Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, ги пофали своите фудбалери за упорноста и максималното залагање до самиот крај на синоќешниот натпревар со Рома од 27. коло на Серија А. Средбата во Рим заврши 3:3, а Рома водеше со 3:1 на 15-ина минути пред крајот. – Секогаш мора да бидете самоуверени, не само во фудбалот, туку и во животот. Имаше момент кога премногу работи не ни одеа, а немавме ниту среќа. Мојот тим демонстрираше неколку важни работи ...

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, постигна два гола ноќеска во победата од 4:2 над Орландо Сити во регуларната сезона на МЛС. На овој натпревар, Аргентинецот го постигна својот 70-ти гол во кариерата слободен удар и се израмни со трикратниот освојувач на Светското првенство, Пеле. Тие сега го делат второто место во историјата на фудбалот по најмногу голови од слободни удари. Бразилецот Жунињо Пернамбукано останува лидер на сите времиња ...

Базата Акротири на британската кралска воздухопловна сила (RAF) на Кипар беше погодена од дрон Шахед во текот на ноќта, предизвикувајќи мала материјална штета, потврди утрово кипарскиот претседател Никос Христодулидес. „Сакам да бидам јасен: нашата земја не учествува на никаков начин и нема да биде дел од никакви воени операции“, нагласи Христодулидес. Службениците на базата Акротири објавија дека по инцидентот, како превентивна мерка, ...

Во земјата денеска ќе преовладува прeтежно облачно време. По одделни котлини има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 2, а максималните ќе достигнат од 12 до 17 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и тивко. Во делови од котлината има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 февруари. Денеска е Св. великомаченик Теодор Тирон. Свети Теодор Тирон, покрај овој свој неподвижен празник на денот на неговото мачеништво, се слави и во првата сабота од Великиот пост. Таа сабота е позната како Тодорова сабота, подвижен празник кој зависи од почетокот на постот. Светителот е истиот и денеска се сеќаваме на неговата маченичка смрт. Теодор живееше во четвртиот век, ...

Тирон значи „регрут“. Штотуку светиот Теодор беше стапил во војска, во Мармаритскиот полк, во градот Амасија, започна гонењето на христијаните под царевите Максимијан и Максимин. Со оглед дека тој не сакаше да крие дека е христијанин, го подложија на суд и го фрлија во затвор, заклучен и запечатен. Во затворот му се јави Самиот Христос велејќи му: „Не плаши се, Теодор, Јас Сум со тебе, не земај веќе овоземна храна и пијалак, зашто ќе бидеш во ...

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток. Таа додаде дека институциите ќе ...

Најмалку 22 лица се убиени, а најмалку 120 се повредени во насилните судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили во пакистанскиот пристанишен град Карачи. Протестите беа предизвикани од израелските и американските напади врз Иран. Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари изрази „длабока тага поради маченичката смрт“ на Хамнеи и му упати сочувство на Иран, соопшти неговата канцеларија. Тој рече: „Пакистан стои со иранскиот народ во овој ...

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа. „Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“. „Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп. Тој не коментираше ...

НАТО внимателно ги следи случувањата во Иран и на Блискиот Исток, а нивниот врховен командант во Европа ги прилагодува силите по потреба за одбрана од „потенцијални закани“, се вели во соопштението на алијансата. Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО за Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, „продолжува активно и редовно да разговара со воените лидери од двете страни на Атлантикот“, изјави портпарол на НАТО. Врховниот ...

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, за МИА информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација. Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат подготвителни ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД досега уништиле девет ирански воени бродови во нападите врз Иран. „Тукушто бев информиран дека уништивме и потопивме девет ирански воени бродови, од кои некои се релативно големи и важни. Ги бркаме другите – наскоро ќе пловат на дното на морето! Во вториот напад, главно го уништивме нивниот поморски штаб. Освен тоа, нивната морнарица се справува многу добро“, рече Трамп во објава ...

Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината. „Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни. (МИА) Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината. ...

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие, при редовните активности за следење на дигиталниот простор, беше детектирана објава на социјална мрежа со содржина што укажуваше на можна намера за самоубиство од страна на малолетен корисник. Веднаш по добиените сознанија беше постапено итно и координирано, при што беа преземени сите неопходни мерки и активности за ...

Иранската армија објави дека денеска соборила 10 напредни дронови низ целата земја, со што вкупниот број на соборени дронови досега се искачи на 22. Повеќето од нив, според иранските официјални лица, биле дронови „Хермес“ за кои се тврди дека им припаѓале на израелските и американските сили. Иранските власти јасно ставаат до знаење дека ова е момент на целосен отпор. Тие велат дека имаат намера да возвратат што е можно посилно и инсистираат ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со државниот министер за надворешни работи на Државата Катар, Султан бин Саад Ал Мураихи. -Во разговорот, министерот Муцунски го осуди отворениот ирански напад насочен кон територијата на Катар, оценувајќи го како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и ...

Поранешниот престолонаследник и син на последниот шах на Иран, кој беше соборен од Исламската Република во 1979 година, напиша на „X“ дека смртта на врховниот лидер на Иран не е „крајот“, а ги повикува Иранците да ја „соборат“ Исламската Република. Тој вели дека народот мора да се подготви за „широко распространето и решително присуство на улиците“ и ги замолува да скандираат од своите домови ноќе. Пахлави претходно ги повика иранските власти ...

Почна седницата на Советот за безбедност што ја закажа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на која на дневен ред е безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток. Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а на седницата присуствуваат членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз. Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“. (МИА) Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ...

Саудиска Арабија соопшти дека пресретнала ирански ракети насочени кон меѓународниот аеродром во Ријад и воздухопловната база Принц Султан, во која е сместен американски воен персонал. „Противвоздушната одбрана успешно пресретна ирански ракети во близина на аеродромот во Ријад и воздухопловната база Принц Султан денеска попладне“, изјави неидентификуван извор, кој побара анонимност за да разговара за чувствителни прашања. Пресретнувањето не ја ...

Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели премиерот Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа. „Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел ...

На 55годишна возраст утрово почина Горан Крстев со прекар Грга. Беше поранешен градоначалник на општина Чешиново-Облешево (2017-2021) од редовите на СДСМ. Според локалните медиуми, Крстев извесен период престојувал во Турција каде се лекувал. На социјалните мрежи сограѓани и членови на СДСМ се збогуваат со Крстев. На 55годишна возраст утрово почина Горан Крстев со прекар Грга. Беше поранешен градоначалник на општина Чешиново-Облешево ...

Се прашуваме на кого се обраќа Филипче со овие изјави со кои покажува дека не е присутен во реалноста. Загрижувачки е кога гледаме ваква опозиција потоната во свој микро свет каде сите се лоши само тие се добри. Кој мисли дека му верува на Филипче кога кажува дека Македонија е како Иран и Венецуела? И ако е Македонија како Иран, дали со оглед на тоа што СДС беше на власт 7 години а во влада скоро 9 ( со се техничката), ова значи дека Заев е ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан. Во разговорот, министерот Муцунски изрази цврста солидарност и целосна поддршка кон Обединетите Арапски Емирати, упатувајќи најдлабоко сочувство за жртвите од нападите. Тој остро ги осуди нападите извршени од Иран врз ...

Владата на последната седница, која се одржа минатиот вторник (24.02.2026), на предлог на Министерството за здравство, донесе одлука за спојување на Клиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија, со цел обезбедување повисок степен на интегрираност, координација и ефикасност во третманот на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, преку рационално искористување на постојните човечки, просторни и технолошки ресурси на двете ...

Папата Лав XIV во денешната молитва изрази „длабока загриженост“ поради неодамнешните настани на Блискиот Исток и Иран. – Стабилноста и мирот не се градат со меѓусебни закани, ниту со оружје, кое сее уништување, болка и смрт, туку само преку разумен, автентичен и одговорен дијалог – рече тој. Папата предупреди на огромна трагедија доколку насилството ескалира надвор од контрола, пренесе Ватикан Њуз. – Соочен со можноста за трагедија од ...

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, е „дефинирачки момент во историјата на Иран“. „Она што следи е неизвесно. Но, сега постои отворен пат кон поинаков Иран, таков каков што неговиот народ може да има поголема слобода да го обликува“, напиша Калас на Х. „Во контакт сум со партнерите, вклучително и оние во регионот кои го носат најголемиот товар ...

Шефот на иранската полициска разузнавачка служба, Голамреза Резајан, е убиен за време на нападите на САД и Израел врз Исламската Република, јавија локалните медиуми. „Генерал Голамреза Резајан, шеф на националното полициско разузнавање, е убиен по вчерашните непријателски напади“, објави новинската агенција Фарс (Fars), заедно со други медиуми. Иранската телевизија претходно соопшти дека во нападите е убиен и началникот на Генералштабот на ...

Во ексклузивно интервју за Ал Џезира, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, вели дека, по смртта на Хамнеи, нов врховен лидер може да биде избран за „еден или два дена“. Ова доаѓа откако Техеран објави привремено раководство за кое Арагчи вели дека „ќе дејствува како раководител на раководството пред да се избере нов лидер“. Тој додава дека нападите на Иран се „чин на самоодбрана и одмазда на американската агресија против ...

Иранската новинска агенција Тасним на социјалните мрежи објавува видеа од повеќе ирачки градови на кои се гледаат илјадници луѓе кои се приклучуваат на почетокот на периодот на жалост во чест на врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи. На видеата се гледаат луѓе кои се удираат по главите и градите, што е вообичаена пракса за жалење во Иран. Извештаите не можат да бидат независно проверени. Информацијата за смртта на Хамнеи ја објавија сите ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
44%
1011
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
7.72
53%
1014
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
42%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
53%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.08
82%
1017
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
50%
1014
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
67%
1012
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
47%
1012
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
29%
1011
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
9.26
70%
1017
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
4.63
34%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Иридиум

258288.78

Цинк

0.00

Кобалт

3.86

Паладиум

44753.84

Злато

144593.23

Бакар

10.65

Родиум

358480.82

Калај

43.91

Сребро

2179.44

Платина

61858.04

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.19