Заврши времето на предизборни ветувања и празен популизам. Почна времето на конкретни резултати – време кога институциите работат за младите и народот, соопшти Сергеј Попов, пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече: „Би сакал да ве информирам дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка на студентите за набавка на електронски уреди. Над 55.000 студенти ќе имаат можност да аплицираат, сите запишани на додипломски студии со ...

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување ученички стипендии за учебната 2025-2026 година. МОН информира дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“ и дека незадоволните апликанти не треба да поднесуваат приговори или жалби пред да добијат решение. -По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат до ...

Во текот на минатите две недели, од страна на мобилни царински тимови откриени се повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани: – Два употребувани фотоапарати SONY и CANON со објективи од 50 мм кои при контрола на автобус кој сообраќал на редовна линија Брисел-Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце, биле пронајдени сокриени во ќеса над првите седишта. Вредноста на апаратите е проценета на ...

Голем пожар избувна синоќа околу 23 часот во небодерот на хрватскиот весник „Вјесник“ на Славонската авенија во Загреб, кој се шири вертикално и зафати повеќе катови и покривната конструкција, поради што во гаснењето е вклучен голем број пожарникари и механизација. Причината за пожарот засега не е позната, а гаснењето и санирањето на последиците се очекува да трае цел ден, јавуваат хрватските медиуми. Пожарот почна од покривот и брзо се прошири ...

Ветеното го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или 15.300 денари за набавка на електронски уреди, лаптоп, таблет или персонален компјутер, соопшти Владата. Во соопштение утрово владината прес-служба појаснува дека оваа мерка подразбира дека сите студенти до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните ...

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро синоќа изјави дека е подготвен да има „приватен“ разговор со својот американски колега Доналд Трамп. Мадуро ја даде изјавата откако Трамп рече дека е подготвен да се сретне со венецуелскиот лидер и покрај тоа што САД распоредуваат флота воени бродови во Карипското Море како дел од нивната операција против трговијата со дрога. -Во САД, секој што сака да разговара со Венецуела може да разговара со нас лице ...

Белгиското Министерството за одбрана склучи договор со летонската фирма „Ориџин Роботикс“ за набавка на системи за справување со дронови во вредност од 50 милиони евра. Станува збор за напредни системи од беспилотни летала опремени со радар и мали камери оспособени за откривање, пресретнување и соборување на непријателски дронови. Компанијата „Ориџин Роботикс“ ги развила овие уреди врз основа на технологија што се користи во војната во Украина ...

Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 километри на час) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 11, а максималните ќе достигнат од 13 до 18 степени. Во Скопје ќе преовладува ...

Возило за транспорт на пари, во кое имало два милиони евра државни пари, било ограбено вчера попладнево во близина на Рашка, а пронајдено е во близина на Нови Пазар, јавија белградски медиуми. Ограбувачите биле маскирани и вооружени, го пресретнале возилото што ги транспортирало парите, насилно го одзеле и избегале. Во тој инцидент нема повредени, а според неофицијални информации на белградски медиуми, во возилото имало околу 2 милиони евра. ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне расправата за Предлог-буџетот за 2026 година, во второ читање, на која ќе ги разгледува поднесените над 200 амандмани. Во текот на општата расправа, која заврши вчера, пратениците од владејачкото мнозинство изнесоа ставови дека предложениот буџет е реален и развоен со индикатори базирани на подобрување на економскиот раст и силна реализација на проектите и приходите. Со ...

Денеска е 5 ноември, според стар стил, и се слават Препособни маченици Галактион и Епистима. Родени се во финикискиот град Едеса, обајцата од родители незнабошци. Мајка му на Галактион беше бездетна сè додека не се крсти. Потоа, таа го приведе кон верата и нејзиниот маж и го крсти и воспита како христијанин својот син Галактион. Кога стаса за женидба, неговата добра мајка Левкипија се упокои, а татко му го сврши за некоја девица Епистима. ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 ноември. Денеска е Св. маченици Галактион и Епистима. Потекнуваа од Едеса Феникиска. Кога Галактион стаса за женење, татко му го сврши за некоја девојка Епистима. Меѓутоа, тие продолжија да живеат девствено и наскоро се повлекоа на гората Пуплион, Галактион во машки, а Епистима во женски манастир, и многу напреднаа во доблесниот живот. Повторно се видоа дури пред смрт. Зашто во тоа ...

На 18 ноември 1874 година во селото Постол, во Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков. Тој е истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го издавал на ...

Под мотото „Протестирам, за семејството, за економијата, за демократијата” албанската опозиција вечерва го одржа првиот, од серијата најавени протести, секој понеделник, за “уривање на нарко режимот”. Протестот се одржа пред владата, во чие обезбедување беа ангажирани голем број полициски службеници а вратите на објектот беа заштитени со метални решетки. Прв говорник, пред поголем број присутни беше лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, ...

Жителите на Појасот Газа кои беа префрлени во Јужна Африка тврдат дека морале да платат 2.000 долари по лице за да ги извлечат своите семејства од опустошената палестинска енклава. Двајца жители на Газа потврдија за британските медиуми дека биле меѓу групата од 130 Палестинци на кои минатата недела им бил дозволен влез од Јужна Африка откако биле евакуирани со автобус од Појасот Газа и пристигнале со авион во Јоханесбург по слетувањето во ...

Имињата на болниците и лекарите кои непотребно упатувале пациенти на операции и направиле непотребни интервенции кај лица со кардиоваскуларни дијагнози ќе бидат објавени кога извештајот на комисијата ќе стане конечен, изјави министерот за здравство Азир Алиу. Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, министерот вечерва појасни дека објавувањето ќе следи по завршувањето на втората фаза од процесот, кога во комисијата ќе се вклучат и тројца ...

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека пред неколку дена спречила обид за атентат врз висок руски функционер. Станува збор за експлозија што требало да се изврши на гробот на неговите најблиски на московските гробишта со помош на видеокамера скриена во вазна со цвеќе. Руските медиуми денеска објавија дека цел на нападот бил главниот советник за безбедност на рускиот претседател и поранешен министер за одбрана Сергеј Шојгу. ...

Во Македонија моментално ги реализираме најкрупните капитални проекти во изградба на патната и железничката инфраструктура на главните транспортни коридори 8 и 10. Имаме визија преку развој на инфраструктурата да придонесеме за регионален развој, за економска стабилизација и брз и сигурен транспорт кон Централна и Југоисточна Европа, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел дискусијата на Економскиот ...

Македонските фудбалски репрезентативци се во очекување на последниот дуел од квалификациите за Светското првенство. Натпреварот на гости против Велс е последниот. Нашата репрезентација по седум одиграни дуели има три победи и четири нерешени резултати што значи дека сме без пораз. Ако продолжат македонските фудбалери со позитивните резултати, на крајот ќе бидеме подобро пласирани од утрешниот ривал. -Сите го знаеме значењето на овој натпревар и ...

Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува последниот натпревар од групата за квалификациите за Светското првенство. Гостуваме кај Велс, а воедно тоа е дуел на две екипи кои се борат за втората позиција во групата. -Никогаш не недостасува мотивација во ваква ситуација. Кога се борите за подобра стартна позиција во плеј-оф, а не за плеј-оф, тоа нуди дополнителна убавина. Верувам дека ќе уживаме во натпреварот. Секогаш морате да бидете ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека барањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, членките на ЕУ да испратат повеќе пари на Украина го потсетува на обидот да му помогне на алкохоличар со испраќање уште една гајба вотка. Орбан рече дека денеска добил писмо од претседателката на ЕК во кое таа пишува дека финансискиот јаз во Украина е значаен и бара од земјите-членки да испратат повеќе пари. „Во време ...

Поради силен јужен ветер што го зафати скопскиот регион, два авиона се пренасочени да слетаат на приштинскиот аеродром, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување. Од ДЗС информираат дека два други авиона сѐ уште кружат и чекаат инструкции за слетување на Меѓународниот аеродром Скопје. Надлежните ја следат состојбата и апелираат патниците да ги следат информациите од авиопревозниците и од аеродромските служби. Според информациите од веб ...

Бране Петрушевски, пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, беше гостин во „Топ тема“ на телевизија Телма, каде се осврна на темата за Предлог-буџетот за 2026 година и во реплика на пратеничката од опозициската СДС, Јована Тренчевска, истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година е домаќински и развоен. Тој се осврна на делот за пензии, кои како што вели, ќе се покачат за над 10%, а буџетот за социјална заштита како и во делот на здравството ...

Едно рано утро во 1968 година, тогашната држава Чехословачка осамна окупирана од најбројната и најтешката тенковска механизација на тогашниот Советски Сојуз. Оваа „братска помош”, како што суптилно се изразија, била со цел „да им помогне на чехословачките комунисти да се вратат од скршнатиот – на вистинскиот пат кон социјализмот”. Младиот студент Јан Палах излезе на „Вацлавске намести” (центарот на Прага) и во знак на протест се самозапали! И ...

Биљана Кузманоска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година порача дека Предлог-буџетот за 2026 година носи ред, мерливи резултати и стабилен економски раст, со силен фокус на инфраструктурата и инвестиции кои треба да отворат нови работни места. „Буџетот за 2026 година не е само финансиска рамка, тој е одраз на новиот начин на работа, на новата политика што ја ветивме, ...

На денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година свое обраќање имаше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дијана Илиевска каде истакна дека Предлог-буџетот е развоен, стабилен и директно насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните. „Предлог-буџет за 2026 година со рекорден износ од 6,7 милијарди евра и она што е особено важно, а граѓаните треба да го знаат е дека во овој буџет се обезбедуваат повеќе средства за ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не се плаши од губење на власта на следните избори бидејќи се соочува со редок предизвик за неговото дведецениско владеење во Будимпешта. Анкетите покажуваат дека партијата Фидес на Орбан, која е премиер на Унгарија речиси 20 години, а во последните 15 без прекин, заостанува зад опозициската партија Тиса во Унгарија, предводена од Петар Маѓар. Во интервју со Матијас Депфнер, извршен директор на ...

Правосудниот систем претставува клучен столб на секоја демократска држава, а неговата ефикасност, капацитет и финансиска стабилност често се изложени на јавна дебата. Во Северна Македонија ова прашање е особено актуелно во светло на реформите, кадровските промени и споредбите со европските стандарди. Прашањето за платите на судиите стана централна тема во овие денови. Според Здружението на македонските судии, значаен дел од судиите во основните ...

Експлозијата што ја оштети полската железница на патот кон Украина беше „невиден чин на саботажа“, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск и вети дека неговата земја ќе ги пронајде одговорните за инцидентот, кој, посочува тој, можеше да заврши со трагедија. Експлозијата на железничката линија Варшава-Лублин, која го поврзува главниот град со украинската граница, следеше по бранот палежи, саботажи и кибер напади во Полска и други европски ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет, попладнево, по три дена расправа, го заврши општиот претрес по Предлог-буџетот за 2026 година. Расправата по поднесените над 100 амандмани ќе продолжи утре, по завршување на закажаната пленарна седница, најави претседателката Комисијата Јованка Тренчевска. Пратениците од владејачкото мнозинство и во попладневниот дел од расправата изнесоа ставови дека предложениот буџет е реален и развоен со ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
9.26
72%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
90%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
80%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.73
79%
1013
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
96%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
9.77
86%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
63%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Цинк

3.23

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.91

Злато

135056.24

Никел

473339.37

Родиум

255598.44

Бакар

10.95

Сребро

1878.05

Рутениум

29192.88

Паладиум

46425.68

Калај

40.48