Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска треба да разговараат за најновите случувања на Блискиот Исток и за тековната поддршка за воено разурнатата Украина. На состанокот во Луксембург, на министрите ќе им се приклучи и либанскиот премиер Наваф Салам за разговори за ситуацијата во неговата земја. Високите дипломати, исто така, треба да се осврнат на војната во Иран и нејзините пошироки регионални импликации, вклучително и ...
Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје треба да постапи по заклучоците на Државниот просветен иснпекторат (ДПИ), кој при извршен надзор констатирал нерегуларности при упис на студенти на магистерски и на докторски студии. Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека Филозофскиот факултет на УКИМ веќе постапува по заклучоците на Инспекторатот и таа чека извештај по што ќе донесе конечно решение ...
Македонската влада нема никаков механизам за никаква контрола во Македонски Телеком, иако е еден од сопствениците во оваа високопрофитна компанија, брифираат за Нетпрес извори од ова претпријатие. Владата поседува 34,81 отсто од акциите во Македонски Телеком, што ја прави втор по големина сопственик, веднаш зад фирмата Камени Мост Комуникации АД Скопје, која има 51 отсто од акциите. Нашите извори брифираат дека во јуни 2018 година со одлука ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека извлекувањето на иранските резерви на ураниум ќе биде „долг и тежок процес“ по американските напади врз објекти од нуклеарната програма на Иран. „Операцијата ‘Полноќен чекан’, спроведена во јуни минатата година, доведе до целосно и конечно уништување на нуклеарните капацитети на Иран. Токму поради тоа, ископувањето на нуклеарниот прав ќе биде долг и тежок процес“, напиша Трамп на својот ...
За време на мандатот на Кренар Лога како министер за правда, се достигне врвот на лицемерието, кога во Комисијата за правосудниот испит како заменик-член бил вклучен и Бујар Ахмети, (внукот) синот на братот на Али Ахмети. Значи, не само што власта била во нивни раце, туку и одлучувачките структури. И повторно, ниту еден чекор напред. Ниту волја. Ниту правда за албанските студенти. Ова повеќе не е прашање на заборав или негрижа. Ова е намерна ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија порача дека отворањето на поглавјата со Европската Унија суштински важно за иднината на Македонија, затоа што носи пристап до европските фондови што се од директна корист за граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. -Ајде да ги расчистиме овие работи. Што е целиот тој пакет којшто нас ќе ни овозможи да ги отвораме поглавјата и да ги ...
По долго боледување, почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на политиката и правосудството. Таа зад себе остава богата и значајна кариера, која траеше повеќе од три децении. Дувњак својата новинарска кариера ја почна во 1988 година во Македонска радио-телевизија, каде што работела две години. Од 1991 до 1999 година беше дел од редакцијата на „Нова ...
Албанскиот премиер Еди Рама беше во посета на Абу Даби за да изрази солидарност со Обединетите арапски емирати (ОАЕ) и претседателот, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, објавија албанските медиуми. За посетата, која се случува во напнат момент за регионот на Заливот, Рама објави на социјалните мрежи. “Во Абу Даби, непосредно да изразам братска солидарност со Обединетите Арапски Емирати и мојот драг пријател, претседателот Шеик Мохамед бин ...
На денешната преес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, одговори и на новинарски прашања. Прашање: На вчерашниот роденден на Социјалдемократскиот сојуз се појави и поранешниот претседател и премиер Зоран Заев, кој беше еуфорично пречекан, кој е вашиот коментар за ова? Одговор: Со синоќешното присуство на Зоран Заев на годишнината на некогаш државотворната партија СДС, се потврдија сите наши тези дека Зоран Заев е ...
Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДС се виде на роденденот на партијата. Филипче, Димитријевиќ и СДС не се оградуваат и дистанцираат од Заев, напротив аплаудираат и се восхитуваат на неговата појава, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го објавува интегрално. Човекот кој го смени името на државата, човекот кој местеше судии и обвинители, одлучуваше за судски предмети и постапки, човекот кој земаше евро за брат му и евро ...
Генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ, остварил средба со бивши функционери од српската опозиција со цел оформување на опозициски фронт, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, што МИА го објавува интегрално. Димитријевиќ минатата недела се сретнал со Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование во Србија и потпретседател на Социјалистичката партија на Србија СПС. Димитријевиќ на средбата разговарал за здружување на ...
Кралот на Велика Британија, Чарлс Трети, упати лична видеопорака во чест на својата мајка, покојната кралица Елизабета Втора, по повод сто години од нејзиното раѓање, во која наведе дека мајка му веројатно би била вознемирена од моментната состојба во светот. Во пораката снимена во Балморал британскиот крал нагласи дека мајка му во текот на животот била сведок на големи промени, но во текот на сите овие децении останала постојана и посветена ...
Димитријевиќ и СДС се ставија на услуга на српската опозиција, станаа маргинална партија во Македонија поради лични интереси на Зоран Заев и Зоран Башановиќ, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција, што МИА ја преенсува интегрално. Генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ, имал средба со српскиот опозиционер Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование, кој дошол во Македонија со ...
Две жени на возраст од 62 и 56 години побарале помош во Итната медицинска помош број два во Кавадарци, каде биле медицински третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца. Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома, бидејќи, како што рекла, се чувствувала подобро. Оваа информација ја потврди за МИА, доктор Антоан ...
Иран сè уште не испратил никакви претставници на разговорите со САД во Исламабад, пренесуваат државните медиуми. Ниту експерти за прелиминарни дискусии, ниту главна делегација не отпатувале во пакистанската престолнина, се наведува во извештајот на државното радио, пренесе ДПА. Владини претставници нагласија дека преговорите нема да се водат под сенка на „закани и кршење на договорите“, јавија државните медиуми. Втората рунда разговори со САД ...
Полициски службеници од СВР Скопје вчера на подрачје на општина Аеродром го лишиле од слобода В.В. (50) од Скопје. -При извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 41 саксии со насади од канабис, прашкаста материја, марихуана, капсули, рефлектори, канти за одгледување на растенијата – информираат од МВР. По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. ...
Зорица Атанасова, сопруга на пациент на кого пред помалку од еден месец му бил трансплантиран црн дроб, преку објава на социјалните мрежи опишува како се одвивал целиот процес и во каква состојба денеска е нејзиниот животен сопатник, Ангел. Во објавата, која во продолжение ви ја пренесуваме интегрално, таа изразува голема благодарност до семејството на починатата жена кое со својата одлука за донирање на органите, им дало нов живот на 67 ...
„Порака во шише“ или акутна ноншалантност на вистинскиот лидер на СДС? Зоран Заев вчера се појави на 5 минути пред фајронт на забавата на Бихаќка и го бојкотираше говорот на својот октроиран наследник Венко Филипче, објави Курир. Дали свесно или не ја прескона тирадата на чуварот на тронот и се појави пред крај на „журката“? Веројатноста за јасна порака во доцното доаѓање, бојкотот и пропуштањето на свеченото обраќање е голема, сообено затоа ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 9 степени, а максималната од 14 до 21 степен. Во Скопје, во ...
На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој истакна дека Собранието се повеќе напредува и се демократизира за разлика од минатото и изрази очекување од новиот државен јавен обвинител за разоткривање на сите сторени криминали од опозицијата. -Последниот Закон за јавно обвинителство во Собранието е донесен во 2020 година во рамки на техничка влада, стасан во Собрание во 12, ставен во ...
Со враќањето на Заев во Македонија, се врати ли и неговото „распупено“ судство?! Прво од уставобранителиет направија „терористи“, за да сега ги направат и школси приер за политизација на судските органи. Во најновиот скандал и мега-резил во македонското судство октроираниот Апелационен суд одлучи да не го прифати барањето на осудените за случајот 27 април, кои бараа повторување на постапката. Процес кој наочиглед на сите беше класичен пример ...
По повод Светскиот ден на интелектуалната сопственост, Американска стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам), организира серија од три настани посветени на актуелните предизвици и можности во оваа област. Целта на овие активности е да се поттикне јавна дискусија и да се зајакне свесноста за значењето на интелектуалната сопственост, како фактор што директно влијае врз инвестициите, иновациите и довербата во пазарот. „Интелектуалната ...
Американскиот милијардер Илон Маск не се појави на сослушувањето пред судот во Париз, каде што беше повикан во рамките на истрагата за можни злоупотреби на неговата социјална мрежа „Икс“, соопшти француското Обвинителство. „Обвинителството ја констатира отсутноста на првите повикани лица“, се наведува во изјавата, без директно да се спомене името на Маск. Оттаму додаваат дека неговото присуство или отсуство не го попречува натамошниот тек на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој престојува во официјална посета на земјава заедно со претставници на казахстанска деловна заедница. На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји, при што, претседателката нагласи дека средбите на највисоко ниво во изминатиот период, вклучително и разговорите со претседателот ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Метју Г. Витакер, постојан претставник на Соединетите Американски Држави при НАТО. На средбата беа разгледани можностите за дополнително зајакнување на соработката во рамки на Алијансата, како и актуелните безбедносни предизвици и заедничките приоритети насочени кон унапредување на регионалната и глобалната стабилност. Премиерот Мицкоски ја истакна важноста од ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие лишени од слобода се две лица, а поднесени биле вкупно четири пријави за семејно насилство. Како што посочуваат од МВР, синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријавила дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Потоа и побарал ...
Миле Лефков, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во денешното издание на регионалната телевизија Њусмакс, каде се осврна на темата за новата влада на источниот сосед на Македонија. Тој вели дека изборите на една суверена држава, според него се секогаш внатрешно прашање на таа држава, и ја честиташе победата на новата влада во Бугарија. Како што вели Лефков, конечно има стабилна Влада кај источниот сосед на земјава. ...
Европол и неговите меѓународни партнери лоцирале 45 деца кои биле присилно префрлени на окупирани украински територии, во Русија или Белорусија, а информациите им се предадени на украинските власти, соопшти агенцијата. Истражители од 18 земји, заедно со Меѓународниот кривичен суд (МКС) и невладини партнери, два дена работеле во Хаг на изработка на извештаи за децата, кои потенцијално водат до нивната точна локација. Аналитичарите користеле ...
Во дворот на претседателскиот Кабинет денеска се одржа спортски настан, во организација на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а со поддршка на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Настанот е дел од поширока и далекусежна иницијатива чија цел е да се развие, имплементира и евалуира национален модел за промоција на физичката активност, здравите навики и менталното здравје кај децата од 6 до 14 години. Деца од ...
Полскиот премиер Доналд Туск на денешната средба во Гдањск со францускиот претседател Емануел Макрон, најавија дека Франција и Полска ќе изградат телекомуникациски сателит за полските вооружени сили. Француските компании „Талес Алениа Спејс“, „Ербас Дифенс енд Спејс“ и полската фирма „РАДМОР“ заеднички ќе развијат сателит, што ќе биде поставен во геостационарна орбита и ќе поддржува воени комуникации за полските вооружени сили. Туск и Макрон ...