е утврдено дека тој му припаѓа на Рахмановски, роден во Македонија во ...
Во своето последно луцидно соопштение правено по урнекот на еуфоријата предизвикана од супстанциите на Јон, „штиво“ како и секогаш преполно со урнебесни теории на заговор, СДС повторно понизно и безрбетно си се врати на сопствената придавка на Македонија со она на „С“, за да неколку реда подолу, кога и’ текна дека демек „се бори“ за државата, истата си се врати на Македонија. Оти, веројатно, и самите се свесни дека е крајно ступидно и ...
Мене, но и на секој социјалдемократ кој се вградил во темелите на најстарата партија во Македонија, ни е доста од лагите, конструкциите и манипулациите на сегашното раководство на СДСМ. Единствен одговорен за незадоволство помеѓу членовите на СДСМ е сегашното раководство на партијата, посочува Јован Деспотовски од СДСМ. -Ниту сметам, а најмалку чувствувам лична одговорност за тоа што поранешни, а и сегашни функциониери на партијата веќе јавно ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 јануари. Денеска е Св. маченик Полиевкт. Свети Полиевкт се прослави за време на гонењето на римскиот император Валеријан (253 – 260). Тој беше римски војник, незнабожец, но имаше големо пријателство со еден друг војник христијанин Неарх. Големата љубов што ја чувствуваше кон Неарх му го отвори умот и срцето за самата љубов, т. е. за христијанскиот Бог. Како христијанин, свети ...
Денеска е 9 јануари според стар стил и се слави Св. маченик Полиевкт. Градот Мелитина Ерменска е многу натопен со христијанска крв, како и целата земја Ерменска. Но, првата крв за Христа во овој град беше на Свети Полиевкт, пролеана околу 259 година, во времето на царувањето на Валеријан. Во тој град имаше двајца пријатели офицери: Неарх и Полиевкт. Неарх беше крстен, Полиевкт некрстен. Кога излезе царската заповед за гонењето на ...
Денеска е 9 јануари според стар стил и се слави Св. Филип митрополит Московски. Роден е на 11 февруари 1507 година. Еднаш, како млад, стоејќи в црква слушна како свештеникот чита од Евангелието: „Никој не може да им служи на двајца господари“, се уплаши од овие зборови како да му се обраќаат исклучиво нему, во тој миг се просветли и замина во Соловецкиот манастир, каде што после долготрајно и тешко искушеништво се замонаши. Со време стана ...
Денеска се навршуваат 25 години од неофицијалниот почеток на конфликтот со албанските терористи на ОНА, кога на 22 јануари 2001 година во тетовско Теарце беше извршен терористички напад врз полициската станица во кој загина бранителот Момир Стојановски (30), а уште тројца полицајци беа повредени. Вооружениот напад на полициската станица во Теарце неофицијално се смета за почеток на воената криза во Македонија. При нападот на станицата во неа ...
Ракометарите на Шведска како првопласирани во групата Е заминуваат во втората фаза од натпреварите на Европското првенство во ракомет. Во одлучувачкиот меч против Хрватска, Швеѓаните обезбедија убедлива победа од 33:25. Шведска беше доминантна од првата до последната минута на мечот и не дозволи „коцкестите“ да се вратат во живот за победа. Доминацијата покажана на овој меч најавува атак на медал од страна на едне од трите домаќини на ова ...
Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост – Државна лотарија на Република Македонија со реакцијата за написите во некои медиуми за работата на друштвото. Реакцијата ја пренесуваме интегрално: Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост – Државна лотарија на Република Македонија, најостро реагира на тенденциозните, малициозни и клеветнички обиди на одредени критички настроени ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп почна акција против имиграцијата во сојузната држава Мејн, каде што живеат неколку бегалски заедници. – Повеќе од 100 агенти пристигнаа во Мејн во текот на неделата изјавија двајца неименувани функционери. Според поранешен службеник за имиграција истакна дека операцијата ќе биде фокусирана на бегалците. Гувернерката на Мејн, Џенет Милс, демократка, минатата недела изјави дека ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп вечерва објави дека нема да воведе казнени царини од следниот месец, бидејќи со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, се договорил за контурите на договорот за иднината на Гренланд и за целиот арктички регион. Трамп додаде дека решението ќе биде одлично за САД и за сите земји-членки на НАТО. -Врз основа на многу продуктивниот состанок што го имав со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, воспоставивме ...
Припадник на крајбрежната служба на Грција во градот Астрос на Пелопонез и жена во атинската населба Глифада ги загубија животите во силното невреме што од рано утрово зафати делови од Грција, а противпожарната служба примила над 600 повици за помош, јави дописничката на МИА од Атина. Доцна вечерва во Атина, животот го загуби жена која додека се движела пеш била повлечена од поројната вода на поплавена улица, додека пак претходно, на ...
Со објава на Фејсбук, од извесна Илина Маркоска. Таа на Фејсбук напишала „Дали знаевте дека до 1808 година Балканскиот полуостров се викал Македонски полуостров, кога германскиот географ Август Зеуне го преименувал?“ Екипата на Вистиномер провериле и порачуваат: „Нема докази дека во 18 и 19 век Балканскиот Полуостров се викал Македонски Полуостров“. „Поради тоа, објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистина“, вистинољубиво пресудува ...
Пред судот во Софија, но и во Варна, во Бургас и во Пловдив граѓаните протестираат и бараат оставка од вршителот на должност генерален обвинител Борислав Сарафов. Протестите насловени „Операција: Безвреден“ се организирани од иницијативата Правда за сите, а им се приклучија и групата Студенти против мафијата. Демонстрантите тврдат дека Сарафов ја узурпира функцијата генерален обвинител најмалку половина година со помош на Колеџот на ...
„Ние немавме отчетен Конгрес за причините за поразот на СДСМ во изборите 2021, согласно статутот мораше да има Конгрес тој Конгрес не беше одржан, после парламентарните избори 2024 пропадна Конгресот и сега се одржува Конгрес којшто до делегатите на Конгресот и до општинските организации на СДСМ не се испратени конгресните материјали, не се испратени предлог заклучоците, ниту се испратени предлог политички одлуки коишто треба да бидат ...
Поранешниот градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ и истакнат член на партијата, Петре Шилегов заедно со група членови на партијата испорачаа барање до Венко Филипче и актуелното раководство на партијата. Во гостувањето на Телма телевизија, Шилегов истакна дека согласно статусот на партија претседателот е тој кој го има конечниот збор или изборот на кандидатите за градоначалници, па да барате одговорност од сите, односно, сите да се ...
Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, соопшти АМСМ. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да ...
Светското првенство во 2026 година, кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико, веќе се соочува со сериозни проблеми. Иако беше замислено како историски турнир со рекорден број учесници и натпревари, реалноста изгледа многу поинаку. Според најновите извештаи, речиси 17.000 навивачи ширум светот одлучија да ги откажат своите веќе купени билети. Овој потег се случи практично преку ноќ и предизвика вистинска паника во ФИФА. Поради новата ситуација, ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги критикува „воените подготовки на Брисел“ и рече дека Европа сега е „предводена од германската воена тројка“ мислејќи на германскиот канцелар Фридрих Мерц, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шефот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, јавуваат унгарските медиуми. Зборувајќи на настан на партијата Фидес во главниот град Будимпешта, Орбан вчера ги обвини германските ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на брифинг ги отфрли наводите на Левица дека во институцијата постои политичка мрежа на влијание, судир на интереси и селективно постапување по предмети. Претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ, оцени дека обвинувањата се неосновани и целосно спротивни на начинот на кој функционира ДКСК. Левица претходно објави соопштение во кое тврди дека постои „мрежа за контрола врз текот и ...
– Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, на прес-конференција, во одговор на новинарско прашање рече дека нема да ги поддржат измените на Законот за прекршоците за системот „Безбеден град“ бидејќи, според него, не е јасно укажано како ќе се контролира огромната база на податоци. -Во однос на системот „Безбеден град“ и Законот за прекршоци, ние тој закон нема да го поддржиме. Ние не сме против безбедноста во сообраќајот, доказ за тоа е што ...
Со новата Стратегија за образование 2026-2032 фокусот е ставен на развој на нова програма за предучилишно образование, инклузија во основното и средното образование, како и примена на нови формули за финансирање на училиштата. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на дебата посветена на Стратегијата, која се одржа на Филозофскиот факултет во Скопје. „Иста така се предвидува и подобрување на ...