Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Русија ќе ги удвои напорите за уништување на сите ресурси што Западот ѝ ги обезбедува на Украина за поддршка на нејзината воена машина, а истовремено ја исклучува можноста за итен прекин на огнот – изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за државната телевизија. – Ќе користиме поостри методи за да уништиме сè што ја поттикнува воената машина на Киев од страна на Западот. И веќе го правиме тоа. Тие веќе ...
Наместо одговор, кривична пријава. СДС денеска поднесе кривична пријава против мене. Но, во целата нивна реакција има една многу важна работа, пишува на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски. -СДС не ги негира информациите што ги објавив. Што значи дека ги потврдуваат. Не негираат дека лицата кои ги претставуваа како „млади активисти“ се осудени насилници и трговци со дрога. Не ги демантираат фактите што ги објавив за нивното ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во објава на Фејсбук ја обвини СДС дека за време на своето владеење речиси го удвоила јавниот долг, посочувајќи дека актуелната Влада паралелно со сервисирањето на наследените обврски продолжува со инвестиции и капитални проекти. Стојаноски наведува дека кога СДС дошла на власт, на 30 јуни 2017 година, јавниот долг изнесувал околу 4,7 милијарди евра, односно 46,1 отсто од БДП. Според него, до 2024 ...
Борбени авиони од Мисијата на НАТО за воздушно патролирање рано утринава собориле дрон што навлегол во воздушниот простор на Летонија, соопштија летонските вооружени сили на социјалната мрежа „Икс“. Летонската армија соопшти и дека е укината тревога што претходно била прогласена во делови од земјата во близина на границата со Русија. Финска, исто така членка на ЕУ и НАТО и земја која дели граница со Русија, привремено воведе ограничувања за ...
Платите во Македонија продолжуваат да растат како резултат на одговорните економски политики и стабилното управување со јавните финансии, истакна на денешната прес конференција Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето-плата за само две години е зголемена од 40,496 денари на 48,779 денари. Овој раст е потврда дека на политиките на владата даваат конкретни резултати и дека ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека попладнево постојат услови за невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град. Услови за невреме, според објавената карта, има во поголем дел од земјата со исклучок на Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар… Максималните температури ќе бидат во интервал од 28 до 34 степени. Во Скопје ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до ...
Лични и професионални податоци на француски даночни обврзници се украдени во кибернапад, соопшти Министерството за финансии на Франција. „Злонамерни лица“ објавија синоќа дека успеале да влезат во компјутерите на даночната агенција, се вели во соопштението. Истрагата го потврди кибернападот, што доведе до преземање податоци за даночните обврзници. Во тек е понатамошна истрага за да се утврдат специфичните податоци и точниот број на погодени ...
ОпенАИ, американска компанија, моментално работи со темпо што би можело да ѝ донесе повеќе од 40 милијарди долари приходи до крајот на годината, јави Блумберг повикувајќи се на извори кои се запознати со работењето на компанијата. Тоа би било приближно двојно повеќе од износот од крајот на 2025 година и дополнително би ја зајакнало позицијата на компанијата пред потенцијално излегување на берза. Растот на приходите на ОпенАИ се забрза во ...
Американските држави Кентаки, Илиноис, Индијана, Ајова, Тенеси и Охајо се соочуваат со најголемо дневно количество на врнежи од дожд што е некогаш забележано во тие области, што предизвика поплави на стотици локации. Повеќе од 36 милиони луѓе се под предупредувања за поплави, соопштија локалните власти. Гувернерот на Индијана, Мајк Браун, прогласи вонредна состојба бидејќи 250.000 луѓе во неговата држава и Илиноис останаа без електрична ...
Еден месец Гостивар е отруен со нечиста вода. Среде лето, на пеколни температури, жителите на Гостивар се уште, пет недели по ред, немаат безбедна вода. 5.000 граѓани завршија по болници со здравствени проблеми, има нови случаи и реинфекции. Пет недели граѓаните на Гостивар се принудени да чекаат во ред за пластично шише со вода – изјави денеска на прес-конференција Маја Борозан од СДСМ. Кога сме кај водата, интересно е дека СДСМ секој ден по ...
На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија успешно е реализирана постапката за вработување на пет медицински сестри и двајца фармацевтски техничари, на кои им се доделени соодветни решенија за вработување, објавија од Клиниката на нивната фејсбук страница. Оваа кадровска надградба, како што се посочува, претставува значаен придонес кон понатамошното унапредување на организациските и професионалните капацитети на Клиниката, во ...
Црна Гора и Украина активно договараат датум за посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако таа беше откажана лани во последен момент. „За тоа активно се дискутира. Украинската страна останува заинтересирана за реализација. Утврдувањето на конкретниот датум моментално е на дневен ред“, соопшти Амбасадата на Украина за подгорички „Дан“. Зеленски беше во Белград минатата недела. Неговото пристигнување во Подгорица беше ...
Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на М-НАВ и контролната кула Скопје. Значењето е уште поголемо ако се земат бројките дека има преку 12 % зголемување во првите шест месеци од 2026 година во однос на 2025 година на ...
Минатата ноќ била една од најстудените во Москва од почетокот на летото, со температура што се спуштила до 9,7 степени Целзиусови, соопшти Михаил Леус, водечки специјалист во метеоролошкиот центар „Фобос“. „Со делумно облачно небо и студени воздушни маси што продолжија да се движат кон централниот дел на европска Русија, ноќта во руската престолнина беше една од најстудените од почетокот на летото“, напиша Леус на својот канал на „Телеграм“. ...
Украински мажи на возраст од 23 до 60 години кои бегаат од руската војна во Украина, а не се ослободени од воена служба, повеќе нема да можат да добијат привремена заштита во Германија и би можеле да се соочат со депортација, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи. Министерството за „Дојче веле“ соопшти дека ограничувањето се однесува на мажите кои пристигнале во Германија од 31 јули годинава, кога стапила во сила ...
Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале – се вели во соопштението на ВРЕДИ што МИА го објавува интегрално. „Приказни за мали деца“, вели народот. Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски. Не ...
Поради големиот пожар во Сивири на првиот крак на Халкидики, туристите, но и жителите на малото грчко приморско место, ноќта ја поминаа во привремен престој, по евакуацијата и по копно и по море, а иако ситуацијата утрово е значително подобрена, пожарот е ставен под контрола и има само мали расфрлани жаришта, сепак патот до Сивири останува затворен и не е дозволен пристап, јави дописничката на МИА од Атина. Од општина Касандра информираа дека ...
Аеродромите во Скопје и Охрид бележат историски раст на авиосообраќајот, со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци од годинава и зголемување од 32 проценти во однос на истиот период лани, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, резултатите се должат на новата политика за привлекување и субвенционирање директни авиолинии, со што во изминатите година и пол се воведени 28 нови ...
Има ли кормилар на бродот на СДС што тоне? СДС закажа прес-конференција на Фани Каранфилова-Пановска пред зградата на МНР. Само 15 минути подоцна, истата прес-конференција ја презакажаа пред седиштето на СДС, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. За денес целосно да ја откажат. Логично, по сето ова се поставуваат неколку прашања: Дали и Фани Каранфилова-Пановска е на одмор, исто како Венко Филипче на јахтата на ...
Вчера, на новинарско прашање, лидерот на талогот во СДС, Венко Филипче, призна дека е на одмор на јахтата кај Зоран Заев во Грција, но кажа дека патем се однесувал одговорно и успат кон Грција бил и во Ново Село, каде се сликаше со насилниците и наркодилерите преку кои хушкаше инцидент на народен собир, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение целото соопштение: Работниот дел од одморот на тандемот Венко-Заев беше уценување на струмичките ...
Последните податоци од Министерството за внатрешни работи покажуваат сериозен пад на застапеноста на Албанците во полицијата, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Од 549 новопримени полицајци, помалку од 40 се Албанци. Тоа е околу 7 проценти од вкупниот број. Истиот дисбаланс беше видлив и при одбележувањето на Денот на полицијата. Од 30 наградени најдобри полициски службеници, само еден беше Албанец. Овие две ...
До овој момент вкупно пет македонски семејства побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, според информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. -Во координација со надлежните грчки власти, тие биле упатени кон најблиските точки определени за оваа намена, каде што биле згрижени и останатите туристи, ...
Талогот од СДС на чело со Филипче кога нема што да понуди создава хаос и сее паника помеѓу граѓаните. Најновиот обид на СДС да се претстави водата во Скопје како небезбедна за пиење е крајно неодговорен политички потег кој ја преминува секоја граница на политички пресметки, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Очајниот потег на СДС преку своите партиски послушници на социјалните мрежи да шират дезинформации за ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната од 28 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Ракометните федерации на Македонија, Србија и Словенија официјално поднесоа заедничка кандидатура за организација на машкото EHF EURO 2034. Трите земји со богата ракометна традиција ги здружија силите со јасна амбиција заеднички да бидат домаќини на еден од најголемите настани во европскиот ракомет. – За мене претставува посебна чест и задоволство што Ракометната федерација на Македонија прави уште еден значаен чекор напред и што, заедно со ...
Деветнаесетгодишна девојка го загуби животот во сообраќајна несреќа која синоќа околу половина час пред полноќ се случи на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атар на с.Турново. Во сообраќајката учествувале патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Струмица и мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од А.Д.(19) од с.Иловица. -Во несреќата, од здобиените повреди на местото ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе оствари работна посета на М-НАВ. Како што соопшти Министерството за транспорт, тој ќе изврши увид во инсталираниот нов АТМ-систем и новиот радарски систем на Контролна кула Скопје. Од Министерството додаваат дека се предвидени изјави за медиуми во 10 часот пред М-НАВ (Контрола на летање на Меѓународниот аеродром Скопје). Заменик-претседателот на Владата ...
До 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се шест пожари, под контрола три и изгаснати 31 пожар, информира Центарот за управување со кризи. – Вчерашниот ден беше најтежок во оваа сезона на пожари од аспект на загрозеност на населени места, бидејќи имавме два алармантни пожари, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во видеоизјава Ангелов соопшти дека во ...
Шведскиот парламент гласаше за намалување на возраста за кривична одговорност од 15 на 14 години, додека десничарската влада се подготвува за општи избори, ветувајќи дека ќе го намали криминалот. Владата сакаше да ја намали возраста на која децата би можеле да бидат испратени во затвор на 13 години, но мораше да го повлече предлогот во јуни откако не успеа да обезбеди мнозинство во парламентот. Вкупно 281 пратеник гласаа за 14 години, ...
Охридскиот договор не беше договор на победници и поразени, беше договор со кој државата доби можност да продолжи напред, да се развива и да го трасира патот за идните генерации. Соживотот не значи само да живееме едни покрај други туку и едни со други и едни за други. Денес не се навраќаме на минатото за да ги оживееме старите поделби. Му се навраќаме за подобро да разбереме што нè одржа заедно, беше истакнато на настанот што се одржа ...