– Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, на прес-конференција, во одговор на новинарско прашање рече дека нема да ги поддржат измените на Законот за прекршоците за системот „Безбеден град“ бидејќи, според него, не е јасно укажано како ќе се контролира огромната база на податоци. -Во однос на системот „Безбеден град“ и Законот за прекршоци, ние тој закон нема да го поддржиме. Ние не сме против безбедноста во сообраќајот, доказ за тоа е што ...

Со новата Стратегија за образование 2026-2032 фокусот е ставен на развој на нова програма за предучилишно образование, инклузија во основното и средното образование, како и примена на нови формули за финансирање на училиштата. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на дебата посветена на Стратегијата, која се одржа на Филозофскиот факултет во Скопје. „Иста така се предвидува и подобрување на ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија, Ола Солстром, на која беше разговарано за унапредување на билатералната соработка во областа на животната средина и поддршката за европската интеграција на државата. Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ја обезбедува преку бројни проекти од областа на животната ...

Vienna Strauss Philharmonie Orchestra на 26 февруари ќе настапи во НУ ДРАМСКИ ТЕАТАР – Скопје со почеток во 20 часот. За прв пат во својата историја, Vienna Strauss Philharmonie Orchestra ќе настапи во СКОПЈЕ. Оркестарот е составен од 27 музичари од целиот свет, внимателно избрани од меѓународно жири специјално за оваа турнеја. Ансамблот го диригира Андраш Деак, кој соработувал со реномирани групи како што се Wiener Mozart Orchester, Vienna ...

Вториот ден во Давос го почнавме со состанок со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“ (4iG), компанија што ја доби дозволата за трет мобилен оператор во Македонија. Разговаравме за неговите планови откога, нормално, ги уплати средствата што се потреби за добивање на лиценцата. Она за што тој ме информира е фактот дека во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор. Што добиваат граѓаните? ...

Денес во општина Кисела Вода се одржа работен состанок меѓу градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска и референтите и претседателите на месните и урбаните заедници од општината, со цел директно согледување на потребите, проблемите и барањата на граѓаните. Градоначалничката се информираше од прва рака за состојбите на терен, преку луѓето кои се првиот и најблискиот контакт на граѓаните со локалната самоуправа. Месните и урбаните заедници ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече затворска казна од четири години на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи, и затворска казна од една година и десет месеци на Блерим Амити, вработен во установата, во случајот „Геријатрија“, поврзан со примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Судот ги огласи двајцата обвинети за виновни, оценувајќи дека во целост се ...

Истрагата за апелацискиот судија Ѓоко Ристов против кого е поведена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела противправно стекнување и прикривање имот и перење пари и други приноси од казниво дело почнала од пријавени наоди за судии во Апелација, а потоа следеле и други настани, кои довеле до изградба на случајот. Како што брифираа денеска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и ...

Сите државни патишта се проодни низ цела Македонија, напиша вицепремиерот Николоски и објави видео на својот фејсбук профил. -Сите државни патишта се проодни низ цела Македонија. Благодарам за силниот ангажман на вработените во Македонија пат. А, снегот дава дополнителна убавина на нашата Македонија, напиша вицепремиерот. Сите државни патишта се проодни низ цела Македонија, напиша вицепремиерот Николоски и објави видео на својот фејсбук ...

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје Владимир Панчевски се пријавил на огласот за јавен обвинител на Република Македонија, што го распиша Собранието. Во пријавата на Панчевски поднесена денеска до Собранието се наведува дека тој ги исполнува сите законски услови за извршување на функцијата државен јавен обвинител. – Во прилог до надлежните органи доставил целосна предлог-документација и докази за исполнување на општите услови ...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно ја утврди предлог-одлуката за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија. -Во согласност со член 27 став 4 од Изборниот законик, од кандидатите на предлог-листата политичките партии предлагаат претседател и двајца членови на Државната изборна избори, а партиите на власт предлагаат потпретседател и тројца членови на ДИК ...

Финскиот претседател Александар Стуб денеска изјави дека ја смета војната во Украина за целосен стратешки неуспех на рускиот претседател Владимир Путин и дека руската економија е во проблеми по четири години војна, со висока инфлација и големи жртви. „Повеќе ме загрижува неподготвеноста на Русија да ја заврши оваа војна затоа што не може да си ја дозволат отколку способноста на Русија да ја заврши оваа војна затоа што оди напред“, рече Стуб ...

Доналд Трамп и неговото семејство во текот на првата година од вториот претседателски мандат остварија приходи од над 1,4 милијарда долари, објави „Њујорк тајмс“. Според весникот, оваа сума може да биде поголема бидејќи дел од приходите не е јавно достапен. Истражувањето на американскиот весник покажува дека 23 милиони долари се заработени од лиценци за користење на името Трамп во странство. Првата дама Меланија Трамп треба да добие 28 ...

ВМРО-ДПМНЕ, денеска, во реакција на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, наведува дека тој ги обвинува сите, освен Заев и кланот Дубаи, а на крајот не дава ниту решенија ниту предлози. – Венко Филипче денеска одржа прес-конференција како од лош таблоид од доцните 90-ти години на 20 век: многу зборови, а нула факти. Список на наводни скандали, без ниеден документ, без пријава и без храброст да каже конкретно што, каде и како. ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција денеска обвини дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема одговор за проблемите со кои се соочуваат граѓаните и затоа постојано прави дефокус. – Ова не е политика, туку дефокус. Дефокус од катастрофалната состојба во земјата, од реалноста и од проблемите, а тоа е примарна цел на тендер-коалицијата ВМРО – ЗНАМ. Додека течат криминални тендери зад грбот на народот, се сервираат измислени афери, ...

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидено е негово регулирање на отворени јавни простори, каде што има присуство или движење на повеќе луѓе. Поконкретно, станува збор за простор околу здравствени, образовни и социјални установи, јавни настани, спортски и културни настани, како и места наменети за деца, млади и семејства. Ова е особено важен аспект од законската рамка имајќи предвид дека кога луѓето се блиску, чадот и аеросолот ...

Девет човечки животи се спасени во тест периодот на „Безбеден град“, споредено со истиот период минатата година кога биле евидентирани 11 смртни случаи од сообраќајни незгоди на територијата на СВР Скопје, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одговарајќи на прашање на пратеникот Халил Снопче. На собраниската седница за пратенички прашања тој го праша Снопче која е цената на човечкиот живот, нагласувајќи дека од ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Собранието изјави дека се согласува со ставот дека треба да се одложи воведувањето на системот ЕЕС за транспортерите. Николоски на седницата за опозициски прашања рече дека Владата го поддржува ставот на Комората на странските инвеститори во Македонија во врска со системот ЕЕС за влез и излез од ЕУ и најави дека по седницата, ќе има состанок со претседателот на Стопанската ...

Родителите на судијата Ѓоко Ристов, во чија семејна куќа во Неготино беа пронајдени 350.000 евра, соѕидани во ѕид во кујната, тврдат дека пронајдените пари им припаѓаат ним, а не на нивниот син. Ова го соопшти адвокатот на одбраната на судијата Ристов, Звонко Давидовиќ, најавувајќи жалба на одлуката на судијата во претходна постапка, со која на Ристов му се изречени мерки на обезбедување – куќен притвор, одземање на патна исправа и забрана за ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео снимка од состојбата на булеварите и улиците во главниот град по врнежите од снег. -Скопје, чисто и проодно! Со навремена и организирана реакција, градските служби од раните утрински часови интервенираа ефикасно на сите клучни булевари и улици под надлежност на Град Скопје. Со употреба на повеќе од 300 тони сол, обезбедивме безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, вели ...

Сопругата на францускиот претседател, Емануел Макрон – Брижит Макрон ги покажа своите ди-џејски вештини и танцувачки движења на забава во „Дизниленд“, организирана за младите пациенти од тамошната болница и нивните семејства. Снимките од настанот ја покажаа г-ѓа Макрон како свири „буги-вуги“ и врти диџејски сет пред околу 300 деца и нивните семејства во тематскиот парк во Париз. Француската прва дама, инаку позната по својата љубов кон ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска му се закани на Иран со масовна сила доколку биде извршен напад врз него, во изјава дадена за американската телевизија „ЊузНејшн“. – Целата земја ќе биде разнесена, изјави Трамп. Тој додаде дека, доколку нешто му се случи, има „многу цврсти инструкции“, нагласувајќи дека „ако нешто се случи, тие ќе бидат избришани од лицето на Земјата“. Изјавата следуваше по прашање за извештаи дека иранското ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Охрид го организираше традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор, при што ја истакна важноста на културната, економската, спортската и научната, покрај традиционалната дипломатија. Според претседателката, дипломатијата не е само збир на протоколарни активности, туку докажан цивилизациски механизам којшто успева истовремено да урива ѕидови и да гради мостови. – Вие, ...

Заев и Филипче му нуделе помош за судска постапка на д-р Жан Митрев во замена за неговата болница. Преку државните институции и инсталациите во правосудството Заев и Филипче вршеле притисок врз д-р Жан Митрев за на легален начин и по релативно ниска цена да ја откупат болницата, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција, што МИА ја пренесува интегрално. По замрзнувањето на личните сметки на д-р Жан ...

Европската унија ќе се брани од секој облик на присила и ќе го штити меѓународниот поредок заснован на правила и меѓународното право, изјави денеска претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта. – Подготвени сме да се браниме себеси, нашите држави членки, нашите граѓани, нашите компании, од секој облик на присила. А Европската унија има моќ и алатки тоа да го стори, рече Кошта во говор во Европскиот парламент. Тој додаде дека ЕУ „не може да ...

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција во одговор на новинарско прашање рече дека нема да ги поддржат измените на Законот за прекршоци за системот „Безбеден град“, бидејќи, според него, не е јасно укажано како ќе се контролира огромната база на податоци -Во однос на системот „Безбеден град“ и Законот за прекршоци, ние тој закон нема да го поддржиме. Ние не сме против безбедноста во сообраќајот, доказ за тоа е што сме го ...

По повторените закани од американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да го анектира Гренланд, Франција побара вежба на НАТО на арктичкиот остров, објави Елисејската палата. Франција објави дека е подготвена да учествува во вежбата на НАТО во Гренланд, објави телевизијата БФМ. Од почетокот на својот втор мандат, Трамп постојано повторуваше дека сака САД да го анектираат Гренланд, кој е автономна данска територија, наведувајќи безбедносни ...

Претседателот Доналд Трамп вчера изјави дека Соединетите Американски Држави и нивните сојузници во НАТО ќе „најдат решение“ за спорот околу Гренланд. „Мислам дека ќе најдеме решение со кое НАТО ќе биде многу среќен и со кое ние ќе бидеме многу среќни“, рече Трамп неколку часа пред да замине на Светскиот економски форум во Швајцарија. Во исто време, Трамп го повтори својот став дека на САД им е потребен Гренланд од безбедносни причини. На ...

Криминалната ВМРО ја изненади снегот во јануари. Институциите не функционираат, патиштата и улиците не се исчистени. Фотографиите од колапсот во Скопје и во Македонија покажуваат дека сообраќајот е небезбеден, се посочува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Граѓаните се оставени сами, ама градоначалниците и функционерите од ВМРО тријат раце. Тендерите за чистење снег се едни од омилените на ВМРО. Снежните наноси по ...

Францускиот претседател Емануел Макрон привлече внимание на Светскиот економски форум во Давос не само со острата критика кон Доналд Трамп, туку и со својот избор на очила. Макрон носеше сини рефлектирачки авијаторски очила за сонце додека им се обраќаше на светските лидери во затворен простор. Француските медиуми јавуваат дека причината е здравствена. Макрон минатата недела се појави со црвено око, што веројатно се работи за субконјунктивно ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1006
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
9.77
67%
1003
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
91%
998
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
75%
1010
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.74
95%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
97%
998
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
80%
1010
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
71%
1001
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.66
89%
1013
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.12
97%
1004
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
66%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

339994.14

Паладиум

55781.55

Платина

83354.78

Калај

48.78

Злато

157561.16

Цинк

3.29

Иридиум

221848.72

Сребро

2733.78

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.09

Бакар

12.12